Искуството од Камп SDG#13

Последни новости Искуството од Камп SDG#13 Од 21 до 26 август оваа година во рамки на проектот Climate change leaders/Youth led solutions, го реализиравме дневниот еко камп SDG13, поддржан од YMCA USA на кој зедоа учество единаесет 16-23 годишни млади ентузијасти, заинтересирани за екологијата, цели за одржлив развој и еко активизам од Битола. Првите три дена од кампот беа за влез и давање инпути во материјата, односно учење и продлабочување на знаењето за целите на одржлив развој, со посебен акцент на 13тата цел, климатските промени. Првиот ден кампот се одвиваше во Младинскиот Центар во Битола, додека следните два дена на отворено во Градскиот парк кој беше едногласно избран од сите учесници како место соодветно за учење за животната средина преку настава во природа. Активностите секој од деновите траеа по 3-4 часа со комбинација од работилници и вежби. Учесниците ги запознавме со мисијата на ИМКА, се запознаа меѓу себе, самостојно ги презентираа сите 17 цели на одржлив развој и имаа можност да изучуваат за циркуларна економија преку HP Life курсевите. Презентирани им беа примери за еко активизам, како во нашата земја така и од повеќе места од светот, како и разработување на актуелни еколошки проблеми и предлагање на решенија за истите. Исто така се разговараше и се предлагаа совети за зачувување на природата преку игри и занимливи активности на отворено. Третиот ден беше конкретно посветен на загадувањето на воздухот, предизвикувачи на загадување, преземени чекори за негово намалување и што ние како индивидуи можеме да допринесеме за почист воздух. Покрај другите, тука се наметна темата за начини на транспорт, нивната ефикасност, економичност и достапност на истите. Секој од работните денови завршуваше со евалуација на наученото од тековниот ден. За време на настанот најавена беше Европската недела на мобилност и можните активности кои би ги презеле ние како учесници на овој еко камп за споделување на дел од знаењата со други деца и млади на интерактивен и забавен начин. Се одлучи последниот ден од еко кампот да се одржи завршен настан целосно испланиран и спроведен од страна на сите учесници со нивни идеи и предлози, секако со целосна поддршка од тимот на ИМКА. Учесниците беа поделени во 3 тимови, и следниот ден се одржа состанок со секој од тимовите за координација каде беа избрани 15 идеи за активности на отворено со цел најава и поддршка на Неделата на мобилност. На 26.08.2023 под мотото Научи. Сподели. Вклучи се. Активирај се. започна отворениот настан во Градскиот парк во Битола со претходно подготвени игри за деца, Џенга, slack line, работилница за правење на беџови, импровизиран полигон за велосипедисти, едукативни игри и слично. Целта беше поголема свесност за велосипедизмот, здравиот начин на живот и заштитата на животната средина. Настанот беше посетен од голем број на млади од нашиот град и воведивме вело изненадувања за најдобрите посетители – велосипедисти. Среќни сме дека на настанот остваривме соработка со корпоративен партнер Алпско, како голем поддржувач на организациите кои подржуваат здрави начин на живот. После двочасовни активности со децата, настанот го завршивме со велосипедска тура низ битолските улици со велосипедисти од сите возрасти од нашиот град, како повик за поставување на вело патеки се со цел полесно и побезбедно движење на велосипедистите кои се се побројни во нашиот град.
Наоди од мониторинг: Битола – Вело град

Последни новости Наоди од мониторинг: Битола – Вело град Во периодот февруари-мај го спроведуваме проектот за мониторинг на предизборни ветувања. Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме темата за изградба на велосипедска инфраструктура. Во прилог се активностите по месеци: Февруари: Истражување на предизборни ветувањаИстражувањето на предизборни ветувања беше низ онлајн етерот следејќи поранешни медиумски објави, изјави на политичари и понудени предизборни програми. Главен предизвик ни беше што предизборните програми се повлечени од интернет просторот и за изнаоѓање на релевантен материјал контактиравме со членови на партиите кои се во градскиот Совет. Во однос на предизборните програми јавно достапна е само таа на независната група Поинаку, а во консултации со партиите ги добивме програмите и на двата најголеми коалициски блока предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Март: Истражување на општински документиСе согледуваше вклученоста на темата од предизборното ветување во постоечки официјални документи на Општина Битола (програми, стратегии сл.). Истражувањето беше електронски на официјалните општински канали како што е веб-страницата и објави на социјалните медиуми на општината. Се пребаруваа исто така и веб портали кои пренеле одредена информација за бараниот податок на темата од предизборните ветувања. Истo така се поднесе и барање за пристап до информации од јавен карактер. Покрај минатите се истражуваа и постоечки документи за тековни планирани активности во 2023 година. Април: Средби со општински функционери и советнициСе реализираа средби и разговори со клучни општински функционери и вработени во Општина Битола поврзани со темата за предизборното ветување. Конкретно се одржаа средби со Секретарот на Општината, со Раководителот на Локален Економски Развој кој воедно е и одговорен за спроведување на проектот за велосипедски патеки и разговор со Директорката на ЈП за урбанистичко планирање. Мај: Анкетно истражување и јавна информативна сесија за проект вело патекиАнкетно истраување за безбедноста и употребата на велосипедот како превозно средство и споредба на наодите од слични анкети кои ги правевме во 2015 и 2018. Со цел споделување на ставот на вело заедницата се зеде учество на комисијата за локален економски развој. Исто така се одржа и јавна информативна сесија со вклучување на сите релевантни чинители за проектот велосипедски патеки со цел доближување на последните информации за проектот на јавноста. Јуни: Споделување на резултатите од наодите со јавностаСподелувањето на резултатите со јавноста е преку неколку фокусирани објави на социјалните медиуми, гостување на регионална телевизија, вклучување во живо на национална телевизија, прилог од јавната инфо сесија, тематски подкаст, средношколски подкаст, споделување на инфографици, делење на печатена брошура, а во план се и изработка на вело мотивациски лепенки. Наоди / Резултати: Темата за велосипедска инфраструктура во Битола е идентификувана како приоритет и вклучена во последниот ЛЕАП (локален еколошки акционен план), но со пробиени рокови. Во тек е изработка на нов ЛЕАП.Во рамките на јавниот форум на граѓански дијалог граѓаните ја идентификуваа темата како еден од врвните четири приоритети.За тековниов период имаме најава за проектот преку изјава и обраќање на Градоначалникот и имаме потврда на истото дека активно се работи на финализирање на проектната документација преку објава на општинската веб страна и преку разговорите со претставниците од општината со кои се сретнавме.Истово е потврдено и преку вклученост на изработка на проектна документација за конкретниот проект (реконструкција на тротоари и изведба на велосипедски патеки на улиците Генерал Васко Карангелевски и Партизанска) во планот за јавни набавки за 2023.Исто така имаме и потврда преку информација од јавен карактер дека Општината има одобрен сообраќаен проект од 2014 година и дека се работи на финализирање на проектната документација за активности на терен на споменатите две улици предвидени за оваа година.Усвоени измени на програмата за локален економски развој кои го вклучуваат и проектот за велосипедски патеки.
Отворање на младински центар во Битола

Последни новости Отворање на младински центар во Битолa Со задоволство го објавуваме свеченото отворање на нашиот сосема нов младински центар, енергичен, креативен, едукативен простор дизајниран да ги негува и да ги зајакне младите умови на нашата заедница. Оваа значајна пригода означува значајно достигнување во нашата посветеност да обезбедиме ваква средина за нашите млади, каде што тие можат да ги истражат своите интереси, да се поврзат со другите и да го отклучат својот целосен потенцијал. Младинскиот центар е охрабрувачка средина, место каде што ќе има многу можности и ќе бидат остварени многу потенцијали. Тоа е место каде што младите луѓе можат да се соберат, учат и растат во атмосфера на креативност, поддршка и инклузивност. Нашата цел е да негуваме средина што инспирира и воздигнува, негувајќи чувство на припадност кај секој млад човек што ќе помине низ нашите врати. Во рамките на овие ѕидови, нашата младина ќе открие огромен број можности да ги истражи своите интереси, да ги прошири своите хоризонти и да развие вредни вештини. Од работилници, семинари до возбудливи рекреативни активности и програми за лидерство, животна средина, ние внимателно подготвивме разновиден опсег на програми за да се грижиме за различните интереси и таленти на нашите млади членови на заедницата. Без разлика дали станува збор за уметност, музика, спорт или претприемништво, имаме за цел да обезбедиме простор за секоја страст да цвета. Дополнително, младинскиот центар ќе служи како центар за стекнување и негување на значајни врски и градење трајни пријателства. Ја препознаваме моќта на заедницата и на младите луѓе во нашата заедница. Од заеднички проекти и групни активности до можности за волонтерство и иницијативи за заедницата, нашата цел е да поттикнеме чувство на општествена одговорност и да ги всадиме чувството на припадност кај младите кон оваа заедница. Зад работата на нашиот Младински центар е тим од посветени младински работници кои се посветени на водење и поддршка на нашите млади на нивното движење кон самооткривање и напредок. Овие младински работници кои носат знаење се возбудени да го споделат истото, да инспирираат нови перспективи и да поттикнуваат личен раст кај секој млад човек со кој ќе се сретнат. Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до сите поединци, поддржувачи и партнери (Општина Битола, ИМКА, МКЦ, Сфера, Сојуз за младинска работа, Млади Хаб) кои се ангажираа да ја направат оваа цел реалност. Нивната поддршка и посветеност да инвестираат во нашата младина беа клучни за отворање на овој Младински центар. Благодарни сме за нивната заедничка визија за посветла иднина на нашата заедница, каде што се реализира и слави потенцијалот на секој млад човек. Нашата цел е поддршка на личниот и социјален развој на младите во Битола и нивна активна вклученост во животот на заедницата преку следните активности: Спортско рекреативни активности Активности за обележување на значајни празници и интернационални дати Арт работилници (цртање, музика) Работилници/дискусии за подобрување на своите знаења за себе со совети од стручни лица од областа на кариерно советување, психолози или професори од стручни училишта, како и за развој на претприемништво Работилници со совети, едукации и акции за зачувувањето на еколошкиот живот во Битола Волонтерски акции, мотивирани да организираат кампањи за волонтерство во Битола. Едукативни работилници за различни области Останати активности кои вклучуваат дружење и социјализација.
Проект за градење капацитети со “Signs of Hope”

Последни новости Проект за градење капацитети со “Signs of Hope” За време на нашето постоење на ИМКА, се соочивме и надминавме многу предизвици, но ништо блиску до последните три години што предизвика сериозна штета на нашата работа воопшто, управувањето со организацијата и програмскиот модел. Но, тука сме, повторно на нозе и подготвени да инвестираме во подобрување на нашата структура и метод на работа. Среќни сме да објавиме дека нововоспоставеното партнерство со Signs of Hope на CVJM се обврзува да работи на подобрување во две области од нашата работа во текот на 2023 година: управување и методологија на младинската работа. Подобрувањето на управувањето во непрофитните организации е од огромно значење. Цврстите практики на управување ја обезбедуваат основата на која стои целата организација. Обезбедува транспарентност, отчетност и етичко однесување, кои се од суштинско значење за стекнување доверба меѓу засегнатите страни, вклучувајќи ги донаторите, волонтерите и заедниците на кои им служиме. Тоа не е сув, монотон концепт, туку енергична сила што ја поттикнува вашата мисија напред, правејќи ја да резонира со вашата страсна заедница и потенцијалните партнери кои веруваат во општествена одговорност и филантропија. Наша цел е да ја подобриме структурата на управување, нашиот устав, нашите политики и да поставиме основа за да се подготвиме за развој на нови партнерства во наредниот период. Врсничката едукација игра клучна улога во зајакнувањето на младите и поттикнувањето на развојот на заедницата, мисија што е темелно усогласена со нашата посветеност во ИМКА и младинската работа. Динамичната размена на идеи помеѓу младите не само што негува чувство на сопственост и одговорност кај младите, туку и ги охрабрува активно да се ангажираат со своите врсници. Од формален аспект, овој метод на образование може да биде моќна алатка за градење на лидерски вештини и всадување чувство на граѓанска одговорност. Кога младите учат од своите врсници, тие можат да се поврзат на подлабоко ниво, бидејќи често споделуваат слични животни искуства, предизвици и аспирации. Затоа ќе го нурнеме длабоко и ќе го истражиме овој модел во наредниот период со цел да ги најдеме најдобрите позитивни практики што можеме да ги користиме. Останете со нас преку нашите канали за комуникација и очекувајте некои возбудливи вести до крајот на оваа година.
Мониторинг: Битола – Вело град

Последни новости Мониторинг: Битола – Вело град Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците Младинска Асоцијација ИМКА Битола со проектот „Битола – Вело град“ го набљудува исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола. Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното е дел од проектот поддршка на изборните реформи. ИМКА е вклучена во овој проект со активности кои подразбираат набљудување на изборното ветување за изградба на велосипедски патеки и инфраструктура во Битола. Во рамките на активностите предвидено е истражување на официјални објави и документи, состаноци со повеќе чинители, анкетно истражување и инфо сесија. Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште и сл.). Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се споделат со јавноста преку: постови на социјалните мрежи, соопштение до медиуми, инфо сесија. Овие активности се спроведуваат во соработка со Стратешки менаџмент системи (СМС) и имаат за цел да го зголемат ангажманот на заедницата за прашања релевантни за нив. „Поддршка на изборните реформи“ е Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Листата на сите иновативни иницијативи во рамките на овој проект за 2022 и 2023 година може да ја најдете тука.
Учество на националниот форум за филантропија

Последни новости Учество на националниот форум за филантропија На 15.12.2022 година се одржа Форумот за филантропија во организација на Конект и мрежата за финансиска одржливост како дел од Проектот на УСАИД Партнерства за донирање. Ова е годишен собир на националните лидери во филантропијата и вклучи претставници на бизнис заедницата, институциите и граѓанските организации, меѓу кои и ИМКА, кои споделија искуства и креираа модели за засилена соработка. Истражувањата на Конект покажуваат дека половина од компаниите донираат во текот на годината што е показател дека кај нас има значаен филантропски потенцијал. Во однос на донирање средства од граѓани оваа 2022 година, Македонија се искачила на солидното 25-то место во споредба со 75-тото во 2013 година, според рангирањето на Светскиот индекс на донирање (World Giving Index). Во време кога непредвидливите случувања во светот ни го исполнуваат секојдневието, а иднината е полна со неизвесност, вистински момент е филантропијата да го заземе своето вистинско место како двигател на позитивни промени во заедницата. Форумот ги претстави глобалните трендови и влијанија на филантропијата и го стави тоа гледиште во македонска перспектива. “Како поединци, сопственици на бизниси и менаџерки и менаџери, многумина од нас ги отвораат своите паричници за да ги поддржат пријателите, семејството и лицата кои ни бараат итна помош. Но, кога се обмислени и насочени во корист на пошироката заедница, донациите имаат моќ долгорочно да ги подобрат состојбите и да придонесат за благосостојба во општеството. Создаваме партнерства за донирање за да овозможиме зголемени донации, вистински поттикнувања за донаторите и лесни и забавни начини на донирање коишто ќе им овозможат на сите граѓани и компании да бидат дел од промените кон подобро утре.” Истакна Извршната Директорка на „Конект“, г-а Никица Кусиникова. На форумот се разговараше за надминување на предизвиците за да се обликува поволна околина за зголемено и донирање во функција на забрзан развој. Учесниците покажаа готовност да негуваат партнерствата за донирање, работат на подобра правна рамка, да членуваат во Клубот на одговорни бизниси, се едуцираат за филантропија и општествена одговорност, а интерес побуди најавената онлајн платформата за групно донирање. Овој форум беше организиран од проектот на УСАИД Партнерства за донирање, спроведуван од Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Македонија. Фотографии од настанот може да се видат тука и тука.
Учество на саемот за волонтерство

Последни новости Учество на саемот за волонтерство На 7-ми декември од 11:00 часот до 14:00 часот во Фоајето на Центар за Култура – Битола се одржа овогодинешниот Саем за Волонтеризам. На него беа претставени 11 невладини организации од Битола и регионот, како и работата на локалните волонтери клубови, кои ги презентираа своите волонтерски можности и споделуваа нивни успешни приказни и проекти. Меѓу 11-те организации кои зедоа учествона Саемот беше и ИМКА Битола. Ова беше одлична прилика да се поврзат понудувачите на можности за волонтирање и средношколците во градот. Саемот е шести по ред ваков саем, кој е организиран од страна на Американското Катче во Битола и наменет пред се за средношколците, студентите и младите професионалци. Останатите организации кои зедоја учество беа Сефра Интернешнал, МКЦ Битола, Тугедр Македонија, Интеракт, Лео Интернешнал, Сумнал Битола ЦЕДИ, Златно Перо и Центарот за Култура од Битола.
Локални волонтерски награди

Последни новости Локални волонтерски награди Советот за волонтерство на Општина Битола ги додели локалните награди за волонтер/ волонтерска акција за 2022. Оваа награда се доделува по повод 5-ти Декември – Меѓународниот ден на волонтерите и целта на нејзиното доделување е да го поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво. Како дел од Локалниот Советот за Волонтерство (ЛСВ) на Општина Битола е и ИМКА Битола, која има свој претставник во овој Совет. Добитници на наградата оваа година беа Ферзије Асановска, Валентина Соколовска, Марија Бошковска, наградени како волонтери за 2022 година, потоа „Здружението за заштита од повеќе аспекти – ВИКТОРИ“ од Битола, наградено како организатор за волонтерска работа за 2022 година и Наташа Дарков – волонтерски координатор за 2022 година. Наградите ги додели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари на наградените за нивното досегашно дејствување, посакувајќи уште многу успешни волонтерски активности во следниот период, за кои општината, секогаш е подготвена да ја обезбеди неопходната поддршка. Настанот се одржа во просториите на Млади Хаб во Битола.
Локална стратегија за волонтерство 2023-2026

Последни новости Локална стратегија за волонтерство 2023-2026 Неодамна привршија активностите на Локалниот волонтерски совет на Општина Битола (ЛСВ) кои беа насочени кон партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година. Бидејќи ИМКА има свој претсавник во ЛСВ за периодот 2021-2022 година, тој учествуваше во работната група која заедно со претставници од други активни младински или организации за млади од Битола и советници од самата Општина го подготвуваше овој стратешки документ. Се реализираа 3 работни состаноци со претходно утврдена агенда и под водство на надворешен експерт кој имаше задача да ги земе во предвид сите забелешки, предлози, сугестии од страна на членовите на оваа работна група и да ја подготви стратегијата заедно со акцискиот план за периодот 2023 – 2026 година. Овој стратешки документ понатаму ќе биде поднесен до Советот на Општина Битола, кој се очекува да го усвои до март 2023 година. Овие активности беа организирани и спроведени од МКЦ – Битола под името „Време е за волонтирање“, проект кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од Европската Унија. Истовремено, преку овој проект се зајакна и капацитетот на сите членови на ЛСВ Битола преку реализацијата на обуките за креирање на волонтерски политики и имплементирање на креирани планови кои членовите ги добија. Преку оваа активност проектот го зајакна ЛСВ со вештини за креирање на волонтерски политики, за да може успешно да креира нова стратегија за развој на волонтерството во општина Битола и неперечено и во иднина квалитетно да ги имплементира активностите согласно новиот документ.
Зелена агенда преку Зелен Баир и 1000 шуми за 1 желад

Последни новости Зелена агенда преку Зелен Баир и 1000 шуми за 1 желад Неколку години по ред ИМКА ја поддржува иницијативата „Зелен Баир“ која се труди да ја реализира идејата за пошумување на делови од месноста наречена Баир во Битола. Тоа е област која се состои од оголени ридови кои настрадаа од пожарот пред неколку години во овој дел од градот. Ова е четврта по ред ваква акција и овој пат беа засадени 200 зимзелени садници од црн бор. Во минатите три години беа засадени повеќе од 400 зимзелени садници во оваа област, од кои дел успешно се адаптирани и веќе го зазеленуваат просторот. Повеќе здруженија на граѓани и некои компании ја поддржуваат оваа иницијатива која се надеваме дека ќе продолжи да се случува и во иднина. Повеќе инфо и фотографии од активностите може да погледнете тука и тука. Дополнително на ова во втората половина на месец октомври 2022 година тимот на Платформата ЗЕМИ ЗДИВ, каде што ИМКА е дел ja започна подготовката за реализација на еколошката акција „1000 шуми од 1 желад” која има за цел да ја подигне еколошката свест кај децата и возрасните за значењето на дрвјата во процесот на заштита на животната средина. Aкцијата се состоеше од собирање на здрави дабови желади кои беа поделени на деца од основното образование со цел нивно засадување во домашни услови, одгледување на дрвцата и нивно пресадување на постојана локација. Со оваа акција сакаме да ги заинтересираме за нивно активно вклучување во процесот на садење на нови дрвја, а и да ги мотивираме да продолжат со ваквите здрави навики во иднина. Целта е секое дете да си има свое сопствено дабово дрвце кое ќе го одгледува и покасно ќе го засади на определена локација. Годинава оваа акција како пилот проект се организираше во три основни училишта во Битола (ОУ Св.Климент Охридски, во ОУ Даме Груев и ОУ Гоце Делчев) во рамките на дополнување на наставата по природни науки.