Нашата мисија е да ги поттикнеме младите луѓе и да работиме на развивање на нивниот вроден потенцијал.
Преку различни видови на меѓународни можности, како што се обуки за личен и професионален развој, размена на млади и краткорочни и долгорочни волонтерски услуги, им овозможуваме на нашите млади луѓе да стекнат и надоградат потребни знаења и вештини за да го развијат својот карактер и да можат подобро да се справат со предизвиците што ги среќаваат денес!
СТОЛБ #1: БЛАГОСОСТОЈБА НА ЗАЕДНИЦАТА
ИМКА верува дека секој човек треба да има средства да расте и да напредува во телото, умот и духот додека се грижи за својата индивидуална и колективна благосостојба.
Креирање програми кои го поддржуваат хармоничниот развој на младите луѓе и заедниците кога станува збор за нивното физичко, духовно и ментално здравје.
Уште од нашето основање ние нудиме можности за личен раст и развој и подобрување на емоционалната благосостојба на младите луѓе. Тоа го правиме преку работилници, обуки, младински размени, волонтерство и сл. во земјава и во странство во соработка со нашите партнерски организации со што им овозможуваме на нашите млади луѓе да стекнат и надградат потребни знаења и вештини за развој на карактерот за да можат подобро да одговорат на денешните предизвици.
СТОЛБ #2: ПРИСТОЈНА РАБОТА
ИМКА верува дека сите млади луѓе го заслужуваат правото да учат, да се вклучат во флексибилна, достоинствена и пристојна работа и да имаат одржлив стандард.
Помагање на младите луѓе и заедниците да бидат подобро подготвени за работа во иднината. Развивање на програми кои нудат можности за образование, усовршување, вработување и претприемништво кои ја зголемуваат подготвеноста за работа во иднината.
Повеќе од една деценија сме посветени на поттикнување на младите преку обезбедување на алатки и можности потребни за пристојно и одржливо вработување. Преку нашата иницијатива за дигитално образование во партнерство со ИМКА Европа и HP ги опремуваме младите со основни дигитални вештини. Нашите услуги за кариерно советување, кампови саеми за кариера и Erasmus+ курсеви за обука за претприемништво ги водат младите луѓе кон нивните професионални аспирации. Ние активно учествуваме во глобалното истражување за пристојна работа, осигурувајќи се дека нашите програми се усогласени со најновите трендови и потреби на пазарот на труд. Во соработка со локални и меѓународни партнери ние им обезбедуваме на нашите учесници да се стекнат со вештини и доверба потребни за да напредуваат во нивните одбрани кариерни патеки и да се придонесуваат позитивно во нивните заедници.
СТОЛБ #3: ОДРЖЛИВА ПЛАНЕТА
ИМКА верува дека сите треба да се обврземе и да преземеме акција за заштита и регенерација на нашата планета, подготвувајќи се за праведна транзиција во свет каде што луѓето живеат во целосна хармонија со природата.
ИМКА се обврзува да стане позелено Движење, активен младински глас за климатската правда и поборник за решенија за одржливост предводени од младите. Интегрирање на компонентите за климатско образование во сите програми на ИМКА и охрабрување на нашите корисници да практикуваат и да се залагаат за одговорност кон животната средина.
Речиси една деценија сме посветени на поттикнување на заштита на животната средина меѓу младите луѓе и заедниците. Преку нашите различни активности ние интегрираме климатска едукација за да се подигне свеста и да се поттикне акција за итни еколошки прашања. Соработуваме со локални и меѓународни партнери за да обезбедиме практични искуства во одржливоста, како што се проекти за чистење на заедницата, кампањи за садење дрвца и работилници за обновлива енергија и намалување на отпадот. Нашите зелени иницијативи, вклучувајќи еко-кампови и младински размени фокусирани на одржливост ги поттикнуваат учесниците да водат еколошки начин на живот и да се залагаат за еколошка одговорност. Преку овие напори ние се стремиме да изградиме позелена, поодржлива иднина каде младите се во првите редови на промените во животната средина.
СТОЛБ #4: ПРАВЕДЕН СВЕТ
ИМКА верува во моќта на младите луѓе и заедниците да промовираат и унапредуваат правда, мир, праведност и човекови права за сите.
ИМКА ќе стане глобален глас во борбата против системска дискриминација, нееднаквост, неправда и расизам во сите нејзини форми, засилувајќи ги гласовите на младите и заедниците каде што е активна за да се осигура дека се слуша гласот на сите. Зајакнување на младите луѓе да станат градители на мир и активисти за промени. Обучување на младите луѓе да станат поборници за различност, еднаквост, инклузија и социјални промени ширум светот.
Од нашето основање ние ја промовираме младинската работа како наша централна активност. Се залагаме за признавање на младинската работа како професија и отворање младински центри каде младинските работници можат да работат со млади луѓе. Вклученото граѓанско општество и активниот придонес на сите засегнати страни во јавните политики и процеси е клучен за развојот на локалните заедници во кои живееме и општеството воопшто. Во оваа насока, ИМКА е вклучена и придонесува во областите на развој на релевантни младински политики и стратегии, спроведување на младински програми во училиштата преку зајакнување на учеството на младите во одлучувањето, промоција на филантропијата преку промовирање на волонтерството и поттик на општествената одговорност меѓу компаниите и граѓаните.