Учество на Саемот за Волонтеризам 2022

На 7-ми декември од 11:00 часот до 14:00 часот во Фоајето на Центар за Култура – Битола се одржа овогодинешниот Саем за Волонтеризам. На него беа претставени 11 невладини организации од Битола и регионот, како и работата на локалните волонтери клубови, кои ги презентираа своите волонтерски можности и споделуваа нивни успешни приказни и проекти.

Меѓу 11-те организации кои зедоа учествона Саемот беше и ИМКА Битола. Ова беше одлична прилика да се поврзат понудувачите на можности за волонтирање и средношколците во градот. Саемот е шести по ред ваков саем, кој е организиран од страна на Американското Катче во Битола и наменет пред се за средношколците, студентите и младите професионалци. Останатите организации кои зедоја учество беа Сефра Интернешнал, МКЦ Битола, Тугедр МАкедонија, Интеракт, Лео Интернешнал, Сумнал Битола ЦЕДИ, Златно Перо и Центарот за Култура од Битола. Повеќе фотографии од настанот на следниов линк.