Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење сопствена биографија, за личен и професионален развој, за патување и помагање на заедницата во исто време.
Сакате да волонтирате?
Во зависност од вашиот интерес, мотивација, квалификации и очекувања, како и во зависност од потребите на ИМКА во дадениот момент, ние вообичаено ги нудиме следниве волонтерски позиции:
> Во канцеларијата на ИМКА во Битола:
Од време на време ни треба административна, логистичка и мултимедијална поддршка! Најдобро е прво да прашате на фејсбук m.me/ymca.mkd што моментално се случува во канцеларијата! Нашата фејсбук страна може да ја видите тука.
Понекогаш ни е потребна логистичка помош во организирање настани за возење велосипеди за граѓанската иницијатива БитолаНаТочак. Следете ја оваа фан страница за вакви новости.
За да помогнете во волонтерските акции што ги организираме локално во Битола, приклучете се и следете ја нашата битолска група на Фејсбук (ова е само за Битола).