Вклучи се

ВЛИЈАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА: Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив

Кампот завршува. Влијанието продолжува.

Веќе со години, камповите GLOW (Girls Leading Our World) и YMLP (Young Men’s Leadership Project) им овозможуваат на младите од Македонија да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите лидерски вештини, да создаваат пријателства и да го откријат сопствениот потенцијал.

Пандемијата COVID-19 го прекина одржувањето на двата кампови. По неколкугодишна пауза, ИМКА во 2023 и 2025 година повторно организираше дневни кампови, а во летото 2026 година ги врати и националните кампови со ноќевање. Со тоа, младите повторно добија можност да поминат неколку дена надвор од своето секојдневие, да запознаат врсници од различни места, да се соочат со нови предизвици и да научат нешто ново за себе и за другите.

Помогнете камповите да продолжат да создаваат можности за младите

Со „Влијанието продолжува“, ИМКА собира средства за да ги подобри и прошири камповите GLOW и YMLP во 2027 година. Поддршката ќе биде насочена кон три области:

  • Школарини за учесниците: Финансиска поддршка за млади чии семејства не се во можност да ја покријат целосната партиципација. Не сакаме финансиските ограничувања на семејствата да бидат причина некој млад човек да ја пропушти можноста да биде дел од кампот.
  • Опрема и материјали за активности: Обезбедување и обновување на шатори, опрема за престој и активности на отворено, како и материјали за работилници и активности за тимска работа и развој на лидерски вештини.
  • Активности во природа и нови искуства: Едукација за животната средина, тимски предизвици и практични активности во Националниот парк Пелистер.


Со секоја донација помагате повеќе млади да добијат можност да учествуваат, да стекнуваат нови вештини и искуства и да создаваат пријателства што ќе продолжат и по завршувањето на кампот.

Како можете да ја поддржите кампањата?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вашата донација овозможува:

500 ден. / $10            Материјали за лидерски работилници
1.000 ден. / $18         Авантуристичка активност на Пелистер за еден учесник
2.000 ден. / $35        Опрема за спортски активности на отворено и едукација за животната средина
3.000 ден. / $55       Комплет шатор за еден тим
7.500 ден. / $135       Целосна стипендија за еден кампер
15.000 ден. / $270    Стипендии за двајца кампери
22.500 ден. / $400   Стипендии за тројца кампери
50.000 ден. / $900   Главно спонзорство на кампот GLOW или на кампот YMLP
80.000 ден. / $1.450 Авантуристички активности за учесниците на двата национални кампови

Заедницата е дел од приказната

Обновувањето на камповите не би било можно без поддршката од луѓето и организациите кои веруваат во нивната вредност. Меѓу нив се поранешни волонтери на Мировниот корпус, поранешни членови на тимовите на камповите кои денес живеат во странство, организации од дијаспората, како и поранешни учесници и членови на тимовите од Македонија.

Врските што се создаваат преку програмите на ИМКА не завршуваат со последниот ден од кампот. Многумина од поранешните учесници подоцна се враќаат како инструктори на камповите, ментори или волонтери, а стекнатите знаења и искуства ги применуваат и во своите заедници. Пријателствата, самодовербата и желбата да се преземе иницијатива се дел од она што останува и по завршувањето на кампот.

Камповите продолжуваат и во 2027 година

Следните национални кампови ќе се одржат во времетраење од пет дена (со четири ноќевања), во следните термини:

  • GLOW: 22-26 јуни 2027 година
  • YMLP: 29 јуни-3 јули 2027 година

Камповите ќе се одржат во Битола и Националниот парк Пелистер, а ќе соберат млади од различни градови и заедници низ Македонија. Преку работилници, тимски активности, престој во природа и заеднички предизвици, учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски вештини, да стекнуваат нови пријателства и да создаваат спомени и искуства што ќе ги носат со себе и понатаму.

И вие можете да придонесете!

За камповите GLOW и YMLP да продолжат да им бидат достапни на младите, потребна е поддршка од заедницата. Можете да помогнете на неколку начини:

  • Донирајте и помогнете да се обезбедат стипендии, опрема, материјали и активности.
  • Споделете ја кампањата со пријателите, семејството и организациите со кои соработувате.
  • Вклучете се како волонтер во тимот.

Секоја поддршка значи уште една можност некој млад човек да биде дел од овие кампови и да стекне искуства што ќе му користат и долго по нивното завршување.

Кампот завршува. Пријателствата остануваат. Лекциите остануваат. Самодовербата останува. Влијанието продолжува.