Најнови вести

Еразмус+ Младинска размена „Bike & Upcycle“

Од 2-10 октомври 2022 година во Битола, С. Македонија беше одржана оваа младинска размена со учесници од 🇭🇷 Хрватска, 🇩🇰 Данска, 🇧🇬 Бугарија и 🇲🇰 С. Македонија.

Учесниците на оваа размена се сретнаа со темите транспорт, животна средина, климатски промени и одржливост. Тие беа во можност да добијат длабоки увиди во состојбите на другите земји учеснички во оваа размена, со што им се овозможи прилика за споредба со ситуацијата во нивните матични земја. Размислувањето за сличностите и разликите со она што го слушаа од другите им помогна подобро да го разберат контекстот во кој што самите живеат.

Работните методи се засноваа на принципи на неформално образование. Имаше различни работилници во затворен и отворен простор кои како игри за вовед, потоа игри за градење тим, предавања, имаше бура на идеи за различни прашања, студиски посети, филмски вечери и индивидуални и групни рефлексии. Методологијата за учење преку правење беше имплементирана на отворено – возење велосипеди во градот, поправка на велосипеди, дискусии и сликање мурали. Учесниците ротираа во различни групни активности како дигитален активизам, поправка на велосипеди и уметничко изразување.

Галеријата од настанот погледнете ја овде.

Статии од нашиот блог можете да видите овде.

Овој проект беше одобрен од нашата Национална Aгенција.

Повикот за платена пракса е затворен

Можност за тримесечна платена пракса во ИМКА. Рок за пријавување до 20.08.2022 година. Контактирајте не на: m.me/ymca.mkd

Повеќе детали тука.

Иницијатива за Западен Балкан

Иницијативата за Западен Балкан започна во периодот на пандемијата и со идеја за подобрување на самоодржливоста, доброто владеење и споделувањето идеи за стратешко финансирање како ИМКА групација во балканскиот регион. Водачите на ИМКА во Северна Македонија, Косово, Албанија и Србија одржуваат редовни состаноци на кои разговараат за заедничките стратегии и националните планови со цел да се создаде акционен план за оваа иницијатива за Западен Балкан.

Целта е да се развие секое локално движење на ИМКА во регионот, да се допре до повеќе заедници со овој заеднички напор, при тоа споделувајќи ја мисијата и визијата на ИМКА.

Следете ја нашата страница на Фејсбук за новости во врска со оваа иницијатива!

Глобална недела на миротворците

Во јули 2022 година во Осло, Норвешка се одржа Глобалната недела на миротворците. Бевме присутни на овој настан со група млади луѓе желни да дознаат повеќе за борбата против неправдата и кои сакаа да споделуваат слични искуства со други млади од целиот свет!

Повеќе за овој настан можете да видите овде. За да прочитате за искуството за нашите учесници, видете ја нашата статија овде.

Зајакнување на младинските лидери во летните кампови „ЕСИЛ“

По кратка пауза, продолжиja ЕСИЛ обуките за камп лидери во ИМКА. Повторно во Холандија, во мај 2022 година, лидерите од неколку ИМКИ од цела Европа, се собраа за да учат за кампувањето, правилата на кампот, игрите во кампот и другите активности релевантни за нив како идни лидери. Ние испративме наши млади лидери на оваа обука, а нивните искуства можете да ги видите овде.

Младински Центар во секоја општина

Отворањето на младинскиот центар во Битола е во тек. Во меѓувреме, Сојузот одржа прес конференција за статусот на младинските центри низ земјава кое можете да го погледнете овде.

Во зимата 2020/2021 година се одржа првата едукативна програма за признавање на младинската работа на државно ниво. Оваа програма, исто така претставува начин за формално признавање на младинските работници кои веќе многу години наназад работат со младите неформално. ИМКА Битола беше дел од овој процес, а сега е меѓу првите организации во нашата земја што има државно признати млади работници меѓу својот персонал.

Од 2019 година ИМКА Битола е во соработка со неколку локални младински невладини организации со цел да се поттикне формирањето на младински центар во градот. Процесот за препознавање на младинската работа во С. Македонија го води Сојузот за младинска работа, кој е мрежа на организации кои ја промовираат младинската работа.