ИМКА во Битола: Создавање бeзбеден и поддржувачки
простор за ментално здравје за млади
Од вклучувањето во Mладински Центар во 2023 година, ИМКА планирано развива креативна, пријателска средина за млади каде што на менталното здравје се пристапува со грижа, професионализам и иновативност. Преку воведувањето на концептот Headspace, ИМКА успешно интегрираше практики за ментална благосостојба во сите аспекти од младинските програми, правејќи го просторот на Центарот препознатлив како безбедна и поддржувачка средина за млади луѓе кои бараат водство, личен раст или упатувања до професионална помош.
Во текот на 2024-2025 година, организацијата имплементираше серија активности дизајнирани да им помогнат на младите да го разберат и зајакнат своето ментално здравје. Тие вклучуваа информативни сесии за основните состојби на менталното здравје и предупредувачките знаци за различните состојби, како и практични искуства што им овозможија на младите луѓе да истражуваат ослободување од стресот, емоционална регулација и самоизразување. Сесиите за јога прилагодени за женскиот клуб GLOW воведоа вежби за дишење, релаксација и внимателност, додека експерименталните уметнички работилници поттикнуваа креативно изразување низ насочена визуелизација и сликање. Двете активности сега станаа постојани компоненти на годишната наставна програма на ИМКА.
ИМКА исто така, го прошири својот физички капацитет за развој на младите преку партнерство со Педагошкиот факултет во Битола, добивајќи пристап до нивниот отворен парк. Заедно со млади волонтери, тимот го трансформираше овој простор претворајќи го во жива „училница без ѕидови“ каде што подоцна се одржуваа повеќедневни кампови. Беа воведени нови интерактивни алатки како што се удирачки инструменти за кругот со тапани и надворешни ‘мрзливи’ воздушни перничиња во зоните за релаксација, додека активностите за искуствено учење базирани на Lego и креативно, рачно изработување на дела се планирани за во иднина, придонесувајќи за посилна групна поврзување, ослободување од стресот и целокупно радосно учество во градење на заедницата за сите учесници.
Низ своите програми – едукација меѓу врсници против силеџиство (bullying), клубот GLOW, камповите за момчиња и девојчиња и врсничката школата за развој на кариерата – ИМКА имплементираше над 30 активности во кои беа интегрирани делови за менталното здравје, допирајќи до стотици млади луѓе. Организацијата исто така, создаде сеопфатна брошура во која го опишува Младинскиот Центар каде што оперира ИМКА, како безбеден простор за менталното здравје, каде што се достапни обучен персонал и професионален психолог и каде што младите можат да учат, да се ангажираат или да бидат упатени за поспецијализирана поддршка кога е потребно.
Напорите на ИМКА резултираа со неколку клучни достигнувања:
• Нова практична наставна програма што оди подалеку од подигање на свеста за да обезбеди вистински искуства поврзани со ментална благосостојба, вкоренети во поврзаноста, креативноста и личната автентичност.
• Проширени безбедни физички средини, вклучувајќи и простор за учење на отворено, постигнати преку стратешки партнерства.
• Воведени се ревитализирани програми што вклучуваат круг со тапани и разни други видови креативни искуствени активности за учење, поддржувајќи ја одржливоста и зголемувајќи ги можностите за нови активности кои би генерирале приходи во иднина.
Во исто време, предизвиците како што се достигнување до поширока публика и натпреварувањето со разните други ad-hoc локални иницијативи, ја истакнаа потребата од долгорочна конзистентност на програмата. Како одговор, ИМКА ја зајакна комуникацијата со своите корисници преку социјалните медиуми, директната комуникација со нив, како и со партнерските мрежи. Со поддршката од посветениот психолог и растечката соработка со локалните организации за ментално здравје, ИМКА изгради стабилна и веродостојна основа за подобрување на благосостојбата на младите.
Овие колективни напори директно ја унапредуваат Визијата на ИМКА 2030, особено приоритетната област на благосостојбата на заедницата, промовирајќи безбедни простори каде што младите луѓе можат да го развијат телото, умот и духот. Тие исто така ги поддржуваат принципите на праведен свет, осигурувајќи дека сите млади се третирани со достоинство и имаат пристап до поддршка за ментално здравје без стигма.
Гледајќи нанапред, ИМКА во Битолa планира да продолжи со интегрирање на пристапот Headspace во сите програми, да ја продлабочи контекстуализацијата на ресурсите за ментално здравје од ИМКА САД и да се прошири кон недоволно опслужените рурални заедници – особено кон новоотворените општински младински центри кои се без структурирано програмирање и другите училишта во руралните области. ИМКА постојано ги гради своите капацитети за да допре до повеќе млади луѓе, осигурувајќи дека секој млад човек во регионот може да пристапи до поддржувачки, креативен и доверлив простор за лична и емоционална благосостојба.




Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative