ИМКА Македонија ја најавува програмата Leaders-in-Training – LiT 2026–2027
ИМКА Македонија ја најавува новата програма Leaders-in-Training – LiT, која им овозможува на младите (на возраст од 15+) да се развиваат како самоуверени, одговорни и активни лидери. Програмата се реализира во текот на учебната година и комбинира месечни работилници за лидерство со тимска работа, активности во заедницата, авантури на отворено, менторство и рефлексија.
Leaders-in-Training – LiT е наменета за поранешни учесници на летните кампови на ИМКА, нивни пријатели, како и за сите други млади кои се заинтересирани да го развиваат својот лидерски потенцијал. Оваа година едната група ќе се реализира во Битола, а другата во Куманово.
Од септември до мај, учесниците ќе се среќаваат еднаш месечно. Секоја средба комбинира практична лекција за лидерство, активности за градење тим и забавен предизвик, при што ќе се обработуваат теми како раст и развој, комуникациски стилови, емоционална интелигенција, поставување цели и напредување кон камп-лидер. Средбите ќе се одржуваат на македонски и англиски јазик.
Освен што ќе учат за лидерството, учесниците ќе имаат можност да ги применат стекнатите знаења и вештини преку практични активности во текот на есента и пролетта.
Учесниците ќе работат заедно за да придонесат позитивно во својата локална заедница, истовремено откривајќи како лидерството и волонтерството одат рака под рака.
Учесниците ќе се вклучат во активности на отворено кои ќе ги поттикнат да соработуваат, да решаваат проблеми, да развиваат истрајност и да размислуваат за својот лидерски развој.
СЕПТЕМВРИ: Насочени кон раст
ОКТОМВРИ: Авантуристички викенд
НОЕМВРИ: Волонтерски проект
ДЕКЕМВРИ: Импакт средба
ЈАНУАРИ: Емоционална интелигенција
ФЕВРУАРИ: Лидерство на камп
МАРТ: Поставување цели
АПРИЛ: Авантуристички викенд и волонтерски проект
МАЈ: Јавно говорење – Доделување на сертификати
Leaders-in-Training – LiT им нуди на младите можност да го направат првиот чекор кон волонтирање во ИМКА, ангажирање како камперски инструктори и вклучување во тимовите на летните кампови. По стекнувањето искуство преку LiT, учесниците продолжуваат да ги развиваат своите вештини и постепено преземаат лидерски улоги во летните кампови на ИМКА:
SPARK дневен камп (Strong Prepared Aspiring Responsible Kids) — ученици од 6. до 8. одделение
GLOW национален камп (Girls Leading Our World) — девојки од средно училиште
YMLP национален камп (Young Men’s Leadership Project) — момчиња од средно училиште
Низ овој процес, младите создаваат пријателства со врсници од различни заедници, ја зголемуваат својата самодоверба преку учење и искуство и градат трајна поврзаност со волонтерството.
Leaders-in-Training – LiT е наменета за млади кои сакаат да учат, да придонесуваат и да се развиваат. ИМКА Македонија верува дека младите не треба да чекаат за да станат лидери. Тие можат да започнат да водат уште сега.
Заинтересираните млади, родители и наставници можат да ја контактираат и следат ИМКА Македонија за повеќе информации за програмата Leaders-in-Training – LiT:
Пријавувањето за LiT 2026–2027 е отворено! Пополнете ја апликацијата и бидете дел од програмата.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative