Повик за учесници на Eразмус+ обука “The Listening Body“ во Брно, Чешка
Започнуваме со селекција на учесници во тренингот „Слушачкото тело“ (The Listening Body) кој е поддржан од Еразмус + и ќе се случува во близина на Брно, Чешка. Следува период во кој ние ќе ги собереме сите заинтересирани за учество на оваа обука, а после тоа заедно со организаторите ќе финализираме кој од пријавените ќе учествува.
Оваа обука има за цел да ги надгради важните ненасилни комуникациски вештини на учесникот на тема поврзана со улогата на допирот во младинската работа и личниот раст и развој. На овој начин, младинскиот работник ќе стекне проширен увид во улогата на телото и како начинот на кој тоа комуницира со околината може да биде корисна алатка за деескалација на тензии и конфликти со другите.
Целокупниот проект трае од Август 2026 до јануари 2027
Обуката е од 21 до 29 ноември 2026
Деталите за целата обука на англиски (кој е работен јазик на обуката) може да се најдат во следниот инфо пакет
https://www.canva.com/design/DAHPdNQKhL0/JUfq7o3y1My5zzqvY3JxfA/view?utm\_content=DAHPdNQKhL0\&utm\_campaign=designshare\&utm\_medium=link\&utm\_source=viewer
Mладински работници, фасилитатори, обучувачи, координатори на волонтери, социјални работници, наставници, професори, едукатори… Лица над 18+ години
ВАЖНО! За учество на овој тренинг, се наплаќа 60 евра, кои се одбиваат од патниот трошок на учесниците.
Дополнително, секој оној кој е заинтересиран за учество, по завршување на обуката треба да може активно да учествува во дисеминација на овој проект со одржување тематска работилница во претходно договорен термин од наша страна. Во спротивен случај нема да биде селектиран за учество.
Пријава за учество
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScNEyhM0BBXCJfRhhn\_dUKN9LAvJ0EQwkTK24ZV38N\_3VLWgA/viewform
Ве очекуваме!
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative