Младински центар Битола: 2023 низ бројки

На 25.05.2023 во Битола се отвори Младинскиот центар водејќи се по својата мисија да се поттикне личниот и социјален развој на младите луѓе преку нивно вклучување во заедницата. Моментално во центарот работат 2 младински работници, додека со самиот центар раководи конзорциум од 3 младински организации од Битола, ИМКА, Сфера интернешнал и МКЦ. 

Во текот на целата година се одвиваа низа на активности во насока на исполнување на осумте претходно утврдени специфични цели и со особена радост можеме да споделиме дека во голем дел истите се исполнети т.е. понудивме програмски активности од сите полиња на развојот на младите. Овозможување на простор за изразување на младите, организирање на слободното време на младите, развој на компетенциите на младите, поттик на претприемачкиот дух, промовирање на здрави животни навики како и подигнување на еколошката свест, информирање на младите за можностите за неформално образование, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството.

Низ бројки тоа би изгледало вака:

  • 2.651 вкупно опфатени крајни корисници,
  • 207 вкупно реализирани различни активности,
  • 16  опфатени организации кои го користеа просторот за промовирање на младинската работа и нејзиното значење.

Најпосетувани програмки активности беа: дигитално образование, животна средина, ментално здравје, младинско учество и младински политики, како и забавните/друштвени активности како интеркултурни вечери, денови за готвење, учење на странски јазици и сл.

Нашиот придонес во активностите на младинскиот центар беше во главно преку два проекти кои ги спроведувавме во текот на годината: 

  • Клубот за дигитално образование воден од младинскиот работник Наташа каде што со гордост може да споделиме дека опфативме бројкaта од над 600 учесници од градот кои успешно ги посетуваа и завршија курсевите овозможени преку партнерството на ИМКА и HP Life Fondation. Активностите на овој клуб продолжи да работи и во 2024 година се со цел да се допре до што повеќе млади лица и да им се овозможи достапно бесплатно дигитално образование на сите млади.
  • Врсничката школа за ментално здравје на деца и млади започна во јуни 2024 и овој проект ќе се спроведува и во текот на 2024. Проектот е финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Општина Битола преку програмата за регионална демократија на Западен Балкан кој го спроведува УНДП. Повеќе информации за проектот на следниот линк

Минатата година беше доказ за посветеноста на младинскиот центар кон развојот на младите во Битола. Извршувањето на активностите низ сите специфични цели ја демонстрира посветеноста за негување на динамична, одговорна и инклузивна средина за младите. Визијата на Младинскиот центар е иднина со охрабрени, креативни и одговорни млади кои активно придонесуваат кон опшествениот напредок, и претставуваат жива, информирана и активна младинска заедница во Битола.

Целосната верзија на годишниот извештај на младинскиот центар е достапна на веб страната на младинксиот центар.