630 млади вклучени во клубот за дигитално образование

Дигитална писменост, вештина која денес е еднакво важна како читањето и пишувањето, е способност граѓаните ефективно да користат компјутери на своите работни места и во секојдневниот живот. Способноста за користење на уреди за игри и забава не е дефиниција за дигитална писменост кај младите. Дигиталната писменост е многу повеќе од прифаќање на новите технологии, користење на социјалните медиуми или креирање и следење на фото и видео содржини. Таа е способност за користење на дигиталните технологии како алатки за создавање, селектирање и поврзување на информации од повеќе извори, во повеќе формати, и нивна употреба за подобрување на ефективноста во која било област–учење, работа, и сл.

На 22.03.2023 година започнавме со првиот термин за курсеви и досега имаме 110 термини со вкупно 630 учесници (од кои 50% се женски, а 50% се машки лица), поминати околу 30 различни курсеви од категориите маркетинг, комуникации, финансии и стартап/иновации.

После 9 месеци испорака на активностите поврзани со курсевите за дигитално образование на ИМКА во соработка со HP би сакале да споделиме со вас дел од наодите од евалуациите кои ги пополнуваат учесниците. Среќни сме од фидбекот кој го добиваме од учесниците кои ги опишуваат курсевите како лесни за следење, интересни, интерактивни, би ги препорачале на свои пријатели и скоро сите сакаат да дојдат пак на некоја нова тема.

Во последните неколку години низ нашата земја се создадени десетина младински клубови. Ова беше една од најпосетените програми! Ние сме многу среќни со влијанието што го создадовме.

Во прилог следуваат одговорите на учесниците за тежината на курсот и нивната идна вклученост во истите.

Во прилог споделуваме дел од најчестите коментари кои постојано се повторуваа во однос на тоа што им се допадна на курсевите:

  • За HP Life Life курсевите:
    • Темата на курсот и можноста за учење нови знаења и вештини.
    • Практични знаења кои може да се искористат во секојдневниот живот.
    • Часот беше со лесен и разбирлив, а темата релевантна.
    • Курсот беше лесно разбирлив и едукативен.
    • Курсот беше ефикасен – за кратко време дознав многу корисни информации.
    • Научив нови работи кои досега не ги знаев воопшто.
    • Лесно стекнати вештини.
    • Ми се допадна тоа дека има бесплатни курсеви за тие работи што ме интересираат.
  • За пристапот/методите кои ги користевме:
    • Неформалното запознавање и дружење со другите учесници во склоп учење нови работи.
    • Интересен беше начинот на кој ни беа претставени темите на курсот.
    • Kомуникацијата и интеракцијата меѓу учесниците.
    • Професионален пристап на предавачката, начинот на презентација со примери, комуникацијата за време на курсот.
    • Пристапот на вработените и курсот бидејќи беше прилично лесно и не беше досадно.
    • Тоа како беше претставен курсот, и што лесно може да се разбере и да ти поттикне самодоверба дека ако може некој да ја постигне нивната цел тогаш можам и јас.
  • За логистиката:
    • Како не дочекаа и сите беа љубезни.
    • Многу позитивна и отпуштена атмосфера и енергија за работа.
    • Опремата на која работевме, местото и просторијата каде што се одржа курсот.
    • Што просторијата беше топла, имавме добар едукатор и тоа што беше многу чисто и убаво уредено.

Прочитајте подолу сведоштва на дел од учесниците во програмата