За нас

Ние сме непрофитна, граѓанска, нерелигиозна, инклузивна организација која нуди можности за нашите млади и активно работи со нив. Во Битола ИМКА е основана во 2002 година и спроведува активности во главно на локално ниво. ИМКА е дел од Светскато ИМКА движење кое е распространето во 119 земји кое опфаќа повеќе од 58 милиони луѓе.

Нашата мисија е оспособување на младите луѓе и работа во насока на развој на нивниот вроден потенцијал преку обезбедување знаења и вештини, неопходни за младите да станат активни лидери во своите заедници. Ова го правиме преку искуствено образование кое промовира разноликост, како и развивање на академски и социјални вештини кај нив.

Ние работиме во полето на неформално образование за млади, нудење поддршка за младинско учество во процесите на донесување на одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави животни навики и градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. Специфично нашиот делокруг на работа и придонес за заедницата е во две полиња:

  • Младинска работа (лидерство, личен развој, младинско учество, волонтерство, зелена агенда, ментално здравје, мировна едукација) и
  • Развој на заедницата (учество и придонес во изработка на закони, стратегии и политики за млади, младинска работа, младинско учество; како и за социјална одговорност, волонтерство, добротворство/филантропија, корпоративна општествена одговорност).

Управен Одбор:
Моника Ангелоска-Дичовска – Претседател
Благојче Количоски – Член
Александар Георгиев – Член

Извршна канцеларија:
Виктор Илиев, Извршен Директор
Јовче Крстески, Програмски Координатор, Младински Работник
Наташа Дарков, Проектен Координатор, Младински Работник

Благодарни сме и на сите локални
волонтери кои ни помагаат!

Вредности кои ги негуваме и поттикнуваме

Грижа

Да се грижиш за себе, за другите и за заедницата.

Искреност

Да се биде вистинит во она што го кажуваш и правиш.

Почит

Да се постапува кон себе, другите и заедницата со достоинство и прифаќање.

Одговорност

Да се биде веродостоен на своите ветувања и постапки.

Храброст

Да се соочуваш со предизвиците и да водиш.

Креативност

Да пронаоѓаш нови решенија за предизвиците.

Ентузијазам

Да ја пронајдеш својата инспирација за правење промени.

Општо за ИМКА и поле на дејствување

ИМКА (YMCA) е едно од најстарите и најголемите младински движења во целиот свет. На некој начин, може да се смета како една од првите граѓански организации кои имале за цел подобрување на благосостојбата на младите. Основана од Џорџ Вилијамс и неговите 11 пријатели во 1844 година во Лондон, ИМКА моментално дејствува во 119 земји на 11.220 локации, вклучува 725.483 волонтери и опфаќа 58 милиони луѓе.

red trian

ИМКА работи на проекти и акции наменети за развивање на младите преку широк спектар на младински активности, без оглед на религијата, расата, полот или културата. Светската Алијанса на ИМКА има седиште во Женева, додека седиштето на ИМКА Европа се наоѓа во Брисел. Во другите земји, ИМКА може да се сретне под различни имиња во зависност од нивните национални јазици: YMCA, IMKA, CVJM, UCJG, KFUM, NMKY, CEVI, HANTH, ACM, ACJ итн. Во Македонија и другите земји во Југоисточна Европа, YMCA е позната како ИМКА. Официјалниот знак на ИМКА претставува црвениот триаголник кој ги изразува основните заложби на ИМКА: хармоничен развој на човекот на духовен, ментален и физички план.

Националните и локалните ИМКА организации работат во широк спектар на програмски области во зависност од предизвиците и потребите на младите и локалните заедници каде што дејствуваат, вклучувајќи: одржлив развој, образование и стручна обука, полова еднаквост, климатски промени, здравје, дијалог меѓу религиите, безбедност на храната, развој на лидерство, миграција, граѓанско учество и образование за човекови права, дејствување при вонредни ситуации, градење на мир. Сиве овие полиња се систематизирани и објаснети во стратегијата Визија 2030 на ИМКА Свет со четири столбови на влијание каде ИМКА организациите креираат долгорочни промени во животот на милиони млади луѓе и средините каде живеат. На сите континенти во светот ИМКА работи на оспособување на младите луѓе и трансформирање на заедниците преку вграден модел за промена кој се состои од: ПРОСТОР-ПРОМЕНА-ВЛИЈАНИЕ. Овој модел е ДНК за сите наши активности и затоа да се биде дел од ИМКА е искуство кое го менува животот.

Краток временски приказ на нашите активности

2020-2022 ИМКА беше дел од првиот државно сертифициран процес за обука за работници со млади! Паралелно учествувавме и во заедничките напори за формирање на локален младински центар во Општина Битола.

2016-2019 Работевме на нашата клучна програма за развој на млади ГЛОУ-ИМЛП која во 2017 ја надградивме  со работа на мрежа на младински клубови на кампери алумни. Ни беше доделено национално признание за филантропија. Во овој период ја формиравме програмската група за кампови на отворено во ИМКА Европа која ја инициравме неколку години претходносе вклучивме во глобалната неформална мрежа за образование на отворено и Мрежата за финансиска одржливост.

2013-2015 Ни беше доделена годишната национална награда за иновативни практики во работата со волонтери во 2013. Во 2014-2015 Битола работевме на неколку интернационални обуки во рамките на програмата за млади на ЕУ „Млади во Акција“. Се вклучивме во глобалната програма за млади лидери на ИМКА Свет „Агенти за промени“. Заедно со уште дваесеттина младински здруженија го основавме Сојузот за Младинска Работа со цел признавање на младинската работа и младинскиот работник како професија. Во 2015 ја продлабочивме соработката со Мировниот Корпус во насока на јакнење на летниот лидерски камп за девојчиња GLOW (Girls Leading our World) следејќи ја успешната работа летниот лидерски камп за момчиња YMLP (Young Men’s Leadership Project). ИМКА понуди и бројни можности за учество на неколку интернационални кампови во Холандија, Франција, Германија и др.

2010-2012 Започнавме со работа на Европски Волонтерски Сервиссоработка со Мировниот Корпус преземајќи ја работата и одговорноста за развој на летниот лидерски камп за момчиња YMLP (Young Men’s Leadership Project)се вклучивме во Коалицијата на Младински Организации СЕГА по што следуваа бројни активности во полето за младинско учество и детски права во соработка со локалните училишта кое траеше до 2016. Во 2011 станавме национална канцеларија на YMCA во Македонија.

2007-2009 Се вклучивме во меѓународната Синерџи мрежа за обуки за личен развој. Тимот на ИМКА се фокусира на камп и тренинг програма започна со работа и реализиравме многу работилници, обуки за личен развој, кампови и имавме многу активни волонтери. Во соработка со ИМКА Европа во Македонија организиравме неколку изданија од Балканскиот Лидерски Тренинг на ИМКА.

2003-2006 Беа развиени неколку младински програми кои вклучуваа локални волонтери како што се: И-Филм, жонглерската огнена група Ацид Трипл, И-Стрип, информаторот НотифаИ. Во овој период ние успешно го организиравме првиот поголем интернационален настан – Балканскиот Лидерски Тренинг 3 во кој учествуваа 80 млади како и Балканскиот Програмски Фестивал „Балкански мозаици“ со повеќе од 130 учесници од повеќе држави во Европа.

2002-2003 Основање на ИМКА Битола на 31.05.2002. Почнавме со работа на помали иницијативи како што се: планинарски на екскурзии, пинг понг програма и сл. Балканскот камп во Нимфео, Грција беше една од првите посериозни програми која му понуди на нашите учесници да се запознаат со камповите на отворено, бенефитите од активностите на отворено и да се вљубат во кампувањето. Овој кампот функционираше 10 години предводен од интернационален тим на кампери алумни од Балканските ИМКА асоцијации. Во 2003 на Пелистер организиравме заеднички камп за млади од Македонија и Данска.

2001 Почеток како неформален младински клуб и развивање односи со ИМКА Скопје која започна со работа 1999.

 

За основањето на организацијата од страна на Џорџ Вилијамс (подоцна доделени признанијата од англиската кралица за ова дело), популаризацијата и ширењето во многу држави во светот, за улогата на Анри Динан во ИМКА, за основањето на кошарката од Џејмс Најсмит на ИМКА колеџот во Спрингфилд, како и одбојката од страна на Вилијам Г.Морган, за вклученоста и придонесот на ИМКА во намалување на последиците од двете светски војни (подоцна доделена и нобелова награда за мир на Др.Џон Мот), работата со бегалци и други ранливи групи, ширењето на ИМКА движењето кон источноевропските држави по падот на берлинскиот ѕид и сл. Повеќе за историјата на ИМКА

Ги оспособуваме младите!