Еразмус+ младинска размена „Може и наТочак“: Велосипедски ленти во Битола наспрема Данска

Од Ана-Катарина Лиерс

Јас се викам Ана-Катарина Лиерс и доаѓам од „Данскиот младински тим“ од Данска. Овој настан наречен „Bike up“ се одржа во Битола, Северна Македонија и се однесуваше на урбаниот транспорт во Европа, или барем тоа е она што мене ме интересираше.

За време на активностите во оваа младинска размена станав свесна дека во Данска имаме многу повеќе велосипеди и затоа и многу паркинг места за нив. Овај коментар се однесува на недостапните паркинг места овде во Битола. Овде има неколку места, но не се доволно, и затоа често треба да го паркирате велосипедот на страна, на улица.

Друга работа е што исто така има само една „вистинска“ велосипедска лента во градот Битола и доколку не ја користите, треба да возите заедно со пешаците или автомобилите на патот, што го отежнува возењето и побавно стигате до вашата цел. Во Битола има многу високи рабници, што го отежнува преминувањето на патиштата, бидејќи треба многу да се симнувате од велосипедот за да преминете. Со инфраструктурата која е во Данска, лесно пристигате онаму каде што сте тргнале, а возењето велосипед е поприоритетно отколку луѓето со автомобили.

Поминав одлично за време на оваа размена, научив многу нови работи за другите земји, а стекнав и нови пријатели. Од тешкотиите што ги имаа другите земји, научив многу работи поврзани со велосипедите. Мојот општ впечаток е дека треба да ја цениме инфраструктурата таму каде што ја имаме, која помага полесно да возиме велосипед и дека секогаш треба да помагаме и поддржуваме иницијативи кои ја подигнуваат свеста за овие работи во заедниците каде што велосипедизмот не е добро развиен.

Од Петар Казаков

Проектот беше интересен и корисен. Веќе сум во контакт со многу луѓе кои сакаат да возат велосипед, но во урбаната инфраструктура не можат, бидејќи самата инфраструктура на градот не го дозволува тоа. Ова беше најголемата свесност што ја добив за мене, а другото е што станав посвесен за фактот дека треба да знаеме да поправаме велосипеди на основно ниво. Ова недостасува, но е многу корисно. Генерално, проектот беше добар и јас сум задоволен како испаднаа сите работи.