Младински Центар во секоја општина

Отворањето на младинскиот центар во Битола е во тек. Во меѓувреме, Сојузот за младинска работа одржа прес конференција за статусот на младинските центри низ земјава кое можете да го погледнете овде.

Во зимата 2020/2021 година се одржа првата едукативна програма за признавање на младинската работа на државно ниво. Оваа програма, исто така претставува начин за формално признавање на младинските работници кои веќе многу години наназад работат со младите неформално. ИМКА беше дел од овој процес, а сега е меѓу првите организации во нашата земја што има државно признати млади работници меѓу својот персонал.

Од 2019 година ИМКА е во соработка со неколку локални младински организации со цел да се поттикне формирањето на младински центар во Битола. Процесот за препознавање на младинската работа во Македонија го води Сојузот за младинска работа, кој е мрежа на организации кои ја промовираат младинската работа во која ИМКА е една од членките ко-основачи.