Балканска стратегија на ИМКА

Иницијативите кои обединуваат и кои повикуваат на заедничко барање на решенија во интерес да се понудат поквалитетни и поодржливи програми за младите од регионот секогаш се должни за почит. Последнава декада ИМКА организациите во Западен Балкан се развиваа со несмален капацитет и стигнаа до ниво да нудат квалитетни програмски активности за младите во регионов.

Но последниве 2 години со пандемијата од Ковид-19 ни покажаа една поинаква реалност и повеќе или помалку извадија одредени аномалии и недостатоци во функционирањето на организациите. Иако до некаде во слични или различни нивоа на организациски развој и контекст на делување, ИМКА организациите од Албанија, Косово, С.Македонија и Србија во пролет 2021 почнавме со заеднички онлајн состаноци со цел разговарање на новата нормалност која ни се наметна и дискутирање по однос на организациските проблеми со кои се соочуваме во моментов.

Па така, како клучни области во кои треба да се зајакнеме во следниот период се областите на добро управување, управувачки структури, работа на активности на проектна основа, зависност од грантови, слаба одржливост на проектите, слаба координација на регионално ниво и спремност за настап со заеднички ЕУ проекти на поголеми проектни апликации.

Во неколкуте одржани заеднички состаноци покрај тоа што ги согледавме предизвиците и полињата во кои треба да делуваме исто така работевме на припрема на заеднички проектни апликации и при што поднесовме две. Иницијативата продолжува со несмалена динамика и во 2022 во која се надеваме дека со намалувањето на притисокот од пандемијата ќе можеме конечно да имаме и состаноци со физичко присуство.

„Иницијативата за Западен Балкан“ започна и со активности кои подразбираат регионални посети на партнерите. На првиот физички состанок после долго време од кога започна иницијативата, се сретнаа сите вклучени земји Македонија, Србија, Косово и Албанија во канцеларијата на ИМКА во Косово.  Се разговараше поподробно за поврзаноста на националните стратегии и како тие заедно се вклупваат во еден поголем, балкански наратив. Со нетрпение очекуваме што ќе им донесе оваа група на младите од Западниот Балкан!  Повеќе фотографии од средбата може да видите тука.