ПРОЕКТ: Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади

Последни новости ПРОЕКТ: Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади Проектот доаѓа како логичен резултат на тоа што во Битола не е обработена темата на менталното здравје на систематски начин, туку само ад-хок и краткорочно. Дополнително на ова и пред Ковид, но особено сега, гледаме огромна потреба да се обезбеди поддршка пред се на нашите млади, но и други ранливи категории на граѓани (самохрани родители и лицата со попреченост) со долгорочен проект за неформално образование насочен кон зачувување на менталното здравје. Дополнително на ова, врз основа на наоди од последни истражувања (Коалиција СЕГА 2021, МОФ 2021 и Институт за човекови права за врсничко насилство 2022) младите од Пелагонискиот регион се меѓу најнезадоволните од квалитетот на животот. По градови, младите битолчани се најнезадоволни од квалитетот на животот, а по пол момчињата се понезадоволни отколку девојчињата. Целите на проектот: 1. Анимација и обука на младите од основните и средните училишта како и од факултетите во Битола за врснички едукатори за ментално здравје. Дополнително на ова, да се спроведе врсничка едукација во сите образовни установи од каде што доаѓаат во насока на препознавање, превенција и соодветно справување со психосоцијалните проблеми кај младите. 2. Формирање на две групи за давање поддршка на еднородителски семејства и семејства со лица со попреченост, како и да служат како ресурсни групи за споделување лични искуства за зајакнување на капацитетите и емпатијата на образовните асистенти, училишните стручни служби и здруженијата на граѓани. 3. Креирање на прирачник со практични упатства корисен за сите оние кои работат со млади луѓе кои имаат психосоцијални проблеми. Како дел од темите ќе се осврнеме на теми значајни за менталното здравје на младите како што се:– Анксиозност и депресија– Ризично однесување, што значи – насилно однесување/насилство од врсници, самоповредување и злоупотреба на супстанции– Градење на издржливост и самодоверба кај децата и младите– Дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Во рамките на проектот се предвидени резултати: 1. Обуки за врснички едукатори кои ќе се реализираат во првото полугодие во Општинскиот Младински центар наменети за 8мо и 9то одделенци, средношколци и студенти [58 врснички едукатори во 5 групи] 2. Врсничка едукација која ќе се реализира од врсничките едукатори за сите генерации ученици во сите основни и средни училишта, како и на факултети во Битола [опфатени 4.120 ученици]. 3. Две групи за поддршка на истава тема за еднородителски семејства и семејства кои имаат дете со попреченост вклучено во образование [2 групи по 12 учесници]. 4. Креирање прирачник со практични искуства и насоки за сите оние кои работат со млади кои имаат психосоцијaлни проблеми. Веруваме дека овој проект ќе отвори посистематски процеси и ќе отвори дискусии за менталното здравје на младите во училиштата и факултетите како и во другите институции во Битола. Исто така, веруваме дека проектот ќе придонесе за намалување на стигмата за луѓето кои се соочуваат со психосоцијални проблеми и ќе доведе до поголемо прифаќање и поголема емпатија кај младите во Битола. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.
Обука во Пловдив за НЛП: отклучување на потенцијалот на умот

Последни новости Обука во Пловдив за НЛП: отклучување на потенцијалот на умот Од Јове Крстески Познато е дека невро-лингвистичкото програмирање (НЛП) е методологија која ја истражува динамичната врска помеѓу јазикот, невролошките процеси и моделите на однесување. Тоа е разновиден пристап кој нуди разбирање на човековото однесување, комуникација и личен развој, а исто така и практични техники за подобрување на личниот раст, подобрување на комуникацијата и донесување позитивна промена преку разбирање на врските помеѓу мислите, употребата на јазикот и субјективното искуство на личноста. Од 31 август до 10 септември 2023 година во Пловдив, Бугарија се одржа курс за обука наречен „НЛП – Нова јазична практика“ кој се базираше на вежби од невро-лингвистичкото програмирање. Го организираше Здружението Кибела во соработка со Фондацијата Смокиња и Центарот за развој на човечки ресурси од Бугарија, а беше кофинансиран од Европската Унија. На оваа обука имаше учесници од Бугарија, Шпанија, Србија, Полска, Македонија, Латвија, Италија, Унгарија, Грција, Франција, Естонија и Чешка. Ако го резимираме она што го добивме од оваа обука, можеме да кажеме дека голем дел од основите во практиката на НЛП беа широко елаборирани на овој тренинг и имавме многу време да работиме со практичните вежби што ни беа дадени. Ако зборуваме поконкретно, во теоретскиот дел, го поминавме основниот мета-модел на НЛП (како што е објаснето од Bandler и Grinder, 1975), а потоа го елабориравме и дополнително низ „моделот од третата генерација“ на меѓусебното поврзување помеѓу физиологијата, јазикот и умствените карактеристики. Имавме можност накратко да се запознаеме со 5-те „Р“ присутни во било кој даден „сетинг“ ( Ресурсите што ги имаме и ги користиме како влез во тој „сетинг“, потоа улогите /Roles/ што се играат, односите /Relationships/ што се случуваат, правилата /Rules/ што се потребни да се следaт со цел овој да биде соодветен како „сетинг“ и на крајот како излез Резултатите што се добиваат). На овој начин, одредени улоги што треба да ги знаеме се оние кои ги учиме како поставување на триото AБЦ, каде што личноста „А“ зборува/споделува, „Б“ учи/слуша и „Ц“ набљудува. Штом ќе се воспостави даден „сетинг“ или ситуација, главната филозофија на сè е дека што и да набљудуваме, нашето толкување за таа ситуација е нешто поинакво (ова е елаборирано и како разлика помеѓу „настан“ и „приказна“ во која било дадена ситуација). Ова ни беше донесено заедно со главната идеја на НЛП дека „мапата не е територијата“. Најинтересен додаток овде беше фактот дека „најфлексибилниот дел од секој систем обично е делот кој што го контролира тој систем“. Беше спомната и калибрација на нашиот влез/излез, т.е калибрацијата на она што го доведуваме во ситуацијата, како и на она што го земаме или добиваме од неа. Ова беше рекапитулирано по неколку дена низ точки на набљудување која што ни ги дава теоријата (види флипчарт). Беа обработени и репрезентативните системи на личноста (Визуелниот, Аудитивниот, Кинестетичкиот како што се споменати во „NLP Volume 1“ од Dilts, Binder, Grinder и DeLoiter од 1980 година, но исто така и Дигиталниот беше вклучен во обуката.) Беше спомната и техниката eye accessing cues. Од попсихолошка гледна точка беше претставена шемата за тоа колку свесното/несвесното може да се гледа низ однос на тоа што е компетентност и неспособност, а покрај тоа беа елаборирани и „претпоставките“ во однос на информациите што се имплицитни во комуникацијата што се случува во било кој даден сетинг. Следен дел од обуката беше истражувањето на тоа каков треба да биде правилниот став на тренерот, како и компетенциите што треба да ги поседува (види флипчарти), околу кои се водеше дискусија. После тоа, обуката ни понуди многу простор за вежбање. Формиравме триа и имавме шанса да ги видиме, а подоцна и да експериментираме со неколку практични алатки. Беа понудени неколку техники за разговорни вежби (backtracking, lazy coach, рефлексија на чувствата, ткн „слободно пукање“ на прашања) кои се користат за време на дијалогот и помагаат да се овозможи одредена објективност. Потоа, се запознавме со техниката „хопонопоно“. Исто така, имавме специфичен инструктор кој ни даде можност да го вежбаме гласот, тонот и вербалните изрази. Со ова, целата застапеност на ВАК кај учесниците беше задоволна, бидејќи користевме многу шеми во флипчарти за објаснување – за Визуелците, ова со гласовна обука – за Аудитивците, а целиот сет на посветен простор и време за вежбање беше – за Кинестетските/ Дигитални личности. И секако, беа присутни и потипичните пракци на НЛП; рапортот, закотвувањето /anchoring/ и реформулирањето /reframing/. Беше објаснето и како можеме да користиме временска линија /timeline/ како техника за елаборирање на лични прашања, а исто така еден од учесниците понуди техника за работа со нашите лични ограничувачки верувања. Невро-лингвистичкото програмирање нуди ризница на практики и техники за подобрување на комуникацијата, управување со емоциите и трансформирање на нечија перспектива за животот. Многу од практиките на НЛП ги поттикнуваат поединците да се поврзат подлабоко со другите, да преземат одговорност за нивните емоциионални реакции и да се ослободат од ограничувачките верувања. Со вклучување на овие практики во нивните животи, поединците можат да тргнат кон личен раст, самооткривање и подобрени односи, на крајот ослободувајќи го својот целосен потенцијал. Ова е точно и корисно во психотерапевтски контекст, но и на полето на младинската работа. Многу од техниките може да се модифицираат за да послужат како алатки за зајакнување на младинските работници. Тоа секако ми помогна да научам повеќе и да станам посвесен за корисноста на дијалошките техники и користа што ја имаат во однос на меѓусебниот работен контекст помеѓу младинските работници и младите луѓе, особено ако имаме предвид дека младата возраст е возраст на личен развој. Сите техники кои носат повеќе појаснување ВО РАЗГОВОРОТ се од корист. Но, исто така, оваа обука обедини толку многу учесници од различни возрасти и животни искуства, тоа беше мешавина која беше корисна и додаде повеќе во групно учење што сите го имавме. Се чувствував задоволно на крајот и уживав во овој тренинг, кој ми помогна да видам колку сите овие техники можат да бидат корисни за работа со младите луѓе.
Впечатоци од дел учесници на еко камп SDG#13

Последни новости Впечатоци од дел учесници на еко камп SDG#13 Миа Научивме нови работи за животната средина и несомнено станавме помотивирани за да ја зачуваме истата, барем на локално ниво. Сигурна сум дека би присуствувала повторно на ваков тип настан. Сметам дека темата е опширна и има прилично многу за дискусија, а фактот дека истото можам да го правам со луѓе со сличен ментален склоп како мојот ме привлекува уште повеќе. Ана Самиот збор Еко(логија) многу ме влечи и сметам дека воопшто не сме одговорни за нашата околина доволно. Посакувам тоа да се промени и сум свесна дека почетната точка за тоа секогаш сум самата јас. Не треба да им кажуваме на другите што да прават, туку да нé гледаат ние што правиме и на тој начин да се мотивираат. Симона Еко кампот директно не вклучи во организација на наш отворен ден на кој се играа разни игри и се научија многу корисни информации за велосипедите и велосипедистите, како и заштитата на нашата животна средина со користење на велосипеди. Неколку денови низ игри учевме, а последниот ден тоа го пренесовме на децата како и на возрасните граѓани кои не посетија во градскиот парк. Играта се преточи во една преубава глетка на “БитолаНаТочак” со што завртиме еден голем круг околу нашиот град со велосипеди придружени од сите љубители на “точакот”. Сара Научив многу нешта, најпрво целите за одржлив развој за кои искрено немав обрнато особено внимание. Заедничките едукативни игри би ги издвоила како најзабавни и истите би ги применила понатаму во некоја дружба професионално или приватно. Ангела Најмногу впечаток ми остави последни од ден каде што успешно организиравме настан за деца пропратен со интересни игри поврзани со екологијата, зачувување на природата, возење велосипед. Сето тоа покрај забава и насмевка на детските лица, им пружи можност и за дознавање интересни факти поврзани со екологијата. За крај, со сигурност можам да кажам дека научив многу и овој камп ме поттикна да размислувам подлабоко за зачувување на нашата планета. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект Искуството од Камп SDG#13
Искуството од Камп SDG#13

Последни новости Искуството од Камп SDG#13 Од 21 до 26 август оваа година во рамки на проектот Climate change leaders/Youth led solutions, го реализиравме дневниот еко камп SDG13, поддржан од YMCA USA на кој зедоа учество единаесет 16-23 годишни млади ентузијасти, заинтересирани за екологијата, цели за одржлив развој и еко активизам од Битола. Првите три дена од кампот беа за влез и давање инпути во материјата, односно учење и продлабочување на знаењето за целите на одржлив развој, со посебен акцент на 13тата цел, климатските промени. Првиот ден кампот се одвиваше во Младинскиот Центар во Битола, додека следните два дена на отворено во Градскиот парк кој беше едногласно избран од сите учесници како место соодветно за учење за животната средина преку настава во природа. Активностите секој од деновите траеа по 3-4 часа со комбинација од работилници и вежби. Учесниците ги запознавме со мисијата на ИМКА, се запознаа меѓу себе, самостојно ги презентираа сите 17 цели на одржлив развој и имаа можност да изучуваат за циркуларна економија преку HP Life курсевите. Презентирани им беа примери за еко активизам, како во нашата земја така и од повеќе места од светот, како и разработување на актуелни еколошки проблеми и предлагање на решенија за истите. Исто така се разговараше и се предлагаа совети за зачувување на природата преку игри и занимливи активности на отворено. Третиот ден беше конкретно посветен на загадувањето на воздухот, предизвикувачи на загадување, преземени чекори за негово намалување и што ние како индивидуи можеме да допринесеме за почист воздух. Покрај другите, тука се наметна темата за начини на транспорт, нивната ефикасност, економичност и достапност на истите. Секој од работните денови завршуваше со евалуација на наученото од тековниот ден. За време на настанот најавена беше Европската недела на мобилност и можните активности кои би ги презеле ние како учесници на овој еко камп за споделување на дел од знаењата со други деца и млади на интерактивен и забавен начин. Се одлучи последниот ден од еко кампот да се одржи завршен настан целосно испланиран и спроведен од страна на сите учесници со нивни идеи и предлози, секако со целосна поддршка од тимот на ИМКА. Учесниците беа поделени во 3 тимови, и следниот ден се одржа состанок со секој од тимовите за координација каде беа избрани 15 идеи за активности на отворено со цел најава и поддршка на Неделата на мобилност. На 26.08.2023 под мотото Научи. Сподели. Вклучи се. Активирај се. започна отворениот настан во Градскиот парк во Битола со претходно подготвени игри за деца, Џенга, slack line, работилница за правење на беџови, импровизиран полигон за велосипедисти, едукативни игри и слично. Целта беше поголема свесност за велосипедизмот, здравиот начин на живот и заштитата на животната средина. Настанот беше посетен од голем број на млади од нашиот град и воведивме вело изненадувања за најдобрите посетители – велосипедисти. Среќни сме дека на настанот остваривме соработка со корпоративен партнер Алпско, како голем поддржувач на организациите кои подржуваат здрави начин на живот. После двочасовни активности со децата, настанот го завршивме со велосипедска тура низ битолските улици со велосипедисти од сите возрасти од нашиот град, како повик за поставување на вело патеки се со цел полесно и побезбедно движење на велосипедистите кои се се побројни во нашиот град.
Моето искуство од една година во Холандија со ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус)

Последни новости Моето искуство од една година во Холандија со ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус) Од Јован Лешев Ако сте учествувале на каков било вид на волонтерска работа во кое било својство неизбежно сте прашани како или зошто би работеле платена работа без да бидете платени. Никогаш не е лесно да се објасни зошто или како некој одлучува да помине една година во странска земја за да служи како волонтер. Позитивните искуства, луѓето што ги запознав и предизвиците што морав да ги надминам додека живеев и служев како ЕСК волонтер во Холандија беа повеќе од доволна причина зошто сакам да ја споделам мојата приказна. Кога бев избран како волонтер од Rock Solid Foundation да служам во нивниот социјален ресторан Аан Тафел бев многу возбуден. Тоа беше една од моите долгогодишни желби да живеам во странство и ова беше совршена можност да го направам токму тоа. Aan Tafel е социјален ресторан во малото гратче Лунтерен управуван целосно од волонтери и со персонал од лица со посебни потреби. Работејќи во угостителството неколку години мислев дека ова ќе биде еден од најлесните предизвици со кои се соочив, но реалноста се покажа поинаква. Никогаш не сум делел работен простор со луѓе со посебни потреби. Иако моето време беше исполнето со предизвици сепак искуството таму ме научи на трпение, сочувство и солидарност – квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество ако сакаме да живееме во подобар свет. Моето време во Лунтерен и во Аан Тафел резултираше со можности да учам, да се усовршувам и да развијам вештини кои никогаш не мислев дека ми се потребни. Покрај тоа, имав одлични можности за средби, работа заедно и негување односи со луѓе од целиот свет, со различни возрасни групи и културни позадини, притоа помагајќи ми да разберам колку неверојатно слични сме сите кога станува збор за нашите основни вредности. Моето долгорочно волонтирање не беше ограничено само на работа во ресторанот. Фондацијата Рок Солид ни обезбеди мене и на моите колеги волонтери можности да направиме значајна волонтерска работа на голем број други проекти, како што се собирање храна и облека за луѓето на кои им е потребна и организирање креативни работилници за стари лица и лица со посебни потреби. Попатно учествував во разни други активности што ги правеа во кои се запознавме и споделивме искуства со други волонтери во Холандија што резултираше со поголема мрежа на луѓе и создавање на уште повеќе пријателства на патот. Меѓутоа, тоа не беше само работа и учење. Во текот на една година што ја поминав како волонтер морав да се научам да живеам во култура која е сосема различна од мојата, да патувам, да научам нов јазик и да посетувам места што никогаш претходно не сум ги видел. Дури добив шанса да се приклучам на локален хор и да создадам уште повеќе позитивни искуства за себе. Така што ако некој млад човек бара шанса да направи нешто значајно и да создаде прекрасни нови искуства додека живее во странство и запознава луѓе од целиот свет, ова е совршена можност за вас. Не двоумете се да волонтирате, без разлика дали тоа е вашето време, вашето знаење или понекогаш само вашиот позитивен став. Во социјалниот ресторан Аан Тафел во Лунтерен на ѕидот на трпезаријата виси цитат: „Кога имате повеќе отколку што ви треба – изгради поголема маса, а не повисока ограда.
Врсничка едукација за ученици од основни и средни училишта

Последни новости Врсничка едукација за ученици од основни и средни училишта Активностите во проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” во мај и јуни влегоа во следна фаза со примена на стекнатото знаење и спроведување на врснички едукации во вклучените основни и средни училишта во Битола. Обучените врснички едукатори ги одржаа сите испланирани презентации за нивните врсници во училишта каде учат. Анастасија ја одржа својата презентација во ОУ Климент Охридски, Леона и Кристијан во ОУ Елпида Караманди, а Марта и Михаела во ОУ Коле Канински што се однесува до основните училишта. Додека пак во средните училишта Бранкица и Ангела ги спроведоа своите врснички едукации во средното стручно училиште Таки Даскало, а Иван и Леона во средното медицинско училиште Јован Калаузи. Фокусот на сите презентации беше на дискриминацијата и нетолеранцијата како однесување кое создава непријатност во комуникацијата и разбирањето на другите луѓе. Сите вежби и активности кои учениците ги споделуваа со своите врсници беа со цел да учениците слушатели се стават во кожата на другиот и да почувствуваат како е да имаш некаква ограниченост во секојдневието. Со тоа врсничките едукатори им овозможуваа на соучениците да имаат практично искуство како изгледа кога во нешто си попречен и со тоа да поттикнат свесност за различноста која секој ја има. На овој начин им се овозможи подобро разбирање на секојдневието на учениците и другите лица со попреченост. Потоа се водеа разговори и дискусии за впечатоците од вежбите и активностите. Вкупниот опфат на ученици кои беа присутни на овие презентации беше 150тина ученици во 6 одделенија/класа. Со ова се заврши уште една фаза од овој проект кој понатаму ќе продолжи со споделувања на искуствата кои врсничките едукатори ги имаа за време на обуката, како и споделувањето на една мала анкета поврзана со овие теми. Со проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” ја подигаме свеста за постоењето на дискриминација во сите животни сфери од нашето општество и укажуваме на регулативите кои помагаат таа да се намалува во иднина. Проектот е поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , финансиран од Европската Унија а спроведуван од Порака Нова, во соработка со ИМКА. Врсничката едукација е методологија која како организација ќе продолжиме да ја работиме и во следниот период во неколку теми од интерес за младите како што се менталното здравје, личниот, социјален и кариерен развој на децата и младите за што веќе имаме обезбедено поддршка, но за тоа во некоја од следните објави на нашава веб страна. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за претходните активности од проектов Работилници за врснички едукатори и образовни асистенти – Проект: стоп за дискриминација
Наоди од мониторинг: Битола – Вело град

Последни новости Наоди од мониторинг: Битола – Вело град Во периодот февруари-мај го спроведуваме проектот за мониторинг на предизборни ветувања. Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме темата за изградба на велосипедска инфраструктура. Во прилог се активностите по месеци: Февруари: Истражување на предизборни ветувањаИстражувањето на предизборни ветувања беше низ онлајн етерот следејќи поранешни медиумски објави, изјави на политичари и понудени предизборни програми. Главен предизвик ни беше што предизборните програми се повлечени од интернет просторот и за изнаоѓање на релевантен материјал контактиравме со членови на партиите кои се во градскиот Совет. Во однос на предизборните програми јавно достапна е само таа на независната група Поинаку, а во консултации со партиите ги добивме програмите и на двата најголеми коалициски блока предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Март: Истражување на општински документиСе согледуваше вклученоста на темата од предизборното ветување во постоечки официјални документи на Општина Битола (програми, стратегии сл.). Истражувањето беше електронски на официјалните општински канали како што е веб-страницата и објави на социјалните медиуми на општината. Се пребаруваа исто така и веб портали кои пренеле одредена информација за бараниот податок на темата од предизборните ветувања. Истo така се поднесе и барање за пристап до информации од јавен карактер. Покрај минатите се истражуваа и постоечки документи за тековни планирани активности во 2023 година. Април: Средби со општински функционери и советнициСе реализираа средби и разговори со клучни општински функционери и вработени во Општина Битола поврзани со темата за предизборното ветување. Конкретно се одржаа средби со Секретарот на Општината, со Раководителот на Локален Економски Развој кој воедно е и одговорен за спроведување на проектот за велосипедски патеки и разговор со Директорката на ЈП за урбанистичко планирање. Мај: Анкетно истражување и јавна информативна сесија за проект вело патекиАнкетно истраување за безбедноста и употребата на велосипедот како превозно средство и споредба на наодите од слични анкети кои ги правевме во 2015 и 2018. Со цел споделување на ставот на вело заедницата се зеде учество на комисијата за локален економски развој. Исто така се одржа и јавна информативна сесија со вклучување на сите релевантни чинители за проектот велосипедски патеки со цел доближување на последните информации за проектот на јавноста. Јуни: Споделување на резултатите од наодите со јавностаСподелувањето на резултатите со јавноста е преку неколку фокусирани објави на социјалните медиуми, гостување на регионална телевизија, вклучување во живо на национална телевизија, прилог од јавната инфо сесија, тематски подкаст, средношколски подкаст, споделување на инфографици, делење на печатена брошура, а во план се и изработка на вело мотивациски лепенки. Наоди / Резултати: Темата за велосипедска инфраструктура во Битола е идентификувана како приоритет и вклучена во последниот ЛЕАП (локален еколошки акционен план), но со пробиени рокови. Во тек е изработка на нов ЛЕАП.Во рамките на јавниот форум на граѓански дијалог граѓаните ја идентификуваа темата како еден од врвните четири приоритети.За тековниов период имаме најава за проектот преку изјава и обраќање на Градоначалникот и имаме потврда на истото дека активно се работи на финализирање на проектната документација преку објава на општинската веб страна и преку разговорите со претставниците од општината со кои се сретнавме.Истово е потврдено и преку вклученост на изработка на проектна документација за конкретниот проект (реконструкција на тротоари и изведба на велосипедски патеки на улиците Генерал Васко Карангелевски и Партизанска) во планот за јавни набавки за 2023.Исто така имаме и потврда преку информација од јавен карактер дека Општината има одобрен сообраќаен проект од 2014 година и дека се работи на финализирање на проектната документација за активности на терен на споменатите две улици предвидени за оваа година.Усвоени измени на програмата за локален економски развој кои го вклучуваат и проектот за велосипедски патеки.
Отворање на младински центар во Битола

Последни новости Отворање на младински центар во Битолa Со задоволство го објавуваме свеченото отворање на нашиот сосема нов младински центар, енергичен, креативен, едукативен простор дизајниран да ги негува и да ги зајакне младите умови на нашата заедница. Оваа значајна пригода означува значајно достигнување во нашата посветеност да обезбедиме ваква средина за нашите млади, каде што тие можат да ги истражат своите интереси, да се поврзат со другите и да го отклучат својот целосен потенцијал. Младинскиот центар е охрабрувачка средина, место каде што ќе има многу можности и ќе бидат остварени многу потенцијали. Тоа е место каде што младите луѓе можат да се соберат, учат и растат во атмосфера на креативност, поддршка и инклузивност. Нашата цел е да негуваме средина што инспирира и воздигнува, негувајќи чувство на припадност кај секој млад човек што ќе помине низ нашите врати. Во рамките на овие ѕидови, нашата младина ќе открие огромен број можности да ги истражи своите интереси, да ги прошири своите хоризонти и да развие вредни вештини. Од работилници, семинари до возбудливи рекреативни активности и програми за лидерство, животна средина, ние внимателно подготвивме разновиден опсег на програми за да се грижиме за различните интереси и таленти на нашите млади членови на заедницата. Без разлика дали станува збор за уметност, музика, спорт или претприемништво, имаме за цел да обезбедиме простор за секоја страст да цвета. Дополнително, младинскиот центар ќе служи како центар за стекнување и негување на значајни врски и градење трајни пријателства. Ја препознаваме моќта на заедницата и на младите луѓе во нашата заедница. Од заеднички проекти и групни активности до можности за волонтерство и иницијативи за заедницата, нашата цел е да поттикнеме чувство на општествена одговорност и да ги всадиме чувството на припадност кај младите кон оваа заедница. Зад работата на нашиот Младински центар е тим од посветени младински работници кои се посветени на водење и поддршка на нашите млади на нивното движење кон самооткривање и напредок. Овие младински работници кои носат знаење се возбудени да го споделат истото, да инспирираат нови перспективи и да поттикнуваат личен раст кај секој млад човек со кој ќе се сретнат. Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до сите поединци, поддржувачи и партнери (Општина Битола, ИМКА, МКЦ, Сфера, Сојуз за младинска работа, Млади Хаб) кои се ангажираа да ја направат оваа цел реалност. Нивната поддршка и посветеност да инвестираат во нашата младина беа клучни за отворање на овој Младински центар. Благодарни сме за нивната заедничка визија за посветла иднина на нашата заедница, каде што се реализира и слави потенцијалот на секој млад човек. Нашата цел е поддршка на личниот и социјален развој на младите во Битола и нивна активна вклученост во животот на заедницата преку следните активности: Спортско рекреативни активности Активности за обележување на значајни празници и интернационални дати Арт работилници (цртање, музика) Работилници/дискусии за подобрување на своите знаења за себе со совети од стручни лица од областа на кариерно советување, психолози или професори од стручни училишта, како и за развој на претприемништво Работилници со совети, едукации и акции за зачувувањето на еколошкиот живот во Битола Волонтерски акции, мотивирани да организираат кампањи за волонтерство во Битола. Едукативни работилници за различни области Останати активности кои вклучуваат дружење и социјализација.
Работилници за врснички едукатори и образовни асистенти – Проект: стоп за дискриминација

Последни новости Работилници за врснички едукатори и образовни асистенти – Проект: стоп за дискриминација За време на нашите досегашни активности се одржаа четири работилници за ученици, една за образованите асистенти во училиштата кои се вклучени и една за стручните психолошко – педагошки служби. На четирите работилници учествуваа 12 ученици кои беа спремани да ја преземат улогата на врснички едукатори на темата недискриминација на лица со попреченост. Темите кои ги поминаа на првата работилница беа општи и ги адресираа општите човекови права и посебно детските права. Втората работилница беше за поимот дискриминација и навиките кои се причина за оваа појава, како што се предрасудите и стереотипите. На крајот се зборуваше за начинот на кој дискриминацијата се надминува, а тоа е толеранција. На третата работилница се обработија темите за попреченоста и дискриминација на лицата со попреченост, а учениците ги подготвија и своите првични нацрт идеи за тоа како ќе ја изведат врсничката едукација наменета за своите соученици. Во последната работилница се зборуваше за видовите на насилство и за заштитата од дискриминација. Исто така идеите за презентации на учениците кои се продлабочија со помош на инструкторите при што им се даде можност и креативна слобода на учениците да го изразат материјалот кој што го спремиле најдобро што можат согласно сопствените можности. Со тоа се затвори малиот циклус обуки наменети за учениците и следуваше Работилница наменета за образовните асистенти кои работат во училиштата со лица со попреченост. Со оглед на моменталната реформа во нашиот образовен систем каде се воведува поголема инклузивност на овие лица во образовниот процес, оваа обука наиде на голем интерес кај образовните асистенти. Беа покренати многу прашања и асистентите ја искористија приликата да ги изразат своите ставови, мислења и согледувања за разните процеси кои се случуваат во образованието особено во делот на нивниот работен ангажман во училиштата. На работилницата со нив се поминаа истите теми како и со учениците но во позбиена форма и на повисоко ниво. Оваа недела се одржа и последната од предвидените шест работилници. Таа беше наменета за стручните служби на училиштата во Битола и ги покри темите за законските регулативи поврзани со заштита од дискриминација на лицата со попреченост. Стручните служби имаа можност да се запознаат со овие законски регулативи низ презентација која за нив ја одржа претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација (КСЗД). После посочувањето на законските уредби беше прикажана и студија на случај каде КСЗД постапувале по предмет пријавен кај нив со што стручните служби имаа можност да видат како изгледаат постапките при пријава на дискриминација на лице со попречености и кои се институциите и процедурите кои треба да се следат во целокупната постапка. Со тоа училишните служби имаа можност да се запознаат со последните и најнови измени во законските одредби и постапки поврзани со оваа тематика. Со проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” ја подигаме свеста за постоењето на дискриминација во сите животни сфери од нашето општество и укажуваме на регулативите кои помагаат таа да се намалува во иднина. Проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” е поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , финансиран од Европската Унија а спроведуван од Порака Нова, во соработка со ИМКА.
Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA

Последни новости Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA Целта на соработката меѓу HP и ИМКА е да се користи технологијата на добар начин, да се постигне дигитална инклузија преку овозможување пристап до технологија и дигитално образование до секој на лесен и интересен начин. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Истите се лесни, интерактивни, исполнети со кратки видеа, дијалози, слики и квизови. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Секој курс содржи 5 чекори: краток опис на курсот, бизнис концепт, вештини за технологија, анкета и дополнителни ресурси од темата. Темпото на изучување на еден курс е по желба на учесникот. Откако ги завршите сите 5 чекори (100%) курсот е успешно завршен. За секој завршен курс на вашиот е-маил добивате електронски сертификат со наведени информации за конкретниот курс, што се научило во истиот, дата на изучување и потпис од заменик директорот на HP фондацијата. Секој курс се изучува индивидуално во ИМКА во Младинскиот Центар со целосна техничка опрема од наша страна. Алтернативно постои можност за спроведување на курсевите во просториите на образовните институции во Битола. Учесникот нема обврска за носење опрема, посебни предзнаења за одредена тема или услови за изучување на одреден број на курсеви. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени до 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола