630 млади вклучени во клубот за дигитално образование

Последни новости 630 млади вклучени во клубот за дигитално образование Дигитална писменост, вештина која денес е еднакво важна како читањето и пишувањето, е способност граѓаните ефективно да користат компјутери на своите работни места и во секојдневниот живот. Способноста за користење на уреди за игри и забава не е дефиниција за дигитална писменост кај младите. Дигиталната писменост е многу повеќе од прифаќање на новите технологии, користење на социјалните медиуми или креирање и следење на фото и видео содржини. Таа е способност за користење на дигиталните технологии како алатки за создавање, селектирање и поврзување на информации од повеќе извори, во повеќе формати, и нивна употреба за подобрување на ефективноста во која било област–учење, работа, и сл. На 22.03.2023 година започнавме со првиот термин за курсеви и досега имаме 110 термини со вкупно 630 учесници (од кои 50% се женски, а 50% се машки лица), поминати околу 30 различни курсеви од категориите маркетинг, комуникации, финансии и стартап/иновации. После 9 месеци испорака на активностите поврзани со курсевите за дигитално образование на ИМКА во соработка со HP би сакале да споделиме со вас дел од наодите од евалуациите кои ги пополнуваат учесниците. Среќни сме од фидбекот кој го добиваме од учесниците кои ги опишуваат курсевите како лесни за следење, интересни, интерактивни, би ги препорачале на свои пријатели и скоро сите сакаат да дојдат пак на некоја нова тема. Во последните неколку години низ нашата земја се создадени десетина младински клубови. Ова беше една од најпосетените програми! Ние сме многу среќни со влијанието што го создадовме. Во прилог следуваат одговорите на учесниците за тежината на курсот и нивната идна вклученост во истите. Во прилог споделуваме дел од најчестите коментари кои постојано се повторуваа во однос на тоа што им се допадна на курсевите: За HP Life Life курсевите: Темата на курсот и можноста за учење нови знаења и вештини. Практични знаења кои може да се искористат во секојдневниот живот. Часот беше со лесен и разбирлив, а темата релевантна. Курсот беше лесно разбирлив и едукативен. Курсот беше ефикасен – за кратко време дознав многу корисни информации. Научив нови работи кои досега не ги знаев воопшто. Лесно стекнати вештини. Ми се допадна тоа дека има бесплатни курсеви за тие работи што ме интересираат. За пристапот/методите кои ги користевме: Неформалното запознавање и дружење со другите учесници во склоп учење нови работи. Интересен беше начинот на кој ни беа претставени темите на курсот. Kомуникацијата и интеракцијата меѓу учесниците. Професионален пристап на предавачката, начинот на презентација со примери, комуникацијата за време на курсот. Пристапот на вработените и курсот бидејќи беше прилично лесно и не беше досадно. Тоа како беше претставен курсот, и што лесно може да се разбере и да ти поттикне самодоверба дека ако може некој да ја постигне нивната цел тогаш можам и јас. За логистиката: Како не дочекаа и сите беа љубезни. Многу позитивна и отпуштена атмосфера и енергија за работа. Опремата на која работевме, местото и просторијата каде што се одржа курсот. Што просторијата беше топла, имавме добар едукатор и тоа што беше многу чисто и убаво уредено.
Национална конференција за младинска работа

Последни новости Национална конференција за младинска работа На 19.12.2023 година во Скопје се одржа најголемата национална конференција за младинска работа во нашата држава. Пред повеќе од 100 присутни гости свои поздравни обраќања имаа Андреј Наумовски, претседател на Сојуз за младинска работа, Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, Ѓорги Тасев, соработник на Претседателот на Владата за млади и младински политики и Јовица Митевски, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата свечено беа доделени и сертификати на 13 лица кој ја поминаа обуката и се стекнаа со звање работник со млади. Меѓу нив беше и Наташа Дарков, која е дел од тимот на ИМКА Битола. Низ два панели се разговараше за „Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“. Претставниците од државните органи и градоначалници најавија континуирана поддршка за процесите на валидација и целосно воспоставување на младинската работа како професија и поттик на процесот на основање младински центри низ целава држава. Претставниците од младинскиот сектор вклучувајќи ги Сојузот за младинска работа, младинските центри и младинските работници нагласија дека младинските работници и младинските центри се клучни за спроведување на квалитетна младинска работа. Нивното препознавање и поддршка ќе значат и создавање на средина за поддршка за раст и развој на младите. Тие исто така говореа за важноста на обуката за работник со млади и професијата младински работник за правилен развој на младите. Претставниците на другите институции поддржувачи на развојот на младинската работа во државава ја изразија нивната поддршка исто така. Филозофски факултет изјавија за поддршката која ја даваат преку студиите од втор степен по младинска работа кои се први постдипломски студии по младинска работа во регионот за кои се предвидени и стипендии. ГИЗ кои ја истакна значајноста на соработката и насоченото дејствување на странските донатори во согласност со понудувачите на младинска работа на локално и национално ниво. Вклученоста на ИМКА како организација во овие процеси е на високо ниво. Јовче Крстевски, сертифициран младински работник, е дел од персоналот на младинскиот центар во Битола, е член на базата на оценувачи на квалитет на младинските центри формирана при Агенцијата за млади и спорт и беше еден од панелистите на настанов. Дополнително на тоа, на настанов Наташа Дарков по цела година исклучителен ангажман со групи на млади го завршени интензивен курс за серифицирање за младинска работа доби и формално звање „работник со млади“ од Агенција за млади и спорт и Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work. Јовче Крстески оваа година помина низ процес на обуки и пракса за примена на методологија за кариерно советување и насочување на младите ProfillPASS, која е развиена од Германскиoт институт за образование на возрасни – Центарот за доживотно учење Лајбниц Deutsches Institut für Erwachsenenbildung.
Истражување за пристојни работни места за млади

Последни новости Истражување за пристојни работни места за млади Во рамките на World YMCA сонуваме за свет каде сите млади луѓе ќе имаат пристап до пристојни работни места значајни за нив. За да го оствариме овој сон ние треба да ги сфатиме погледите и искуствата на младите луѓе. Со задоволство го лансираме истражувањето Пристојни работни места за млади, дизајнирано од млади за млади. Што вклучува: Ги повикува младите од 18 до 35 низ целиот свет да споделат што претставува за нив пристојно работно место, нивните очекувања, стравови, потреби, очекувања, и колку подготвено се чувствуваат за работа во иднина. Истражувањето е отворено до 15 декември 2023 и ќе ви треба само 10-15 минути да го комплетирате. Зошто да го пополните: Со слушање на гласот на илјадници млади луѓе од целиот свет истражувањето ќе даде силна мотивација базирана на евиденција во дизајнирањето на решенија за младите со младите. Ако постигнеме опфат од 400 млади луѓе – нашиот партнер, Deloitte, ќе ни обезбеди македонски извештај врз основа на конкретните резултати од истражувањето за Р.Македонија што ќе ни биде од корист за сите кои работиме со млади. Потребна ни е вашата поддршка: За нашето истражување да биде успешно потребна ни е вашата поддршка да се осигураме дека ќе слушнеме голем број на млади луѓе со различна позадина од сите делови на светот. Многу ни значи доколку го пополнете го истражувањето [за 18-35 години] – сакаме да ги слушнеме вашите кариерни цели и искуства и што ви е потребно за да ги постигнете нив. Пристапете преку следниов линк: Youth Meaningful Work Survey Споделете го истражувањето – многу ќе ни значи доколку го споделите истражувањето преку погорните линкови со групи млади од 18 до 35 години и организации кои ја вклучуваат оваа група на млади со цел да добиеме силен удел како локална заедница во ова глобално истражување. Потребни ви се повеќе информации? Погледнете ја веб страната на истражувањетоЗа повеќе информации или прашања, ве молиме обратете се до тимот за пристојни работни места: contact@youthmeaningfulwork.com.Ви благодариме за вашата поддршка за овој значаен проект за нас.
Почеток на врсничката школа за ментално здравје на деца и млади

Последни новости Почеток на врсничката школа за ментално здравје на деца и млади Еден од најважните елементи на проектот е самата врсничката школа преку која е планирано да се направи значајно голем опфат на темата ментално здравје. Во втората половина на септември и октомври работевме на анимирање на образовните установи Битола со фокус на основните и средните училишта, како и факултетите. Исто така во овој период работевме на промовирање на отворените повици за проектов и регрутирање на основци, средношколци и студенти кои се мотивирани повеќе да научат за менталното здравје за себе и за своите врсници во поглед на препознавање на одредени состојби, но и како да се постапува во истите со цел да си помогнат себеси и на врсниците од околината. Завршивме со оваа фаза и време е за акција! Денешниов настан беше токму тоа. Се собравме сите врснички едукатори, психолози, педагози и др. Од стручните служби на училиштата со цел обележување на почетокот на проектот проследено со интересна програма. Настанот ги воведе учесниците во предвидените активности и динамиката за следниот период до крајот на школската година. Се направи распределба на врсничките едукатори врз основа на возраст/генерација и смена на училиште со цел подобро планирање на претстојните обуки во насока да нема пропуштање и пореметување во редовната настава на училиштата и учениците. Формиравме пет групи врснички едукатори од кои две со основци, две со средношколци и една со студенти. Групите имаа серија задачи низ кои требаше да поминат и притоа да се запознаат со темата, да се запознаат со своите врсници со кои ќе работат во следниот период, да си ги изградат идентитетот на групата и да го одговорат воведното истражување во темата со цел согледување на почетната состојба за нив на темата ментално здравје. Исто така, ги продискутиравме воспоставените канали на комуникација за следниот период и сите формалности кои се потребни за непречено одвивање на претстојните обуки. Обуките ќе се засноваат на принципите на неформално образование и ќе се одвиваат во општинскиот Младински Центар во Битола до крајот на Февруари следната година. Врсничките едукатори ќе учат и ќе разговараат со нивните врсници за менталното здравје покривајќи теми како што се: анксиозност и депресија, ризично однесување, што значи – насилно однесување/врсничко насилство, самоповредување и злоупотреба на супстанции, градење издржливост и самодоверба кај децата и младите и дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Проектот предвидува следна фаза во второто училишно полугодие каде што овие врснички едукатори ќе спроведуваат работилници за едукација на своите врсници во нивните училишта и факултети и ќе го споделат стекнатото знаење со крајните корисници/нивните врсници во неформален амбиент. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Амос.
Учество во програма за едукација за и поддршка на младински работници во поле на кариерно насочување

Последни новости Учество во програма за едукација за и поддршка на младински работници во поле на кариерно насочување Од Јовче Крстески Водени од целта да понудиме поквалитетни сервиси за вработливост на младите, среќни сме што како членка на Сојузот за младинска работа имавме можност да учествуваме на две обуки за советници за кариерно насочување на младите и да научиме за две нови методологии. Едната од нив беше според методологијата „ProfillPASS – Започни ја твојата кариера!“ а другата според методологијата „Sport for employability“ (S4E), како дел од програмата за едукација и поддршка на младински работници насловена како „Младинска работа за активни и вклучени млади“. Преку овие обуки, јас како младински работник во ИМКА заедно со 17 други младински работници од нашата држава се здобија со знаења, вештини и компетенции за користење на проверени методологии во нивната секојдневна работа со млади од ранливи категории. Младинските работници кои учествуваа во овие обуки се оспособија за примена на алатката „ProfillPASS“, која ќе им овозможува да ги насочуваат младите кон истражување на своите можностите за личен и професионален развој, со тоа помагајќи им да ја подобрат својата позиција на пазарот на трудот. Користењето на #S4E како алатка за поттикнување и развој на вештини, ќе им помогне на младинските работници во поддршката и охрабрувањето на младите луѓе од нивните заедници во насока на освестување на своите вештини и потенцијали, како и на нивна доизградба. По обуките, вклучените младински работници ќе спроведат практични активности со примена на научените методологии во своите средини. Како обучен младински работник од ИМКА ќе го применам моето знаење во работата со млади во Младинскиот Центар во Битола како и при подготвувањето на програмите кои ИМКА ги спроведува на оваа локација. Сојузот за младинска работа ја спроведува оваа програма во рамките на регионалниот проект “Социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан“ и глобалната програма „Спорт за развој“ спроведени од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Обуките за овие методологии се спроведоа на 21-24.09.2023 и 30.10-02.11.2023 во Дојран. Обуката за #ProfilPASS беше спроведена со помош на обучувачи од Центарот за доживотно учење, а таа за #S4E со помош на обучувачи од ТАКТ.
Иницијатива за поттик на нашата мисија во Западен Балкан

Последни новости Иницијатива за поттик на нашата мисија во Западен Балкан Од 13-ти до 16-ти октомври, нашите претставници беа присутни на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан, чиј домаќин е ИМКА Косово. Програмските сесии беа дизајнирани околу интеграцијата на мисијата и визијата на ИМКА од Македонија, Албанија, Косово и Србија и воспоставувањето на светла иднина заедно во рамките на нашето движење. Покрај претставниците на Иницијативата за Западен Балкан, на состанокот имаше и неколку гости кои дадоа свој придонес во програмата како што се Клаудија Кун од CVJM (ИМКА Германија) со инпути за развојот на програмите, Пол Смајли од ИМКА Европа со придонес за подобрување на управувањето во организациите, Мариус Поп од ИМКА Европа за стратешки партнерства со придонес за соработката со корпоративниот сектор, Том Валентин од ИМКА од САД со инпути за перспективите и поддршката за регионот во иднина и Енди од тимот за комуникации на ИМКА Европа. Програмата понуди неверојатна можност за размена на добри практики, запознавање со локалните младински лидери и посета на центрите на ИМКА низ целата земја, вклучувајќи го и новиот Камп Пјетершан. Нашиот престој беше во градот Пеќ со работни сесии одржани во локалната ИМКА – импресивен мултифункционален објект кој располага со различни програми за обука за млади. Тоа беше одлична можност да се даде отчет за секоја организација и нивниот развој за време на иницијативата и плановите во светлината на ветувачките партнерства и потенцијалните идни активности. Беше одлично време да се потсетиме на сите вредности, спомени и искуства што го собраа раководството на Иницијативата за Западен Балкан – продолжувајќи да ја фокусира својата работа на регионалните планови, идните чекори, предизвици и можности за претстојната година. Во однос на постигнувањата, вреди да се спомене дека некои ИМКА добија нови општински простори и договори, приходот на секоја ИМКА се зголеми во текот на целата иницијатива, започнаа нови партнерски проекти (во регионот и на меѓународно ниво), дополнителен фокус даден не само на лидери, но и на персоналот и членовите на одборот. Со преку 20 дигитални состаноци (тим и 1 до 1) плус студиски посети на сите ИМКА организации оваа година регионот полека расте и оди во вистинската насока – со уште многу работа што треба да се направи. И круната на нашето патување – Кампот Пјетершан – импресивен камп на ИМКА во има капацитет за сместување 70 млади луѓе и нуди прекрасни капацитети како спортски и тренинг објект, камп сала и канцеларии, бунгалови, камперски оган – простор што може да се користи за повеќекратни активности на отворено и одличен пример на проект со локална, национална и меѓународна поддршка. Бевме инспирирани од овој состанок, воодушевени од издржливоста и одлучноста на тимот и индивидуалната работа на сите ИМКА организации кои создаваат промени во нивните заедници – и благодарни сме што сме дел од неа.
Ментално здравје: Темелно проникнување во оваа важна тема за млади и возрасни

Последни новости Ментално здравје: Темелно проникнување во оваа важна тема за млади и возрасни Преку врсничка едукација за работа со млади и иницирање групи за поддршка за работа со возрасни, овој проект има за цел да воведи докажани методи на работа кога се соочуваме со предизвикувачки прашања и/или теми. Врсничката едукација игра клучна улога во зајакнувањето на младите и поттикнувањето на развојот на заедницата, мисија што е темелно усогласена со нашата посветеност во ИМКА и младинската работа. Динамичната размена на идеи помеѓу младите не само што негува чувство на сопственост и одговорност кај младите, туку и ги охрабрува активно да се ангажираат со своите врсници. Од формален аспект, овој метод на образование може да биде моќна алатка за градење на лидерски вештини и всадување чувство на граѓанска одговорност. Кога младите учат од своите врсници, тие можат да се поврзат на подлабоко ниво, бидејќи често споделуваат слични животни искуства, предизвици и аспирации. Што следи: Во неделата што претстои започнуваме со отворен повик за врснички едукатори. Работилниците ќе се засноваат на принципите на неформално образование и ќе се одвиваат во општинскиот Младински Центар во Битола во периодот на првото училишно полугодие. Врсничките едукатори ќе учат и ќе разговараат со нивните врсници за менталното здравје покривајќи теми како што се: анксиозност и депресија, ризично однесување, што значи – насилно однесување/врсничко насилство, самоповредување и злоупотреба на супстанции, градење издржливост и самодоверба кај децата и младите и дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Проектот предвидува следна фаза во второто училишно полугодие каде што овие врснички едукатори ќе спроведуваат работилници за едукација на своите врсници во нивните училишта и факултети и ќе го споделат стекнатото знаење со крајните корисници/нивните врсници во неформален амбиент. Вториот аспект е иницирање на моделот на групи за поддршка во нашиот град за создавање инклузивна и поддржувачка заедница во Битола како пристап кој обезбедил бројни придобивки во многу земји во светот. Групите за поддршка играат клучна улога во понудата на решенија за поединци кои се соочуваат со различни предизвици. За лицата кои се соочуваат со попречености и животни потешкотии групите за поддршка поттикнуваат чувство на припадност и го намалуваат чувството на изолација и обезбедуваат витален извор на емоционална и практична помош. Тие нудат безбедно и разбирливо опкружување каде што членовите можат отворено да разговараат за нивните предизвици, да споделуваат искуства и да разменуваат стратегии за справување. Овие средби обезбедуваат безбеден простор за поединците да ги споделат своите борби, аспирации и лични приказни за да ги поттикнат учесниците да се соочат директно со предизвиците и да изградат силна мрежа за поддршка која трае цел живот. Освен тоа, групите за поддршка на лицата со попреченост служат како платформа за застапување и подигање на свеста. Овие собири го засилуваат гласот на оние кои често се соочуваат со општествени бариери и дискриминација. Што следи: Во следниов период ќе се формираат две групи за поддршка, една за проблемите со кои се соочуваат еднородителските семејства и друга за семејствата на лицата со попреченост кои имаат дете или младо лице во образование. Конкретно, овие две ранливи категории на граѓани се изложени на поголем ризик од нарушувања на менталното здравје и трпат поголем притисок од нивните врсници и сограѓани поради недоволната свест за проблемите со кои се соочуваат (намален социјален статус поради сиромаштија, стигматизација и избегнување, недоволна свест). Поради тој зголемен социјален притисок (кој редовно наоѓа поддршка во стереотипите и предрасудите на локалната заедница) и дискриминаторското однесување (не само меѓу врсниците, туку и помеѓу повозрасните, во службите и сл.), веројатноста за проблеми со кои се соочуваат се зголемува. Овие групи ќе поттикнат вклучување на родителите (од засегнатите две категории деца) за да ги споделат своите искуства меѓусебно и со врсничките едукатори и стручните служби од училиштата. Дополнително, ќе бидат поканети родители на врснички едукатори и образовани асистенти, како и други родители кои ќе се запознаат со нашиот проект преку Советите на родители во училиштата и ќе бидат поканети да присуствуваат на овие групи. За да го спроведеме ова, соработувавме со Порака Нова и Амос кои имаат искуство во овие ефективни пристапи во работата. Овие групи ќе се состануваат во просториите на Порака Нова. Дополнителна додадена вредност на влијанието од групите за поддршка како во однос на проектот, така и за Битола ќе биде поврзувањето на работата на овие групи со некои од услугите кои веќе се нудат на ниво на општина Битола за спречување на социјални проблеми – оние на семејствата со еден и еден родител, како и оние кои се поврзани со семејствата на лицата со попреченост. Дополнително, нашиот проект цели и да ги повикаме граѓанските организации да земат поголемо учество и во иднина, преку Младинскиот центар, што ќе им овозможи на едукаторите од овој тип да се вмрежуваат и да соработуваат заедно, бидејќи тоа ќе ја зајакне нивната работа и поддршка во јавноста. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект ПРОЕКТ: Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади
Обука за консултанти во рамките на проектот „Мерење влијание: со, за и од младински организации“

Последни новости Обука за консултанти во рамките на проектот „Мерење влијание: со, за и од младински организации“ Обуката се одржа од 20 до 24 септември 2023 во живописното опкружување на Лувен-ла-Нев, Белгија, а 28 лидери од 25 различни земји беа опремени со вештини за истражување, неопходни меки вештини за организирање и водење на истражување, како и општи консултантски вештини. На учесниците им беше даден преглед на различни алатки за собирање податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на анкети и фокус групи; ги научи основите на стратегијата за земање примероци и ги научија основите на алатките за анализа на податоци. Покрај тоа, обуката им овозможи на учесниците ефикасни комуникациски вештини (активно слушање, повратни информации, бариери во комуникацијата, влијанието на претпоставките итн.), познавање на клучните рамки за личен развој (DISC рамка, систематско размислување, рамка за логички нивоа. итн.), развиени вештини за тимска работа и лидерство (коучинг, кризен менаџмент, решавање проблеми, јавно говорење), запознавање со основните принципи на управување со промени, стратешки пристап, динамиката на организациската култура и разбирање на социјалното влијание – сеопфатна наставна програма дизајнирана за добро оформени консултанти. Целокупниот проект има за цел да ги зајакне врските помеѓу политиките, истражувањето и практиката во областа на младите преку подобрување на нивото на докази за влијанието на младинските организации преку робусна и призната методологија за истражување. Амбицијата на проектот е да придонесе за имплементација на Стратегијата на ЕУ за млади преку зголемување на нивото на докази во однос на општественото влијание и резултатите од учењето на активностите за зајакнување на младите обезбедени од младинските организации. Оваа заедничка иницијатива обедини конзорциум од истакнати партнери, вклучувајќи ги Scouterna, Les Scouts, Junák – český skaut, Сојузот на извидници на Македонија, Извидниците од Ирска, ИМКА Европа, ИМКА Холандија и Универзитетот Мејнут.
Впечатоци од учесници од програмата за дигитално образование на ИМКА и ХП

Последни новости Впечатоци од учесници од програмата за дигитално образование на ИМКА и ХП Марта Јас сум Марта од Крушево, a моментално учам во средното медицинско училиште во Битола. Курсевите ги дознав преку пријателка од ИМКА, преку постови на Фејсбук и Инстаграм. Посетив пет курсеви и во иднина планирам да посетам сигурно уште неколку. Курсевите се интересни за следење, задржуваат внимание, а атмосферата во Mладинскиот Центар е хармонична и пријатна. Овие курсеви кои досега ги следев и искуството кое го стекнав од нив планирам да ги искористам за лична кариера и развој, и секако би споделила на мои пријатели и познаници за бенефитите од истите. Антим Јас сум Антим Атанасоски, 18 годишен од Битола. Ми беше чест да посетам четири курсеви направени од HP, а имплементирани во соработка со ИМКА. Еден од курсевите кои најмногу ми се допадна е социјално претприемништво кој беше многу практичен и информативен, за разлика од другите курсеви од овој тип кои сум ги посетил на интернет. Наученото од курсот може да се користи практично секој ден од животот. Секако дека планирам да посетам и други курсеви во иднина, затоа што верувам дека од секој курс има многу да се научи. Љупчо Прво сакам да кажам дека дигиталното образование не е само учење нови вештини, тоа е најбитно за развојот на начинот на размислување за раст и прифаќање на континуирано подобрување. Јас сум Љупчо од Битола, за курсевите дознав преку ИМКА во која сум волонтер и имам учествувано на многу настани и работилници организирани од нивна страна. Само што ја видов апликацијата на социјалните мрежи веднаш се пријавив без да размислувам дали тоа ќе биде интересно или дали ќе ми биде од полза и искрено да ви кажам не направив грешка! Посетив пет различни курсеви од категориите комуникации и маркетинг како најсоодветни теми за мене. Сметам дека секој млад човек треба да ги изучи овие курсеви кои многу ќе му користат во животот, во секојдневието и во потрагата по работа. Моментално работам во странство, но по моето враќање во Битола повторно ќе се пријавам за курсевите, особено за темата иновации. ИМКА и HP ви благодарам за оваа можност што ми ја пруживте, се гледаме за скоро време повторно! Елена Да си вработен и да бидеш истовремено родител е многу потешко отколку што изгледа, јас сум Елена Иванов 28 години, од Битола. Во Младинската Асоцијација ИМКА сум неколку години, со кратки паузи. Мојата работна позиција е офис менаџер. Изминатите години работевме на неформално образование и организиравме летни кампови, но после големата пандемија што се случи можам да кажам дека HP курсевите се нaјдоброто нешто што се случи во ИМКА. Покрај секојдневните обврски сепак имав можност да поминам неколку курсеви од темата комуникации, затоа што тоа е она што најмногу ме привлекува и би сакала да споделам со вас дека курсевите за бизнис е-маил и бизнис комуникација се курсевите кои морате да ги посетите. Тие не се долги максималното време што ќе треба да го одвоите е 1 час. Би била многу среќна ако се одлучите и вие да ги посетувате овие курсеви на HP Life програмата и секако сакам да се заблагодарам на HP и на ИМКА за оваа одлична можност на бесплатни курсеви во нашиот град. Филип Здраво, јас сум Филип Божиновски и имам 17 години. Сакам да кажам дека ги завршив сите курсеви од проектот HP Life и можам да кажам дека сум прилично задоволен. За курсевите на HP Life дознав од моето училиште СОУ Гимназија ,,Јосип Броз – Тито” – Битола. Преку овие курсеви, се стекнав со прилично корисни и добри вештини во кои што се пронаоѓам себеси во иднина. Мојата желба е понатаму да студирам на факултет чија задача e да не запознава со вештините кои ја користат технологијата и му помагаат на човештвото. Курсевите се лесни, кратки, потполно онлајн и пред се, бесплатни. Јас лично би му ги препорачал на сите мои пријатели и познаници овие курсеви како почеток за стекнување на корисни компјутерски вештини кои можат да му помогнат на сите, пред се и на млади личности кои се заинтересирани за да основаат свој бизнис или пак да ги надградат своите компјутерски вештини. Во моментов, го завршив својот последен курс, а пак како свој омилени можи да ги издвојам курсевите за комуникација, како и курсот победнички мајндсет. Му благодарам на ИМКА и HP бидејќи пружаат услови за брз начин на изучување на корисни вештини. Јана Од моето досегашно искуство знам само дека дигиталното образование ми отвора свет на можности. Се викам Јана, доаѓам од Битола, а живеам и студирам во Франција. Имам доста напорен распоред и многу сум среќна што во моментот сум баш на вистинското место каде што имам пристап до висококвалитетни курсеви кои ми помагаат да бидам во тек со најновите трендови во мојата индустрија 3Д принтинг, сето тоа благодарение на ИМКА и HP курсевите. Имав можност да одберам дали курсот сакам да го слушам на англиски јазик или на француски и го избрав францускиот затоа што тој избор е навистина од големо значење за мене. Курсевите се лесно разбирливи, не се долги и најважно од се е тоа што добив и сертификат за успешно завршен курс и сето тоа бесплатно! Дечки се надевам дека ќе успеете да најдете барем еден час во неделата и да го посветите само за вас и ќе се надградувате пред се како личности. ИМКА и HP ви благодарам за можноста што ми ја пруживте, се гледаме повторно тоа е сигурно! Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA
Повторно обединување на Институтот за мировна едукација во Светата земја

Последни новости Повторно обединување на Институтот за мировна едукација во Светата земја Од Виктор Илиев Помина доста време од моето последно учество на некои од сесиите на Институтот за мировна едукација. Како алумни од 2015 година бев поканет да се приклучам на овој настан и да продискутираме за алатките, методите и искуствата од претходниот период. Местото на настанот беше Светата земја која исто така обезбеди дополнителен контекст за учење. Секако дека ја прифатив поканата и присуствував на настанот. 28 учесници, повеќе од 10 земји, 3 различни групи и 1 недела заедно. Беше привилегија да се работи со експерти за мировно образование, како што се Волфганг Хајнрих и Анкица Драган кои беа вклучени во оваа програма од самиот почеток обезбедувајќи знаење и методологија. Овој пат тоа беше анализа на контекстот со посебен фокус на влијанието и релевантноста на матрицата на Институтот за мировна едукација низ призмата на учесниците на овој собир. Секој ден и во секое место бевме благословени да бидеме пречекани од домаќините со исклучителна гостопримливост и грижа од нашите пријатели од Витлеем, Ерихон и Ерусалим кои ги претставуваат ИМКА на Источен Ерусалим и Меѓународната Ерусалимска ИМКА. Со не многу позитивен наратив во медиумите за овој регион се почувствував инспириран да видам и слушнам што прави ИМКА за своите корисници во многу предизвикувачки контекст – генерирање вештини, можности и надеж за целата заедница речиси еден век. И сето тоа и покрај широкиот опсег на ограничувања – затоа што луѓето во ИМКА веруваат во она што го прават. Можеби најдобриот дел од овој настан беше средбата со локалното население и слушањето на нивните приказни. Во многу аспекти се чувствувам шокиран и сочувствував со предизвиците, условите и начинот на живот на палестинскиот народ со кој имаме некои заеднички реалности и историја. Се чувствувам благодарен што можев да ги слушнам приказните од другата страна на паричката. Се чувствувам и привилегиран што имав можност да ги посетам: Витлеем, Ерихон и Ерусалим, црквата на Христовото раѓање, реката Јордан, планината на искушението, џамијата Ал Акса, црквата на Светиот гроб и други свети места следејќи ги стапките на Исус Христос и размислување за неговиот живот, патување и жртва. Сево ова длабоко понизно и можно дава многу значење и мотивација за она што го правиме и како живееме.