Отворање на младински центар во Битола

Со задоволство го објавуваме свеченото отворање на нашиот сосема нов младински центар, енергичен, креативен, едукативен простор дизајниран да ги негува и да ги зајакне младите умови на нашата заедница. Оваа значајна пригода означува значајно достигнување во нашата посветеност да обезбедиме ваква средина за нашите млади, каде што тие можат да ги истражат своите интереси, да се поврзат со другите и да го отклучат својот целосен потенцијал. Младинскиот центар е охрабрувачка средина, место каде што  ќе има многу можности и ќе бидат остварени многу потенцијали. Тоа е место каде што младите луѓе можат да се соберат, учат и растат во атмосфера на креативност, поддршка и инклузивност. Нашата цел е да негуваме средина што инспирира и воздигнува, негувајќи чувство на припадност кај секој млад човек што ќе помине низ нашите врати. Во рамките на овие ѕидови, нашата младина ќе открие огромен број можности да ги истражи своите интереси, да ги прошири своите хоризонти и да развие вредни вештини. Од  работилници, семинари до возбудливи рекреативни активности и програми за лидерство, животна средина, ние внимателно подготвивме разновиден опсег на програми за да се грижиме за различните интереси и таленти на нашите млади членови на заедницата. Без разлика дали станува збор за уметност, музика, спорт или претприемништво, имаме за цел да обезбедиме простор за секоја страст да цвета. Дополнително, младинскиот центар ќе служи како центар за стекнување и негување на значајни врски и градење трајни пријателства. Ја препознаваме моќта на заедницата и на младите луѓе во нашата заедница. Од заеднички проекти и групни активности до можности за волонтерство и иницијативи за заедницата, нашата цел е да поттикнеме чувство на општествена одговорност и да ги всадиме чувството на припадност кај младите кон оваа заедница. Зад работата на нашиот Младински центар е тим од посветени младински работници кои се посветени на водење и поддршка на нашите млади на нивното движење кон самооткривање и напредок. Овие младински работници кои носат знаење се возбудени да го споделат истото, да инспирираат нови перспективи и да поттикнуваат личен раст кај секој млад човек со кој ќе се сретнат. Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до сите поединци, поддржувачи и партнери (Општина Битола, ИМКА, МКЦ, Сфера, Сојуз за младинска работа, Млади Хаб) кои се ангажираа да ја направат оваа цел реалност. Нивната поддршка и посветеност да инвестираат во нашата младина беа клучни за отворање на овој Младински центар. Благодарни сме за нивната заедничка визија за посветла иднина на нашата заедница, каде што се реализира и слави потенцијалот на секој млад човек. Нашата цел е поддршка на личниот и социјален развој на младите во Битола и нивна активна вклученост во животот на заедницата преку следните активности:

Работилници за врснички едукатори и образовни асистенти – Проект: стоп за дискриминација

За време на нашите досегашни активности се одржаа четири работилници за ученици, една за образованите асистенти во училиштата кои се вклучени и една за стручните психолошко – педагошки служби. На четирите работилници учествуваа 12 ученици кои беа спремани да ја преземат улогата на врснички едукатори на темата недискриминација на лица со попреченост. Темите кои ги поминаа на првата работилница беа општи и ги адресираа општите човекови права и посебно детските права. Втората работилница беше за поимот дискриминација и навиките кои се причина за оваа појава, како што се предрасудите и стереотипите. На крајот се зборуваше за начинот на кој дискриминацијата се надминува, а тоа е толеранција. На третата работилница се обработија темите за попреченоста и дискриминација на лицата со попреченост, а учениците ги подготвија и своите првични нацрт идеи за тоа како ќе ја изведат врсничката едукација наменета за своите соученици. Во последната работилница се зборуваше за видовите на насилство и за заштитата од дискриминација. Исто така идеите за презентации на учениците кои се продлабочија со помош на инструкторите при што им се даде можност и креативна слобода на учениците да го изразат материјалот кој што го спремиле најдобро што можат согласно сопствените можности. Со тоа се затвори малиот циклус обуки наменети за учениците и следуваше Работилница наменета за образовните асистенти кои работат во училиштата со лица со попреченост. Со оглед на моменталната реформа во нашиот образовен систем каде се воведува поголема инклузивност на овие лица во образовниот процес, оваа обука наиде на голем интерес кај образовните асистенти. Беа покренати многу прашања и асистентите ја искористија приликата да ги изразат своите ставови, мислења и согледувања за разните процеси кои се случуваат во образованието особено во делот на нивниот работен ангажман во училиштата. На работилницата со нив се поминаа истите теми како и со учениците но во позбиена форма и на повисоко ниво. Оваа недела се одржа и последната од предвидените шест работилници. Таа беше наменета за стручните служби на училиштата во Битола и ги покри темите за законските регулативи поврзани со заштита од дискриминација на лицата со попреченост. Стручните служби имаа можност да се запознаат со овие законски регулативи низ презентација која за нив ја одржа претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација (КСЗД). После посочувањето на законските уредби беше прикажана и студија на случај каде КСЗД постапувале по предмет пријавен кај нив со што стручните служби имаа можност да видат како изгледаат постапките при пријава на дискриминација на лице со попречености и кои се институциите и процедурите кои треба да се следат во целокупната постапка. Со тоа училишните служби имаа можност да се запознаат со последните и најнови измени во законските одредби и постапки поврзани со оваа тематика. Со проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” ја подигаме свеста за постоењето на дискриминација во сите животни сфери од нашето општество и укажуваме на регулативите кои помагаат таа да се намалува во иднина. Проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” е поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , финансиран од Европската Унија а спроведуван од Порака Нова, во соработка со ИМКА. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA

Целта на соработката меѓу HP и ИМКА е да се користи технологијата на добар начин, да се постигне дигитална инклузија преку овозможување пристап до технологија и дигитално образование до секој на лесен и интересен начин. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Истите се лесни, интерактивни, исполнети со кратки видеа, дијалози, слики и квизови. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Секој курс содржи 5 чекори: краток опис на курсот, бизнис концепт, вештини за технологија, анкета и дополнителни ресурси од темата. Темпото на изучување на еден курс е по желба на учесникот. Откако ги завршите сите 5 чекори (100%) курсот е успешно завршен. За секој завршен курс на вашиот е-маил добивате електронски сертификат со наведени информации за конкретниот курс, што се научило во истиот, дата на изучување и потпис од заменик директорот на HP фондацијата. Секој курс се изучува индивидуално во ИМКА во Младинскиот Центар со целосна техничка опрема од наша страна. Алтернативно постои можност за спроведување на курсевите во просториите на образовните институции во Битола. Учесникот нема обврска за носење опрема, посебни предзнаења за одредена тема или услови за изучување на одреден број на курсеви. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени до 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Искуството на Наташа од тренинг курсот “Youth work in Green entrepreneurs”

Од Наташа Дарков Во периодот од 1-7 мај во Струга, Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на Еразмус + програмата го спроведе интернационалниот тренинг курс “Youth work in Green entrepreneurs” кој вклучи младински работници од Македонија, Словачка и Турција. Среќна сум што учествував како претставник на ИМКА со што се стекнав со нови знаења и способности во областа на зеленото претприемништво. Имајќи го предвид малиот број на учесници имавме шанса за поголема дискусија и можност да добиеме подобра менторска поддршка од организаторите. Темата беше детално разработена со основни информации за претприемништво и секако зелени бизнис идеи и развој на истите. Секој учесник требаше да разработи детален бизнис план за својата идеа со посебен акцент на зеленото претприемништво. Тренинг курсот беше базиран на иновативен пристап до зеленото претприемништво како одржлив модел на бизнис со зачувување на околината и подигнување на младинската вработливост. Почнувајќи од основите за претприемништво (дефиниции, вештини и способности) преку основните фактори за успешен бизнис (јасни цели, бизнис идеа, организација, маркетинг, SWOT анализа) за брзо време стигнавме до фазата на планирање на нашиот зелен бизнис притоа земајќи ја предвид и нашата околина (семејство, пријатели, познаници, институции, банки) кој и како би можел да ни помогне. Зелените бизнис идеи беа анализирани и проценувани дали се профитабилни, иновативни, реални и сл. Следуваше фазата на разработка на маркетинг план за нашите идеи по што ги финализиравме со изработка на финансиски план за бизнис идеите. Последниот ден со вака разработени концепти ги презентиравме зелените идеи и решенија на интересен и интерактивен начин по што следуваше и одредување на најдобра бизнис идеа.

Проект за градење капацитети со “Signs of Hope”

За време на нашето постоење на ИМКА, се соочивме и надминавме многу предизвици, но ништо блиску до последните три години што предизвика сериозна штета на нашата работа воопшто, управувањето со организацијата и програмскиот модел. Но, тука сме, повторно на нозе и подготвени да инвестираме во подобрување на нашата структура и метод на работа. Среќни сме да објавиме дека нововоспоставеното партнерство со Signs of Hope на CVJM се обврзува да работи на подобрување во две области од нашата работа во текот на 2023 година: управување и методологија на младинската работа. Подобрувањето на управувањето во непрофитните организации е од огромно значење. Цврстите практики на управување ја обезбедуваат основата на која стои целата организација. Обезбедува транспарентност, отчетност и етичко однесување, кои се од суштинско значење за стекнување доверба меѓу засегнатите страни, вклучувајќи ги донаторите, волонтерите и заедниците на кои им служиме. Тоа не е сув, монотон концепт, туку енергична сила што ја поттикнува вашата мисија напред, правејќи ја да резонира со вашата страсна заедница и потенцијалните партнери кои веруваат во општествена одговорност и филантропија. Наша цел е да ја подобриме структурата на управување, нашиот устав, нашите политики и да поставиме основа за да се подготвиме за развој на нови партнерства во наредниот период. Врсничката едукација игра клучна улога во зајакнувањето на младите и поттикнувањето на развојот на заедницата, мисија што е темелно усогласена со нашата посветеност во ИМКА и младинската работа. Динамичната размена на идеи помеѓу младите не само што негува чувство на сопственост и одговорност кај младите, туку и ги охрабрува активно да се ангажираат со своите врсници. Од формален аспект, овој метод на образование може да биде моќна алатка за градење на лидерски вештини и всадување чувство на граѓанска одговорност. Кога младите учат од своите врсници, тие можат да се поврзат на подлабоко ниво, бидејќи често споделуваат слични животни искуства, предизвици и аспирации. Затоа ќе го нурнеме длабоко и ќе го истражиме овој модел во наредниот период со цел да ги најдеме најдобрите позитивни практики што можеме да ги користиме. Останете со нас преку нашите канали за комуникација и очекувајте некои возбудливи вести до крајот на оваа година.

Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола

Можности за дигитално образование во Битола Како дел од долгорочна соработка на ИМКА и HP овој април започнавме со одржување на курсеви за дигитална писменост за младите од нашиот град. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени од по 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Дигитални хабови во Западен Балкан Надоврзувајќи се на тој успех од 2022, оваа година ИМКА Свет и HP ја прошируваат иницијативата за да допрат до што повеќе луѓе и дополнително да го затворат дигиталниот јаз. Во таа насока во 2023 програмата се прошири со дигиталните хабови на Западен Балкан по иницијатива на ИМКА, а овозможена од HP помагајќи им на ИМКА во Косово, Албанија, Србија и Македонија да ги прошират постоечките или да создадат нови хабови за дигитално образование за да им овозможи на младите луѓе, вклучително и оние од маргинализираните заедници, наставниците и младинските работници да стекнат поголеми можности за образование и вработување. Иницијативата во Западен Балкан цели кон опфат од 25.000 луѓе годишно премостувајќи го дигиталниот јаз и обезбедувајќи еднаков пристап до дигиталните алатки и ресурси. За таа цел ИМКА ќе работи и соработува со млади луѓе, училишта, центри за вработување, бизниси, младински работници и наставници за да создаде дигитална еднаквост во регионот на Западен Балкан. ИМКА во Косово има за цел да ја подобри својата репутација како дигитален провајдер и да ги ангажира младите луѓе на признати курсеви кои ги зголемуваат нивните биографии. Во Србија фокусот е да се направи дигитален хаб достапен секојдневно и да се постигне дигитална еднаквост. Во Македонија целта е да се иницира долгорочна програма за дигитално образование. Во Албанија планот е да се обезбеди лесен пристап до дигиталниот хаб за основните и средните училишта и другите категории на луѓе. Почеток на успешната соработка на World YMCA со HP Во 2022 светската ИМКА и Фондацијата на HP започнаа партнерство за забрзување на дигиталната еднаквост на младите луѓе и маргинализираните заедници ширум светот. Седум ИМКА асоцијации ги интегрираа курсевите на HP LIFE во нивните програми за подобрување на дигитална писменост и поттикнување на младите луѓе во нивните заедници активно да учествуваат во сè подигитализираниот свет. HP LIFE е програма на компанијата HP која работи на постигнување на целите со опфат од 150 милиони луѓе до 2030 година и проширување на програмата во 50 земји (ИМКА има присуство во 120 земји). Курсевите за обука на HP LIFE за дигитални вештини во 2022 година опфатија повеќе од 1.300 ученици главно на возраст од 15 до 26 години. ИМКА Свет во стратегијата „Визија 2030“ на исто така вклучува дигитална еднаквост бидејќи поттикнува образование, вработување и претприемништво во заедниците ширум светот. Со продолжување на глобалната соработка на HP со ИМКА може да се допре до младите луѓе во заедниците каде што живеат денес давајќи им пристап до практични деловни и ИТ вештини кои може да им помогне да напредуваат.

Мониторинг: Битола – Вело град

Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците Младинска Асоцијација ИМКА Битола со проектот „Битола – Вело град“ го набљудува исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола. Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното е дел од проектот поддршка на изборните реформи. ИМКА е вклучена во овој проект со активности кои подразбираат набљудување на изборното ветување за изградба на велосипедски патеки и инфраструктура во Битола. Во рамките на активностите предвидено е истражување на официјални објави и документи, состаноци со повеќе чинители, анкетно истражување и инфо сесија. Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште и сл.). Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се споделат со јавноста преку: постови на социјалните мрежи, соопштение до медиуми, инфо сесија. Овие активности се спроведуваат во соработка со Стратешки менаџмент системи (СМС) и имаат за цел да го зголемат ангажманот на заедницата за прашања релевантни за нив. „Поддршка на изборните реформи“ е Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Листата на сите иновативни иницијативи во рамките на овој проект за 2022 и 2023 година може да ја најдете тука.

Повик за ангажман на младински работник [ЗАТВОРЕН]

📢АНГАЖИРАМЕ МЛАДИНСКИ РАБОТНИК/ЧКА!Бараме посветен младински работник/чка да се приклучи на нашиот тим! Ние сме организација посветена на промовирање на благосостојбата на младите луѓе во нашата заедница. Како младински работник, ќе играте клучна улога во развивањето и имплементацијата на програми кои ги поддржуваат младите луѓе во остварувањето на нивниот целосен потенцијал. 🙋ОДГОВОРНОСТИ:👉Развивање и спроведување на ефективни програми за вклучување на млади луѓе во области како што се неформално образование, здравје, спорт, уметност или социјални услуги.👉Градење позитивни односи со младите луѓе и давање насоки и поддршка за нивна поддршка да се справат со предизвиците.👉Застапување на интересите и грижите на младите луѓе пред родителите, училиштата, општинските/владините агенции и други организации.👉Соработка со други професионалци, како што се социјални работници, психолози и едукатори за да се осигурате дека младите ќе ја добијат најдобрата можна грижа и поддршка.👉Оценка на ефективноста на програмите, прибирање фидбек и правење промени со цел подобрување на резултатите и адресирање на потребите на младите луѓе.👉Водење точна и ажурна евиденција за програмските активности, напредокот на учесниците и резултатите. 🙋КВАЛИФИКАЦИИ:👉Искуство со работа со млади луѓе во професионален аспект.👉Познавање на развојот на децата и младите, нивните тековни проблеми и грижи и практики засновани на докази во младинската работа.👉Одлични комуникациски и интерперсонални вештини со способност да се градат позитивни односи со младите луѓе и ефективно да се соработува со колегите и соработниците.👉Ентузијазам за работа со млади луѓе и посветеност за промовирање на нивната благосостојба.👉Тековни или завршени студии. Предност за студии во: социјална работа, советување, образование или поврзана област. Ако барате можност да направите вистинска разлика во животот на младите луѓе и да придонесете за нашата заедница, сакаме да слушнеме од вас! Ве молиме испратете ја вашата биографија и мотивационо писмо на contact@ymca.mk со назнака „апликација за младински работник“ до 12.03.2023.

Стоп за дискриминацијата на лицата со попреченост

Во партнерство со Порака Нова започнавме 7-месечна кампања (од февруари до август 2023 година) против дискриминацијата на лицата со попреченост. Овој проект е фокусиран на подигање на свеста за оваа дискриминација (постоење, препознавање и спречување од дискриминација) во училиштата меѓу учениците и стручните служби на училиштата, како и за промовирање на законските процедури во случај на пријавување на дискриминација до властите. Правните процедури се достапни и промовирани преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗПД). Целта на проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” е да ја подигне свеста за постоењето на дискриминација кон лицата со попреченост во сите животни сфери од нашето општество, како и да укаже на специфични групи на луѓе во Битола за постоењето на законски регулативи кои помагаат таа да се санкционира, спречува и намалува во иднина. Тие групи на луѓе се учениците во средно и основно образование, образовните асистенти и стручните служби во училиштата. Овој проект се вклопува во нашите стратешки приоритети да работиме со младите на неформални образовни програми и да се фокусираме на методологијата врсничка едукација (peer-to-peer). Темата е целосно во склад со нашата мисија и вредности што ги промовираме. Во овој проект ќе работиме со млади и со образовни асистенти кои работат со овие ранливи категории млади луѓе. Подигањето на свеста за недискриминација кон лицата со попреченост вклучува: Ова е проект поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, финансиран е од Европската Унија, а спроведуван од Порака Нова и ИМКА како партнери. Следете ја нашата Фејсбук страница за новости и активности на проектот!

Учество на саемот за волонтерство

На 7-ми декември од 11:00 часот до 14:00 часот во Фоајето на Центар за Култура – Битола се одржа овогодинешниот Саем за Волонтеризам. На него беа претставени 11 невладини организации од Битола и регионот, како и работата на локалните волонтери клубови, кои ги презентираа своите волонтерски можности и споделуваа нивни успешни приказни и проекти. Меѓу 11-те организации кои зедоа учествона Саемот беше и ИМКА Битола. Ова беше одлична прилика да се поврзат понудувачите на можности за волонтирање и средношколците во градот. Саемот е шести по ред ваков саем, кој е организиран од страна на Американското Катче во Битола и наменет пред се за средношколците, студентите и младите професионалци. Останатите организации кои зедоја учество беа Сефра Интернешнал, МКЦ Битола, Тугедр Македонија, Интеракт, Лео Интернешнал, Сумнал Битола ЦЕДИ, Златно Перо и Центарот за Култура од Битола. Повеќе фотографии од настанот на следниов линк.