Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола

Можности за дигитално образование во Битола

Како дел од долгорочна соработка на ИМКА и HP овој април започнавме со одржување на курсеви за дигитална писменост за младите од нашиот град. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие.

Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени од по 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ.


Дигитални хабови во Западен Балкан

Надоврзувајќи се на тој успех од 2022, оваа година ИМКА Свет и HP ја прошируваат иницијативата за да допрат до што повеќе луѓе и дополнително да го затворат дигиталниот јаз.

Во таа насока во 2023 програмата се прошири со дигиталните хабови на Западен Балкан по иницијатива на ИМКА, а овозможена од HP помагајќи им на ИМКА во Косово, Албанија, Србија и Македонија да ги прошират постоечките или да создадат нови хабови за дигитално образование за да им овозможи на младите луѓе, вклучително и оние од маргинализираните заедници, наставниците и младинските работници да стекнат поголеми можности за образование и вработување. Иницијативата во Западен Балкан цели кон опфат од 25.000 луѓе годишно премостувајќи го дигиталниот јаз и обезбедувајќи еднаков пристап до дигиталните алатки и ресурси. За таа цел ИМКА ќе работи и соработува со млади луѓе, училишта, центри за вработување, бизниси, младински работници и наставници за да создаде дигитална еднаквост во регионот на Западен Балкан. ИМКА во Косово има за цел да ја подобри својата репутација како дигитален провајдер и да ги ангажира младите луѓе на признати курсеви кои ги зголемуваат нивните биографии. Во Србија фокусот е да се направи дигитален хаб достапен секојдневно и да се постигне дигитална еднаквост. Во Македонија целта е да се иницира долгорочна програма за дигитално образование. Во Албанија планот е да се обезбеди лесен пристап до дигиталниот хаб за основните и средните училишта и другите категории на луѓе.

Почеток на успешната соработка на World YMCA со HP

Во 2022 светската ИМКА и Фондацијата на HP започнаа партнерство за забрзување на дигиталната еднаквост на младите луѓе и маргинализираните заедници ширум светот. Седум ИМКА асоцијации ги интегрираа курсевите на HP LIFE во нивните програми за подобрување на дигитална писменост и поттикнување на младите луѓе во нивните заедници активно да учествуваат во сè подигитализираниот свет.

HP LIFE е програма на компанијата HP која работи на постигнување на целите со опфат од 150 милиони луѓе до 2030 година и проширување на програмата во 50 земји (ИМКА има присуство во 120 земји). Курсевите за обука на HP LIFE за дигитални вештини во 2022 година опфатија повеќе од 1.300 ученици главно на возраст од 15 до 26 години.

ИМКА Свет во стратегијата „Визија 2030“ на исто така вклучува дигитална еднаквост бидејќи поттикнува образование, вработување и претприемништво во заедниците ширум светот. Со продолжување на глобалната соработка на HP со ИМКА може да се допре до младите луѓе во заедниците каде што живеат денес давајќи им пристап до практични деловни и ИТ вештини кои може да им помогне да напредуваат.