Гаранција за млади

ИМКА со свој претставник беше вклучена во обуката за „Гаранција за млади“ која се реализира 7-8 мај. Тоа е проект кој се спроведува од Националниот младински совет на Македонија – НМСМ  во соработка со Коалиција на младински организации – СЕГА и со поддршка на УНДП, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување и подразбира работа на промоција на Младинската гаранција преку теренски работници. Мерката „Гаранција за млади“ им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET) да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување. Повеќе фотографии од настанот може да погледнете тука.

Критична Маса #62

Во мај 2014 граѓанската иницијатива Битола #наТочак ја поттикна првата #КритичнаМаса. Tогаш за прв пат ги повикавме граѓаните да излезат и недвосмислено да упатат порака до јавните функционери дека сообраќајот во Битола е практично насилие на асфалтот кое се негува и храни со политиките кои се верглаат со децении, а посебно последните години. Сето ова резултира со истиснување и бркање на граѓаните кои се движат на алтернативни начини (пешки, #наТочак, со помагала поради физички попречености, родители со мали деца и сл.) од градските улици и нивно принудување на премин кон движење со кола како единствен начин кој е безбеден во дадениве услови. Еве и по 8 години, градот не само што се соочува со истиот проблем туку почнува немилосрдно да се бори со наглото зголемување на бројот на возила, што создава дополнителен загушлив сообраќаен метеж, а граѓаните кои сакат да бидат активни и да се движат на алтернативните начини, да бидат фрлени во оган заедно со тешкашите на коловозот. Она што очекуваме од локалните јавно избрани функционери, е да покажат елементарен осет за безбедност за движење низ градот и да инвестираат во одржливи начини на движење преку безбедна и удобна пешачка и велосипедска инфраструктура.  Како засегнати граѓани секогаш сме биле сојузник на Општината укажувајќи на локалните власти дека овој систем на сообраќај е неодржлив и дека Општината по децении инвестиции само во замена на асфалт и проширување на улиците со цел проток и удобност на колите, време е да се сврти назад и да види дека си ги заборави своите граѓани кои секојдневно се движат во градските улици во крајно незбезбедни услови. И покрај тоа што граѓаните еве 61 пат излегле на улица со јасни пораки, сепак влијанието на Општината останува 0 километри изградена вело ифраструктура. Во меѓувреме се градат бројни проширени и новоотворени улици без планирање на велосипедскиот сообраќај. Бројни ветувања за конечен пресврт и планирање на инвестициите за Битола да стане пред се град за луѓе, а не град загушен во моторни возила. На последниве локални избори сите партии и групи кои го сочинуваат градскиот Совет беа ЕДНОГЛАСНИ дека нашите реакции се оправдани и потребни и дека ќе се залагаат за промени во планирањето на сообраќајот. Кога веќе го имаме тој консензус не гледаме причини за дополнителни одлагања. Битола може да стане вело град во еден мандат доколку тоа се постави како стратешка цел. Засега тоа не го гледаме. Додека цел свет инвестира во одржливи начини на живот, ние остануваме заглавени во минатото. Повеќе фотографии од настанот може да погледнете тука.

Работилница за ознака за доверба

На 07.02.2022 година 17 граѓански организации преку онлајн презентација се запознаа со стандардите на Ознаката за доверба и придобивките од нејзиното користење. Меѓу нив беше и младинската асоцијација ИМКА со свој претставник.  Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу граѓанските организации и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на граѓаните, но и на останатите чинители во заедницата. Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба? За да ја стекне ознаката за доверба, здружението треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области: Граѓанските организации за да ја добијат ознаката за доверба прво вршат само-оценка односно, пополнуваат прашалник за евалуација на своето работење, а потоа одборот на ознаката за доверба врши проверка на целата документација и дополнителни средби со здружението. На овој линк можете да го погледнете Водичот за пријавување за добивање на ознаката. На крајот од овој процес Одборот одлучува дали здружението ќе ја добие ознаката за доверба.

Младински совет на Битола

На 02.02.2022 во Општина Битола се одржа конститутивна седница на локалниот младински совет. ИМКА покрај своите проектни придонеси, активно се ангажира во градот преку учество во локалниот волонтерски совет. Сега, ИМКА го прошири своето учество на Младинскиот совет при што Ивана ја презема улогата на Претседател. Нејзе и на целиот тим и ги посакуваме нашите најдобри желби за успех! Од двајца кандидати за Претседател на младинскиот совет беше избрана Ивана Атанасовска. Пред деветте членови на советот се обрати градоначалникот Тони Коњановски кој изрази надеж за нивните идни зафати и поттикна генерирање конструктивни идеи и предлози. Овие напори имаат за цел да ги задржат младите во градот и да соработуваат со локалната самоуправа за подобрена иднина низ општината. Претседателката на Советот Габриела Илиевска го пренесе своето уверување дека познатата изрека „младите се нашата иднина“ ќе се поткрепи со активностите на младинскиот совет покажувајќи го значајното влијание што младите поединци можат да го направат во спречувањето на емиграцијата на своите врсници. И Претседателката на Советот и Градоначалникот ја истакнаа подготвеноста на општината за континуирана соработка со Младинскиот Совет предвидувајќи бројни иницијативи и проекти во законски ограничувања. За дополнителни фотографии погледнете на следниот линк.

Иницијатива за Западен Балкан на ИМКА

Иницијативата за Западен Балкан започна во периодот на пандемијата и со идеја за подобрување на самоодржливоста, доброто владеење и споделувањето идеи за стратешко финансирање како ИМКА групација во балканскиот регион. Водачите на ИМКА во Северна Македонија, Косово, Албанија и Србија одржуваат редовни состаноци на кои разговараат за заедничките стратегии и националните планови со цел да се создаде акционен план за оваа иницијатива за Западен Балкан. Целта е да се развие секое локално движење на ИМКА во регионот, да се допре до повеќе заедници со овој заеднички напор, при тоа споделувајќи ја мисијата и визијата на ИМКА. Следете ја нашата страница на Фејсбук за новости во врска со оваа иницијатива!