Skip to content
Миа Научивме нови работи за животната средина и несомнено станавме помотивирани за да ја зачуваме истата, барем на локално ниво. Сигурна сум дека би присуствувала повторно на ваков тип настан. Сметам дека темата е опширна и има прилично многу за дискусија, а фактот дека истото можам да го правам со луѓе со сличен ментален склоп како мојот ме привлекува уште повеќе. Ана Самиот збор Еко(логија) многу ме влечи и сметам дека воопшто не сме одговорни за нашата околина доволно. Посакувам тоа да се промени и сум свесна дека почетната точка за тоа секогаш сум самата јас. Не треба да им кажуваме на другите што да прават, туку да нé гледаат ние што правиме и на тој начин да се мотивираат. Симона Еко кампот директно не вклучи во организација на наш отворен ден на кој се играа разни игри и се научија многу корисни информации за велосипедите и велосипедистите, како и заштитата на нашата животна средина со користење на велосипеди. Неколку денови низ игри учевме, а последниот ден тоа го пренесовме на децата како и на возрасните граѓани кои не посетија во градскиот парк. Играта се преточи во една преубава глетка на “БитолаНаТочак” со што завртиме еден голем круг околу нашиот град со велосипеди придружени од сите љубители на “точакот”. Сара Научив многу нешта, најпрво целите за одржлив развој за кои искрено немав обрнато особено внимание. Заедничките едукативни игри би ги издвоила како најзабавни и истите би ги применила понатаму во некоја дружба професионално или приватно. Ангела Најмногу впечаток ми остави последни од ден каде што успешно организиравме настан за деца пропратен со интересни игри поврзани со екологијата, зачувување на природата, возење велосипед. Сето тоа покрај забава и насмевка на детските лица, им пружи можност и за дознавање интересни факти поврзани со екологијата. За крај, со сигурност можам да кажам дека научив многу и овој камп ме поттикна да размислувам подлабоко за зачувување на нашата планета. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Од 21 до 26 август оваа година во рамки на проектот Climate change leaders/Youth led solutions, го реализиравме дневниот еко камп SDG13, поддржан од YMCA USA на кој зедоа учество единаесет 16-23 годишни млади ентузијасти, заинтересирани за екологијата, цели за одржлив развој и еко активизам од Битола. Првите три дена од кампот беа за влез и давање инпути во материјата, односно учење и продлабочување на знаењето за целите на одржлив развој, со посебен акцент на 13тата цел, климатските промени. Првиот ден кампот се одвиваше во Младинскиот Центар во Битола, додека следните два дена на отворено во Градскиот парк кој беше едногласно избран од сите учесници како место соодветно за учење за животната средина преку настава во природа. Активностите секој од деновите траеа по 3-4 часа со комбинација од работилници и вежби. Учесниците ги запознавме со мисијата на ИМКА, се запознаа меѓу себе, самостојно ги презентираа сите 17 цели на одржлив развој и имаа можност да изучуваат за циркуларна економија преку HP Life курсевите. Презентирани им беа примери за еко активизам, како во нашата земја така и од повеќе места од светот, како и разработување на актуелни еколошки проблеми и предлагање на решенија за истите. Исто така се разговараше и се предлагаа совети за зачувување на природата преку игри и занимливи активности на отворено. Третиот ден беше конкретно посветен на загадувањето на воздухот, предизвикувачи на загадување, преземени чекори за негово намалување и што ние како индивидуи можеме да допринесеме за почист воздух. Покрај другите, тука се наметна темата за начини на транспорт, нивната ефикасност, економичност и достапност на истите. Секој од работните денови завршуваше со евалуација на наученото од тековниот ден. За време на настанот најавена беше Европската недела на мобилност и можните активности кои би ги презеле ние како учесници на овој еко камп за споделување на дел од знаењата со други деца и млади на интерактивен и забавен начин. Се одлучи последниот ден од еко кампот да се одржи завршен настан целосно испланиран и спроведен од страна на сите учесници со нивни идеи и предлози, секако со целосна поддршка од тимот на ИМКА. Учесниците беа поделени во 3 тимови, и следниот ден се одржа состанок со секој од тимовите за координација каде беа избрани 15 идеи за активности на отворено со цел најава и поддршка на Неделата на мобилност. На 26.08.2023 под мотото Научи. Сподели. Вклучи се. Активирај се. започна отворениот настан во Градскиот парк во Битола со претходно подготвени игри за деца, Џенга, slack line, работилница за правење на беџови, импровизиран полигон за велосипедисти, едукативни игри и слично. Целта беше поголема свесност за велосипедизмот, здравиот начин на живот и заштитата на животната средина. Настанот беше посетен од голем број на млади од нашиот град и воведивме вело изненадувања за најдобрите посетители – велосипедисти. Среќни сме дека на настанот остваривме соработка со корпоративен партнер Алпско, како голем поддржувач на организациите кои подржуваат здрави начин на живот. После двочасовни активности со децата, настанот го завршивме со велосипедска тура низ битолските улици со велосипедисти од сите возрасти од нашиот град, како повик за поставување на вело патеки се со цел полесно и побезбедно движење на велосипедистите кои се се побројни во нашиот град.
Во периодот февруари-мај го спроведуваме проектот за мониторинг на предизборни ветувања. Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме темата за изградба на велосипедска инфраструктура. Во прилог се активностите по месеци: Февруари: Истражување на предизборни ветувањаИстражувањето на предизборни ветувања беше низ онлајн етерот следејќи поранешни медиумски објави, изјави на политичари и понудени предизборни програми. Главен предизвик ни беше што предизборните програми се повлечени од интернет просторот и за изнаоѓање на релевантен материјал контактиравме со членови на партиите кои се во градскиот Совет. Во однос на предизборните програми јавно достапна е само таа на независната група Поинаку, а во консултации со партиите ги добивме програмите и на двата најголеми коалициски блока предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Март: Истражување на општински документиСе согледуваше вклученоста на темата од предизборното ветување во постоечки официјални документи на Општина Битола (програми, стратегии сл.). Истражувањето беше електронски на официјалните општински канали како што е веб-страницата и објави на социјалните медиуми на општината. Се пребаруваа исто така и веб портали кои пренеле одредена информација за бараниот податок на темата од предизборните ветувања. Истo така се поднесе и барање за пристап до информации од јавен карактер. Покрај минатите се истражуваа и постоечки документи за тековни планирани активности во 2023 година. Април: Средби со општински функционери и советнициСе реализираа средби и разговори со клучни општински функционери и вработени во Општина Битола поврзани со темата за предизборното ветување. Конкретно се одржаа средби со Секретарот на Општината, со Раководителот на Локален Економски Развој кој воедно е и одговорен за спроведување на проектот за велосипедски патеки и разговор со Директорката на ЈП за урбанистичко планирање. Мај: Анкетно истражување и јавна информативна сесија за проект вело патекиАнкетно истраување за безбедноста и употребата на велосипедот како превозно средство и споредба на наодите од слични анкети кои ги правевме во 2015 и 2018. Со цел споделување на ставот на вело заедницата се зеде учество на комисијата за локален економски развој. Исто така се одржа и јавна информативна сесија со вклучување на сите релевантни чинители за проектот велосипедски патеки со цел доближување на последните информации за проектот на јавноста. Јуни: Споделување на резултатите од наодите со јавностаСподелувањето на резултатите со јавноста е преку неколку фокусирани објави на социјалните медиуми, гостување на регионална телевизија, вклучување во живо на национална телевизија, прилог од јавната инфо сесија, тематски подкаст, средношколски подкаст, споделување на инфографици, делење на печатена брошура, а во план се и изработка на вело мотивациски лепенки. Наоди / Резултати: Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Од Наташа Дарков Во периодот од 1-7 мај во Струга, Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на Еразмус + програмата го спроведе интернационалниот тренинг курс “Youth work in Green entrepreneurs” кој вклучи младински работници од Македонија, Словачка и Турција. Среќна сум што учествував како претставник на ИМКА со што се стекнав со нови знаења и способности во областа на зеленото претприемништво. Имајќи го предвид малиот број на учесници имавме шанса за поголема дискусија и можност да добиеме подобра менторска поддршка од организаторите. Темата беше детално разработена со основни информации за претприемништво и секако зелени бизнис идеи и развој на истите. Секој учесник требаше да разработи детален бизнис план за својата идеа со посебен акцент на зеленото претприемништво. Тренинг курсот беше базиран на иновативен пристап до зеленото претприемништво како одржлив модел на бизнис со зачувување на околината и подигнување на младинската вработливост. Почнувајќи од основите за претприемништво (дефиниции, вештини и способности) преку основните фактори за успешен бизнис (јасни цели, бизнис идеа, организација, маркетинг, SWOT анализа) за брзо време стигнавме до фазата на планирање на нашиот зелен бизнис притоа земајќи ја предвид и нашата околина (семејство, пријатели, познаници, институции, банки) кој и како би можел да ни помогне. Зелените бизнис идеи беа анализирани и проценувани дали се профитабилни, иновативни, реални и сл. Следуваше фазата на разработка на маркетинг план за нашите идеи по што ги финализиравме со изработка на финансиски план за бизнис идеите. Последниот ден со вака разработени концепти ги презентиравме зелените идеи и решенија на интересен и интерактивен начин по што следуваше и одредување на најдобра бизнис идеа.
Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците Младинска Асоцијација ИМКА Битола со проектот „Битола – Вело град“ го набљудува исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола. Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното е дел од проектот поддршка на изборните реформи. ИМКА е вклучена во овој проект со активности кои подразбираат набљудување на изборното ветување за изградба на велосипедски патеки и инфраструктура во Битола. Во рамките на активностите предвидено е истражување на официјални објави и документи, состаноци со повеќе чинители, анкетно истражување и инфо сесија. Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште и сл.). Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се споделат со јавноста преку: постови на социјалните мрежи, соопштение до медиуми, инфо сесија. Овие активности се спроведуваат во соработка со Стратешки менаџмент системи (СМС) и имаат за цел да го зголемат ангажманот на заедницата за прашања релевантни за нив. „Поддршка на изборните реформи“ е Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Листата на сите иновативни иницијативи во рамките на овој проект за 2022 и 2023 година може да ја најдете тука.
Неколку години по ред ИМКА ја поддржува иницијативата „Зелен Баир“ која се труди да ја реализира идејата за пошумување на делови од месноста наречена Баир во Битола. Тоа е област која се состои од оголени ридови кои настрадаа од пожарот пред неколку години во овој дел од градот. Ова е четврта по ред ваква акција и овој пат беа засадени 200 зимзелени садници од црн бор. Во минатите три години беа засадени повеќе од 400 зимзелени садници во оваа област, од кои дел успешно се адаптирани и веќе го зазеленуваат просторот. Повеќе здруженија на граѓани и некои компании ја поддржуваат оваа иницијатива која се надеваме дека ќе продолжи да се случува и во иднина. Повеќе инфо и фотографии од активностите може да погледнете тука и тука. Дополнително на ова во втората половина на месец октомври 2022 година тимот на Платформата ЗЕМИ ЗДИВ, каде што ИМКА е дел ja започна подготовката за реализација на еколошката акција „1000 шуми од 1 желад” која има за цел да ја подигне еколошката свест кај децата и возрасните за значењето на дрвјата во процесот на заштита на животната средина. Aкцијата се состоеше од собирање на здрави дабови желади кои беа поделени на деца од основното образование со цел нивно засадување во домашни услови, одгледување на дрвцата и нивно пресадување на постојана локација. Со оваа акција сакаме да ги заинтересираме за нивно активно вклучување во процесот на садење на нови дрвја, а и да ги мотивираме да продолжат со ваквите здрави навики во иднина. Целта е секое дете да си има свое сопствено дабово дрвце кое ќе го одгледува и покасно ќе го засади на определена локација. Годинава оваа акција како пилот проект се организираше во три основни училишта во Битола (ОУ Св.Климент Охридски, во ОУ Даме Груев и ОУ Гоце Делчев) во рамките на дополнување на наставата по природни науки. Повеќе слики и видео од акцијата може да погледнете на следниот линк и видео.
Од Ангела Желкова Прекрасно поминавме на оваа младинска размена. Стануваше збор за размена на која во период од една недела дена повеќе од 20 учесници од 4 земји се собраа за да научат нешто повеќе за точаците и еколоѓкото влијание кое го имаат. Настанот се одржа во Битола од 3-ти до 9-ти октѕомври 2022. Целта на настанот со сите работилници и дискусии беше јасна – секоја акција има своја реакција. Научивме дека точаците може значиелно да придонесат за намалување на загадувањето, дека треба да се грижиме за животната средина затоа што ние сме дел од неа, а исто така и го подобруваат здравјето на човекот. Научивме и дека не мора да одиме секаде со автомобили. Ова беа некои од главните поенти за кои сите ние станавме свесни многу повеќе д претхдно. Имаше многу дискусија, забава и креативни активности во врска со темата точаци, уметност и екологија. За илустрација, цртавме мурали, поправавме точацисите земји имаа можност да се претстават, прошетавме до некои локални културни знаменитости како Хераклеа и сл. Совршен настан за запознавање нови пријатели, предизвикувајќи се себеси и забавувајќи се недела дена. Сè на сè, дефинитивно го поминавме многу убаво. Оваа размена ми помогна да размислувам за моите постапки и да размислувам за улогата на точакот. Мислам дека ќе продолжам да се грижам за се што е поврзано со точакот во иднина во мојот живот.
Од Станислав Крастев Навистина ми се допадна проектот! Искуството што го имав и работите што ги научив овде во Битола беа најповеќе за програмата Еразмус и за младинските размени. Навистина научив многу. Но, ова се однесува и за темата велосипедизам. Научив како се нарекуваат различни делови од велосипедот на различни јазици, научив како да сликам мурали и исто така да поправам велосипеди. Последен пат кога возев велосипед пред овој проект, беше пред околу 2 години. И сега, размислувам да купам нов велосипед и да го користам за градски превоз. Сигурно ќе им ја препорачам програмата Еразмус на моите пријатели и соученици! Од Малена Велинова Искуството што го имав со овој проект беше исто така неверојатно. Запознав неверојатни и полни со живот луѓе и научив многу од нив за велосипедите и за младинската размена воопшто. Научив многу за ова и од организаторите на оваа размена. Пред да дојдам овде, не знаев многу за велосипедите и нивната важност, но сега е поинаку. Знам многу повеќе, за типовите на велосипеди, за што се користат, како се корисни за околината и многу други работи. Подготвен сум сега да го „изградам“ мојот живот и да преземам поодговорна улога кон мојот град во кој живеам!
Од Ана-Катарина Лиерс Јас се викам Ана-Катарина Лиерс и доаѓам од „Данскиот младински тим“ од Данска. Овој настан наречен „Bike up“ се одржа во Битола, Северна Македонија и се однесуваше на урбаниот транспорт во Европа, или барем тоа е она што мене ме интересираше. За време на активностите во оваа младинска размена станав свесна дека во Данска имаме многу повеќе велосипеди и затоа и многу паркинг места за нив. Овај коментар се однесува на недостапните паркинг места овде во Битола. Овде има неколку места, но не се доволно, и затоа често треба да го паркирате велосипедот на страна, на улица. Друга работа е што исто така има само една „вистинска“ велосипедска лента во градот Битола и доколку не ја користите, треба да возите заедно со пешаците или автомобилите на патот, што го отежнува возењето и побавно стигате до вашата цел. Во Битола има многу високи рабници, што го отежнува преминувањето на патиштата, бидејќи треба многу да се симнувате од велосипедот за да преминете. Со инфраструктурата која е во Данска, лесно пристигате онаму каде што сте тргнале, а возењето велосипед е поприоритетно отколку луѓето со автомобили. Поминав одлично за време на оваа размена, научив многу нови работи за другите земји, а стекнав и нови пријатели. Од тешкотиите што ги имаа другите земји, научив многу работи поврзани со велосипедите. Мојот општ впечаток е дека треба да ја цениме инфраструктурата таму каде што ја имаме, која помага полесно да возиме велосипед и дека секогаш треба да помагаме и поддржуваме иницијативи кои ја подигнуваат свеста за овие работи во заедниците каде што велосипедизмот не е добро развиен. Од Петар Казаков Проектот беше интересен и корисен. Веќе сум во контакт со многу луѓе кои сакаат да возат велосипед, но во урбаната инфраструктура не можат, бидејќи самата инфраструктура на градот не го дозволува тоа. Ова беше најголемата свесност што ја добив за мене, а другото е што станав посвесен за фактот дека треба да знаеме да поправаме велосипеди на основно ниво. Ова недостасува, но е многу корисно. Генерално, проектот беше добар и јас сум задоволен како испаднаа сите работи.
Од 2-10 октомври 2022 година во Битола, С. Македонија беше одржана оваа младинска размена со учесници од Хрватска, Данска, Бугарија и С. Македонија. Учесниците на оваа размена се сретнаа со темите транспорт, животна средина, климатски промени и одржливост. Тие беа во можност да добијат длабоки увиди во состојбите на другите земји учеснички во оваа размена, со што им се овозможи прилика за споредба со ситуацијата во нивните матични земја. Размислувањето за сличностите и разликите со она што го слушаа од другите им помогна подобро да го разберат контекстот во кој што самите живеат. Работните методи се засноваа на принципи на неформално образование. Имаше различни работилници во затворен и отворен простор кои како игри за вовед, потоа игри за градење тим, предавања, имаше бура на идеи за различни прашања, студиски посети, филмски вечери и индивидуални и групни рефлексии. Методологијата за учење преку правење беше имплементирана на отворено – возење велосипеди во градот, поправка на велосипеди, дискусии и сликање мурали. Учесниците ротираа во различни групни активности како дигитален активизам, поправка на велосипеди и уметничко изразување. Поврзани објави на нашата веб страна видете овде од MK, овде од DK и овде од BG. Овој проект е одобрен од нашата Национална Агенција.