За сите оние кои sакаат да научат нешто повеќе за зачувување на животна средина, имаат предзнаења за темата и сакаат да ги споделат со други млади лица, сакаат да се вклучат и активираат со можност за организација на јавен настан
Профил на учесници:
– Возраст од 15-29 години
– Живеат или престојуваат во Битола
– Можност за учество во деновите 21-26 Август
Методологија: индивидуални и групни активности, презентации, дискусии, образование на отворено, дигитално образование, учење преку игри и искуства, можност за активирање и примена на дел од знаењата.
Логистички информации:
– Дневен камп работилници 21-23 Август
– Планирање и организација на јавен настан 24-25 Август
– Јавен настан 26 Август
– Термини: секој ден 16.30-19.30 часот
– Локации: Градски парк во Битола и Младински Центар Битола
– Број на учесници: 20. Доколку има повеќе пријавени ќе има селекција.
– Бесплатно учество условено со вклучеснот во сите активности
Линк за апликација: https://bit.ly/YMCAdayCampSDG13.
Проектот е поддржан и во рамките на програмата Youth-Led Solutions на YMCA.
Развојот на методологијата и капацитетите се поддржани од Signs of Hope на CVJM.
Работниот простор благодарение на Младинскиот Центар Битола.