Повик за практиканти преку World University Service [ОТВОРЕН]
Доколку сакате да стекнете практично искуство за подобрување на вашите вештини и шансите за вработување, тогаш оваа програма е за вас! Вклучете се во ИМКА и стекнете неопходна пракса преку работа на реални проекти преку програмата за практиканти на WUS (World University Service)Програмата дополнително нуди обуки за тоа како да ја пронајдете вашата посакувана работа (креирање CV, мотивациско писмо и вашето прво интервју)2 обуки за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна.Консултации за практикантска работа и отвoрање на свој бизнис15.000 ден. месечен надоместок за период 3 до 6 месециМоже да аплицираат студенти од државните универзитети кои се:Мотивирани за промени во заедницатаВо последната фаза од студиите (дипломираат август или септември 2024)Кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (31.08.2024)Кои се на магистерски студии. Период на практикантство: Окт.2024-Март2025 (3-6 месеци)Ангажман: 30 раб.часа неделно🍀Поле: Едукатор (преф.Педагошки факултет), Проектен асистент [админ/дизајн/извештај], PR [мултимедиа/фото/видео/веб/дизајн]🏨Локација: Младински центар Битола📬Испратете CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО⌛️Рок до 10.08.2024год.Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото е потребно.
Инспиративно патување и градење врски на Конференцијата за кампови во САД
Од Виктор Илиев Ќе започнам со мојата длабока благодарност до ИМКА на САД за поканата за приклучување на меѓународна група на Конференцијата за кампување во САД. Овој собир ги надмина вообичаените очекувања, понудувајќи извонредно искуство заедно со моите колеги од Косово, Романија, Шпанија, Украина, Аруба, Порторико, Колумбија и Бразил. Пристапот на ИМКА на САД е за пофалба поради тоа што не само што ја прикажаа нивната уникатна камп култура, туку и понуди глобална размена на најдобри практики. Покрај тоа, овој настан додаде и меѓународна перспектива, поттикнувајќи врски преку Атлантикот за подобрување на сите вклучени во развојот на младите преку образование на отворено и кампување. Моето патување започна со еднодневно доцнење поради откажување на летовите, но пристигнав во Омаха, Небраска и ја поминав ноќта во Камп Китаки. Иако ја пропуштив официјалната турнеја во кампот, остатокот од времето во следниот ден ми остави впечаток за кампот Китаки како трансформативно засолниште на отворено, посветено на развојот на младите и искуствено учење. Директорот на кампот, Џејсон, на неодамнешен настан елоквентно ја долови моќта на кампот во видеово, опфаќајќи ја суштината на образованието на отворено. Нашето патување продолжи до Камп Des Moines Y во Ајова, каде што на влезната порта беше испишана објава дека е: „Најблиското место до рајот на Земјата“. Бевме пречекани од директорот на кампот Алекс кој не однесе на турата низ кампот. Овој камп имаше толку многу работи да презентира и толку многу аспекти од логистиката на кампот што речиси ме остави без зборови. Сведочејќи ја обемната историја на кампот, извонредните проекти на Алекс и огромната поддршка од Камп Алумните зборуваат многу за влијанието на овој камп. На нашата следна станица, Камп Данкан лоциран во државата Илиноис чиј домаќин беше еден од нашите неверојатни домаќини директорот на кампот Боби, се чувствував како одење на позната локација. Причината за тоа се долгите разговори на патувањето од една држава во друга, така што активностите и логистиката на кампот ми беа некако испреплетени со чувство на блискост. Неверојатно е да се види, но тој и неколку вработени во кампот живееја на самиот камп. Со живописно езеро и разновидни активности кои ги нуди на отворено, Камп Данкан е доказ за неверојатните искуства што ги нуди. Незаборавното интермецо од активностите на камповите не доведе до центарот на Чикаго кулминирајќи со посета на седиштето на ИМКА во САД. Средбата со посветениот тим предводен од гостопримливата Адријана го зајакна мојот поглед за посветеноста на организацијата кон нејзините основни вредности. До крајот на нашето патување бевме сведоци како таа и нејзините членови на тимот на оваа неверојатна пред-конференциска турнеја не зборуваат само за основните вредности на ИМКА (почит, одговорност, чесност и грижа), туку ги инкорпорираат во нивните сопствени животи и дејствуваат според нив. За случајна организација е лесно да се наведе каква било мисија и визија, но ние не бевме во случајна организација. ИМКА на САД е организација како ниедна друга. Давање на децата можности за одличен почеток. Помагање на семејствата да имаат здрав живот. Инспирирање на заедниците да работат заедно. Тоа е ИМКА. Нашето патување го достигна својот врв во Мичиген во ИМКА до езерото Шерман, каде што беше конференцијата за кампови како главен настан. Конференцијата која беше домаќин на околу 250 професионалци за развој на млади преку кампови на отворено од цела САД и од целиот свет, покажа уникатен спој на поединци во различни фази од нивните кариери. Искуството, знаењето и страста за образование на отворено ги имаше во изобилие на оваа конференција. Со три исклучителни клучни говорници, различни работни сесии од интерес избрани според нашите лични потреби, тркалезни маси, рефлексии, рекреација и можности за вмрежување, конференцијата остави неизбришлива трага врз мене. Морам да признам дека ме воодушеви дарежливата понуда на работни сесии и се мачев за да одлучам што да приоритизирам. Едно нешто што овде е направено на уникатен начин од она на што сум бил навикнат и видел досега е можноста да си креирам приспособен личен распоред на работни сесии. Вака се цени и вреднува времето на луѓето! Една од основните области на влијание на ИМКА на САД е општествената одговорност. Ова не се само два фенси зборови, туку зборови на кои ИМКА им дава суштина преку демонстрација. Дополнително на секоја камп конференција во САД, секоја година има настан за прибирање средства за одредена избрана кауза која ги добива сите собрани средства. Овогодинешнава камп конференција ги поддржа тековните напори на ИМКА од Мауи за возобнова на заедницата по неодамнешните разорни пожари. Бев изненаден што ја искусив културата на филантропија и општествена одговорност преку „тивка аукција“ и аукција во живо каде што луѓето донираат предмети од нивната ИМКА или земја како што се брендирани материјали, маици, производи или уметнички дела од детски кампови итн. и луѓето наддаваат со најдобри понуди. Филантропија и забава во исто време. И најдобриот дел на крајот – конференцијата беше поддржана од многу корпоративни донатори. Кога луѓето се залагаат и придонесуваат за некоја кауза, вие создавате заедница. Имаме многу да научиме од ова! И колку преубав начин да го завршиме нашето патување со посета на нашиот љубезен домаќин Томас кој заедно со посветениот тим во ИМКА Флинт срдечно ме пречекаа. Ја разгледавме ИМКА и нивните програми и разговаравме за нивните најдобри практики, можностите што ги нудат за тие да бидат вистинска организација во заедницата каде што луѓето чувствуваат дека припаѓаат. Последната станица беше во кампот на ИМКА Копнеконик каде и покрај снежното и студено време ни понуди посебна камп турнеја и попладневна рефлексија за нашите колективни искуства. Нашата група помина растојание од 1180 km, приближно растојание од Битола до Виена. Ги упатувам моите најдобри желби на сите сопатници во спроведувањето на овие вредни сознанија стекнати за време на ова извонредно патување.
Повик за членови на група за поддршка за ментално здравје на лица од еднородителски семејства
Продолжуваме со групи за поддршка на лица кои доаѓаат од еднородителски семејства како дел од проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“. Предвидени се сесии за поддршка на лица од еднородителски семејства. Целта на формирањето на оваа група е да се овозможи давање поддршка во група на оваа категорија на граѓани во нашиот град и подигање на свеста за значењето на менталното здравје и да се унапреди истото. Еднородителските семејства се соочуваат со различни предизвици. Во групите за поддршка, ќе се разговара за предизвиците се кои се соочуваат во секојдневното живеење и како тие се справуваат со тие предизвици. Учесниците ќе споделуваат искуства и информации со останатите, со цел подобрување на менталното здравје. Сите активности во групите за поддршка ќе бидат водени од лиценцирани психолози и советувачи. Учеството во групата е бесплатно. Групите кои се во фаза на формирање ќе се случуваат еднаш до два пати месечно. Секој кој доаѓа, бил или е дел од еднородителско семејство може да се вклучи со пријавување на следниов емаил: project@ymca.mk или на телефон 072-556-386. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Повик за членови на група за поддршка за ментално здравје на лица со попречености
Овој петок започнуваме со групите за поддршка на лица кои имаат лице со попреченост во своето семејство. Во рамките на проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ работиме на формирање на групи за поддршка за групи на луѓе кои се со специфични проблеми во своето секојдневие, заради самата природа на нивните проблеми. Една таква група на граѓани е онаа која има член од своето семејство со некаква попреченост, а другата група која ќе ја опфатиме со овој проект е групата на самохрани родители. Проблемите на овие две групи на граѓани се често пати голем предизвик. Групите кои се во фаза на формриање ќе се среќаваат еднаш до два пати месечно, ќе се разговара за тоа како тие се справуваат со тие предизвици, ќе споделуваат искуства и знаење со останатите, а на крајот ќе имаат и можност да разговараат и со некои претставници од локални институции. Овој петок започнуваме со групата на лица кои имаат лице со попреченост во своето семејство. Доколу сте заинтересирани за учество во овие групи и имате член во вашето семејство со некаква попреченост, може да не контактирате на следниот емаил: project@ymca.mk или на телефон 072-556-386. На сите активности во групите за поддршка ќе има присутен психолог. Учеството во групата е бесплатно. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Повик за практикант преку АВРМ [ЗАТВОРЕН]
ИМКА објавува повик за вклучување на практикант/ка во канцеларијата во Битола ПРОФИЛ:• 18-29 год. евидентирани во АВРСМ со мин.завршено средно образование без работно искуство• Желба за стекнување нови знаења• Одлично познавање на Microsoft Office, Емаил, Интернет• Одлично познавање на македонски и многу добро на англиски јазик ОДГОВОРНОСТИ:• Водење архива, средување на документација, формална комуникација со трети страни• Веб пребарување, истражување, сумирање и презентирање на податоци• Пишување на проектни апликации• Логистика во дневно работење и при организирање на настани• Креирање на извештаи за организираните настани ФОРМАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: Период на практикантство: Ноември 2023-Јануари 2024 (3 месеци) Ангажман: до 30 работни часови неделно Надомест: Месечен надоместок обезбеден од програмата за ПРАКТИКАНСТВО на АВРМ, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука. Реална можност од вработување како административен соработник по крај на практиканство. Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО, најдоцна до 07.11.2023 год. Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото e потребно.
Повик за ЕКСПЕРТ за врсничка едукација на млади за МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ [ЗАТВОРЕН]
Имаме потреба од надворешен експерт, обучувач за врснички едукатори на млади на тема ментално здравје. За таа цел спроведуваме постапка со повик за прибирање на понуди. Доколку сте или познавате некој кој одговара на нашите потреби објаснети во техничката спецификација ве молиме контактирајте не согласно насоките во повикот. Во прилог на овој повик, објавуваме информации за понудувачите со задолжителни барања кои што треба да ги содржи нивната понуда. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.
Повик за врснички едукатори за ментално здравје [ЗАТВОРЕН]
Доколку се интересирате за подобрување на благосостојбата на ментално здравје за вас и вашите врсници ве повикуваме да се вклучите во нашата програма за врсничка едукација. Што нудиме Програма за врсничка едукација за подобрување на ментално здравје ќе се имплементира во текот на целата учебна 2023/2024 година. Истата ќе вклучи 58 врснички едукатори од Битола и е поделена на два дела. Во првото полугодие ќе понудиме серија на обуки за врснички едукатори на неколку теми поврзани со ментално здравје. Обуките ќе се реализираат во општинскиот младински центар во Битола. Во второто полугодие ќе се реализира врсничка едукација во училиштата и факултетите во Битола. Кој може да аплицира? Од Битола и околината кои се мотивирани за да научат повеќе за темата, но и да споделат дел од стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта. Како да се пријавите Со пополнување на формуларот на овој линк: https://bit.ly/YMCA-PeerEducators Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата и факултетите. Ве очекуваме! Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Отворен повик за дневен камп SDG#13
За сите оние кои sакаат да научат нешто повеќе за зачувување на животна средина, имаат предзнаења за темата и сакаат да ги споделат со други млади лица, сакаат да се вклучат и активираат со можност за организација на јавен настан Профил на учесници:– Возраст од 15-29 години– Живеат или престојуваат во Битола– Можност за учество во деновите 21-26 Август Методологија: индивидуални и групни активности, презентации, дискусии, образование на отворено, дигитално образование, учење преку игри и искуства, можност за активирање и примена на дел од знаењата. Логистички информации:– Дневен камп работилници 21-23 Август– Планирање и организација на јавен настан 24-25 Август– Јавен настан 26 Август– Термини: секој ден 16.30-19.30 часот– Локации: Градски парк во Битола и Младински Центар Битола– Број на учесници: 20. Доколку има повеќе пријавени ќе има селекција.– Бесплатно учество условено со вклучеснот во сите активности Линк за апликација: https://bit.ly/YMCAdayCampSDG13. Проектот е поддржан и во рамките на програмата Youth-Led Solutions на YMCA.Развојот на методологијата и капацитетите се поддржани од Signs of Hope на CVJM.Работниот простор благодарение на Младинскиот Центар Битола.
Локални волонтери
Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење сопствена биографија, за личен и професионален развој, патување и помагање на заедницата во исто време. Зависно од потребите на ИМКА во даден момент вообичаено нудиме повеќе волонтерски позиции: Доколку имате волја за волонтирање зависно од вашиот интерес, мотивација, или квалификации, контактирајте не преку социјалните мрежи @ymca.mk да дознаете што моментално се случува во ИМКА и дали нудиме можност за вклучување во даден момент. Исто така може да се приклучете на нашата локална група на Фејсбук (само за Битола).
Ангажман на Волонтери на Мировниот Корпус
Ангажирањето со волонтерите на Мировниот корпус е извонредна можност што може да внесе свежа енергија и иновативни идеи во нашата организација, особено во контекст на младинската работа и развојот на заедницата. Поминувајќи повеќе од две децении во граѓанскиот сектор, во ИМКА веќе ја разбираме моќта на долгорочната посветеност. Но, она што го прави вклучувањето на волонтерите на Мировниот корпус навистина исклучително е влевање на младешки ентузијазам, различни перспективи и глобален поглед. Овие волонтери, често преполни со страст и желба за промени, можат да внесат нов живот во нашите програми. Преку Мировниот Корпус, видовме и искусивме мотивирани поединци кои можат да споделат непроценливи приказни и искуства збогатувајќи ја нашата мисија истовремено негувајќи ги меѓукултурните врски. Нивното присуство не само што додава живост, туку и носи свежи наративи кои можат да ги пленат нашите партнери и донатори.