Локални волонтери

Волонтирањето е најдобриот начин за стекнување искуство, учење нови вештини, градење сопствена биографија, за личен и професионален развој, патување и помагање на заедницата во исто време.

Зависно од потребите на ИМКА во даден момент вообичаено нудиме повеќе волонтерски позиции:

  • Вклучување во волонтерски активности и акции на јавен простор
  • Административна поддршка за настани или во канцеларија
  • Логистичка поддршка за настани
  • Мултимедијална поддршка тековно и за настани
  • Дигитален маркетинг за промовирање на активностите

Доколку имате волја за волонтирање зависно од вашиот интерес, мотивација, или квалификации, контактирајте не преку социјалните мрежи @ymca.mk да дознаете што моментално се случува во ИМКА и дали нудиме можност за вклучување во даден момент.

Исто така може да се приклучете на нашата локална група на Фејсбук (само за Битола).