
ИМКА објавува повик за вклучување на практикант/ка во канцеларијата во Битола
ПРОФИЛ:
• Желба за стекнување нови знаења
• Добро познавање на Microsoft Office и интернет пребарување
• Одлично познавање на македонски и средно на англиски јазик
• Веб истражување на потреби и можности за млади
• Пишување на проектни апликации
• Логистика во дневно работење и при организирање на настани
• Креирање на извештаи за организираните настани
Период на практикаство: Јуни – Август 2023 (3 месеци)
Ангажман: до 30 работни часови неделно
Старосна граница: 18-29 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование кои немаат работно искуство
Надомест: Месечен надоместок обезбеден од програмата за ПРАКТИКАНСТВО на АВРМ, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА за ПРАКТИКАНСТВО, најдоцна до 29.05.2023 год.
Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. ИМКА го задржува правото да го пролонгира на повикот доколку смета дека истото e потребно.