Повик за членови на група за поддршка за ментално здравје на лица со попречености

Овој петок започнуваме со групите за поддршка на лица кои имаат лице со попреченост во своето семејство. Во рамките на проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ работиме на формирање на групи за поддршка за групи на луѓе кои се со специфични проблеми во своето секојдневие, заради самата природа на нивните проблеми. Една таква група на граѓани е онаа која има член од своето семејство со некаква попреченост, а другата група која ќе ја опфатиме со овој проект е групата на самохрани родители.

Проблемите на овие две групи на граѓани се често пати голем предизвик. Групите кои се во фаза на формриање ќе се среќаваат еднаш до два пати месечно, ќе се разговара за тоа како тие се справуваат со тие предизвици, ќе споделуваат искуства и знаење со останатите, а на крајот ќе имаат и можност да разговараат и со некои претставници од локални институции.

Овој петок започнуваме со групата на лица кои имаат лице со попреченост во своето семејство. Доколу сте заинтересирани за учество во овие групи и имате член во вашето семејство со некаква попреченост, може да не контактирате на следниот емаил: project@ymca.mk или на телефон 072-556-386. На сите активности во групите за поддршка ќе има присутен психолог. Учеството во групата е бесплатно.

Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект