
Доколку сакате да стекнете практично искуство за подобрување на вашите вештини и шансите за вработување, тогаш оваа програма е за вас!
Вклучете се во ИМКА Битола преку програмата за практиканти на WUS (World University Service)
Период на практикантство: Окт.2023-Март2024 (6 месеци)
Ангажман: 30 раб.часа неделно.
Може да аплицираат студенти од државните универзитети кои се:
Во последната фаза од студиите (дипломираат Авг или Септ.2023)
Кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (31.08.2023)
Кои се на магистерски студии.
Програмата нуди обуки за тоа како да ја пронајдете вашата посакувана работа (креирање CV, мотивациско писмо и вашето прво интервју)
15.000 ден. месечен надоместок
Консултации за практикантска работа и отварање на свој бизнис
2 тренинг курса за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна.
Испратете го Вашето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО, најдоцна до 15.08.2023год.
Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото е потребно.