Обука за консултанти во рамките на проектот „Мерење влијание: со, за и од младински организации“

Обуката се одржа од 20 до 24 септември 2023 во живописното опкружување на Лувен-ла-Нев, Белгија, а 28 лидери од 25 различни земји беа опремени со вештини за истражување, неопходни меки вештини за организирање и водење на истражување, како и општи консултантски вештини. На учесниците им беше даден преглед на различни алатки за собирање податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на анкети и фокус групи; ги научи основите на стратегијата за земање примероци и ги научија основите на алатките за анализа на податоци. Покрај тоа, обуката им овозможи на учесниците ефикасни комуникациски вештини (активно слушање, повратни информации, бариери во комуникацијата, влијанието на претпоставките итн.), познавање на клучните рамки за личен развој (DISC рамка, систематско размислување, рамка за логички нивоа. итн.), развиени вештини за тимска работа и лидерство (коучинг, кризен менаџмент, решавање проблеми, јавно говорење), запознавање со основните принципи на управување со промени, стратешки пристап, динамиката на организациската култура и разбирање на социјалното влијание – сеопфатна наставна програма дизајнирана за добро оформени консултанти. Целокупниот проект има за цел да ги зајакне врските помеѓу политиките, истражувањето и практиката во областа на младите преку подобрување на нивото на докази за влијанието на младинските организации преку робусна и призната методологија за истражување. Амбицијата на проектот е да придонесе за имплементација на Стратегијата на ЕУ за млади преку зголемување на нивото на докази во однос на општественото влијание и резултатите од учењето на активностите за зајакнување на младите обезбедени од младинските организации. Оваа заедничка иницијатива обедини конзорциум од истакнати партнери, вклучувајќи ги Scouterna, Les Scouts, Junák – český skaut, Сојузот на извидници на Македонија, Извидниците од Ирска, ИМКА Европа, ИМКА Холандија и Универзитетот Мејнут.
Повторно обединување на Институтот за мировна едукација во Светата земја

Од Виктор Илиев Помина доста време од моето последно учество на некои од сесиите на Институтот за мировна едукација. Како алумни од 2015 година бев поканет да се приклучам на овој настан и да продискутираме за алатките, методите и искуствата од претходниот период. Местото на настанот беше Светата земја која исто така обезбеди дополнителен контекст за учење. Секако дека ја прифатив поканата и присуствував на настанот. 28 учесници, повеќе од 10 земји, 3 различни групи и 1 недела заедно. Беше привилегија да се работи со експерти за мировно образование, како што се Волфганг Хајнрих и Анкица Драган кои беа вклучени во оваа програма од самиот почеток обезбедувајќи знаење и методологија. Овој пат тоа беше анализа на контекстот со посебен фокус на влијанието и релевантноста на матрицата на Институтот за мировна едукација низ призмата на учесниците на овој собир. Секој ден и во секое место бевме благословени да бидеме пречекани од домаќините со исклучителна гостопримливост и грижа од нашите пријатели од Витлеем, Ерихон и Ерусалим кои ги претставуваат ИМКА на Источен Ерусалим и Меѓународната Ерусалимска ИМКА. Со не многу позитивен наратив во медиумите за овој регион се почувствував инспириран да видам и слушнам што прави ИМКА за своите корисници во многу предизвикувачки контекст – генерирање вештини, можности и надеж за целата заедница речиси еден век. И сето тоа и покрај широкиот опсег на ограничувања – затоа што луѓето во ИМКА веруваат во она што го прават. Можеби најдобриот дел од овој настан беше средбата со локалното население и слушањето на нивните приказни. Во многу аспекти се чувствувам шокиран и сочувствував со предизвиците, условите и начинот на живот на палестинскиот народ со кој имаме некои заеднички реалности и историја. Се чувствувам благодарен што можев да ги слушнам приказните од другата страна на паричката. Се чувствувам и привилегиран што имав можност да ги посетам: Витлеем, Ерихон и Ерусалим, црквата на Христовото раѓање, реката Јордан, планината на искушението, џамијата Ал Акса, црквата на Светиот гроб и други свети места следејќи ги стапките на Исус Христос и размислување за неговиот живот, патување и жртва. Сево ова длабоко понизно и можно дава многу значење и мотивација за она што го правиме и како живееме.
Впечатоци од дел учесници на еко камп SDG#13

Миа Научивме нови работи за животната средина и несомнено станавме помотивирани за да ја зачуваме истата, барем на локално ниво. Сигурна сум дека би присуствувала повторно на ваков тип настан. Сметам дека темата е опширна и има прилично многу за дискусија, а фактот дека истото можам да го правам со луѓе со сличен ментален склоп како мојот ме привлекува уште повеќе. Ана Самиот збор Еко(логија) многу ме влечи и сметам дека воопшто не сме одговорни за нашата околина доволно. Посакувам тоа да се промени и сум свесна дека почетната точка за тоа секогаш сум самата јас. Не треба да им кажуваме на другите што да прават, туку да нé гледаат ние што правиме и на тој начин да се мотивираат. Симона Еко кампот директно не вклучи во организација на наш отворен ден на кој се играа разни игри и се научија многу корисни информации за велосипедите и велосипедистите, како и заштитата на нашата животна средина со користење на велосипеди. Неколку денови низ игри учевме, а последниот ден тоа го пренесовме на децата како и на возрасните граѓани кои не посетија во градскиот парк. Играта се преточи во една преубава глетка на “БитолаНаТочак” со што завртиме еден голем круг околу нашиот град со велосипеди придружени од сите љубители на “точакот”. Сара Научив многу нешта, најпрво целите за одржлив развој за кои искрено немав обрнато особено внимание. Заедничките едукативни игри би ги издвоила како најзабавни и истите би ги применила понатаму во некоја дружба професионално или приватно. Ангела Најмногу впечаток ми остави последни од ден каде што успешно организиравме настан за деца пропратен со интересни игри поврзани со екологијата, зачувување на природата, возење велосипед. Сето тоа покрај забава и насмевка на детските лица, им пружи можност и за дознавање интересни факти поврзани со екологијата. За крај, со сигурност можам да кажам дека научив многу и овој камп ме поттикна да размислувам подлабоко за зачувување на нашата планета. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Искуството од Камп SDG#13

Од 21 до 26 август оваа година во рамки на проектот Climate change leaders/Youth led solutions, го реализиравме дневниот еко камп SDG13, поддржан од YMCA USA на кој зедоа учество единаесет 16-23 годишни млади ентузијасти, заинтересирани за екологијата, цели за одржлив развој и еко активизам од Битола. Првите три дена од кампот беа за влез и давање инпути во материјата, односно учење и продлабочување на знаењето за целите на одржлив развој, со посебен акцент на 13тата цел, климатските промени. Првиот ден кампот се одвиваше во Младинскиот Центар во Битола, додека следните два дена на отворено во Градскиот парк кој беше едногласно избран од сите учесници како место соодветно за учење за животната средина преку настава во природа. Активностите секој од деновите траеа по 3-4 часа со комбинација од работилници и вежби. Учесниците ги запознавме со мисијата на ИМКА, се запознаа меѓу себе, самостојно ги презентираа сите 17 цели на одржлив развој и имаа можност да изучуваат за циркуларна економија преку HP Life курсевите. Презентирани им беа примери за еко активизам, како во нашата земја така и од повеќе места од светот, како и разработување на актуелни еколошки проблеми и предлагање на решенија за истите. Исто така се разговараше и се предлагаа совети за зачувување на природата преку игри и занимливи активности на отворено. Третиот ден беше конкретно посветен на загадувањето на воздухот, предизвикувачи на загадување, преземени чекори за негово намалување и што ние како индивидуи можеме да допринесеме за почист воздух. Покрај другите, тука се наметна темата за начини на транспорт, нивната ефикасност, економичност и достапност на истите. Секој од работните денови завршуваше со евалуација на наученото од тековниот ден. За време на настанот најавена беше Европската недела на мобилност и можните активности кои би ги презеле ние како учесници на овој еко камп за споделување на дел од знаењата со други деца и млади на интерактивен и забавен начин. Се одлучи последниот ден од еко кампот да се одржи завршен настан целосно испланиран и спроведен од страна на сите учесници со нивни идеи и предлози, секако со целосна поддршка од тимот на ИМКА. Учесниците беа поделени во 3 тимови, и следниот ден се одржа состанок со секој од тимовите за координација каде беа избрани 15 идеи за активности на отворено со цел најава и поддршка на Неделата на мобилност. На 26.08.2023 под мотото Научи. Сподели. Вклучи се. Активирај се. започна отворениот настан во Градскиот парк во Битола со претходно подготвени игри за деца, Џенга, slack line, работилница за правење на беџови, импровизиран полигон за велосипедисти, едукативни игри и слично. Целта беше поголема свесност за велосипедизмот, здравиот начин на живот и заштитата на животната средина. Настанот беше посетен од голем број на млади од нашиот град и воведивме вело изненадувања за најдобрите посетители – велосипедисти. Среќни сме дека на настанот остваривме соработка со корпоративен партнер Алпско, како голем поддржувач на организациите кои подржуваат здрави начин на живот. После двочасовни активности со децата, настанот го завршивме со велосипедска тура низ битолските улици со велосипедисти од сите возрасти од нашиот град, како повик за поставување на вело патеки се со цел полесно и побезбедно движење на велосипедистите кои се се побројни во нашиот град.
Моето искуство од една година во Холандија со ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус)

Од Јован Лешев Ако сте учествувале на каков било вид на волонтерска работа во кое било својство неизбежно сте прашани како или зошто би работеле платена работа без да бидете платени. Никогаш не е лесно да се објасни зошто или како некој одлучува да помине една година во странска земја за да служи како волонтер. Позитивните искуства, луѓето што ги запознав и предизвиците што морав да ги надминам додека живеев и служев како ЕСК волонтер во Холандија беа повеќе од доволна причина зошто сакам да ја споделам мојата приказна. Кога бев избран како волонтер од Rock Solid Foundation да служам во нивниот социјален ресторан Аан Тафел бев многу возбуден. Тоа беше една од моите долгогодишни желби да живеам во странство и ова беше совршена можност да го направам токму тоа. Aan Tafel е социјален ресторан во малото гратче Лунтерен управуван целосно од волонтери и со персонал од лица со посебни потреби. Работејќи во угостителството неколку години мислев дека ова ќе биде еден од најлесните предизвици со кои се соочив, но реалноста се покажа поинаква. Никогаш не сум делел работен простор со луѓе со посебни потреби. Иако моето време беше исполнето со предизвици сепак искуството таму ме научи на трпение, сочувство и солидарност – квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество ако сакаме да живееме во подобар свет. Моето време во Лунтерен и во Аан Тафел резултираше со можности да учам, да се усовршувам и да развијам вештини кои никогаш не мислев дека ми се потребни. Покрај тоа, имав одлични можности за средби, работа заедно и негување односи со луѓе од целиот свет, со различни возрасни групи и културни позадини, притоа помагајќи ми да разберам колку неверојатно слични сме сите кога станува збор за нашите основни вредности. Моето долгорочно волонтирање не беше ограничено само на работа во ресторанот. Фондацијата Рок Солид ни обезбеди мене и на моите колеги волонтери можности да направиме значајна волонтерска работа на голем број други проекти, како што се собирање храна и облека за луѓето на кои им е потребна и организирање креативни работилници за стари лица и лица со посебни потреби. Попатно учествував во разни други активности што ги правеа во кои се запознавме и споделивме искуства со други волонтери во Холандија што резултираше со поголема мрежа на луѓе и создавање на уште повеќе пријателства на патот. Меѓутоа, тоа не беше само работа и учење. Во текот на една година што ја поминав како волонтер морав да се научам да живеам во култура која е сосема различна од мојата, да патувам, да научам нов јазик и да посетувам места што никогаш претходно не сум ги видел. Дури добив шанса да се приклучам на локален хор и да создадам уште повеќе позитивни искуства за себе. Така што ако некој млад човек бара шанса да направи нешто значајно и да создаде прекрасни нови искуства додека живее во странство и запознава луѓе од целиот свет, ова е совршена можност за вас. Не двоумете се да волонтирате, без разлика дали тоа е вашето време, вашето знаење или понекогаш само вашиот позитивен став. Во социјалниот ресторан Аан Тафел во Лунтерен на ѕидот на трпезаријата виси цитат: „Кога имате повеќе отколку што ви треба – изгради поголема маса, а не повисока ограда.
Наоди од мониторинг: Битола – Вело град

Во периодот февруари-мај го спроведуваме проектот за мониторинг на предизборни ветувања. Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме темата за изградба на велосипедска инфраструктура. Во прилог се активностите по месеци: Февруари: Истражување на предизборни ветувањаИстражувањето на предизборни ветувања беше низ онлајн етерот следејќи поранешни медиумски објави, изјави на политичари и понудени предизборни програми. Главен предизвик ни беше што предизборните програми се повлечени од интернет просторот и за изнаоѓање на релевантен материјал контактиравме со членови на партиите кои се во градскиот Совет. Во однос на предизборните програми јавно достапна е само таа на независната група Поинаку, а во консултации со партиите ги добивме програмите и на двата најголеми коалициски блока предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Март: Истражување на општински документиСе согледуваше вклученоста на темата од предизборното ветување во постоечки официјални документи на Општина Битола (програми, стратегии сл.). Истражувањето беше електронски на официјалните општински канали како што е веб-страницата и објави на социјалните медиуми на општината. Се пребаруваа исто така и веб портали кои пренеле одредена информација за бараниот податок на темата од предизборните ветувања. Истo така се поднесе и барање за пристап до информации од јавен карактер. Покрај минатите се истражуваа и постоечки документи за тековни планирани активности во 2023 година. Април: Средби со општински функционери и советнициСе реализираа средби и разговори со клучни општински функционери и вработени во Општина Битола поврзани со темата за предизборното ветување. Конкретно се одржаа средби со Секретарот на Општината, со Раководителот на Локален Економски Развој кој воедно е и одговорен за спроведување на проектот за велосипедски патеки и разговор со Директорката на ЈП за урбанистичко планирање. Мај: Анкетно истражување и јавна информативна сесија за проект вело патекиАнкетно истраување за безбедноста и употребата на велосипедот како превозно средство и споредба на наодите од слични анкети кои ги правевме во 2015 и 2018. Со цел споделување на ставот на вело заедницата се зеде учество на комисијата за локален економски развој. Исто така се одржа и јавна информативна сесија со вклучување на сите релевантни чинители за проектот велосипедски патеки со цел доближување на последните информации за проектот на јавноста. Јуни: Споделување на резултатите од наодите со јавностаСподелувањето на резултатите со јавноста е преку неколку фокусирани објави на социјалните медиуми, гостување на регионална телевизија, вклучување во живо на национална телевизија, прилог од јавната инфо сесија, тематски подкаст, средношколски подкаст, споделување на инфографици, делење на печатена брошура, а во план се и изработка на вело мотивациски лепенки. Наоди / Резултати: Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
Отворање на младински центар во Битола

Со задоволство го објавуваме свеченото отворање на нашиот сосема нов младински центар, енергичен, креативен, едукативен простор дизајниран да ги негува и да ги зајакне младите умови на нашата заедница. Оваа значајна пригода означува значајно достигнување во нашата посветеност да обезбедиме ваква средина за нашите млади, каде што тие можат да ги истражат своите интереси, да се поврзат со другите и да го отклучат својот целосен потенцијал. Младинскиот центар е охрабрувачка средина, место каде што ќе има многу можности и ќе бидат остварени многу потенцијали. Тоа е место каде што младите луѓе можат да се соберат, учат и растат во атмосфера на креативност, поддршка и инклузивност. Нашата цел е да негуваме средина што инспирира и воздигнува, негувајќи чувство на припадност кај секој млад човек што ќе помине низ нашите врати. Во рамките на овие ѕидови, нашата младина ќе открие огромен број можности да ги истражи своите интереси, да ги прошири своите хоризонти и да развие вредни вештини. Од работилници, семинари до возбудливи рекреативни активности и програми за лидерство, животна средина, ние внимателно подготвивме разновиден опсег на програми за да се грижиме за различните интереси и таленти на нашите млади членови на заедницата. Без разлика дали станува збор за уметност, музика, спорт или претприемништво, имаме за цел да обезбедиме простор за секоја страст да цвета. Дополнително, младинскиот центар ќе служи како центар за стекнување и негување на значајни врски и градење трајни пријателства. Ја препознаваме моќта на заедницата и на младите луѓе во нашата заедница. Од заеднички проекти и групни активности до можности за волонтерство и иницијативи за заедницата, нашата цел е да поттикнеме чувство на општествена одговорност и да ги всадиме чувството на припадност кај младите кон оваа заедница. Зад работата на нашиот Младински центар е тим од посветени младински работници кои се посветени на водење и поддршка на нашите млади на нивното движење кон самооткривање и напредок. Овие младински работници кои носат знаење се возбудени да го споделат истото, да инспирираат нови перспективи и да поттикнуваат личен раст кај секој млад човек со кој ќе се сретнат. Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до сите поединци, поддржувачи и партнери (Општина Битола, ИМКА, МКЦ, Сфера, Сојуз за младинска работа, Млади Хаб) кои се ангажираа да ја направат оваа цел реалност. Нивната поддршка и посветеност да инвестираат во нашата младина беа клучни за отворање на овој Младински центар. Благодарни сме за нивната заедничка визија за посветла иднина на нашата заедница, каде што се реализира и слави потенцијалот на секој млад човек. Нашата цел е поддршка на личниот и социјален развој на младите во Битола и нивна активна вклученост во животот на заедницата преку следните активности:
Проект за градење капацитети со “Signs of Hope”

За време на нашето постоење на ИМКА, се соочивме и надминавме многу предизвици, но ништо блиску до последните три години што предизвика сериозна штета на нашата работа воопшто, управувањето со организацијата и програмскиот модел. Но, тука сме, повторно на нозе и подготвени да инвестираме во подобрување на нашата структура и метод на работа. Среќни сме да објавиме дека нововоспоставеното партнерство со Signs of Hope на CVJM се обврзува да работи на подобрување во две области од нашата работа во текот на 2023 година: управување и методологија на младинската работа. Подобрувањето на управувањето во непрофитните организации е од огромно значење. Цврстите практики на управување ја обезбедуваат основата на која стои целата организација. Обезбедува транспарентност, отчетност и етичко однесување, кои се од суштинско значење за стекнување доверба меѓу засегнатите страни, вклучувајќи ги донаторите, волонтерите и заедниците на кои им служиме. Тоа не е сув, монотон концепт, туку енергична сила што ја поттикнува вашата мисија напред, правејќи ја да резонира со вашата страсна заедница и потенцијалните партнери кои веруваат во општествена одговорност и филантропија. Наша цел е да ја подобриме структурата на управување, нашиот устав, нашите политики и да поставиме основа за да се подготвиме за развој на нови партнерства во наредниот период. Врсничката едукација игра клучна улога во зајакнувањето на младите и поттикнувањето на развојот на заедницата, мисија што е темелно усогласена со нашата посветеност во ИМКА и младинската работа. Динамичната размена на идеи помеѓу младите не само што негува чувство на сопственост и одговорност кај младите, туку и ги охрабрува активно да се ангажираат со своите врсници. Од формален аспект, овој метод на образование може да биде моќна алатка за градење на лидерски вештини и всадување чувство на граѓанска одговорност. Кога младите учат од своите врсници, тие можат да се поврзат на подлабоко ниво, бидејќи често споделуваат слични животни искуства, предизвици и аспирации. Затоа ќе го нурнеме длабоко и ќе го истражиме овој модел во наредниот период со цел да ги најдеме најдобрите позитивни практики што можеме да ги користиме. Останете со нас преку нашите канали за комуникација и очекувајте некои возбудливи вести до крајот на оваа година.
Мониторинг: Битола – Вело град

Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците Младинска Асоцијација ИМКА Битола со проектот „Битола – Вело град“ го набљудува исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола. Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното е дел од проектот поддршка на изборните реформи. ИМКА е вклучена во овој проект со активности кои подразбираат набљудување на изборното ветување за изградба на велосипедски патеки и инфраструктура во Битола. Во рамките на активностите предвидено е истражување на официјални објави и документи, состаноци со повеќе чинители, анкетно истражување и инфо сесија. Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште и сл.). Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се споделат со јавноста преку: постови на социјалните мрежи, соопштение до медиуми, инфо сесија. Овие активности се спроведуваат во соработка со Стратешки менаџмент системи (СМС) и имаат за цел да го зголемат ангажманот на заедницата за прашања релевантни за нив. „Поддршка на изборните реформи“ е Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Листата на сите иновативни иницијативи во рамките на овој проект за 2022 и 2023 година може да ја најдете тука.
Учество на националниот форум за филантропија

На 15.12.2022 година се одржа Форумот за филантропија во организација на Конект и мрежата за финансиска одржливост како дел од Проектот на УСАИД Партнерства за донирање. Ова е годишен собир на националните лидери во филантропијата и вклучи претставници на бизнис заедницата, институциите и граѓанските организации, меѓу кои и ИМКА, кои споделија искуства и креираа модели за засилена соработка. Истражувањата на Конект покажуваат дека половина од компаниите донираат во текот на годината што е показател дека кај нас има значаен филантропски потенцијал. Во однос на донирање средства од граѓани оваа 2022 година, Македонија се искачила на солидното 25-то место во споредба со 75-тото во 2013 година, според рангирањето на Светскиот индекс на донирање (World Giving Index). Во време кога непредвидливите случувања во светот ни го исполнуваат секојдневието, а иднината е полна со неизвесност, вистински момент е филантропијата да го заземе своето вистинско место како двигател на позитивни промени во заедницата. Форумот ги претстави глобалните трендови и влијанија на филантропијата и го стави тоа гледиште во македонска перспектива. “Како поединци, сопственици на бизниси и менаџерки и менаџери, многумина од нас ги отвораат своите паричници за да ги поддржат пријателите, семејството и лицата кои ни бараат итна помош. Но, кога се обмислени и насочени во корист на пошироката заедница, донациите имаат моќ долгорочно да ги подобрат состојбите и да придонесат за благосостојба во општеството. Создаваме партнерства за донирање за да овозможиме зголемени донации, вистински поттикнувања за донаторите и лесни и забавни начини на донирање коишто ќе им овозможат на сите граѓани и компании да бидат дел од промените кон подобро утре.” Истакна Извршната Директорка на „Конект“, г-а Никица Кусиникова. На форумот се разговараше за надминување на предизвиците за да се обликува поволна околина за зголемено и донирање во функција на забрзан развој. Учесниците покажаа готовност да негуваат партнерствата за донирање, работат на подобра правна рамка, да членуваат во Клубот на одговорни бизниси, се едуцираат за филантропија и општествена одговорност, а интерес побуди најавената онлајн платформата за групно донирање. Овој форум беше организиран од проектот на УСАИД Партнерства за донирање, спроведуван од Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Македонија. Фотографии од настанот може да се видат тука и тука