Campacity конференција на ИМКА Камп Европа

По неколку месеци планирање и напорна работа, Campacity 2024 се одржа од 15-ти до 21-ви април во Толедо, Шпанија во младинскиот центар Кастиљо де Сан Сервандо со поддршка на локалната власт. Потоа се преселивме во ИМКА Камп Приего и бевме пречекани од ИМКА Шпанија како домаќини. Втората конференција од овој тип беше заедничка иницијатива на ИМКА Европа и САД чиј домаќин беше: Во текот на една недела сесии, учесниците: Сето ова беше овозможено преку успешна соработка помеѓу учесниците на ИМКА Европа и САД и преку споделување на значајната работа што ја прави секоја национална или локална ИМКА. 75 учесници од 15 различни земји се собраа мотивирани да учат и споделуваат со цел што ги обедини сите – љубовта кон кампувањето и верувањето во неговото влијание. Програмата беше избалансирана со сесии за градење капацитети и време на културна изложеност дизајнирано да помогне во поврзувањето и создавањето врски. Учесниците имаа можност да присуствуваат на работилници за многу вкрстени теми кои играат клучна улога во создавањето на успешен камп како што се градење стратегии, прибирање средства, партнерства, мониторинг и евалуација само за да наведеме неколку. Освен ова, тие имаа можност да се запознаат со методологијата „Не прави штета“, бидејќи во денешниот свет од клучно значење е да останеме свесни за нашите акции, планови и проекти. Како последна забелешка, треба да се спомене колку е прекрасно и моќно да се гледаат луѓето кои работат напорно денес со какви било средства што ги имаат за да создадат подобро утре, а Campacity покажа дека дури и ако живееме илјадници километри подалеку еден од друг, ние се дел од нешто поголемо.

Инспиративно патување и градење врски на Конференцијата за кампови во САД

Од Виктор Илиев Ќе започнам со мојата длабока благодарност до ИМКА на САД за поканата за приклучување на меѓународна група на Конференцијата за кампување во САД. Овој собир ги надмина вообичаените очекувања, понудувајќи извонредно искуство заедно со моите колеги од Косово, Романија, Шпанија, Украина, Аруба, Порторико, Колумбија и Бразил. Пристапот на ИМКА на САД е за пофалба поради тоа што не само што ја прикажаа нивната уникатна камп култура, туку и понуди глобална размена на најдобри практики. Покрај тоа, овој настан додаде и меѓународна перспектива, поттикнувајќи врски преку Атлантикот за подобрување на сите вклучени во развојот на младите преку образование на отворено и кампување. Моето патување започна со еднодневно доцнење поради откажување на летовите, но пристигнав во Омаха, Небраска и ја поминав ноќта во Камп Китаки. Иако ја пропуштив официјалната турнеја во кампот, остатокот од времето во следниот ден ми остави впечаток за кампот Китаки како трансформативно засолниште на отворено, посветено на развојот на младите и искуствено учење. Директорот на кампот, Џејсон, на неодамнешен настан елоквентно ја долови моќта на кампот во видеово, опфаќајќи ја суштината на образованието на отворено. Нашето патување продолжи до Камп Des Moines Y во Ајова, каде што на влезната порта беше испишана објава дека е: „Најблиското место до рајот на Земјата“. Бевме пречекани од директорот на кампот Алекс кој не однесе на турата низ кампот. Овој камп имаше толку многу работи да презентира и толку многу аспекти од логистиката на кампот што речиси ме остави без зборови. Сведочејќи ја обемната историја на кампот, извонредните проекти на Алекс и огромната поддршка од Камп Алумните зборуваат многу за влијанието на овој камп. На нашата следна станица, Камп Данкан лоциран во државата Илиноис чиј домаќин беше еден од нашите неверојатни домаќини директорот на кампот Боби, се чувствував како одење на позната локација. Причината за тоа се долгите разговори на патувањето од една држава во друга, така што активностите и логистиката на кампот ми беа некако испреплетени со чувство на блискост. Неверојатно е да се види, но тој и неколку вработени во кампот живееја на самиот камп. Со живописно езеро и разновидни активности кои ги нуди на отворено, Камп Данкан е доказ за неверојатните искуства што ги нуди. Незаборавното интермецо од активностите на камповите не доведе до центарот на Чикаго кулминирајќи со посета на седиштето на ИМКА во САД. Средбата со посветениот тим предводен од гостопримливата Адријана го зајакна мојот поглед за посветеноста на организацијата кон нејзините основни вредности. До крајот на нашето патување бевме сведоци како таа и нејзините членови на тимот на оваа неверојатна пред-конференциска турнеја не зборуваат само за основните вредности на ИМКА (почит, одговорност, чесност и грижа), туку ги инкорпорираат во нивните сопствени животи и дејствуваат според нив. За случајна организација е лесно да се наведе каква било мисија и визија, но ние не бевме во случајна организација. ИМКА на САД е организација како ниедна друга. Давање на децата можности за одличен почеток. Помагање на семејствата да имаат здрав живот. Инспирирање на заедниците да работат заедно. Тоа е ИМКА. Нашето патување го достигна својот врв во Мичиген во ИМКА до езерото Шерман, каде што беше конференцијата за кампови како главен настан. Конференцијата која беше домаќин на околу 250 професионалци за развој на млади преку кампови на отворено од цела САД и од целиот свет, покажа уникатен спој на поединци во различни фази од нивните кариери. Искуството, знаењето и страста за образование на отворено ги имаше во изобилие на оваа конференција. Со три исклучителни клучни говорници, различни работни сесии од интерес избрани според нашите лични потреби, тркалезни маси, рефлексии, рекреација и можности за вмрежување, конференцијата остави неизбришлива трага врз мене. Морам да признам дека ме воодушеви дарежливата понуда на работни сесии и се мачев за да одлучам што да приоритизирам. Едно нешто што овде е направено на уникатен начин од она на што сум бил навикнат и видел досега е можноста да си креирам приспособен личен распоред на работни сесии. Вака се цени и вреднува времето на луѓето! Една од основните области на влијание на ИМКА на САД е општествената одговорност. Ова не се само два фенси зборови, туку зборови на кои ИМКА им дава суштина преку демонстрација. Дополнително на секоја камп конференција во САД, секоја година има настан за прибирање средства за одредена избрана кауза која ги добива сите собрани средства. Овогодинешнава камп конференција ги поддржа тековните напори на ИМКА од Мауи за возобнова на заедницата по неодамнешните разорни пожари. Бев изненаден што ја искусив културата на филантропија и општествена одговорност преку „тивка аукција“ и аукција во живо каде што луѓето донираат предмети од нивната ИМКА или земја како што се брендирани материјали, маици, производи или уметнички дела од детски кампови итн. и луѓето наддаваат со најдобри понуди. Филантропија и забава во исто време. И најдобриот дел на крајот – конференцијата беше поддржана од многу корпоративни донатори. Кога луѓето се залагаат и придонесуваат за некоја кауза, вие создавате заедница. Имаме многу да научиме од ова! И колку преубав начин да го завршиме нашето патување со посета на нашиот љубезен домаќин Томас кој заедно со посветениот тим во ИМКА Флинт срдечно ме пречекаа. Ја разгледавме ИМКА и нивните програми и разговаравме за нивните најдобри практики, можностите што ги нудат за тие да бидат вистинска организација во заедницата каде што луѓето чувствуваат дека припаѓаат. Последната станица беше во кампот на ИМКА Копнеконик каде и покрај снежното и студено време ни понуди посебна камп турнеја и попладневна рефлексија за нашите колективни искуства. Нашата група помина растојание од 1180 km, приближно растојание од Битола до Виена. Ги упатувам моите најдобри желби на сите сопатници во спроведувањето на овие вредни сознанија стекнати за време на ова извонредно патување.

Младински центар Битола: 2023 низ бројки

На 25.05.2023 во Битола се отвори Младинскиот центар водејќи се по својата мисија да се поттикне личниот и социјален развој на младите луѓе преку нивно вклучување во заедницата. Моментално во центарот работат 2 младински работници, додека со самиот центар раководи конзорциум од 3 младински организации од Битола, ИМКА, Сфера интернешнал и МКЦ.  Во текот на целата година се одвиваа низа на активности во насока на исполнување на осумте претходно утврдени специфични цели и со особена радост можеме да споделиме дека во голем дел истите се исполнети т.е. понудивме програмски активности од сите полиња на развојот на младите. Овозможување на простор за изразување на младите, организирање на слободното време на младите, развој на компетенциите на младите, поттик на претприемачкиот дух, промовирање на здрави животни навики како и подигнување на еколошката свест, информирање на младите за можностите за неформално образование, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството. Низ бројки тоа би изгледало вака: Најпосетувани програмки активности беа: дигитално образование, животна средина, ментално здравје, младинско учество и младински политики, како и забавните/друштвени активности како интеркултурни вечери, денови за готвење, учење на странски јазици и сл. Нашиот придонес во активностите на младинскиот центар беше во главно преку два проекти кои ги спроведувавме во текот на годината:  Минатата година беше доказ за посветеноста на младинскиот центар кон развојот на младите во Битола. Извршувањето на активностите низ сите специфични цели ја демонстрира посветеноста за негување на динамична, одговорна и инклузивна средина за младите. Визијата на Младинскиот центар е иднина со охрабрени, креативни и одговорни млади кои активно придонесуваат кон опшествениот напредок, и претставуваат жива, информирана и активна младинска заедница во Битола. Целосната верзија на годишниот извештај на младинскиот центар е достапна на веб страната на младинксиот центар.

Национална конференција за младинска работа

На 19.12.2023 година во Скопје се одржа најголемата национална конференција за младинска работа во нашата држава. Пред повеќе од 100 присутни гости свои поздравни обраќања имаа Андреј Наумовски, претседател на Сојуз за младинска работа, Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, Ѓорги Тасев, соработник на Претседателот на Владата за млади и младински политики и Јовица Митевски, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата свечено беа доделени и сертификати на 13 лица кој ја поминаа обуката и се стекнаа со звање работник со млади. Меѓу нив беше и Наташа Дарков, која е дел од тимот на ИМКА Битола. Низ два панели се разговараше за „Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“. Претставниците од државните органи и градоначалници најавија континуирана поддршка за процесите на валидација и целосно воспоставување на младинската работа како професија и поттик на процесот на основање младински центри низ целава држава. Претставниците од младинскиот сектор вклучувајќи ги Сојузот за младинска работа, младинските центри и младинските работници нагласија дека младинските работници и младинските центри се клучни за спроведување на квалитетна младинска работа. Нивното препознавање и поддршка ќе значат и создавање на средина за поддршка за раст и развој на младите. Тие исто така говореа за важноста на обуката за работник со млади и професијата младински работник за правилен развој на младите. Претставниците на другите институции поддржувачи на развојот на младинската работа во државава ја изразија нивната поддршка исто така. Филозофски факултет изјавија за поддршката која ја даваат преку студиите од втор степен по младинска работа кои се први постдипломски студии по младинска работа во регионот за кои се предвидени и стипендии. ГИЗ кои ја истакна значајноста на соработката и насоченото дејствување на странските донатори во согласност со понудувачите на  младинска работа на локално и национално ниво. Вклученоста на ИМКА како организација во овие процеси е на високо ниво. Јовче Крстевски, сертифициран младински работник, е дел од персоналот на младинскиот центар во Битола, е член на базата на оценувачи на квалитет на младинските центри формирана при Агенцијата за млади и спорт и беше еден од панелистите на настанов. Дополнително на тоа, на настанов Наташа Дарков по цела година исклучителен ангажман со групи на млади го завршени интензивен курс за серифицирање за младинска работа доби и формално звање „работник со млади“ од Агенција за млади и спорт и Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work. Јовче Крстески оваа година помина низ процес на обуки и пракса за примена на методологија за кариерно советување и насочување на младите ProfillPASS, која е развиена од Германскиoт институт за образование на возрасни – Центарот за доживотно учење Лајбниц Deutsches Institut für Erwachsenenbildung.

Иницијатива за поттик на нашата мисија во Западен Балкан

Од 13-ти до 16-ти октомври, нашите претставници беа присутни на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан, чиј домаќин е ИМКА Косово. Програмските сесии беа дизајнирани околу интеграцијата на мисијата и визијата на ИМКА од Македонија, Албанија, Косово и Србија и воспоставувањето на светла иднина заедно во рамките на нашето движење. Покрај претставниците на Иницијативата за Западен Балкан, на состанокот имаше и неколку гости кои дадоа свој придонес во програмата како што се Клаудија Кун од CVJM (ИМКА Германија) со инпути за развојот на програмите, Пол Смајли од ИМКА Европа со придонес за подобрување на управувањето во организациите, Мариус Поп од ИМКА Европа за стратешки партнерства со придонес за соработката со корпоративниот сектор, Том Валентин од ИМКА од САД со инпути за перспективите и поддршката за регионот во иднина и Енди од тимот за комуникации на ИМКА Европа. Програмата понуди неверојатна можност за размена на добри практики, запознавање со локалните младински лидери и посета на центрите на ИМКА низ целата земја, вклучувајќи го и новиот Камп Пјетершан. Нашиот престој беше во градот Пеќ со работни сесии одржани во локалната ИМКА – импресивен мултифункционален објект кој располага со различни програми за обука за млади. Тоа беше одлична можност да се даде отчет за секоја организација и нивниот развој за време на иницијативата и плановите во светлината на ветувачките партнерства и потенцијалните идни активности. Беше одлично време да се потсетиме на сите вредности, спомени и искуства што го собраа раководството на Иницијативата за Западен Балкан – продолжувајќи да ја фокусира својата работа на регионалните планови, идните чекори, предизвици и можности за претстојната година. Во однос на постигнувањата, вреди да се спомене дека некои ИМКА добија нови општински простори и договори, приходот на секоја ИМКА се зголеми во текот на целата иницијатива, започнаа нови партнерски проекти (во регионот и на меѓународно ниво), дополнителен фокус даден не само на лидери, но и на персоналот и членовите на одборот. Со преку 20 дигитални состаноци (тим и 1 до 1) плус студиски посети на сите ИМКА организации оваа година  регионот полека расте и оди во вистинската насока – со уште многу работа што треба да се направи. И круната на нашето патување – Кампот Пјетершан – импресивен камп на ИМКА во има капацитет за сместување 70 млади луѓе и нуди прекрасни капацитети како спортски и тренинг објект, камп сала и канцеларии, бунгалови, камперски оган – простор што може да се користи за повеќекратни активности на отворено и одличен пример на проект со локална, национална и меѓународна поддршка. Бевме инспирирани од овој состанок, воодушевени од издржливоста и одлучноста на тимот и индивидуалната работа на сите ИМКА организации кои создаваат промени во нивните заедници – и благодарни сме што сме дел од неа.

Обука за консултанти во рамките на проектот „Мерење влијание: со, за и од младински организации“

Обуката се одржа од 20 до 24 септември 2023 во живописното опкружување на Лувен-ла-Нев, Белгија, а 28 лидери од 25 различни земји беа опремени со вештини за истражување, неопходни меки вештини за организирање и водење на истражување, како и општи консултантски вештини. На учесниците им беше даден преглед на различни алатки за собирање податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на анкети и фокус групи; ги научи основите на стратегијата за земање примероци и ги научија основите на алатките за анализа на податоци. Покрај тоа, обуката им овозможи на учесниците ефикасни комуникациски вештини (активно слушање, повратни информации, бариери во комуникацијата, влијанието на претпоставките итн.), познавање на клучните рамки за личен развој (DISC рамка, систематско размислување, рамка за логички нивоа. итн.), развиени вештини за тимска работа и лидерство (коучинг, кризен менаџмент, решавање проблеми, јавно говорење), запознавање со основните принципи на управување со промени, стратешки пристап, динамиката на организациската култура и разбирање на социјалното влијание – сеопфатна наставна програма дизајнирана за добро оформени консултанти. Целокупниот проект има за цел да ги зајакне врските помеѓу политиките, истражувањето и практиката во областа на младите преку подобрување на нивото на докази за влијанието на младинските организации преку робусна и призната методологија за истражување. Амбицијата на проектот е да придонесе за имплементација на Стратегијата на ЕУ за млади преку зголемување на нивото на докази во однос на општественото влијание и резултатите од учењето на активностите за зајакнување на младите обезбедени од младинските организации. Оваа заедничка иницијатива обедини конзорциум од истакнати партнери, вклучувајќи ги Scouterna, Les Scouts, Junák – český skaut, Сојузот на извидници на Македонија, Извидниците од Ирска, ИМКА Европа, ИМКА Холандија и Универзитетот Мејнут.

Повторно обединување на Институтот за мировна едукација во Светата земја

Од Виктор Илиев Помина доста време од моето последно учество на некои од сесиите на Институтот за мировна едукација. Како алумни од 2015 година бев поканет да се приклучам на овој настан и да продискутираме за алатките, методите и искуствата од претходниот период. Местото на настанот беше Светата земја која исто така обезбеди дополнителен контекст за учење. Секако дека ја прифатив поканата и присуствував на настанот. 28 учесници, повеќе од 10 земји, 3 различни групи и 1 недела заедно. Беше привилегија да се работи со експерти за мировно образование, како што се Волфганг Хајнрих и Анкица Драган кои беа вклучени во оваа програма од самиот почеток обезбедувајќи знаење и методологија. Овој пат тоа беше анализа на контекстот со посебен фокус на влијанието и релевантноста на матрицата на Институтот за мировна едукација низ призмата на учесниците на овој собир. Секој ден и во секое место бевме благословени да бидеме пречекани од домаќините со исклучителна гостопримливост и грижа од нашите пријатели од Витлеем, Ерихон и Ерусалим кои ги претставуваат ИМКА на Источен Ерусалим и Меѓународната Ерусалимска ИМКА. Со не многу позитивен наратив во медиумите за овој регион се почувствував инспириран да видам и слушнам што прави ИМКА за своите корисници во многу предизвикувачки контекст – генерирање вештини, можности и надеж за целата заедница речиси еден век. И сето тоа и покрај широкиот опсег на ограничувања – затоа што луѓето во ИМКА веруваат во она што го прават. Можеби најдобриот дел од овој настан беше средбата со локалното население и слушањето на нивните приказни. Во многу аспекти се чувствувам шокиран и сочувствував со предизвиците, условите и начинот на живот на палестинскиот народ со кој имаме некои заеднички реалности и историја. Се чувствувам благодарен што можев да ги слушнам приказните од другата страна на паричката. Се чувствувам и привилегиран што имав можност да ги посетам: Витлеем, Ерихон и Ерусалим, црквата на Христовото раѓање, реката Јордан, планината на искушението, џамијата Ал Акса, црквата на Светиот гроб и други свети места следејќи ги стапките на Исус Христос и размислување за неговиот живот, патување и жртва. Сево ова длабоко понизно и можно дава многу значење и мотивација за она што го правиме и како живееме.

Впечатоци од дел учесници на еко камп SDG#13

Миа Научивме нови работи за животната средина и несомнено станавме помотивирани за да ја зачуваме истата, барем на локално ниво. Сигурна сум дека би присуствувала повторно на ваков тип настан. Сметам дека темата е опширна и има прилично многу за дискусија, а фактот дека истото можам да го правам со луѓе со сличен ментален склоп како мојот ме привлекува уште повеќе. Ана Самиот збор Еко(логија) многу ме влечи и сметам дека воопшто не сме одговорни за нашата околина доволно. Посакувам тоа да се промени и сум свесна дека почетната точка за тоа секогаш сум самата јас. Не треба да им кажуваме на другите што да прават, туку да нé гледаат ние што правиме и на тој начин да се мотивираат. Симона Еко кампот директно не вклучи во организација на наш отворен ден на кој се играа разни игри и се научија многу корисни информации за велосипедите и велосипедистите, како и заштитата на нашата животна средина со користење на велосипеди. Неколку денови низ игри учевме, а последниот ден тоа го пренесовме на децата како и на возрасните граѓани кои не посетија во градскиот парк. Играта се преточи во една преубава глетка на “БитолаНаТочак” со што завртиме еден голем круг околу нашиот град со велосипеди придружени од сите љубители на “точакот”. Сара Научив многу нешта, најпрво целите за одржлив развој за кои искрено немав обрнато особено внимание. Заедничките едукативни игри би ги издвоила како најзабавни и истите би ги применила понатаму во некоја дружба професионално или приватно. Ангела Најмногу впечаток ми остави последни од ден каде што успешно организиравме настан за деца пропратен со интересни игри поврзани со екологијата, зачувување на природата, возење велосипед. Сето тоа покрај забава и насмевка на детските лица, им пружи можност и за дознавање интересни факти поврзани со екологијата. За крај, со сигурност можам да кажам дека научив многу и овој камп ме поттикна да размислувам подлабоко за зачувување на нашата планета. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Искуството од Камп SDG#13

Од 21 до 26 август оваа година во рамки на проектот Climate change leaders/Youth led solutions, го реализиравме дневниот еко камп SDG13, поддржан од YMCA USA на кој зедоа учество единаесет 16-23 годишни млади ентузијасти, заинтересирани за екологијата, цели за одржлив развој и еко активизам од Битола. Првите три дена од кампот беа за влез и давање инпути во материјата, односно учење и продлабочување на знаењето за целите на одржлив развој, со посебен акцент на 13тата цел, климатските промени. Првиот ден кампот се одвиваше во Младинскиот Центар во Битола, додека следните два дена на отворено во Градскиот парк кој беше едногласно избран од сите учесници како место соодветно за учење за животната средина преку настава во природа. Активностите секој од деновите траеа по 3-4 часа со комбинација од работилници и вежби. Учесниците ги запознавме со мисијата на ИМКА, се запознаа меѓу себе, самостојно ги презентираа сите 17 цели на одржлив развој и имаа можност да изучуваат за циркуларна економија преку HP Life курсевите. Презентирани им беа примери за еко активизам, како во нашата земја така и од повеќе места од светот, како и разработување на актуелни еколошки проблеми и предлагање на решенија за истите. Исто така се разговараше и се предлагаа совети за зачувување на природата преку игри и занимливи активности на отворено. Третиот ден беше конкретно посветен на загадувањето на воздухот, предизвикувачи на загадување, преземени чекори за негово намалување и што ние како индивидуи можеме да допринесеме за почист воздух. Покрај другите, тука се наметна темата за начини на транспорт, нивната ефикасност, економичност и достапност на истите. Секој од работните денови завршуваше со евалуација на наученото од тековниот ден. За време на настанот најавена беше Европската недела на мобилност и можните активности кои би ги презеле ние како учесници на овој еко камп за споделување на дел од знаењата со други деца и млади на интерактивен и забавен начин. Се одлучи последниот ден од еко кампот да се одржи завршен настан целосно испланиран и спроведен од страна на сите учесници со нивни идеи и предлози, секако со целосна поддршка од тимот на ИМКА. Учесниците беа поделени во 3 тимови, и следниот ден се одржа состанок со секој од тимовите за координација каде беа избрани 15 идеи за активности на отворено со цел најава и поддршка на Неделата на мобилност. На 26.08.2023 под мотото Научи. Сподели. Вклучи се. Активирај се. започна отворениот настан во Градскиот парк во Битола со претходно подготвени игри за деца, Џенга, slack line, работилница за правење на беџови, импровизиран полигон за велосипедисти, едукативни игри и слично. Целта беше поголема свесност за велосипедизмот, здравиот начин на живот и заштитата на животната средина. Настанот беше посетен од голем број на млади од нашиот град и воведивме вело изненадувања за најдобрите посетители – велосипедисти. Среќни сме дека на настанот остваривме соработка со корпоративен партнер Алпско, како голем поддржувач на организациите кои подржуваат здрави начин на живот. После двочасовни активности со децата, настанот го завршивме со велосипедска тура низ битолските улици со велосипедисти од сите возрасти од нашиот град, како повик за поставување на вело патеки се со цел полесно и побезбедно движење на велосипедистите кои се се побројни во нашиот град.

Наоди од мониторинг: Битола – Вело град

Во периодот февруари-мај го спроведуваме проектот за мониторинг на предизборни ветувања. Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме темата за изградба на велосипедска инфраструктура. Во прилог се активностите по месеци: Февруари: Истражување на предизборни ветувањаИстражувањето на предизборни ветувања беше низ онлајн етерот следејќи поранешни медиумски објави, изјави на политичари и понудени предизборни програми. Главен предизвик ни беше што предизборните програми се повлечени од интернет просторот и за изнаоѓање на релевантен материјал контактиравме со членови на партиите кои се во градскиот Совет. Во однос на предизборните програми јавно достапна е само таа на независната група Поинаку, а во консултации со партиите ги добивме програмите и на двата најголеми коалициски блока предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Март: Истражување на општински документиСе согледуваше вклученоста на темата од предизборното ветување во постоечки официјални документи на Општина Битола (програми, стратегии сл.). Истражувањето беше електронски на официјалните општински канали како што е веб-страницата и објави на социјалните медиуми на општината. Се пребаруваа исто така и веб портали кои пренеле одредена информација за бараниот податок на темата од предизборните ветувања. Истo така се поднесе и барање за пристап до информации од јавен карактер. Покрај минатите се истражуваа и постоечки документи за тековни планирани активности во 2023 година. Април: Средби со општински функционери и советнициСе реализираа средби и разговори со клучни општински функционери и вработени во Општина Битола поврзани со темата за предизборното ветување. Конкретно се одржаа средби со Секретарот на Општината, со Раководителот на Локален Економски Развој кој воедно е и одговорен за спроведување на проектот за велосипедски патеки и разговор со Директорката на ЈП за урбанистичко планирање. Мај: Анкетно истражување и јавна информативна сесија за проект вело патекиАнкетно истраување за безбедноста и употребата на велосипедот како превозно средство и споредба на наодите од слични анкети кои ги правевме во 2015 и 2018. Со цел споделување на ставот на вело заедницата се зеде учество на комисијата за локален економски развој. Исто така се одржа и јавна информативна сесија со вклучување на сите релевантни чинители за проектот велосипедски патеки со цел доближување на последните информации за проектот на јавноста. Јуни: Споделување на резултатите од наодите со јавностаСподелувањето на резултатите со јавноста е преку неколку фокусирани објави на социјалните медиуми, гостување на регионална телевизија, вклучување во живо на национална телевизија, прилог од јавната инфо сесија, тематски подкаст, средношколски подкаст, споделување на инфографици, делење на печатена брошура, а во план се и изработка на вело мотивациски лепенки. Наоди / Резултати: Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект