Нашата мисија е да ги поттикнеме младите луѓе и да работиме на развивање на нивниот вроден потенцијал!
Во ИМКА веруваме во моќта на заедницата и влијанието на колективната акција. Без разлика дали сакате да се вклучите како член, волонтeр, практикант или да се придружите како дел од нашиот посветен персонал, има многу начини да се вклучите и да направите разлика.
Ние исто така нудиме возбудливи можности за странски волонтери преку Европскиот солидарен корпус и Мировниот корпус.
Следете ги нашите повици и придружете ни се со придонес во поттикнување на младите луѓе и подобрување на нашата заедница!