Вклучи се

Отворен повик за практикант во ИМКА преку WUS

Заинтересиран/а си за медиуми, новинарство или комуникологија? Сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш своите вештини и да ги направиш првите професионални чекори во полето на комуникациите?

ИМКА те поканува да се вклучиш како практикант/ка и да стекнеш практично искуство преку работа на реални проекти, креирање содржини и раскажување приказни за младите луѓе и активностите во заедницата.

Практикантството се реализира во рамки на Career Transition Support Programme 2026, програма на World University Service (WUS) Germany, која им помага на студентите и неодамна дипломираните млади луѓе да го направат преминот од образование кон професионална кариера.

Покрај практичното искуство, програмата нуди и:

  • Месечен надоместок од 250 евра за период од 3 до 6 месеци;
  • Менторство, кариерно советување и обуки за професионален развој;
  • Можности за професионално поврзување и истражување на идни кариерни насоки.

 

  • Период на практикантство: 3 до 6 месеци
  • Локација: ИМКА, ул. Крушево, бр. 5 (Младински центар Битола)
  • Поле на работа: Медиуми и комуникации

 

Што ќе работиш? 

– Подготовка и пишување текстови, статии и приказни за активностите и проектите на ИМКА;
– Креирање содржини за веб-страницата и социјалните медиуми;
– Фотографирање и видео-документирање на настани и активности;
– Учество во подготовка на комуникациски материјали и промотивни содржини;
– Следење на активностите на организацијата и претставување на приказните и искуствата на младите луѓе.

 

Кој може да аплицира?

Повикот е наменет за студенти од државните универзитети во Македонија кои:
– Се апсолвенти на студии по новинарство, комуникологија, медиуми или сродни студиски области;
– Дипломирале во последните 12 месеци во една од овие области;
– Се на магистерски студии во некоја од овие области;
– Се мотивирани да стекнат практично искуство и да ги развиваат своите професионални вештини;
– Имаат интерес за новинарство, медиуми, комуникации и раскажување приказни.

 

Испратете го вашето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО најдоцна до 30.11.

За дополнителни информации за програмата и условите за учество, можете да се обратите и директно до WUS Germany на northmacedonia@wusgermany.de.

Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.