Автентични приказни, вистински раст: гласовите на учесниците од Врсничката школа

Последни новости Автентични приказни, вистински раст: гласовите на учесниците од Врсничката школа Мила Николовски, Економско училиште Јане Сандански Кога првпат слушнав за оваа активност, веднаш почувствував голема љубопитност и возбуда. Имав позитивни очекувања – дека ќе научам нешто ново, ќе запознаам интересни луѓе и ќе стекнам корисни знаења и искуства. Најмногу ми се допадна тимската работа и практичните задачи, кои беа динамични и забавни. Преку нив научив нови вештини за комуникација, соработка и критичко размислување, а истовремено добив поголема самодоверба во изразувањето на моите идеи. Ова искуство ми помогна да се развивам како личност, да ги подобрам моите социјални и организациски способности и да добијам појасна претстава за моите идни цели. Стекнатите знаења можам да ги применам во секојдневната комуникација, во училиштето, како и при работа во тим и носење одлуки во различни ситуации. А најмногу корист од вакви активности би имале младите кои сакаат да се надградуваат и да стекнат нови искуства. Секако би ги препорачала ваквите програми на сите, бидејќи придонесуваат за личен развој и практично знаење. Сара Груевска, Економско училиште Јане Сандански Во школата дојдов со очекувања дека ќе си поминам убаво и дека ќе научам многу нови и корисни работи, а тие очекувања целосно се остварија. Работилниците беа особено интересни и интерактивни, а преку нив стекнав нови знаења и сознанија што претходно не ги поседував. Ова искуство ме научи на вистинските вредности и значително придонесе за мојот личен раст и самоусовршување. Сметам дека работите што ги учевме се целосно применливи во секојдневниот живот и ни помагаат подобро да се справуваме со различни ситуации. Најголема корист имаме ние, учесниците, бидејќи преку активностите учиме практични вештини кои ни се неопходни во секојдневието. Нектарија Илиевска, Гимназија САБА Искрено, школата ги исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најмногу ми се допаднаа активностите и игрите, бидејќи преку нив учењето беше интересно, активно и забавно. За време на школата научив многу нови работи и стекнав нови знаења и вештини што ќе ми бидат корисни понатаму. Сметам дека тоа што го учевме е практично и применливо во реалниот живот, а мислам дека ваков тип школа е најкорисен токму за средношколци. Стефанија Димитријовска, Гимназија САБА Пред почетокот на школата имав очекувања да дознаам повеќе информации поврзани со светот на кариерниот развој. Најинтересен дел од програмата за мене беа игрите во кои активно учествувавме и постојано бевме во движење. Преку нив научив нови игри и начини на соработка со другите. Сметам дека школата делумно, но значајно, ми придонесе во оваа област и ми даде појасна слика за темата. Работите што ги учевме се применливи во секојдневниот живот и можат да бидат од голема корист за ученици од седмо, осмо и деветто одделение, како и за ученици од прва, втора и трета година средно образование.
Трета врсничка школа на ИМКА: личен раст, комуникација и кариерно насочување

Последни новости Трета врсничка школа на ИМКА: личен раст, комуникација и кариерно насочување Во текот на изминатите три години, врсничката школа на ИМКА постепено се развиваше како простор каде младите учат да зборуваат на темите кои најчесто не го добиваат заслуженото внимание во рамките на формалното образование. По една учебна година посветена на менталното здравје и една насочена кон врсничкото насилство, овогодинешната школа ги обедини искуствата од двете претходни и ги насочи кон прашањата што младите сè почесто ги отвораат – кои сме, што нè движи и како да направиме информирани избори за иднината. Затоа, фокусот беше ставен на личниот развој, вредностите и кариерното насочување. Активностите, водени од Јовче Крстески, младински работник и психолог, се одржуваа во периодот на првото полугодие на учебната година во просториите на МЦБ и вклучија учесници од седум средни училишта во Битола. Врсничката школа се одвиваше преку серија работилници, организирани во одделни модули за личен раст и кариерен развој кои се надоврзуваат еден на друг. Процесот започна со истражување на личните вредности, потреби и интереси, како основа за градење на сликата за себе. Учесниците размислуваа за тоа што им е важно, што ги мотивира и кои фактори влијаат врз нивните избори, како и за нивното влијание врз секојдневното однесување и носењето одлуки. Подоцна, вниманието беше насочено кон разликите меѓу знаењето и вештините и нивното значење за личниот и професионалниот развој, при што младите ги согледуваа сопствените потенцијали и учеа дека личниот раст не се темели исклучиво на тоа што го знаеме, туку и на начинот на кој стекнатото знаење го применуваме во различни животни ситуации. Комуникацијата и меѓучовечките односи беа обработени како клучен дел од личниот развој. Во рамки на овие модули, учесниците ги истражуваа стиловите на комуникација или темпераментите, и нивното влијание врз односите со другите. Работата продолжи со теми поврзани со конфликтите, при што се анализираа различните стратегии за нивно решавање и врската меѓу личните карактеристики и реакциите во конфликтни ситуации. Во подоцнежната фаза од врсничката школа, фокусот беше насочен кон идентитетот, личната визија и долгорочните цели. Преку креативни и рефлексивни активности, учесниците размислуваа за тоа што ги дефинира, кои вредности ги водат и како овие аспекти се поврзуваат со нивните идни образовни и кариерни избори. Завршните модули беа насочени кон преземање иницијатива и подготовка за врсничка едукација. Учесниците работеа на планирање и структурирање на презентациите, прилагодување на содржините за различни групи слушатели и развивање на сигурност при јавно настапување. Овој дел претставуваше премин од лична работа кон активно споделување на стекнатите знаења во училишната средина. Процесот беше заокружен со доделување сертификати на учесниците кои зедоа активно учество изминатите месеци и ги реализираа предвидените врснички активности. Со оваа трета врсничка школа ИМКА продолжува да гради континуитет во врсничката едукација и да создава простор во кој младите можат да се развиваат, да се изразат и да добијат насоки и поддршка во градењето на својата иднина. Проектот беше поддржан од CVJM #SignsOfHope и Општина Битола! Фотографиите од врсничката школа и врсничките едукации можете да ги погледнете во албумот подолу.
Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [основни школи]

Home Who We Are Mission, Vision & Values Meet Our Team Governance History About YMCA What We Do Programs News Get Involved Partnerships Contact EN MK EN X Донирај Вклучи се Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [основни школи] Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! Следува период на информирање на основните училишта низ градот, а селектираните ученици ќе треба да се пријавуваат на формата за пријавување која е споделена подолу. Деталите се искомуницирани со предвидените основни училишта и регрутирањето на ученици е во тек! „Врсничка школа против врсничко насилство“ е проект на Младинска асоцијација ИМКА кој има за цел да ја подигне свеста за врсничкото насилство преку едукација на ученици. Учениците се обучуваат да станат врснички едукатори, учат за видови насилство, стилови на комуникација и ненасилни методи на решавање конфликти. Проектот вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата. Проектот е воден од младински работници на ИМКА и самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, а потоа ќе се реализира врсничка едукација во вклучените основни училишта во Битола. Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација. Кој може да се пријави? Ученици во 8мо и 9то одделение во Битола Мотивирани за да научат повеќе за темата и да дадат придонес за спречување и намалување на врсничкото насилство Отворени се да ги споделат стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта Сакаат да работат со млади и во иднина Како да се пријавите? Со пополнување на формуларот на овој линк. Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме! Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ сите основни училишта во градот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Врсничка школа против врсничко насилство

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Врсничка школа против врсничко насилство Во септември се започна со селекција на врснички едукатори на „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! После информирање и консултација со средните училишта во Битола се започна соработката со 6 средни школи кои избраа заинтересирани ученици. Во следниот период тие поминаa серија на работилници, практична примена на знаењето и на крајот на полугодието станаа врснички едукатори. Во следниот период од два месеци, нова група на ученици подетално се запознаваа со појавата на врсничко насилство и нејзините последици, споделуваа искуства и учеа како да ја адресираат до стручните служби и возрасните и секако, подобро да ја разберат. Теми на кои посебно се задржавме се: Стилови на комуникација (проследени со вежби од кои гледавме како нашето однесување и комуницирање игра улога во тоа какви пораки испраќаме во нашата околина) Поимот моќ и влијание Видови на насилство (физичко, психичко, социјално и сајбер-насилство) и Поимот ненасилна комуникација, како пристап за кој секој еден може да биде подготвен и да се научи да го применува во своето секојдневие. Следните 2 работилници во одвиваа во една по поинаква атмосфера каде што учесниците најпрво преку водена медитација размислуваа за врсничкото насилство, без разлика дали им се случило нив или биле сведоци на истото, а потоа преку уметност сето тоа беше изразено индивидуално. Преку боите и креативноста со цртање и создавање на уметнички дела тие споделија што значи да се чувствувате поддржани од врсниците и како сите можеме да играме улога во ставањето крај на малтретирањето. Секоја слика е своја приказна за издржливоста, емпатијата и надежта. Врсничката школа ја водеа психолог и младински работник од ИМКА. По завршувањето на 4-те модули и 2те арт работилници кои го обработуваа врсничкото насилство и темите поврзани со него во нашата локална средина, обучените ученици – врснички едукатори спроведоа презентација пред своите ученици и својот клас до крајот на декември оваа година. Овие врснички едукации беа многу добро прифатени од училиштата, стручните служби, но пред се од самите ученици за кои што беа посветени едукациите. На крајот на учебната година, имавме свечено доделување на сертификатите на врсничките едукатори кои успешно ја завршија едукацијата против врсничкото насилство и одржаа работилници и едукации во своите училишта. Целта на овие работилници беше подигање на свеста за оваа појава со цел нејзино намалување. Со активности продолжуваме и во второто полугодие со ученици од основните училишта во Битола. Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е поддржан од CVJM #SignsOfHope и Општина Битола се реализира во соработка со 6 средни училишта во градот. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [средни школи]

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт MK MK EN X Донирај Вклучи се Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [средни школи] Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! Следува период на информирање на средните училишта низ градот, а селектираните ученици ќе треба да се пријавуваат на формата за пријавување која е споделена подолу. Деталите се искомуницирани со предвидените средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек! „Врсничка школа против врсничко насилство“ е проект на Младинска асоцијација ИМКА Битола кој има за цел да ја подигне свеста за врсничкото насилство преку едукација на ученици. Учениците се обучуваат да станат врснички едукатори, учат за видови насилство, стилови на комуникација и ненасилни методи на решавање конфликти. Проектот вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата. Проектот е воден од младински работници на ИМКА и самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, а потоа ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола. Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација. Кој може да се пријави? Средношколци од прва, втора и трета година во Битола Мотивирани за да научат повеќе за темата и да дадат придонес за спречување и намалување на врсничкото насилство Отворени се да ги споделат стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта Сакаат да работат со млади и во иднина Како да се пријавите? Со пополнување на формуларот на овој линк. Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме! Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ 6 средни училишта во градот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Обуки за врснички едукатори за ментално здравје [модул 1,2,3]

Во ноември и декември минатава година реализиравме серија на обуки на теми за ментално здравје за врсничките едукатори од основните и средните училишта и факултетите во Битола. Првиот модул на обуки за ментално здравје беше на темата за анксиозност и депресија. Според експертите од областа на психолошките науки, анксиозноста е состојба која се поврзува со чувството на страв, а депресивноста е состојба која се поврзува со чувството на тага. Нивното препознавање и развивањето лични стратегии за справување со овие состојби е она кое што е неопходно за одржување на хармонично ментално здравје. Овој модул го комплетираа 58 врснички едукатори поделени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темите за анксиозноста и депресивноста. За секоја од овие теми се дискутираше што значат како состојби на младиот човек, кои фактори ги предизвикуваат, кои се симптомите, како да си помагаме себе си и како може да им помагаме на другите. Вториот модул на обуки за ментално здравје беше на темата за ризични форми на однесување. Притоа се дискутираше што значи ризик и ризично однесување, како е тоа однесување поврзано со менталната благосостојба на човекот, кои фактори го предизвикуваат, зошто е особено значајна појава кај младите и како младите да препознаваат кај себе почетоци на ризично однесување со цел да си помагаат себе си и да го препознаваат кај другите. Овој модул го комплетираа 48 врснички едукатори составени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темата за ризични форми на однесување. Во рамките на обуките се дискутираше што значат и како се манифестираат овие типови на однесувања, колку се присутни и во какви форми во нашето секојдневие во училиштата во градов, како овие состојби влијаат на младиот човек, кои фактори ги предизвикуваат и како може да им помагаме на другите и да делуваме превентивно. Третиот модул на обуки за ментално здравје беше на темата градење на отпорност, издржливост и резилиентност. Се дискутираше што значи резилиентност, како се учи и како оваа способност е најважниот фактор за одржување на психо-физичката рамнотежа. Оваа способност е онаа која ги собира нашите лични сили и ги насочува кон она што е со најголема смисла во дадениот момент со цел да се преброди ситуацијата во која се наоѓаме, да се опстане и да се трансформира искуството во кое што сме се затекнале. Тоа е она што младите може да го учат со цел да си помагаат себе си и да им помагаат на другите. Овој модул го комплетираа 42 врснички едукатори составени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темата за градење отпорност, издржливост и резилиентност. Во рамките на обуките се дискутираше за начините како да станеме отпорни на сеприсутните негативни влијанија во надворешната средина и опкружувањето, како да издржиме или да се справиме со ситуациите во кои сме втурнати или вклучени со или без наша волја и согледување на начини за градење трајна резилиентност и мир со себеси и со другите. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.
Почеток на врсничката школа за ментално здравје на деца и млади

Еден од најважните елементи на проектот е самата врсничката школа преку која е планирано да се направи значајно голем опфат на темата ментално здравје. Во втората половина на септември и октомври работевме на анимирање на образовните установи Битола со фокус на основните и средните училишта, како и факултетите. Исто така во овој период работевме на промовирање на отворените повици за проектов и регрутирање на основци, средношколци и студенти кои се мотивирани повеќе да научат за менталното здравје за себе и за своите врсници во поглед на препознавање на одредени состојби, но и како да се постапува во истите со цел да си помогнат себеси и на врсниците од околината. Завршивме со оваа фаза и време е за акција! Денешниов настан беше токму тоа. Се собравме сите врснички едукатори, психолози, педагози и др. Од стручните служби на училиштата со цел обележување на почетокот на проектот проследено со интересна програма. Настанот ги воведе учесниците во предвидените активности и динамиката за следниот период до крајот на школската година. Се направи распределба на врсничките едукатори врз основа на возраст/генерација и смена на училиште со цел подобро планирање на претстојните обуки во насока да нема пропуштање и пореметување во редовната настава на училиштата и учениците. Формиравме пет групи врснички едукатори од кои две со основци, две со средношколци и една со студенти. Групите имаа серија задачи низ кои требаше да поминат и притоа да се запознаат со темата, да се запознаат со своите врсници со кои ќе работат во следниот период, да си ги изградат идентитетот на групата и да го одговорат воведното истражување во темата со цел согледување на почетната состојба за нив на темата ментално здравје. Исто така, ги продискутиравме воспоставените канали на комуникација за следниот период и сите формалности кои се потребни за непречено одвивање на претстојните обуки. Обуките ќе се засноваат на принципите на неформално образование и ќе се одвиваат во општинскиот Младински Центар во Битола до крајот на Февруари следната година. Врсничките едукатори ќе учат и ќе разговараат со нивните врсници за менталното здравје покривајќи теми како што се: анксиозност и депресија, ризично однесување, што значи – насилно однесување/врсничко насилство, самоповредување и злоупотреба на супстанции, градење издржливост и самодоверба кај децата и младите и дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Проектот предвидува следна фаза во второто училишно полугодие каде што овие врснички едукатори ќе спроведуваат работилници за едукација на своите врсници во нивните училишта и факултети и ќе го споделат стекнатото знаење со крајните корисници/нивните врсници во неформален амбиент. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект