Сведоштва 2016

Последни новости Сведоштва 2016 Група учесници – Интеркултурна размена во Троген, Швајцарија ”Имавме прилика 2 недели да живееме во детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија. Таму имавме заедничко живеење во куќите, многу се сложувавме за се, секој си имаше свои задачи и обврски. Научивме да не се согледуваме во разликите, да ги заборавиме стереотипите и да имаме повеќе почит меѓу нас. Секако дека уживавме и во убавините на Швајцарија и од секој град ќе понесеме со себе убави моменти. Бевме тажни дека го напуштаме ова прекрасно место, но и среќни дека ние осуммина нема да сме повеќе исти, тулку нови личности со поинакви идеи и цели.” Наталија Дамчевска: од Швајцарија јас се вратив со стекнати многу навики, како и стекнато ново знаење во врска со темите што ги обработувавме. Запознав многу пријатели од Македонија и Србија. Со еден збор за мене оваа размена беше нешто што ќе го паметам цел живот. Матеа Наумовска: за мене оваа размена беше едно чудесно доживување. Таму го проширив мојот круг на пријатели, добив поголемо знаење и се вратив дома со променети мислења. Најинтересни ми беа прошетките и писмото за себе, кое треба да го добиеме по неколку месеци. Се надевам дека секој ќе има шанса во животот да го добие ова искуство. Кристијан Лазески: престојот во Швајцарија беше многу интересен и јас се вратив со многу аргументи со кои можам слободно да му се спротивставам на луѓето кои дискриминираат. Работилниците беа многу ефективни и интересни. За дружењето немам зборови и сеуште сум во контакт со сите други учесници. Европски Солидарен Корпус „На мојот ЕВС го подобрив својот англиски јазик и научив да возам помошно возило кое го користеа за работа во фармата. Потоа сфатив дека живеењето и дружењето со луѓе од различни култури е предизвик, но и забавно од друга страна. Возењето со велосипед до работа може да биде понапорно од самата работа. Исто така сфатив каде сакам да живеам.” Васко Ристевски „Најголем впечаток ми остави посветеноста на менторот во врска со работните задачи, големата грижа, како и фактот што имав шанса за запознавање на историјата на градот. Топлината на луѓето беше изненадувачка и на пауза од работа ручавме со семејството, при што се почувствувавме како дел од фамилијата. Патував низ многу градови низ Холандија и овој проект ги исполни моите очекувања.” Мартин Ангелов „Запознав луѓе од различни држави и некои од нив беа заинтересирани за учење на знаковен јазик, при што поминав некое време, подучувајќи ги и тоа ме исполни. Но она што најповеќе ме израдува, дури и наежи беше постапката на нашиот 67 годишен ментор кој се потруди да најде, спушти и научи да работи на апликација која преведува англиски јазик на знаковен, со што овозможи нашата комуникација да оди многу добро и брзо.” Радмила Периќ Обука „Re-connection, Чешка Се уште го слушам ехото од оваа прекрасна песна, која ме потсетува на неповторливата авантура за самоспознание. Ова ново патување беше насловено „Re-connection, волшебен проект кој се одржа во идиличниот дел на планините Rychlebske во Чешка. Овој толку близок, необичен контакт со природата беше најавтентичниот начин да се продре во најчистите делови кои ми ја полнат душата, од наискрената причина било да сакам да го постигнам тоа или ова во животот. Патувањето беше одлична можност за прв пат да се концентрирам подетално на себеси и да размислам за сите работи кои сум ги искусила досега. За целата атмосфера исто така многу придонесоа менторите со поддршката коа ни jа дадоа, а исто така и групата во целина. Ова несекојдневна можност беше едно ново поглавје во градењето на мојата личност и карактер. Беше едно бесценето, пријатно искуство со нови луге, прекрасна природа и најважно, можност за повторно соединување со себеси. Ова патување беше почеток на доживотен процес за еден значаен дел од човечкиот живот – откривање и верување во себе. Павлина Велјановска
„Wonderful Days“ во Данска 2016 година
Последни новости „Wonderful Days“ во Данска 2016 година Минатата година го посетив GLOW Camp, кој ми даде неверојатно искуство, а оваа година го посетив „Wonderful Days“, фестивалски камп во Данска. Ќе се обидам да го опишам ова искуство, но не сум сигурен дали ќе го направам правилно, бидејќи нема доволно зборови за тоа. Прво останавме во Архус, а потоа отидовме на местото на фестивалот. Деновите во Архус беа неверојатни, како и нивната програма. Имавме предизвик кој ни даде можност да го истражиме тој прекрасен град со групите што тие ги направија. Исто така, сите активности имаа за цел да ни ја покажат важноста на довербата, тимската работа, солидарноста и емпатијата. По Архус отидовме на местото на фестивалот. Тоа беше моето прво кампување (со шатори), па бев навистина возбуден поради тоа. На фестивалот имаме многу концерти, но и забава. Имаше различни шатори како вештини, спорт, музика, див свет, куќа на дрво… Она што најмногу ми се допаѓа во активностите за време на фестивалот беше ноќта кога имавме предизвик како да преживееме или подобро кажано имавме обележан пат, моравме да го следиме и имаше различни предизвици што требаше да ги поминеме. Прекрасните денови се незаборавно искуство – шанса да ја истражите Данска, да запознаете нови луѓе, да стекнете нови пријатели, да пробате нови работи, да видите нови култури. Навистина сум среќен затоа што имав можност да го пробам ова и пред се сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои помогнаа да се организира и направи фестивалот неверојатен.
ИМКА Берлин работен камп 2016 година

Последни новости ИМКА Берлин работен камп 2016 година Од Марија Томевска Во периодот од 19ти Август до 28ти Август во Берлин беше одржан тринационален Работен камп организиран од YMCA на кој учество зедоа млади 25 претставници од Македонија, Германија и Франција. Учесниците беа сместени во уникатниот простор на младинскиот хостел Gaste-Etage кој се наоѓа на улицата Osloer, каде што во текот на кампот дејствуваа како едно големо и сложно семејство, каде секој учесник секојдневно се грижеше за подготовка на храна и одржување на просторот во најдобар ред. Првиот ден започна со меѓусебно запознавање на учесниците од трите држави со помош на интересни игри за запознавање, по што следеа и јазични анимации. Во текот на целиот работен камп, учесниците користеа изнајмени велосипеди со цел побрзо движење низ Берлин и на тој начин поблиску се запознаа со убавините на германската метропола и чувството на слобода која ја носи возењето велосипед. Со велосипедите го посетија аеродромот Tempelhof кој повеќе не е во функција, туку тој сега е претворен во еден голем слободен простор каде жителите и туристите го поминуваат своето слободно време возејќи велосипеди, скејт борди и правење пикник. При посетата на аеродромот тие одблиску се запознаа со концептот на Урбани градини и разгледувајќи ги истите, добија идеи на кој начин да се изврши уредувањето на урбаната градина која требаше да никне во близина на Францускиот центар во Берлин. Учесниците се поделија во две групи од кои првата група беше задолжена за расчистување на депонијата која била наталожена во близина на Францускиот центар во Берлин, а каде што требаше да никне Урбана градина, додека пак втората група извршување активности во работилница каде што креираше мебел и реквизити од дрвени палети и други природни материјали кои потоа треба да се постават во Урбаната градина. Работниот дел се одвиваше секојдневно во траење од 4 часа по што следеа јазични анимации во Францускиот центар. Во текот на слободното време учесниците го посетија Бундестагот, Паркот Mauer, Alexanderplatz, Берлинскиот ѕид, Меморијалниот музеј на евреите, Tiergarten, а еден ден уживаа во пливањето во едно од повеќето езерца во близина на Тегел аеродромот. Особено интересна вечер беше интернационалната вечер каде сите учесници подготвуваа традиционална храна од нивната држава, по што се презентираа специјалитетите и локалните пијалоци, се разменуваа рецепти и се пееја традиционални песни. Последниот ден од кампот беше резервиран за претставување на Урбаната градина која беше успешно изработена од страна на учесниците, а која никна на местото на претходно исчистената депонија во близина на Францускиот центар во Берлин. Беа засадени растенија во големи саксии од страна на сите учесници на кампот, а како завршен настан беше организирана забава, каде се приготвуваше скара, се пиеше германско пиво и беа повикани граѓаните од околните згради да ни се придружат на забавата. По завршувањето на официјалниот дел на кампот, сите учесници го споделија нивното задоволство од успешно организираниот камп и начинот на кој се водеа јазичните анимации, а кои помогнаа во учењето на македонскиот, германскиот и францускиот јазик од страна на сите учесници. Освен што овој камп беше насочен кон учење на трите јазици, големо задоволство ни причини тоа што во текот на деновите трите навидум различни народи, се зближија и одлично соработуваа, што наведува на тоа дека сепак, ние, младите од Европа, не сме толку ралични.
Шест придобивки од летните кампови

Последни новости Шест придобивки од летните кампови Со генерации, децата го поминуваат летото посетувајќи дневни и повеќедневни кампови, испробувајќи нови активности, како што се пливање, планинарење и други спортови. Но, многу семејства не успеваат да ја доловат вистинската суштина на кампувањето, а тоа е можноста децата да развијат важни животни вештини, кои многу тешко дека ќе ги стекнат во друга средина. Во продолжение се наведени неколку од многуте придобивки кои децата ги стекнуваат за време на камперското искуство. 1) Камперите стекнуваат животни вештини кои им се неопходни за трансформирање во успешни, возрасни личности За време на кампувањето децата се стекнуваат со важни животни вештини. Всушност, организацијата ,,The Partnership for 21st Century Skills’’ (која се состои од група бизнисмени, лидери во образовната сфера и политичари) открива дека постои голем јаз помеѓу знаењето кое учениците го стекнуваат во склоп на формалното образование и вештините кои им се потребни за да бидат успешни во 21 век. По сеопфатно истражување, организацијата се стекнала со заклучокот дека некои од вештините кои се неопходни за да се стане возрасна личност се комуникација, соработка, креативност, лидерство, социјализација, како и способност за решавање проблеми. Сите овие области се негуваат во камперска средина. Камперите постојано комуницираат помеѓу себе и учат како е да се работи во тим и како дел од камперската заедница. 2) Кампувањето помага во градењето на целосната личност на детето Учењето е многу повеќе од решавање тестови и добивање добри оцени. Кампот е совршена средина за учење и одлично место за социјална едукација на детето, бидејќи дава можност да се испробаат многу нови активности. Совладување на активностите резултира поголема самодоверба. Исто така, со тоа децата се дел од средина во која постојано се дава поддршка и во која активност се реализираат заеднички, кај нив се развива социјални вештини, како и вештини за решавање проблеми. Секојдневно соочување со предизвици поттикнува целокупен личен развој кај камперите. 3) Кампувањето ги држи децата подалеку од технологија Денешните деца поминуваат повеќе од 7.5 часа дневно во користење на технологија, што го намалува времето за суштински практични активности и за социјализација. Повеќето летни кампови имаат забрана за употреба на технологија, односно не е дозволено да се користат телевизори, паметни телефони, таблети и лаптопи. Паузата од технологија за време на летото им овозможува на децата да комуницираат лице во лице и така да остварат непосредна комуникација. 4) На камп доста време се посветува на игри, со цел да се поттикне социјален и емоционален развој кај децата Одржувањето рамнотежа помеѓу училишните обврски, домашните задачи и други активности кои се сепак поврзани со училиштето, не остава многу простор за игра. Американската асоцијација на педијатари изјави дека неструктурираните игри се здрави и непходни за децата, поради тоа што тие им овозможуваат да достигнат значајно ниво на социјален, емоционален и когнитивен развој. Воедно, игрите им помагаат на децата полесно да се справат со стресот. Во таа насока, на традиционалните летни кампови има доста време предвидено за игри со цел да се одржи здрав емоционален и социјален развој. 5) За време на кампувањето децата откриваат многу нови работи за себе Во текот на школската година, учениците постојано се во контакт со истите личности. Тоа може да се доведе до одредено етикирање на некој ученик од страна на соучениците, со што се создава одредена перцепција за тој ученик како на пример, дека е трудољубиво, тивко и сл., но во поинаква средина тоа може да покажува различни карактеристики, осносно може да биде темпераментно. Децата кои одат во камповите се среќаваат со сосема нова група на луѓе во различно опкружување, така што често се случува детето да излезе од рамките на категоризацијата доколку му се даде шанса. За време на кампувањето децата откриваат многу нови работи за себе и за тоа какви би сакале да бидат, што им овозможува да стекнат поголема самодоверба. 6) Кампувањето поттикнува независност Кампувањето им нуди можност на децата да станат понезависни. Без разлика дали станува збор за само еден ден или цело лето, фактот што камперите се разделени од родителите ги тера да научат да се потпираат врз себе и врз други врсници и возрасни. Разделбата од родителите му дава можност на детето независно да размислува и со тоа да ја зголеми својата самодовербa.
Летен камп за млади лидери кој „дава крилја“ – фантастично искуство за сите

Последни новости Летен камп за млади лидери кој „дава крилја“ – фантастично искуство за сите Од Јовче Крстески Мај 2016, месец на неповторливи моменти, многу нови усвоени знаења и бесценето искуство кое ќе остане во мене засекогаш. Не беше обично патување, туку можност да се пронајдам себеси, да запознаам нови луѓе и нова култура, да си го проширам знаењето, вештините и креативноста, да си ја осознаам суштината и она што ме радува. Всушност, ова волшебно патување беше една ентузијастичка обука за кампови насловена „Empowering Summer Camp Youth Leaders“, или „ESYL“ Обуката се одржа во Холандија, прекрасната зелена рамница богата со лалиња, канали и велосипеди. Љубезноста, учтивоста и дружељубивоста на холанѓаните ја прават земјата уште понеодолива. Во центарот на Холандија се наоѓа малото гратче Leusden и во близина е YMCA кампот, местото каде што се одржа обуката. Кампот беше величествен, сместен во густа шума, еден куп шатори наоколу, од кои некои веќе беа подготвени за нас. Кога стигнавме до нашиот дел од кампот бевме пречекани од група љубезни литванци, полни со позитивна енергија, исто како и ние. Се замуабетивме уште одма. И додека останатите кампери пополека доаѓаа, ние топло ги пречекувавме, исто како што нас не пречекаа литванците. По нас пристигнаа Романија, Холандија, Косово и Молдавија. Со секое наредно доаѓање еуфоријата и возбудата растеа. Разговорот меѓу нас камперите течеше толку добро, што делуваше како да се познаваме цел живот, без непријатни моменти и црвенеење. Сите сакавме да дознаеме нешто повеќе за земјите на останатите учесници, за културата, секојдневието, навиките, храната, традицијата… По малку осеќав и културен шок, со оглед на тоа што луѓето ги познавав само два часа, но сфатив дека запознавањето нови луѓе и карактери всушност ми годи. За време на вечерата сите бевме измешани – во тој момент сфатив дека кампот ќе биде одличен. И навистина беше така! Не само поради запознавањето нови супер луѓе, туку и поради тоа што добив можност да се оспособам за предизвиците кои ми претстојат во иднина. Научив како да бидам добар лидер, оратор, тимски играч, да развијам менаџерски способности, да водам работилници, научив како да се справувам со разни ситуации, си открив нови таленти, стекнав вештини и се мотивирав. Програмата не подучи како да ја изнајдеме вистинската комбинација за успех, за нашиот личен успех. Врските помеѓу нас учесниците се зајакнаа во текот на работилниците. Деновите ни беа исполнати со многу интересни активности и учење, а слободното време го користевме да поиграме пинг-понг или одбојка, на трамболината, во дискутирање различни теми на клупите, за време на вечерата или на пат до шаторите. Сѐ што се случување таму беше прекрасно – од правење склекови ако закасневме, пеење „Cheap thrills“ и „YMCA“, останување касно за да играме игри, до смеење и уживање со луѓе кои не знаат добро англиски, но не ти е важно, сакаш само да се забавуваш. Си легнувавме касно, станувавме рано, но полни со енергија за предвидените активности, за дружење. На заминување не растажија силните прегратки, но исто така бевме среќни бидејќи знаевме дека некогаш ќе се сретнеме повторно… Секоја секунда, секој момент беа магични и за паметење. „ESYL“ не беше само обичен камп; беше едно прекрасно патување. Необично, слатко и јако. 😀
Импакт самит GLOW и YMLP 2016 година

Последни новости Импакт самит GLOW и YMLP 2016 година Во сабота, на 28-ми јануари меѓународните училишта НОВА беа домаќини на јануарскиот импакт самит организиран од организациите „Девојки што го водат нашиот свет – (GLOW)“ и „Проект за лидерство на млади мажи – (YMLP)“. Целта на настанот беше да ги собере персоналот и камперите од камповите GLOW и YMLP 2016 година за да ја истакне услугата што камперите и персоналот ја завршија во нивните домашни заедници и во нивниот локален клуб GLOW или YMLP и сами. Настанот исто така беше одличен начин да се соберат персоналот и камперите од GLOW и YMLP 2016 за да се запознаат со она што сите го прават во кампот во летото.