Од идеи до акции: дигитални центри, игри и влијание во заедницата

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Од идеи до акции: дигитални центри, игри и влијание во заедницата Настанот „Од идеи до акции: дигитални центри, игри и влијание врз заедницата“, чиј домаќин беше ИМКА Словачка, беше супер можност за нас, да бидиме дел од претставниците на 22 национални движења, да се поврзиме со партнери од технолошкиот сектор на нашето европско движење, како HP, Accenture и Microsoft. Почнувајќи од 2023 година, ги здруживме силите со HP Inc. за да ги опремиме младите со алатки и дигитални вештини што им се потребни за да бидат подготвени за иднината на работните места – како и да бидеме дел од мисијата на HP Inc да го забрза дигиталниот капитал за 150 милиони луѓе до 2030 година. Оваа заедничка мисија е дизајнирана да ги истражи можностите за имплементација на решенија за дигитално образование и вештини во нашите заедници, доближувајќи ја технологијата до корисниците, промовирајќи дигитално вклучување и олеснување на употребата на дигиталната сфера како алатка за младинска работа, комуникација и ангажман во заедницата. Среќни бевме за учеството на говорници од висок профил како што се Директорот за Централна и Источна Европа во HP Inc, лидерот за партнерства и програми за социјално влијание во HP Inc, Директорот за одржливо влијание за глобалните комуникации во HP Inc, дигиталниот корпорациски менаџер на HP Accenture Словачка, Директорот за вештини за социјално влијание во западна Европа во Мајкрософт, како и претставник од Министерството за образование – Словачка. Низ неколку панел дискусии тие одржаа инспиративни сесии за дигитална рамноправност, вештачка интелигенција, игри како можност за развој на вештини и дигитални центри како столбови на заедницата, обезбедувајќи им на нашите претставници на националното движење непроценлива експертиза и иновативни чекори за спроведување низ Европа. Овој настан беше значаен чекор кон премостување на јазот помеѓу технологијата и развојот на заедницата. Со здружување на претставници на ИМКА и експерти од индустријата, настанот поттикна соработка, споделување знаење и стратешко планирање за дигитално вклучување. Сега, покрај користењето на технологијата на HP со HP LIFE платформата, ИМКА ќе го имплементира решението HP Gaming Garage, водечка програма за едукација за игри и создавање дизајнирана да ги поттикне вештините за програмирање, дизајн и прототипови. Со пристап до курсевите за сертификати за професионален менаџмент на еспортови и развој на игри, младите ќе имаат пристап до преносливи вештини за идни работни места во секторите бизнис, медиуми и ИКТ. Дизајниран од водечки универзитетски професори за HP Inc и хостиран на edX, HP Gaming Garage нуди бесплатен пристап до 82 модули, достапни на англиски јазик со преводи на 11 дополнителни јазици. За време на оваа дводневна работилница, сите учесници беа поканети на предизвик за дизајнирање проектна идеја за тоа како да се започне Gaming Garage во нашите центри, а најдобрите три идеи би биле претставени и финансиски поддржани за имплементација. Многу сме среќни што нашата идеја „Pay it Forward “е меѓу трите победнички идеи и наскоро ќе почне да се имплементира од нашата ИМКА и ИМКА Албанија. Благодарност до сите партнери и ИМКА Европа за сета поддршка што им ја нудите на нашите центри и можности што им се нудат на младите луѓе и заедниците. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Младинскиот Центар низ бројки 2024

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Младинскиот Центар низ бројки 2024 Во мај 2023 година, во Битола беше отворен Младинскиот центар, се со цел да обезбедиме безбеден и инклузивен простор преку различни програми, активности и менторство, каде што имаме за цел да го поттикнеме личниот развој, да негуваме лидерски вештини и да создадеме чувство на припадност кај младите. Со Младинскиот центар раководат 3 младински организации од Битола, ИМКА Сфера Интернационал и МКЦ. После успешно поминатата 2023 година, со вкупно опфатени 2 651 корисници и повеќе од 200 одржани активности, продолжи работата на младинскиот центар со уште поголем ентузијазам и желба за што поголем број на учесници и активности. Во однос на осумте претходно поставени конкретни цели на овој центар, се понудија програмски активности кои во голема мера се исполнети. Овозможен е безбеден простор каде младите можат да си го поминуваат своето слободно време, да ги развиваат своите компетенции, да им се поттикне претприемачкиот дух, промовирани им се здрави животни навики, како и подигање на еколошката свест, информирање за можностите за неформално образованиe, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството. Во периодот на известување од 01 јануари до 31 декември 2024 година: – беа опфатени 4,469 корисници преку 300 различни активности, од кои голем број од нив се одржуваа повеќекратно. Активностите беа понудени од страна на младинските работници на МЦБ или од различни понудувачи на младинска работа, односно над 15 различни понудувачи за младинска работа ги користеа просторите на Младинскиот Центар Битола за да ги остварат своите активности. Најпосетувани теми беа: дигитално образование, ментално здравје, животна средина, младинско учество и младински политики како и забавните/друштвени активности. Би сакале да издвоиме две програмски активности, водени од ИМКА: Клубот за дигитално образование е втора година по ред еден од најпосетуваните клубови во центарот, се со цел да се постигне поголема дигитална писменост кај младите, како и Врсничката школа за ментално здравје и деца која што со 60тина врснички едукатори, опфати околу 2000 учесници во сите училишта во Општина Битола, како и врсничката школа против врсничко насилство која опфати околу 170 учесници од средните училишта. Активностите на оваа школа продолжуваат и во 2025 година, со фокус на учениците од основните училишта во Општина Битола. Резултатите од работата на МЦБ во периодот од 01 јануари до 31 декември 2024 година се доказ на посветеноста за континуирано работење и организирање активности со цел професионален и личен развој на младите во Битола, како и за поттикнување на нивно учество во донесувањето одлуки значајни за нив во нивната локална заедница. Успехот на програмите е очигледен најмногу преку континуираното зголемување на бројките на посетеност на активностите на младинскиот центар, со што во годишниот период за 2024 година се достигнати поголеми бројки од вкупните посетители во минатата 2023 година. Тоа е резултат на посветеноста на организациите кон унапредување на МЦБ и зголемување на неговата препознатливост кај младите. Целосниот годишен извештај на младинскиот центар на македонски јазик е достапен на веб-страницата на Младинскиот центар. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Сведоштва на учесниците на Школата против врсничко насилство

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Сведоштва на учесниците на Школата против врсничко насилство Михаела На обуката за врсничко насилство имав можност да држам презентација пред 40 ученици и двајца психолози во моето училиште. Беше огромно искуство за мене, но истовремено и голем предизвик. Најмногу ме плашеше тоа дали ќе успеам да го задржам вниманието на сите, особено кога знаев дека ќе ме слушаат не само ученици од прва и втора година, туку и професионалци. Тремата и стравот од грешки беа постојано присутни бидејќи ми беше важно мојата порака да биде јасна и добро разбрана. Кога заврши презентацијата, ми олесна и се почувствував многу среќна и опуштена. Иако имав страв, успеав да го совладам и да ја пренесам темата со посветеност. Беше прекрасно да видам како моите зборови влијаат врз учениците, а и да слушнам позитивни повратни информации од сите нив. Тоа ми даде дополнителна мотивација и самодоверба. Дефинитивно би презентирала пак. Секое ново искуство од ваков тип ми помага да се подобрам и да се чувствувам посигурно во себе сега, но и за во иднина. Гледам на тоа како шанса да растам и да го пренесувам своето знаење на други. Кога станува збор за работа со основци, со задоволство би прифатила. Верувам дека работата со помлади ученици е исклучително важна, бидејќи тие се во период кога најмногу учат и се формираат како личности. Би сакала да им помогнам да научат како да се справуваат со насилство и да создаваат позитивни односи со луѓето околу нив. Преку ова искуство уште повеќе сфатив дека се пронаоѓам во психологијата каде сакам да се развивам во иднина. Сакам да продолжам да работам со млади луѓе, да ги инспирирам и да им помагам да се справуваат со предизвиците што ги носи животот. Предраг Јас сум Предраг, имам 15 години и учам во средното техничко училиште. Правев презентација пред отприлика дваесеттина деца и учевме за справување со врсничкото насилство. Од презентацијата јас многу научив за себе, но и за другите. Научив дека имаат проблеми и луѓето кои го вршат насилството, а не само тие кои се жртви на истото. Огнен Јас сум Огнен, ученик во техничкото училиште во Битола и бев врснички едукатор од Школата против врсничко насилство. Пред да почнам со презентацијата се плашев дека можам многу лесно да се збунам и да не бидам разбран или да ја заинтересирам публиката, но тоа веднаш се смена штом почнав да презентирам. Од кога заврши презентацијата се осеќав убаво, олеснето и исполнето дека помогнав во подигање на свеста за врсничкото насилство што се случува во денешното општество. Дефинитивно би сакал да презентирам пак и пред мои врсници, но и пред основци за оваа тема, заради тоа што темата е од големо значење за сите. Нектарија Јас сум Нектарија Илиевска, ученичка во втора година во гимназијата САБА. Пред да дојдам на оваа работилница имав страв од презентација пред многу луѓе, пред деца, како и запознавање со нови деца, но како што врвеше времето со секоја нова работилница се запознававме со децата. Кога требаше да презентираме и ние како врснички едукатори во нашите училишта нештата се променија и бев многу опуштена. Мило ми е што многу учесници се опуштија и почнаа да споделуваат свои искуства, дали тие биле насилници или пак трпеле насилство. И се надевам дека во иднина повеќе ќе се приклучуваат кон вакви работилници за да влијаеме на намалување на насилството. Теодора П. Јас сум Теодора, учам во средното медицинско училиште и имам 16 години. За оваа презентација сметам дека беше корисна и дека научив многу нови работи. Знам дека оваа презентација ќе ми користи и понатаму и знам дека тие што ме слушаа ќе дознаат нешто повеќе што всушност претставува врсничкото насилство. За презентацијата воопшто немав трема и никој не треба да има трема. Не е ништо страшно и доколку си едуциран за тоа што зборуваш тогаш е лесно да се искажеш за сите оние кои сакаат да те слушаат. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Врсничка школа против врсничко насилство

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Врсничка школа против врсничко насилство Во септември се започна со селекција на врснички едукатори на „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! После информирање и консултација со средните училишта во Битола се започна соработката со 6 средни школи кои избраа заинтересирани ученици. Во следниот период тие поминаa серија на работилници, практична примена на знаењето и на крајот на полугодието станаа врснички едукатори. Во следниот период од два месеци, нова група на ученици подетално се запознаваа со појавата на врсничко насилство и нејзините последици, споделуваа искуства и учеа како да ја адресираат до стручните служби и возрасните и секако, подобро да ја разберат. Теми на кои посебно се задржавме се: Стилови на комуникација (проследени со вежби од кои гледавме како нашето однесување и комуницирање игра улога во тоа какви пораки испраќаме во нашата околина) Поимот моќ и влијание Видови на насилство (физичко, психичко, социјално и сајбер-насилство) и Поимот ненасилна комуникација, како пристап за кој секој еден може да биде подготвен и да се научи да го применува во своето секојдневие. Следните 2 работилници во одвиваа во една по поинаква атмосфера каде што учесниците најпрво преку водена медитација размислуваа за врсничкото насилство, без разлика дали им се случило нив или биле сведоци на истото, а потоа преку уметност сето тоа беше изразено индивидуално. Преку боите и креативноста со цртање и создавање на уметнички дела тие споделија што значи да се чувствувате поддржани од врсниците и како сите можеме да играме улога во ставањето крај на малтретирањето. Секоја слика е своја приказна за издржливоста, емпатијата и надежта. Врсничката школа ја водеа психолог и младински работник од ИМКА. По завршувањето на 4-те модули и 2те арт работилници кои го обработуваа врсничкото насилство и темите поврзани со него во нашата локална средина, обучените ученици – врснички едукатори спроведоа презентација пред своите ученици и својот клас до крајот на декември оваа година. Овие врснички едукации беа многу добро прифатени од училиштата, стручните служби, но пред се од самите ученици за кои што беа посветени едукациите. На крајот на учебната година, имавме свечено доделување на сертификатите на врсничките едукатори кои успешно ја завршија едукацијата против врсничкото насилство и одржаа работилници и едукации во своите училишта. Целта на овие работилници беше подигање на свеста за оваа појава со цел нејзино намалување. Со активности продолжуваме и во второто полугодие со ученици од основните училишта во Битола. Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е поддржан од CVJM #SignsOfHope и Општина Битола се реализира во соработка со 6 средни училишта во градот. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Промоција на безбедна училишна средина

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Промоција на безбедна училишна средина Во декември како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, ИМКА одржа серија од три работилници во основното училиште во Општина Могила. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е обемен проект на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Smart Up – Лабараторија за социјални иновации како и со поддршка од Детската фондација Песталоци. Се спроведува во периодот од септември 2023 до август 2026 година. Проектни активности Целта на овие работилници беше да се изгради капацитетот на детската организација за да може да спроведе училишни иницијативи кои можат да придонесат за градење побезбедна училишна средина. На работилниците присуствуваа претставници на учениците од повисоките класови, вклучувајќи ги сите претседатели на класовите, нивните заменици и детскиот правобранител на училиштето, на возраст од 12 до 15 години. Почнавме прво да ги подобруваме комуникациските вештини на студентите, да ги запознаеме со концептот на истражување и да им понудиме можност да вежбаат со цел подлабоко разбирање на сè што опфаќа истражувањето. Како дополнителна активност тие мораа да спроведат истражување во нивното училиште, вклучувајќи анкети, прашалници или интервјуа. На последната работилница тие ги разгледаа резултатите и ги оценија во насока да ги разберат и да излезат со релевантни училишни иницијативи. За таа цел за прв пат се запознаа со елементите на проектна иницијатива (што значи проект, кои се фазите на проектниот циклус итн.). Учениците се стекнаа со основни познавања од овие теми кои ќе им бидат корисни во следната фаза од овој проект во пролет 2025 година. Ученичка иницијатива Иницијативата за отворање безбедно катче за учениците ќе се реализира во второто училишно полугодие. Планирано е ова катче да биде во самиот училиштен ходник кое ќе се состои од 5-6 вреќи за седење и неколку маси каде учениците ќе имаат можност да разговараат со психолог за проблемите во нивното секојдневие. На самиот ѕид ќе имаат можност да исцртаат мотивациони пораки, кутија оставена за пофалби и поплаки каде ќе можат анонимно да ги пријават своите забелешки за училиштето, вработените во училиштето, нивните проблеми и слично. Целта на иницијативата е дека ќе го подигне нивото на безбедност кај учениците, стручната служба и училишниот персонал и оваа иницијатива ќе придонесе за подобра училишна средина за оваа генерација ученици. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Резиме на клубот GLOW 2024

Во 2024 година, ИМКА во соработка со Мировниот корпус и Американското катче Битола го ревитализираше клубот GLOW (Девојки што го водат нашиот свет) во Битола.
400 млади луѓе вклучени во клубот за дигитално образование

Оваа година, продолживме да гледаме извонреден напредок со курсевите HP LIFE на ИМКА во младинскиот центар, одбележувајќи ја втората година што овие курсеви се нудат во рамките на програмата за кариерен развој.
Светски акцелераторски самит на ИМКА: Визија 2030 во Момбаса, Кенија

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Светски акцелераторски самит на ИМКА: Визија 2030 во Момбаса, Кенија Од Наташа Дарков Од 21 до 26 октомври 2024 година, имав неверојатна привилегија да присуствувам на Светскиот акцелераторски самит на ИМКА во Момбаса, Кенија. Овој собир беше клучен момент за Визијата 2030 на ИМКА, собирајќи над 400 делегати од целиот свет, вклучувајќи млади кои делуваат како агенти за промени, претседатели, персонал и волонтери. Претставувањето на ИМКА Македонија како една од трите организации со врвен успех во спроведувањето на обемното истражување за значајни работни места за млади поддржани од Делоит Австралија беше вистинска чест и врв на моето патување. Од 90 кандидати на глобално ниво, бев почестена да бидам една од трите избрани за оваа важна улога. Самитот започна со топол и свечен прием организиран од генералниот секретар на ИМКА Кенија. Секој делегат беше лично пречекан, со најава за една недела исполнета со другарство и поврзаност. Забавата на вечерта го покажа богатото културно наследство на Кенија преку музика, танц и традиции, создавајќи живописен и незаборавен вовед во земјата домаќин. Почнувајќи од вториот ден, фокусот се префрли на столбовите на Визија 2030: Одржлива планета, значајни работни места, благосостојба на заедницата и праведен свет. Ангажираните пленарни сесии вклучуваа инспиративни говорници, вклучително и генералниот секретар на ИМКА Свет и претставници од УНИЦЕФ, Обединетите нации и Habitat for Humanity, кои беше огромна чест да се слушаат во живо. Според мене една од највредните за мене активности беше иницијативата „Тату Тату“, која не охрабри нас учесниците од различни нации да се поврземе и да разменуваме перспективи за конкретни теми во текот на целата недела. Тоа беше моќен потсетник за силата и различноста на глобалната мрежа на ИМКА. Третиот ден понуди можност да посетиме локални граѓански организации во Момбаса. Јас го избрав SOTE HUB, динамичен бизнис инкубатор кој поддржува стартапи во области како дигитализација, земјоделство и климатски промени. Сведочењето на нивната влијателна работа од прва рака беше инспиративно и усогласено со пошироките цели на Визија 2030. Подоцна истиот ден, сите делегати се собравме во ИМКА Момбаса на средба и поздравување со нивниот персонал. Посетата опфати привлечен сегмент од културна размена и заврши со незаборавна групна фотографија која го долови духот на нашата заедничка мисија. Четвртиот ден се фокусираше на свеста за менталното здравје – тема блиска до моето срце. Програмата вклучуваше презентации кои предизвикуваат размислување и видео пораки од претставници во Хонг Конг и Хондурас, проследени со групни дискусии кои длабоко навлегуваа во пристојни работни места за млади. Беше одлично искуство за размена на идеи и согледувања со врсници од целиот свет. Таа вечер, европските делегати се собраа на неформален собир за да споделат предизвици, искуства и можности за соработка. Овие дискусии го зајакнаа моето чувство за припадност на заедница која поддржува и иновира. На петтиот ден истражувавме теми преку панел дискусии водени од меѓународни претставници по што следуваше завршната работилница за пристојни работни места за млади. За време на церемонијата на затворање беа доделени награди за секој столб на Визија 2030. Иако наградата за дигитални хабови ја доби Центарот за рехабилитација во Ерусалим, почувствував огромна гордост што ИМКА Македонија, заедно со Западен Балкан и Молдавија, беше номинирана за ова значајно признание. Денот заврши со висока нота со гала вечера организирана од Y’s Men International, славејќи ги нашите заеднички достигнувања и вмрежување. Последниот ден од самитот ни беше време за размислување, вмрежување и градење трајни односи. Секое утро во неделата започнуваше со резимирани видеа кои ги доловуваат најважните моменти од претходниот ден, а овие моменти ќе ми останат како најдобри спомени. Самитот „Визија 2024“ беше огромен успех и јас ја оставив Момбаса инспирирана и подготвена да придонесам за целите на ИМКА „Визија 2030“. Ова искуство не само што ја продлабочи мојата посветеност на пристојни работни места за млади, туку и ја потврди трансформативната моќ на глобалната соработка и заедничката цел. Засекогаш ќе ја ценам можноста што ја претставував ИМКА Македонија и да бидам дел од овој трансформативен настан и ја изразувам мојата срдечна благодарност до сите што го овозможија ова патување. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам сведок на магијата на единството, иновативноста и надежта на глобалната сцена. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Сведоштва од Програмата за дигитално образование на YMCA+HP за 2024

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Сведоштва од Програмата за дигитално образование на YMCA+HP за 2024 Андреа Како една од најредовните посетители во младинскиот центар која редовно доаѓа на разни настани и работилници дознав и за HP life курсевите. Тоа се курсеви за дигитална писменост кои ги води Наташа од ИМКА. Научив многу нови работи кои обично би требало да ги научам на училиште, но за жал во нашето образование тоа не постои. После неколку изучени курсеви одлучив да ги препорачам на моите соученици, бидејќи сметам дека секој треба да се едуцира за основни работи, затоа што живееме во време каде што речиси се е дигитално. Исто така морам да напоменам дека секој пат кога присуствувам на било кој курс од HP life се здобивам со познанства со други ученици, знаење и самодоверба. Омилена категорија ми е комуникации. Лука Јас сум задоволен од овие курсеви затоа што сега е модерно време во кое секој треба да има разбирање за технологијата, онлајн бизнис и уште многу други работи. Јас сум многу благодарен на ИМКА за тоа што го објавија повикот за HP курсеви затоа што се многу корисни за помладите. Јас веќе некое време одам на овие курсеви и можам да кажам дека мене многу ми се допаѓаат и ми користат. Сакам и да ја пофалам Наташа Дарков која е наш едукатор и е секогаш спремна за да ни објасни и образложи дел од курсот кој не ни е јасен. Овој курс го споделувам со моите пријатели и соученици дека е многу корисен и се надевам дека ќе им се допадне бидејќи е многу корисен во ова време. Во иднина планирам да ги изучам сите курсеви од сите теми од кои како најкорисна би ја издвоил од темата маркетинг. Марко Имам 17 години и овие курсеви од ХП ми беа претставени во Младинскиот центар каде што редовно волонтирам. Многу ми е мило што започнав да ги посетувам овие курсеви, затоа што добив знаење за различни аспекти од ИТ светот. Мислам дека овој начин на добивање на некои нови вештини преку вакви курсеви треба да се примени во образованието затоа што кога јас можам да добијам толку знаење, секој друг треба и заслужува да добие. Курсевите можат многу да помогнат и би ги споделил со повеќе мои пријатели. Давид Јас сум Давид, ученик во втора година во гимназијата САБА на смерот бизнис. Нашето училиште секогаш покажува интерес во неформалното образование и затоа веќе втора година имаме соработка со ИМКА за курсевите кои ги нуди поддржани од HP Life. Јас ги посетувам овие курсеви со голем дел од моите соученици како би го збогатиле своето знаење за дигитален маркетинг. Знам дека иднината лежи во дигиталното образование и затоа со голема посветеност ги изучувам сите курсеви. Би ги препорачал на сите млади, да ја искористат оваа бесплатна можност и знам дека доколку дојдат барем еднаш, дигиталниот хаб на ИМКА ќе им стане едно од омилените места во нашиот град. Лина Јас сум Лина, втора година на насока бизнис во гимназијата САБА и исто така веќе втора година ги посетувам курсевите на HP овозможени од ИМКА во нашиот град. За овие курсеви дознав преку нашето училиште кое секогаш е расположено да ни предложи и овозможи дополнителни знаења како би се надоградиле повеќе за нашата иднина. Темата дигитален маркетинг ми е омилена, но секако дека уживам и во новите курсеви од темата за дигитални бизнис вештини кои се многу поврзани со моето моментално образование. Во иднина би сакала да студирам на студии поврзани со бизнис и знам дека знаењето добиено за дигиталниот маркетинг ќе ми биде од голема важност. Го препорачувам на сите мои соученици и пријатели, ова е одлична можност за нас и би било штета доколку не го искористите. Прочитајте повеќе за оваа програма тука. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Европска недела на мобилност

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Европска недела на мобилност Европската недела на мобилност која се оддржува од 16 до 22 септември секоја година, оваа година опфати 2 767 градови од 45 земји. Како и секоја година, така и оваа ИМКА ја обележува европската недела на мобилност #EuropeanMobilityWeek со цел подигање на јавната свест на младите, сите граѓани и носителите на одлуки за важноста на алтернативните начини на движење со цел активен животен стил, поздрави граѓани и средини и намален метеж и загадување. Темата на овогодинешната кампања беше споделени јавни простори. Свесни сме дека нашите јавни простори се неправедно распределени помеѓу типовите на транспорт со доминација од над 90% на возилата. Тоа мора да се промени. Првата средба ја реализиравме со претставници на основните училишта со цел разбирање на визијата на европската недела на мобилност. На настанот присуствуваа претставници на 7 основни училишта од нашиот град кои ја препознаа и прифатија идејата за поголем опфат на учениците, како и за подигнување на свеста кај учениците од помала возраст. Вториот настан беше за 18 ученици од 6 основни училишта во Битола. Зборувавме за европската недела на мобилност, за точакот како превозно средство, имавме четири вежби и имавме работилница за основни безбедносни проверки и поправки од типот „направи сам“. Важно е да научат зошто сите треба да се залагаме за оваа визија и да имаме убав и одржлив град. Во остатокот од неделата врсничките едукатори од основните училишта реализираа активности со цел споделување на овие знаења за што поголем број на млади да се вклучат и дадат свој допринес во визијата за здрави, активни, мобилни и независни млади. Образованието за сообраќајна култура и вело агенда ги опфати основните училишта Св.Климент Охридски, Др.Трифун Пановски, Стив Наумов, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски и Коле Канински. Благодарност до училиштата, кои се заинтересирани за реализација на вакви активности, до училишниот персонал без кој ваквите активности не би биле можни, до врсничките едукатори кои ни се придружија, учествуваа, научија нешто корисно и кои реализираа активности во своите училишта на оваа тема. Активностите за врсничка едукација се од голема важност, како за самиот град за популаризација на темата, така и за запознавање на преземање на одговорности од учениците. Благодариме до здружението Go Green – Биди Зелен и продавницата и сервис за точаци Fikamago Bike за поддршката! Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative