Успешен НЛП тренинг Во Пловдив!

Од Јове Крстески

Познато е дека невро-лингвистичкото програмирање (НЛП) е методологија која ја истражува динамичната врска помеѓу јазикот, невролошките процеси и моделите на однесување. Тоа е разновиден пристап кој нуди разбирање на човековото однесување, комуникација и личен развој, а исто така и практични техники за подобрување на личниот раст, подобрување на комуникацијата и донесување позитивна промена преку разбирање на врските помеѓу мислите, употребата на јазикот и субјективното искуство на личноста. Од 31 август до 10 септември 2023 година во Пловдив, Бугарија се одржа курс за обука наречен „НЛП – Нова јазична практика“ кој се базираше на вежби од невро-лингвистичкото програмирање. Го организираше Здружението Кибела во соработка со Фондацијата Смокиња и Центарот за развој на човечки ресурси од Бугарија, а беше кофинансиран од Европската Унија. На оваа обука имаше учесници од Бугарија, Шпанија, Србија, Полска, Македонија, Латвија, Италија, Унгарија, Грција, Франција, Естонија и Чешка.

Ако го резимираме она што го добивме од оваа обука, можеме да кажеме дека голем дел од основите во практиката на НЛП беа широко елаборирани на овој тренинг и имавме многу време да работиме со практичните вежби што ни беа дадени. Ако зборуваме поконкретно, во теоретскиот дел, го поминавме основниот мета-модел на НЛП (како што е објаснето од Bandler и Grinder, 1975), а потоа го елабориравме и дополнително низ „моделот од третата генерација“ на меѓусебното поврзување помеѓу физиологијата, јазикот и умствените карактеристики. Имавме можност накратко да се запознаеме со 5-те „Р“ присутни во било кој даден „сетинг“ ( Ресурсите што ги имаме и ги користиме како влез во тој „сетинг“, потоа улогите /Roles/ што се играат, односите /Relationships/ што се случуваат, правилата /Rules/ што се потребни да се следaт со цел овој да биде соодветен како „сетинг“ и на крајот како излез Резултатите што се добиваат). На овој начин, одредени улоги што треба да ги знаеме се оние кои ги учиме како поставување на триото AБЦ, каде што личноста „А“ зборува/споделува, „Б“ учи/слуша и „Ц“ набљудува. Штом ќе се воспостави даден „сетинг“ или ситуација, главната филозофија на сè е дека што и да набљудуваме, нашето толкување за таа ситуација е нешто поинакво (ова е елаборирано и како разлика помеѓу „настан“ и „приказна“ во која било дадена ситуација). Ова ни беше донесено заедно со главната идеја на НЛП дека „мапата не е територијата“. Најинтересен додаток овде беше фактот дека „најфлексибилниот дел од секој систем обично е делот кој што го контролира тој систем“. Беше спомната и калибрација на нашиот влез/излез, т.е калибрацијата на она што го доведуваме во ситуацијата, како и на она што го земаме или добиваме од неа. Ова беше рекапитулирано по неколку дена низ точки на набљудување која што ни ги дава теоријата (види флипчарт). Беа обработени и репрезентативните системи на личноста (Визуелниот, Аудитивниот, Кинестетичкиот како што се споменати во „NLP Volume 1“ од Dilts, Binder, Grinder и DeLoiter од 1980 година, но исто така и Дигиталниот беше вклучен во обуката.) Беше спомната и техниката eye accessing cues. Од попсихолошка гледна точка беше претставена шемата за тоа колку свесното/несвесното може да се гледа низ однос на тоа што е компетентност и неспособност, а покрај тоа беа елаборирани и „претпоставките“ во однос на информациите што се имплицитни во комуникацијата што се случува во било кој даден сетинг.

Следен дел од обуката беше истражувањето на тоа каков треба да биде правилниот став на тренерот, како и компетенциите што треба да ги поседува (види флипчарти), околу кои се водеше дискусија. После тоа, обуката ни понуди многу простор за вежбање. Формиравме триа и имавме шанса да ги видиме, а подоцна и да експериментираме со неколку практични алатки. Беа понудени неколку техники за разговорни вежби (backtracking, lazy coach, рефлексија на чувствата, ткн „слободно пукање“ на прашања) кои се користат за време на дијалогот и помагаат да се овозможи одредена објективност. Потоа, се запознавме со техниката „хопонопоно“. Исто така, имавме специфичен инструктор кој ни даде можност да го вежбаме гласот, тонот и вербалните изрази. Со ова, целата застапеност на ВАК кај учесниците беше задоволна, бидејќи користевме многу шеми во флипчарти за објаснување – за Визуелците, ова со гласовна обука – за Аудитивците, а целиот сет на посветен простор и време за вежбање беше – за Кинестетските/ Дигитални личности. И секако, беа присутни и потипичните пракци на НЛП; рапортот, закотвувањето /anchoring/ и реформулирањето /reframing/. Беше објаснето и како можеме да користиме временска линија /timeline/ како техника за елаборирање на лични прашања, а исто така еден од учесниците понуди техника за работа со нашите лични ограничувачки верувања.

Невро-лингвистичкото програмирање нуди ризница на практики и техники за подобрување на комуникацијата, управување со емоциите и трансформирање на нечија перспектива за животот. Многу од практиките на НЛП ги поттикнуваат поединците да се поврзат подлабоко со другите, да преземат одговорност за нивните емоциионални реакции и да се ослободат од ограничувачките верувања. Со вклучување на овие практики во нивните животи, поединците можат да тргнат кон личен раст, самооткривање и подобрени односи, на крајот ослободувајќи го својот целосен потенцијал. Ова е точно и корисно во психотерапевтски контекст, но и на полето на младинската работа. Многу од техниките може да се модифицираат за да послужат како алатки за зајакнување на младинските работници. Тоа секако ми помогна да научам повеќе и да станам посвесен за корисноста на дијалошките техники и користа што ја имаат во однос на меѓусебниот работен контекст помеѓу младинските работници и младите луѓе, особено ако имаме предвид дека младата возраст е возраст на личен развој. Сите техники кои носат повеќе појаснување ВО РАЗГОВОРОТ се од корист. Но, исто така, оваа обука обедини толку многу учесници од различни возрасти и животни искуства, тоа беше мешавина која беше корисна и додаде повеќе во групно учење што сите го имавме. Се чувствував задоволно на крајот и уживав во овој тренинг, кој ми помогна да видам колку сите овие техники можат да бидат корисни за работа со младите луѓе.