Трета врсничка школа на ИМКА: личен раст, комуникација и кариерно насочување

Последни новости Трета врсничка школа на ИМКА: личен раст, комуникација и кариерно насочување Во текот на изминатите три години, врсничката школа на ИМКА постепено се развиваше како простор каде младите учат да зборуваат на темите кои најчесто не го добиваат заслуженото внимание во рамките на формалното образование. По една учебна година посветена на менталното здравје и една насочена кон врсничкото насилство, овогодинешната школа ги обедини искуствата од двете претходни и ги насочи кон прашањата што младите сè почесто ги отвораат – кои сме, што нè движи и како да направиме информирани избори за иднината. Затоа, фокусот беше ставен на личниот развој, вредностите и кариерното насочување. Активностите, водени од Јовче Крстески, младински работник и психолог, се одржуваа во периодот на првото полугодие на учебната година во просториите на МЦБ и вклучија учесници од седум средни училишта во Битола. Врсничката школа се одвиваше преку серија работилници, организирани во одделни модули за личен раст и кариерен развој кои се надоврзуваат еден на друг. Процесот започна со истражување на личните вредности, потреби и интереси, како основа за градење на сликата за себе. Учесниците размислуваа за тоа што им е важно, што ги мотивира и кои фактори влијаат врз нивните избори, како и за нивното влијание врз секојдневното однесување и носењето одлуки. Подоцна, вниманието беше насочено кон разликите меѓу знаењето и вештините и нивното значење за личниот и професионалниот развој, при што младите ги согледуваа сопствените потенцијали и учеа дека личниот раст не се темели исклучиво на тоа што го знаеме, туку и на начинот на кој стекнатото знаење го применуваме во различни животни ситуации. Комуникацијата и меѓучовечките односи беа обработени како клучен дел од личниот развој. Во рамки на овие модули, учесниците ги истражуваа стиловите на комуникација или темпераментите, и нивното влијание врз односите со другите. Работата продолжи со теми поврзани со конфликтите, при што се анализираа различните стратегии за нивно решавање и врската меѓу личните карактеристики и реакциите во конфликтни ситуации. Во подоцнежната фаза од врсничката школа, фокусот беше насочен кон идентитетот, личната визија и долгорочните цели. Преку креативни и рефлексивни активности, учесниците размислуваа за тоа што ги дефинира, кои вредности ги водат и како овие аспекти се поврзуваат со нивните идни образовни и кариерни избори. Завршните модули беа насочени кон преземање иницијатива и подготовка за врсничка едукација. Учесниците работеа на планирање и структурирање на презентациите, прилагодување на содржините за различни групи слушатели и развивање на сигурност при јавно настапување. Овој дел претставуваше премин од лична работа кон активно споделување на стекнатите знаења во училишната средина. Процесот беше заокружен со доделување сертификати на учесниците кои зедоа активно учество изминатите месеци и ги реализираа предвидените врснички активности. Со оваа трета врсничка школа ИМКА продолжува да гради континуитет во врсничката едукација и да создава простор во кој младите можат да се развиваат, да се изразат и да добијат насоки и поддршка во градењето на својата иднина. Проектот беше поддржан од CVJM #SignsOfHope и Општина Битола! Фотографиите од врсничката школа и врсничките едукации можете да ги погледнете во албумот подолу.

Повик за врснички едукатори за личен и кариерен развој

Вклучи се Повик за врснички едукатори за личен и кариерен развој Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ на ИМКА! Следува информирање на средните училишта во градот за оваа активност, а заинтересираните ученици ќе треба да се пријавуваат на споделената форма за пријавување. Деталите се искомуницирани со средните средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек!  „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ е програма на Младинска асоцијација ИМКА која има за цел личен и кариерен развој преку подигнување на свеста за значењето на кариерниот пат во животот на човекот низ соодветна едукација на учениците. Тие ќе се обучат да станат врснички едукатори на теми поврзани со кариерата како знаењето, умеењето, сликата за себе, процесот на усовршување, улогите кои ги играме во општеството, комуникациските стилови кои ги имаме, начините на кои се справуваме со конфликтите и креативно изразување. Програмата вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата.  Активностите се предводени од младински работници на ИМКА, а самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, по што ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола.  Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација.   Кој може да се пријави?  Ученици од I-ва до IV-та Година во Битола  Мотивирани за да научат повеќе за темата и да дадат придонес за   Подигање на свесноста за значењето на одбирање соодветен кариерен пат за себе си  Отворени се да ги споделат стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта  Сакаат да работат со млади и во иднина.   Како да се пријавите?  Со пополнување на формуларот на овој линк.  Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме!  Проектот „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ на Младинска асоцијација ИМКА претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и  ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ 7 средни училишта во градот. 

Врсничката едукација се прошири и во основните училишта во Битола

Последни новости Врсничката едукација се прошири и во основните училишта во Битола По успешната реализација со средношколците во првото полугодие, проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА продолжи и во второто полугодие, но овој пат со нова целна група – ученици од повисоките одделенија во основните училишта. Од вкупно десет основни училишта во Битола, девет од нив се вклучија во иницијативата, секое со 2-3 мотивирани ученици од 8 и 9 одделение. Нивниот ентузијазам уште еднаш покажа колку темата за врсничко насилство е актуелна и колку е важно да се зборува отворено за неа. Во текот на два месеци, учениците беа поделени во две групи и поминаа низ четири тематски модули прилагодени на нивната возраст и разбирање. Темите беа исти како и кај средношколците: стилови на комуникација, поимот моќ и влијание, видови на насилство (физичко, психичко, социјално и сајбер-насилство), како и поимот ненасилна комуникација – пристап кој секој може да го научи и да го практикува во секојдневието. Работилниците понудија можност за размислување, учење и градење емпатија меѓу врсниците. Креативната работилница се реализираше на поинаков начин од онаа за средношколците. Наместо водена медитација, основците избираа слика која ги потсетува или ги асоцира на врсничко насилство и ја претставуваа на хартија преку цртеж и лично толкување. Целта беше емоциите и мислите да се изразат на безбеден и креативен начин. Сите сесии беа водени од психолог и младински работник од ИМКА, а во уметничката сесија се вклучи и локален уметник кој им помогна на учениците во креативниот израз. По завршувањето на четирите модули и креативната работилница, обучените ученици (врснички едукатори) одржаа презентации и кратки едукации пред своите соученици и одделенија до крајот на мај 2025. Овие активности беа одлично прифатени од училиштата, стручните служби, но пред сè од самите ученици, за кои беа и наменети. На крајот на учебната година, организиравме свечено доделување на сертификати за врсничките едукатори кои успешно ја завршија програмата и ја пренесоа едукацијата во своите училишта. За време на настанот беа изложени и нивните цртежи од креативната работилница, како сведоштво за нивниот труд и посветеност. Дваесет ученици успешно ја завршија врсничката школа, а преку нивните активности беа опфатени над 350 ученици во основните училишта во градот. Ова искуство им помогна да се изградат како лидери и поддржувачи на позитивни промени во нивната околина. Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е поддржан од Signs of Hope (CVJM) и Општина Битола и се реализира во соработка со 9 основни училишта во градот.

Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [основни школи]

Home Who We Are Mission, Vision & Values Meet Our Team Governance History About YMCA What We Do Programs News Get Involved Partnerships Contact EN MK EN X Донирај Вклучи се Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [основни школи] Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! Следува период на информирање на основните училишта низ градот, а селектираните ученици ќе треба да се пријавуваат на формата за пријавување која е споделена подолу. Деталите се искомуницирани со предвидените основни училишта и регрутирањето на ученици е во тек! „Врсничка школа против врсничко насилство“ е проект на Младинска асоцијација ИМКА кој има за цел да ја подигне свеста за врсничкото насилство преку едукација на ученици. Учениците се обучуваат да станат врснички едукатори, учат за видови насилство, стилови на комуникација и ненасилни методи на решавање конфликти. Проектот вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата. Проектот е воден од младински работници на ИМКА и самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, а потоа ќе се реализира врсничка едукација во вклучените основни училишта во Битола. Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација. Кој може да се пријави? Ученици во 8мо и 9то одделение во Битола Мотивирани за да научат повеќе за темата и да дадат придонес за спречување и намалување на врсничкото насилство Отворени се да ги споделат стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта Сакаат да работат со млади и во иднина   Како да се пријавите? Со пополнување на формуларот на овој линк. Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме! Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ сите основни училишта во градот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Сведоштва на учесници од врсничката школа за средни училишта

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт MK MK EN X Донирај Последни новости Сведоштва на учесници од врсничката школа за средни училишта Михаела, Гимназија Таки Даскало На обуката за врсничко насилство имав можност да држам презентација пред 40 ученици и двајца психолози во моето училиште. Беше огромно искуство за мене, но истовремено и голем предизвик. Најмногу ме плашеше тоа дали ќе успеам да го задржам вниманието на сите, особено кога знаев дека ќе ме слушаат не само ученици од прва и втора година, туку и професионалци. Тремата и стравот од грешки беа постојано присутни бидејќи ми беше важно мојата порака да биде јасна и добро разбрана. Кога заврши презентацијата, ми олесна и се почувствував многу среќна и опуштена. Иако имав страв, успеав да го совладам и да ја пренесам темата со посветеност. Беше прекрасно да видам како моите зборови влијаат врз учениците, а и да слушнам позитивни повратни информации од сите нив. Тоа ми даде дополнителна мотивација и самодоверба. Дефинитивно би презентирала пак. Секое ново искуство од ваков тип ми помага да се подобрам и да се чувствувам посигурно во себе сега, но и за во иднина. Гледам на тоа како шанса да растам и да го пренесувам своето знаење на други. Кога станува збор за работа со основци, со задоволство би прифатила. Верувам дека работата со помлади ученици е исклучително важна, бидејќи тие се во период кога најмногу учат и се формираат како личности. Би сакала да им помогнам да научат како да се справуваат со насилство и да создаваат позитивни односи со луѓето околу нив. Преку ова искуство уште повеќе сфатив дека се пронаоѓам во психологијата каде сакам да се развивам во иднина. Сакам да продолжам да работам со млади луѓе, да ги инспирирам и да им помагам да се справуваат со предизвиците што ги носи животот. Предраг, Техничко училиште Ѓорги Наумов Јас сум Предраг, имам 15 години и учам во средното техничко училиште. Правев презентација пред отприлика дваесеттина деца и учевме за справување со врсничкото насилство. Од презентацијата јас многу научив за себе, но и за другите. Научив дека имаат проблеми и луѓето кои го вршат насилството, а не само тие кои се жртви на истото. Огнен, Техничко училиште Ѓорги Наумов Јас сум Огнен, ученик во техничкото училиште во Битола и бев врснички едукатор од Школата против врсничко насилство. Пред да почнам со презентацијата се плашев дека можам многу лесно да се збунам и да не бидам разбран или да ја заинтересирам публиката, но тоа веднаш се смена штом почнав да презентирам. Од кога заврши презентацијата се осеќав убаво, олеснето и исполнето дека помогнав во подигање на свеста за врсничкото насилство што се случува во денешното општество. Дефинитивно би сакал да презентирам пак и пред мои врсници, но и пред основци за оваа тема, заради тоа што темата е од големо значење за сите. Нектарија, Гимназија САБА Јас сум Нектарија Илиевска, ученичка во втора година во гимназијата САБА. Пред да дојдам на оваа работилница имав страв од презентација пред многу луѓе, пред деца, како и запознавање со нови деца, но како што врвеше времето со секоја нова работилница се запознававме со децата. Кога требаше да презентираме и ние како врснички едукатори во нашите училишта нештата се променија и бев многу опуштена. Мило ми е што многу учесници се опуштија и почнаа да споделуваат свои искуства, дали тие биле насилници или пак трпеле насилство. И се надевам дека во иднина повеќе ќе се приклучуваат кон вакви работилници за да влијаеме на намалување на насилството. Теодора, Медицинско училиште Јован Калаузи Јас сум Теодора, учам во средното медицинско училиште и имам 16 години. За оваа презентација сметам дека беше корисна и дека научив многу нови работи. Знам дека оваа презентација ќе ми користи и понатаму и знам дека тие што ме слушаа ќе дознаат нешто повеќе што всушност претставува врсничкото насилство. За презентацијата воопшто немав трема и никој не треба да има трема. Не е ништо страшно и доколку си едуциран за тоа што зборуваш тогаш е лесно да се искажеш за сите оние кои сакаат да те слушаат. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Врсничка школа против врсничко насилство

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Врсничка школа против врсничко насилство Во септември се започна со селекција на врснички едукатори на „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! После информирање и консултација со средните училишта во Битола се започна соработката со 6 средни школи кои избраа заинтересирани ученици. Во следниот период тие поминаa серија на работилници, практична примена на знаењето и на крајот на полугодието станаа врснички едукатори. Во следниот период од два месеци, нова група на ученици подетално се запознаваа со појавата на врсничко насилство и нејзините последици, споделуваа искуства и учеа како да ја адресираат до стручните служби и возрасните и секако, подобро да ја разберат. Теми на кои посебно се задржавме се: Стилови на комуникација (проследени со вежби од кои гледавме како нашето однесување и комуницирање игра улога во тоа какви пораки испраќаме во нашата околина) Поимот моќ и влијание Видови на насилство (физичко, психичко, социјално и сајбер-насилство) и Поимот ненасилна комуникација, како пристап за кој секој еден може да биде подготвен и да се научи да го применува во своето секојдневие. Следните 2 работилници во одвиваа во една по поинаква атмосфера каде што учесниците најпрво преку водена медитација размислуваа за врсничкото насилство, без разлика дали им се случило нив или биле сведоци на истото, а потоа преку уметност сето тоа беше изразено индивидуално. Преку боите и креативноста со цртање и создавање на уметнички дела тие споделија што значи да се чувствувате поддржани од врсниците и како сите можеме да играме улога во ставањето крај на малтретирањето. Секоја слика е своја приказна за издржливоста, емпатијата и надежта. Врсничката школа ја водеа психолог и младински работник од ИМКА. По завршувањето на 4-те модули и 2те арт работилници кои го обработуваа врсничкото насилство и темите поврзани со него во нашата локална средина, обучените ученици – врснички едукатори спроведоа презентација пред своите ученици и својот клас до крајот на декември оваа година. Овие врснички едукации беа многу добро прифатени од училиштата, стручните служби, но пред се од самите ученици за кои што беа посветени едукациите. На крајот на учебната година, имавме свечено доделување на сертификатите на врсничките едукатори кои успешно ја завршија едукацијата против врсничкото насилство и одржаа работилници и едукации во своите училишта. Целта на овие работилници беше подигање на свеста за оваа појава со цел нејзино намалување. Со активности продолжуваме и во второто полугодие со ученици од основните училишта во Битола. Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е поддржан од CVJM #SignsOfHope и Општина Битола се реализира во соработка со 6 средни училишта во градот. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Промоција на безбедна училишна средина

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Промоција на безбедна училишна средина Во декември како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, ИМКА одржа серија од три работилници во основното училиште во Општина Могила. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е обемен проект на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Smart Up – Лабараторија за социјални иновации како и со поддршка од Детската фондација Песталоци. Се спроведува во периодот од септември 2023 до август 2026 година. Проектни активности Целта на овие работилници беше да се изгради капацитетот на детската организација за да може да спроведе училишни иницијативи кои можат да придонесат за градење побезбедна училишна средина. На работилниците присуствуваа претставници на учениците од повисоките класови, вклучувајќи ги сите претседатели на класовите, нивните заменици и детскиот правобранител на училиштето, на возраст од 12 до 15 години. Почнавме прво да ги подобруваме комуникациските вештини на студентите, да ги запознаеме со концептот на истражување и да им понудиме можност да вежбаат со цел подлабоко разбирање на сè што опфаќа истражувањето. Како дополнителна активност тие мораа да спроведат истражување во нивното училиште, вклучувајќи анкети, прашалници или интервјуа. На последната работилница тие ги разгледаа резултатите и ги оценија во насока да ги разберат и да излезат со релевантни училишни иницијативи. За таа цел за прв пат се запознаа со елементите на проектна иницијатива (што значи проект, кои се фазите на проектниот циклус итн.). Учениците се стекнаа со основни познавања од овие теми кои ќе им бидат корисни во следната фаза од овој проект во пролет 2025 година. Ученичка иницијатива Иницијативата за отворање безбедно катче за учениците ќе се реализира во второто училишно полугодие. Планирано е ова катче да биде во самиот училиштен ходник кое ќе се состои од 5-6 вреќи за седење и неколку маси каде учениците ќе имаат можност да разговараат со психолог за проблемите во нивното секојдневие. На самиот ѕид ќе имаат можност да исцртаат мотивациони пораки, кутија оставена за пофалби и поплаки каде ќе можат анонимно да ги пријават своите забелешки за училиштето, вработените во училиштето, нивните проблеми и слично. Целта на иницијативата е дека ќе го подигне нивото на безбедност кај учениците, стручната служба и училишниот персонал и оваа иницијатива ќе придонесе за подобра училишна средина за оваа генерација ученици.   Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [средни школи]

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт MK MK EN X Донирај Вклучи се Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [средни школи] Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! Следува период на информирање на средните училишта низ градот, а селектираните ученици ќе треба да се пријавуваат на формата за пријавување која е споделена подолу. Деталите се искомуницирани со предвидените средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек! „Врсничка школа против врсничко насилство“ е проект на Младинска асоцијација ИМКА Битола кој има за цел да ја подигне свеста за врсничкото насилство преку едукација на ученици. Учениците се обучуваат да станат врснички едукатори, учат за видови насилство, стилови на комуникација и ненасилни методи на решавање конфликти. Проектот вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата. Проектот е воден од младински работници на ИМКА и самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, а потоа ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола. Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација. Кој може да се пријави? Средношколци од прва, втора и трета година во Битола Мотивирани за да научат повеќе за темата и да дадат придонес за спречување и намалување на врсничкото насилство Отворени се да ги споделат стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта Сакаат да работат со млади и во иднина   Како да се пријавите? Со пополнување на формуларот на овој линк. Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме! Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и  ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ 6 средни училишта во градот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Обуки за врснички едукатори за ментално здравје [модул 1,2,3]

Во ноември и декември минатава година реализиравме серија на обуки на теми за ментално здравје за врсничките едукатори од основните и средните училишта и факултетите во Битола. Првиот модул на обуки за ментално здравје беше на темата за анксиозност и депресија. Според експертите од областа на психолошките науки, анксиозноста е состојба која се поврзува со чувството на страв, а депресивноста е состојба која се поврзува со чувството на тага. Нивното препознавање и развивањето лични стратегии за справување со овие состојби е она кое што е неопходно за одржување на хармонично ментално здравје. Овој модул го комплетираа 58 врснички едукатори поделени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темите за анксиозноста и депресивноста. За секоја од овие теми се дискутираше што значат како состојби на младиот човек, кои фактори ги предизвикуваат, кои се симптомите, како да си помагаме себе си и како може да им помагаме на другите. Вториот модул на обуки за ментално здравје беше на темата за ризични форми на однесување. Притоа се дискутираше што значи ризик и ризично однесување, како е тоа однесување поврзано со менталната благосостојба на човекот, кои фактори го предизвикуваат, зошто е особено значајна појава кај младите и како младите да препознаваат кај себе почетоци на ризично однесување со цел да си помагаат себе си и да го препознаваат кај другите. Овој модул го комплетираа 48 врснички едукатори составени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темата за ризични форми на однесување. Во рамките на обуките се дискутираше што значат и како се манифестираат овие типови на однесувања, колку се присутни и во какви форми во нашето секојдневие во училиштата во градов, како овие состојби влијаат на младиот човек, кои фактори ги предизвикуваат и како може да им помагаме на другите и да делуваме превентивно. Третиот модул на обуки за ментално здравје беше на темата градење на отпорност, издржливост и резилиентност. Се дискутираше што значи резилиентност, како се учи и како оваа способност е најважниот фактор за одржување на психо-физичката рамнотежа. Оваа способност е онаа која ги собира нашите лични сили и ги насочува кон она што е со најголема смисла во дадениот момент со цел да се преброди ситуацијата во која се наоѓаме, да се опстане и да се трансформира искуството во кое што сме се затекнале. Тоа е она што младите може да го учат со цел да си помагаат себе си и да им помагаат на другите. Овој модул го комплетираа 42 врснички едукатори составени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темата за градење отпорност, издржливост и резилиентност. Во рамките на обуките се дискутираше за начините како да станеме отпорни на сеприсутните негативни влијанија во надворешната средина и опкружувањето, како да издржиме или да се справиме со ситуациите во кои сме втурнати или вклучени со или без наша волја и согледување на начини за градење трајна резилиентност и мир со себеси и со другите. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Повик за врснички едукатори за ментално здравје

Доколку се интересирате за подобрување на благосостојбата на ментално здравје за вас и вашите врсници ве повикуваме да се вклучите во нашата програма за врсничка едукација. Што нудиме Програма за врсничка едукација за подобрување на ментално здравје ќе се имплементира во текот на целата учебна 2023/2024 година. Истата ќе вклучи 58 врснички едукатори од Битола и е поделена на два дела. Во првото полугодие ќе понудиме серија на обуки за врснички едукатори на неколку теми поврзани со ментално здравје. Обуките ќе се реализираат во општинскиот младински центар во Битола. Во второто полугодие ќе се реализира врсничка едукација во училиштата и факултетите во Битола. Кој може да аплицира? Од Битола и околината кои се мотивирани за да научат повеќе за темата, но и да споделат дел од стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта. Како да се пријавите Со пополнување на формуларот на овој линк: https://bit.ly/YMCA-PeerEducators Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата и факултетите. Ве очекуваме! Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект