Повик за практиканти преку World University Service

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт MK MK EN X Донирај Вклучи се Повик за практиканти преку World University Service Доколку сакате да стекнете практично искуство за подобрување на вашите вештини и шансите за вработување, тогаш оваа програма е за вас! Вклучете се во ИМКА и стекнете неопходна пракса преку работа на реални проекти преку програмата за практиканти на WUS (World University Service) Програмата дополнително нуди обуки за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна и за тоа како да ја пронајдете вашата посакувана работа (креирање CV, мотивациско писмо и вашето прво интервју), консултации за практикантска работа и отвoрање на свој бизнис. Месечен надоместок: 15.000 ден. за период 3 до 6 месециПериод на практикантство: Октомври 2025-Јуни 2026 (3-6 месеци)Ангажман: 30 раб.часа неделноЛокација: Младински центар Битола Поле на работа:– Позиција: Едукатор (искуство или интерес за неформално образование, младинска работа). Преф.педагогија, психологија, социјална или младинска работа)– Позиција: Проектен асистент [административна поддршка, извештаи, истражување, комуникации] и– Позиција PR [мултимедиа/фото/видео/веб/дизајн] Кој може да аплицира?– Студенти од државните универзитети кои се– Во последната фаза од студиите (дипломираат август или септември 2025) или– Кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување на програмата (30.08.2025)– Кои се на магистерски студии и кои се– Мотивирани за промени во заедницата Испратете CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВОРок до 15.08.2025 год. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото е потребно. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Можности за практикантство во ИМКА: Поддршка на младите професионалци во нивниот развој

Последни новости Можности за практикантство во ИМКА: Поддршка на младите професионалци во нивниот развој Леона Практиканството ми помогна на неколку начини. Ми даде можност да го применам моето академско знаење во реална средина, овозможувајќи ми да стекнам практично искуство во графичкиот дизајн. Работата на различни проекти ми помогна да ги развијам моите креативни вештини, да го подобрам мојот процес на дизајнирање и да станам посигурна во моите способности. Дополнително, праксата ме научи како ефикасно да работам во тим, да соработувам со другите и да ги исполнувам роковите, што се вредни вештини за мојата идна кариера. Исто така, ми овозможи подобро разбирање на професионалната средина и важноста на комуникацијата и повратните информации за постигнување квалитетни резултати. Генерално, ова искуство значително придонесе за мојот личен и професионален развој. Фидела Моето име е Фидела и сум студент на мастер студии. Во текот на моите студии имав можност да станам дел од ИМКА како практикант. Сакам да споделам дека во времето на мојата практиканска работа во организацијата стекнав вештини и знаења што многу придонесоа за мене како студент, како и за мојот професионален развој. Дополнително, би сакала да го истакнам и моето позитивно искуство во работата со мојот ментор, бидејќи неговата поддршка и соработка значително допринесе за успешното извршување на моите задачи.

Повик за практикант преку АВРМ

ИМКА објавува повик за вклучување на практикант/ка во канцеларијата во Битола ПРОФИЛ:• 18-29 год. евидентирани во АВРСМ со мин.завршено средно образование без работно искуство• Желба за стекнување нови знаења• Одлично познавање на Microsoft Office, Емаил, Интернет• Одлично познавање на македонски и многу добро на англиски јазик ОДГОВОРНОСТИ:• Водење архива, средување на документација, формална комуникација со трети страни• Веб пребарување, истражување, сумирање и презентирање на податоци• Пишување на проектни апликации• Логистика во дневно работење и при организирање на настани• Креирање на извештаи за организираните настани ФОРМАЛНИ ИНФОРМАЦИИ:• Период на практикантство: Ноември 2023-Јануари 2024 (3 месеци)• Ангажман: до 30 работни часови неделно• Надомест: Месечен надоместок обезбеден од програмата за ПРАКТИКАНСТВО на АВРМ, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.• Реална можност од вработување како административен соработник по крај на практиканство. ПРИЈАВУВАЊЕ:Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО, најдоцна до 07.11.2023 год. Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото e потребно.