630 млади вклучени во клубот за дигитално образование

Последни новости 630 млади вклучени во клубот за дигитално образование Дигитална писменост, вештина која денес е еднакво важна како читањето и пишувањето, е способност граѓаните ефективно да користат компјутери на своите работни места и во секојдневниот живот. Способноста за користење на уреди за игри и забава не е дефиниција за дигитална писменост кај младите. Дигиталната писменост е многу повеќе од прифаќање на новите технологии, користење на социјалните медиуми или креирање и следење на фото и видео содржини. Таа е способност за користење на дигиталните технологии како алатки за создавање, селектирање и поврзување на информации од повеќе извори, во повеќе формати, и нивна употреба за подобрување на ефективноста во која било област–учење, работа, и сл. На 22.03.2023 година започнавме со првиот термин за курсеви и досега имаме 110 термини со вкупно 630 учесници (од кои 50% се женски, а 50% се машки лица), поминати околу 30 различни курсеви од категориите маркетинг, комуникации, финансии и стартап/иновации. После 9 месеци испорака на активностите поврзани со курсевите за дигитално образование на ИМКА во соработка со HP би сакале да споделиме со вас дел од наодите од евалуациите кои ги пополнуваат учесниците. Среќни сме од фидбекот кој го добиваме од учесниците кои ги опишуваат курсевите како лесни за следење, интересни, интерактивни, би ги препорачале на свои пријатели и скоро сите сакаат да дојдат пак на некоја нова тема. Во последните неколку години низ нашата земја се создадени десетина младински клубови. Ова беше една од најпосетените програми! Ние сме многу среќни со влијанието што го создадовме. Во прилог следуваат одговорите на учесниците за тежината на курсот и нивната идна вклученост во истите. Во прилог споделуваме дел од најчестите коментари кои постојано се повторуваа во однос на тоа што им се допадна на курсевите: За HP Life Life курсевите: Темата на курсот и можноста за учење нови знаења и вештини. Практични знаења кои може да се искористат во секојдневниот живот. Часот беше со лесен и разбирлив, а темата релевантна. Курсот беше лесно разбирлив и едукативен. Курсот беше ефикасен – за кратко време дознав многу корисни информации. Научив нови работи кои досега не ги знаев воопшто. Лесно стекнати вештини. Ми се допадна тоа дека има бесплатни курсеви за тие работи што ме интересираат. За пристапот/методите кои ги користевме: Неформалното запознавање и дружење со другите учесници во склоп учење нови работи. Интересен беше начинот на кој ни беа претставени темите на курсот. Kомуникацијата и интеракцијата меѓу учесниците. Професионален пристап на предавачката, начинот на презентација со примери, комуникацијата за време на курсот. Пристапот на вработените и курсот бидејќи беше прилично лесно и не беше досадно. Тоа како беше претставен курсот, и што лесно може да се разбере и да ти поттикне самодоверба дека ако може некој да ја постигне нивната цел тогаш можам и јас. За логистиката: Како не дочекаа и сите беа љубезни. Многу позитивна и отпуштена атмосфера и енергија за работа. Опремата на која работевме, местото и просторијата каде што се одржа курсот. Што просторијата беше топла, имавме добар едукатор и тоа што беше многу чисто и убаво уредено.
Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA

Последни новости Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA Целта на соработката меѓу HP и ИМКА е да се користи технологијата на добар начин, да се постигне дигитална инклузија преку овозможување пристап до технологија и дигитално образование до секој на лесен и интересен начин. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Истите се лесни, интерактивни, исполнети со кратки видеа, дијалози, слики и квизови. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Секој курс содржи 5 чекори: краток опис на курсот, бизнис концепт, вештини за технологија, анкета и дополнителни ресурси од темата. Темпото на изучување на еден курс е по желба на учесникот. Откако ги завршите сите 5 чекори (100%) курсот е успешно завршен. За секој завршен курс на вашиот е-маил добивате електронски сертификат со наведени информации за конкретниот курс, што се научило во истиот, дата на изучување и потпис од заменик директорот на HP фондацијата. Секој курс се изучува индивидуално во ИМКА во Младинскиот Центар со целосна техничка опрема од наша страна. Алтернативно постои можност за спроведување на курсевите во просториите на образовните институции во Битола. Учесникот нема обврска за носење опрема, посебни предзнаења за одредена тема или услови за изучување на одреден број на курсеви. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени до 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола
Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола

Последни новости Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола Можности за дигитално образование во Битола Како дел од долгорочна соработка на ИМКА и HP овој април започнавме со одржување на курсеви за дигитална писменост за младите од нашиот град. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени од по 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Дигитални хабови во Западен Балкан Надоврзувајќи се на тој успех од 2022, оваа година ИМКА Свет и HP ја прошируваат иницијативата за да допрат до што повеќе луѓе и дополнително да го затворат дигиталниот јаз. Во таа насока во 2023 програмата се прошири со дигиталните хабови на Западен Балкан по иницијатива на ИМКА, а овозможена од HP помагајќи им на ИМКА во Косово, Албанија, Србија и Македонија да ги прошират постоечките или да создадат нови хабови за дигитално образование за да им овозможи на младите луѓе, вклучително и оние од маргинализираните заедници, наставниците и младинските работници да стекнат поголеми можности за образование и вработување. Иницијативата во Западен Балкан цели цели кон опфат од 25.000 луѓе годишно премостувајќи го дигиталниот јаз и обезбедувајќи еднаков пристап до дигиталните алатки и ресурси. За таа цел ИМКА ќе работи и соработува со млади луѓе, училишта, центри за вработување, бизниси, младински работници и наставници за да создаде дигитална еднаквост во регионот на Западен Балкан. ИМКА во Косово има за цел да ја подобри својата репутација како дигитален провајдер и да ги ангажира младите луѓе на признати курсеви кои ги зголемуваат нивните биографии. Во Србија фокусот е да се направи дигитален хаб достапен секојдневно и да се постигне дигитална еднаквост. Во Македонија целта е да се иницира долгорочна програма за дигитално образование. Во Албанија планот е да се обезбеди лесен пристап до дигиталниот хаб за основните и средните училишта и другите категории на луѓе. Почеток на успешната соработка на World YMCA со HP Во 2022 светската ИМКА и Фондацијата на HP започнаа партнерство за забрзување на дигиталната еднаквост на младите луѓе и маргинализираните заедници ширум светот. Седум ИМКА асоцијации ги интегрираа курсевите на HP LIFE во нивните програми за подобрување на дигитална писменост и поттикнување на младите луѓе во нивните заедници активно да учествуваат во сè подигитализираниот свет. HP LIFE е програма на компанијата HP која работи на постигнување на целите со опфат од 150 милиони луѓе до 2030 година и проширување на програмата во 50 земји (ИМКА има присуство во 120 земји). Курсевите за обука на HP LIFE за дигитални вештини во 2022 година опфатија повеќе од 1.300 ученици главно на возраст од 15 до 26 години. ИМКА Свет во стратегијата „Визија 2030“ на исто така вклучува дигитална еднаквост бидејќи поттикнува образование, вработување и претприемништво во заедниците ширум светот. Со продолжување на глобалната соработка на HP со ИМКА може да се допре до младите луѓе во заедниците каде што живеат денес давајќи им пристап до практични деловни и ИТ вештини кои може да им помогне да напредуваат.