Аплицирај за Европски Солидарен Корпус

Европскиот Солидарен Корпус ги зближува младите луѓе за да изградат поинклузивно општество, да ја поддржат ранливата група на граѓани и да одговорат на општествените предизвици. Европскиот солидарен корпус нуди инспиративно и моќно искуство за младите луѓе кои сакаат да помогнат, учат и развиваат. Отвора се повеќе и подобри можности кои опфаќаат широк спектар на области, како што се интеграција на мигрантите, предизвици во животната средина, спречување на природни непогоди, едукација, младински активности, хуманитарна помош. Исто така, ги поддржува националните и локални актери, во нивните напори да се справат со различните општествени предизвици и кризи.

Европскиот Солидарен Корпус има за цел исто така да ги надополни напорите што ги прават земјите-членки за поддршка на младите луѓе и да ја олеснат нивната транзиција од училиште на пазарот на труд под Младинската гаранција, со тоа што ќе им обезбедат дополнителни можности да започнат на пазарот на трудот во форма на практиканти или работни места во рамките на нивната земја-членка или во некоја од земја-партнер.

Активностите на Европскиот Солидарен Корпус ги поддржуваат целите на ново усвоената стратегија за млади на ЕУ за 2019-2027 година која ги охрабрува младите да станат активни граѓани, агенти на солидарност и позитивни промени за заедниците низ цела Европа, инспирирани од вредностите на ЕУ и европскиот идентитет. Тоа е шанса да ги предизвикате вашите граници и да развиете вештини кои ќе ви служат во секој потфат. Затоа, не двоумете се – аплицирајте за Европскиот Солидарен Корпус. Вашето патување започнува сега и ветува дека ќе биде авантура за цел живот.

Како организација поседуваме Ознака за Квалитет