Промоција на безбедна училишна средина

Во декември како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, ИМКА одржа серија од три работилници во основното училиште во Општина Могила. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е обемен проект на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Smart Up – Лабараторија за социјални иновации како и со поддршка од Детската фондација Песталоци. Се спроведува во периодот од септември 2023 до август 2026 година. Проектни активности Целта на овие работилници беше да се изгради капацитетот на детската организација за да може да спроведе училишни иницијативи кои можат да придонесат за градење побезбедна училишна средина. На работилниците присуствуваа претставници на учениците од повисоките класови, вклучувајќи ги сите претседатели на класовите, нивните заменици и детскиот правобранител на училиштето, на возраст од 12 до 15 години. Почнавме прво да ги подобруваме комуникациските вештини на студентите, да ги запознаеме со концептот на истражување и да им понудиме можност да вежбаат со цел подлабоко разбирање на сè што опфаќа истражувањето. Како дополнителна активност тие мораа да спроведат истражување во нивното училиште, вклучувајќи анкети, прашалници или интервјуа. На последната работилница тие ги разгледаа резултатите и ги оценија во насока да ги разберат и да излезат со релевантни училишни иницијативи. За таа цел за прв пат се запознаа со елементите на проектна иницијатива (што значи проект, кои се фазите на проектниот циклус итн.). Учениците се стекнаа со основни познавања од овие теми кои ќе им бидат корисни во следната фаза од овој проект во пролет 2025 година. Ученичка иницијатива Иницијативата за отворање безбедно катче за учениците ќе се реализира во второто училишно полугодие. Планирано е ова катче да биде во самиот училиштен ходник кое ќе се состои од 5-6 вреќи за седење и неколку маси каде учениците ќе имаат можност да разговараат со психолог за проблемите во нивното секојдневие. На самиот ѕид ќе имаат можност да исцртаат мотивациони пораки, кутија оставена за пофалби и поплаки каде ќе можат анонимно да ги пријават своите забелешки за училиштето, вработените во училиштето, нивните проблеми и слично. Целта на иницијативата е дека ќе го подигне нивото на безбедност кај учениците, стручната служба и училишниот персонал и оваа иницијатива ќе придонесе за подобра училишна средина за оваа генерација ученици.

Светски акцелераторски самит на ИМКА: Визија 2030 во Момбаса, Кенија 

Наташа Дарков Од 21 до 26 октомври 2024 година, имав неверојатна привилегија да присуствувам на Светскиот акцелераторски самит на ИМКА во Момбаса, Кенија. Овој собир беше клучен момент за Визијата 2030 на ИМКА, собирајќи над 400 делегати од целиот свет, вклучувајќи млади кои делуваат како агенти за промени, претседатели, персонал и волонтери. Претставувањето на ИМКА Македонија како една од трите организации со врвен успех во спроведувањето на обемното истражување за значајни работни места за млади поддржани од Делоит Австралија беше вистинска чест и врв на моето патување. Од 90 кандидати на глобално ниво, бев почестена да бидам една од трите избрани за оваа важна улога.  Самитот започна со топол и свечен прием организиран од генералниот секретар на ИМКА Кенија. Секој делегат беше лично пречекан, со најава за една недела исполнета со другарство и поврзаност. Забавата на вечерта го покажа богатото културно наследство на Кенија преку музика, танц и традиции, создавајќи живописен и незаборавен вовед во земјата домаќин.  Почнувајќи од вториот ден, фокусот се префрли на столбовите на Визија 2030: Одржлива планета, значајни работни места, благосостојба на заедницата и праведен свет. Ангажираните пленарни сесии вклучуваа инспиративни говорници, вклучително и генералниот секретар на ИМКА Свет и претставници од УНИЦЕФ, Обединетите нации и Habitat for Humanity, кои беше огромна чест да се слушаат во живо. Според мене една од највредните за мене активности беше иницијативата „Тату Тату“, која не охрабри нас учесниците од различни нации да се поврземе и да разменуваме перспективи за конкретни теми во текот на целата недела. Тоа беше моќен потсетник за силата и различноста на глобалната мрежа на ИМКА.  Третиот ден понуди можност да посетиме локални граѓански организации во Момбаса. Јас го избрав SOTE HUB, динамичен бизнис инкубатор кој поддржува стартапи во области како дигитализација, земјоделство и климатски промени. Сведочењето на нивната влијателна работа од прва рака беше инспиративно и усогласено со пошироките цели на Визија 2030. Подоцна истиот ден, сите делегати се собравме во ИМКА Момбаса на средба и поздравување со нивниот персонал. Посетата опфати привлечен сегмент од културна размена и заврши со незаборавна групна фотографија која го долови духот на нашата заедничка мисија.  Четвртиот ден се фокусираше на свеста за менталното здравје – тема блиска до моето срце. Програмата вклучуваше презентации кои предизвикуваат размислување и видео пораки од претставници во Хонг Конг и Хондурас, проследени со групни дискусии кои длабоко навлегуваа во пристојни работни места за млади. Беше одлично искуство за размена на идеи и согледувања со врсници од целиот свет. Таа вечер, европските делегати се собраа на неформален собир за да споделат предизвици, искуства и можности за соработка. Овие дискусии го зајакнаа моето чувство за припадност на заедница која поддржува и иновира.  На петтиот ден истражувавме теми преку панел дискусии водени од меѓународни претставници по што следуваше завршната работилница за пристојни работни места за млади. За време на церемонијата на затворање беа доделени награди за секој столб на Визија 2030. Иако наградата за дигитални хабови ја доби Центарот за рехабилитација во Ерусалим, почувствував огромна гордост што ИМКА Македонија, заедно со Западен Балкан и Молдавија, беше номинирана за ова значајно признание. Денот заврши со висока нота со гала вечера организирана од Y’s Men International, славејќи ги нашите заеднички достигнувања и вмрежување.  Последниот ден од самитот ни беше време за размислување, вмрежување и градење трајни односи. Секое утро во неделата започнуваше со резимирани видеа кои ги доловуваат најважните моменти од претходниот ден, а овие моменти ќе ми останат како најдобри спомени. Самитот „Визија 2024“ беше огромен успех и јас ја оставив Момбаса инспирирана и подготвена да придонесам за целите на ИМКА „Визија 2030“. Ова искуство не само што ја продлабочи мојата посветеност на пристојни работни места за млади, туку и ја потврди трансформативната моќ на глобалната соработка и заедничката цел.  Засекогаш ќе ја ценам можноста што ја претставував ИМКА Македонија и да бидам дел од овој трансформативен настан и ја изразувам мојата срдечна благодарност до сите што го овозможија ова патување. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам сведок на магијата на единството, иновативноста и надежта на глобалната сцена. 

Европска недела на мобилност

Европската недела на мобилност, која се оддржува од 16 до 22 септември секоја година, оваа година опфати 2 767 градови од 45 земји. Како и секоја година, така и оваа ИМКА ја обележува европската недела на мобилност #EuropeanMobilityWeek со цел подигање на јавната свест на младите, сите граѓани и носителите на одлуки за важноста на алтернативните начини на движење со цел активен животен стил, поздрави граѓани и средини и намален метеж и загадување. Темата на овогодинешната кампања беше споделени јавни простори. Свесни сме дека нашите јавни простори се неправедно распределени помеѓу типовите на транспорт со доминација од над 90% на возилата. Тоа мора да се промени. Првата средба ја реализиравме со претставници на основните училишта со цел разбирање на визијата на европската недела на мобилност. На настанот присуствуваа претставници на 7 основни училишта од нашиот град кои ја препознаа и прифатија идејата за поголем опфат на учениците, како и за подигнување на свеста кај учениците од помала возраст. Вториот настан беше за 18 ученици од 6 основни училишта во Битола. Зборувавме за европската недела на мобилност, за точакот како превозно средство, имавме четири вежби и имавме работилница за основни безбедносни проверки и поправки од типот „направи сам“. Важно е да научат зошто сите треба да се залагаме за оваа визија и да имаме убав и одржлив град. Во остатокот од неделата врсничките едукатори од основните училишта реализираа активности со цел споделување на овие знаења за што поголем број на млади да се вклучат и дадат свој допринес во визијата за здрави, активни, мобилни и независни млади. Образованието за сообраќајна култура и вело агенда ги опфати основните училишта Св.Климент Охридски, Др.Трифун Пановски, Стив Наумов, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски и Коле Канински. Благодарност до училиштата, кои се заинтересирани за реализација на вакви активности, до училишниот персонал без кој ваквите активности не би биле можни, до врсничките едукатори кои ни се придружија, учествуваа, научија нешто корисно и кои реализираа активности во своите училишта на оваа тема. Активностите за врсничка едукација се од голема важност, како за самиот град за популаризација на темата, така и за запознавање на преземање на одговорности од учениците. Благодариме до здружението Go Green – Биди Зелен и продавницата и сервис за точаци Fikamago Bike за поддршката!

Стратешки состанок на ИМКА во Западен Балкан

Од 23 до 26 септември имавме можност да присуствуваме на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан. Оваа иницијатива е поддржана од ИМКА Европа, ИМКА САД и ИМКА Германија за ИМКА во Косово, Македонија, Албанија и Србија. Овој состанок организиран од ИМКА Србија во Нови Сад се фокусираше на одржливоста со релевантна агенда која ги опфати следните главни теми: Состанокот е продолжение на претходните состаноци на Западен Балкан во проширен тим со гости од ИМКА Бугарија, Романија и Италија. На хибридните сесии присуствуваа и претставници на ИМКА САД и ИМКА Германија. Ова партнерство ја нагласува важноста на заедничките цели и соработката помеѓу ИМКА, без оглед на локацијата, за поттикнување влијателна работа низ Европа. Беше претставен напредокот на Акциониот план на регионот 2023-2025 година создаден за да овозможи соодветен раст на ИМКА од Западен Балкан. Акцискиот план има за цел да ја подобри состојбата во 3 клучни области: програми за млади (подобрување на квалитетот на програмата, допирање до повеќе млади луѓе), добро владеење (подобрување на управувањето, структури, транспарентност, финансиска дисциплина и воспоставување политики за добро однесување) и самоодржливост (изградба значајни партнерства, програми за генерирање приходи, стратегии за прибирање средства и сигурни капитални инвестиции како стратешка цел за одржливост). Овој настан беше одлична можност да се соберат колеги од различни ИМКА организации да споделуваат, да учат едни од други, да сонуваат, да се инспирираат, да поставуваат тешки прашања, да споделуваат предизвици и заедно да изградиме мостови на надеж, соработка и дружење. Голема благодарност до ИМКА Србија за неверојатното гостопримство во прекрасниот Нови Сад!

Форум за филантропија 2024: филантропијата како двигател на одржливиот развој

Имавме можност да земеме учество на овој убав и инспиративен настан во кој разни чинители се обединуваат со цел заедничко соочување со предизвиците на денешнината. На форумот на кој учествуваа учесници од Албанија, Косово, Македонија, Сингапур, Србија и Хрватска и над 80 учесници од институции, бизниси, граѓански организации и медиуми беше истакнато дека филантропските напори играат клучна улога во унапредувањето и градењето на поправеден и одржлив свет за сите. На форумот се споделија најдобрите практики од Балканот и пошироко. Филантропијата е делување што создава повеќе можности, партнерства и нови модели на засилена соработка што поттикнуваат раст на патот кон одржливиот развој. Една од насоките за делување која се истакна е дека треба да се работи на унапредување на стратешката филантропија, а не само на ад-хок иницијативи и давање поддршка во итни ситуации. На овој настан „Конект“ ги претстави и можностите на новата платформа за групно донирање „Оп-оп“ што на донаторите им овозможува обмислено донирање во вредни непрофитни организации што проверено прават големи промени. На 6 граѓански организации кои поминале низ процесот на проверка на високи меѓународни стандарди им беше доделен и сертификатот „Ознака за доверба“ и истите се препорачуваат на донаторите за поддршка. Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за демократија и добро владеење на УСАИД, истакна дека УСАИД верува дека филантропијата може да биде двигател на одржлив раст. Носители на врвни извршни позиции на домашните компании, членки на Клубот на одговорни бизниси на „Конект“ истакнаа дека здружувањето на компаниите во оваа иницијатива за одржливост ќе го засили нивното позитивно влијание врз општеството во соработка со граѓанскиот сектор. Панел дискусијата на медиумите ја истакна потребата добрите филантропски пракси да котираат повисоко во темите кои се во фокус на уредничките политики негувајќи национална култура на доброчинство. Овој настан е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од „Конект“ во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Campacity конференција на ИМКА Камп Европа

По неколку месеци планирање и напорна работа, Campacity 2024 се одржа од 15-ти до 21-ви април во Толедо, Шпанија во младинскиот центар Кастиљо де Сан Сервандо со поддршка на локалната власт. Потоа се преселивме во ИМКА Камп Приего и бевме пречекани од ИМКА Шпанија како домаќини. Втората конференција од овој тип беше заедничка иницијатива на ИМКА Европа и САД чиј домаќин беше: Во текот на една недела сесии, учесниците: Сето ова беше овозможено преку успешна соработка помеѓу учесниците на ИМКА Европа и САД и преку споделување на значајната работа што ја прави секоја национална или локална ИМКА. 75 учесници од 15 различни земји се собраа мотивирани да учат и споделуваат со цел што ги обедини сите – љубовта кон кампувањето и верувањето во неговото влијание. Програмата беше избалансирана со сесии за градење капацитети и време на културна изложеност дизајнирано да помогне во поврзувањето и создавањето врски. Учесниците имаа можност да присуствуваат на работилници за многу вкрстени теми кои играат клучна улога во создавањето на успешен камп како што се градење стратегии, прибирање средства, партнерства, мониторинг и евалуација само за да наведеме неколку. Освен ова, тие имаа можност да се запознаат со методологијата „Не прави штета“, бидејќи во денешниот свет од клучно значење е да останеме свесни за нашите акции, планови и проекти. Како последна забелешка, треба да се спомене колку е прекрасно и моќно да се гледаат луѓето кои работат напорно денес со какви било средства што ги имаат за да создадат подобро утре, а Campacity покажа дека дури и ако живееме илјадници километри подалеку еден од друг, ние се дел од нешто поголемо.

Инспиративно патување и градење врски на Конференцијата за кампови во САД

Од Виктор Илиев Ќе започнам со мојата длабока благодарност до ИМКА на САД за поканата за приклучување на меѓународна група на Конференцијата за кампување во САД. Овој собир ги надмина вообичаените очекувања, понудувајќи извонредно искуство заедно со моите колеги од Косово, Романија, Шпанија, Украина, Аруба, Порторико, Колумбија и Бразил. Пристапот на ИМКА на САД е за пофалба поради тоа што не само што ја прикажаа нивната уникатна камп култура, туку и понуди глобална размена на најдобри практики. Покрај тоа, овој настан додаде и меѓународна перспектива, поттикнувајќи врски преку Атлантикот за подобрување на сите вклучени во развојот на младите преку образование на отворено и кампување. Моето патување започна со еднодневно доцнење поради откажување на летовите, но пристигнав во Омаха, Небраска и ја поминав ноќта во Камп Китаки. Иако ја пропуштив официјалната турнеја во кампот, остатокот од времето во следниот ден ми остави впечаток за кампот Китаки како трансформативно засолниште на отворено, посветено на развојот на младите и искуствено учење. Директорот на кампот, Џејсон, на неодамнешен настан елоквентно ја долови моќта на кампот во видеово, опфаќајќи ја суштината на образованието на отворено. Нашето патување продолжи до Камп Des Moines Y во Ајова, каде што на влезната порта беше испишана објава дека е: „Најблиското место до рајот на Земјата“. Бевме пречекани од директорот на кампот Алекс кој не однесе на турата низ кампот. Овој камп имаше толку многу работи да презентира и толку многу аспекти од логистиката на кампот што речиси ме остави без зборови. Сведочејќи ја обемната историја на кампот, извонредните проекти на Алекс и огромната поддршка од Камп Алумните зборуваат многу за влијанието на овој камп. На нашата следна станица, Камп Данкан лоциран во државата Илиноис чиј домаќин беше еден од нашите неверојатни домаќини директорот на кампот Боби, се чувствував како одење на позната локација. Причината за тоа се долгите разговори на патувањето од една држава во друга, така што активностите и логистиката на кампот ми беа некако испреплетени со чувство на блискост. Неверојатно е да се види, но тој и неколку вработени во кампот живееја на самиот камп. Со живописно езеро и разновидни активности кои ги нуди на отворено, Камп Данкан е доказ за неверојатните искуства што ги нуди. Незаборавното интермецо од активностите на камповите не доведе до центарот на Чикаго кулминирајќи со посета на седиштето на ИМКА во САД. Средбата со посветениот тим предводен од гостопримливата Адријана го зајакна мојот поглед за посветеноста на организацијата кон нејзините основни вредности. До крајот на нашето патување бевме сведоци како таа и нејзините членови на тимот на оваа неверојатна пред-конференциска турнеја не зборуваат само за основните вредности на ИМКА (почит, одговорност, чесност и грижа), туку ги инкорпорираат во нивните сопствени животи и дејствуваат според нив. За случајна организација е лесно да се наведе каква било мисија и визија, но ние не бевме во случајна организација. ИМКА на САД е организација како ниедна друга. Давање на децата можности за одличен почеток. Помагање на семејствата да имаат здрав живот. Инспирирање на заедниците да работат заедно. Тоа е ИМКА. Нашето патување го достигна својот врв во Мичиген во ИМКА до езерото Шерман, каде што беше конференцијата за кампови како главен настан. Конференцијата која беше домаќин на околу 250 професионалци за развој на млади преку кампови на отворено од цела САД и од целиот свет, покажа уникатен спој на поединци во различни фази од нивните кариери. Искуството, знаењето и страста за образование на отворено ги имаше во изобилие на оваа конференција. Со три исклучителни клучни говорници, различни работни сесии од интерес избрани според нашите лични потреби, тркалезни маси, рефлексии, рекреација и можности за вмрежување, конференцијата остави неизбришлива трага врз мене. Морам да признам дека ме воодушеви дарежливата понуда на работни сесии и се мачев за да одлучам што да приоритизирам. Едно нешто што овде е направено на уникатен начин од она на што сум бил навикнат и видел досега е можноста да си креирам приспособен личен распоред на работни сесии. Вака се цени и вреднува времето на луѓето! Една од основните области на влијание на ИМКА на САД е општествената одговорност. Ова не се само два фенси зборови, туку зборови на кои ИМКА им дава суштина преку демонстрација. Дополнително на секоја камп конференција во САД, секоја година има настан за прибирање средства за одредена избрана кауза која ги добива сите собрани средства. Овогодинешнава камп конференција ги поддржа тековните напори на ИМКА од Мауи за возобнова на заедницата по неодамнешните разорни пожари. Бев изненаден што ја искусив културата на филантропија и општествена одговорност преку „тивка аукција“ и аукција во живо каде што луѓето донираат предмети од нивната ИМКА или земја како што се брендирани материјали, маици, производи или уметнички дела од детски кампови итн. и луѓето наддаваат со најдобри понуди. Филантропија и забава во исто време. И најдобриот дел на крајот – конференцијата беше поддржана од многу корпоративни донатори. Кога луѓето се залагаат и придонесуваат за некоја кауза, вие создавате заедница. Имаме многу да научиме од ова! И колку преубав начин да го завршиме нашето патување со посета на нашиот љубезен домаќин Томас кој заедно со посветениот тим во ИМКА Флинт срдечно ме пречекаа. Ја разгледавме ИМКА и нивните програми и разговаравме за нивните најдобри практики, можностите што ги нудат за тие да бидат вистинска организација во заедницата каде што луѓето чувствуваат дека припаѓаат. Последната станица беше во кампот на ИМКА Копнеконик каде и покрај снежното и студено време ни понуди посебна камп турнеја и попладневна рефлексија за нашите колективни искуства. Нашата група помина растојание од 1180 km, приближно растојание од Битола до Виена. Ги упатувам моите најдобри желби на сите сопатници во спроведувањето на овие вредни сознанија стекнати за време на ова извонредно патување.

Младински центар Битола: 2023 низ бројки

На 25.05.2023 во Битола се отвори Младинскиот центар водејќи се по својата мисија да се поттикне личниот и социјален развој на младите луѓе преку нивно вклучување во заедницата. Моментално во центарот работат 2 младински работници, додека со самиот центар раководи конзорциум од 3 младински организации од Битола, ИМКА, Сфера интернешнал и МКЦ.  Во текот на целата година се одвиваа низа на активности во насока на исполнување на осумте претходно утврдени специфични цели и со особена радост можеме да споделиме дека во голем дел истите се исполнети т.е. понудивме програмски активности од сите полиња на развојот на младите. Овозможување на простор за изразување на младите, организирање на слободното време на младите, развој на компетенциите на младите, поттик на претприемачкиот дух, промовирање на здрави животни навики како и подигнување на еколошката свест, информирање на младите за можностите за неформално образование, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството. Низ бројки тоа би изгледало вака: Најпосетувани програмки активности беа: дигитално образование, животна средина, ментално здравје, младинско учество и младински политики, како и забавните/друштвени активности како интеркултурни вечери, денови за готвење, учење на странски јазици и сл. Нашиот придонес во активностите на младинскиот центар беше во главно преку два проекти кои ги спроведувавме во текот на годината:  Минатата година беше доказ за посветеноста на младинскиот центар кон развојот на младите во Битола. Извршувањето на активностите низ сите специфични цели ја демонстрира посветеноста за негување на динамична, одговорна и инклузивна средина за младите. Визијата на Младинскиот центар е иднина со охрабрени, креативни и одговорни млади кои активно придонесуваат кон опшествениот напредок, и претставуваат жива, информирана и активна младинска заедница во Битола. Целосната верзија на годишниот извештај на младинскиот центар е достапна на веб страната на младинксиот центар.

Национална конференција за младинска работа

На 19.12.2023 година во Скопје се одржа најголемата национална конференција за младинска работа во нашата држава. Пред повеќе од 100 присутни гости свои поздравни обраќања имаа Андреј Наумовски, претседател на Сојуз за младинска работа, Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, Ѓорги Тасев, соработник на Претседателот на Владата за млади и младински политики и Јовица Митевски, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата свечено беа доделени и сертификати на 13 лица кој ја поминаа обуката и се стекнаа со звање работник со млади. Меѓу нив беше и Наташа Дарков, која е дел од тимот на ИМКА Битола. Низ два панели се разговараше за „Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“. Претставниците од државните органи и градоначалници најавија континуирана поддршка за процесите на валидација и целосно воспоставување на младинската работа како професија и поттик на процесот на основање младински центри низ целава држава. Претставниците од младинскиот сектор вклучувајќи ги Сојузот за младинска работа, младинските центри и младинските работници нагласија дека младинските работници и младинските центри се клучни за спроведување на квалитетна младинска работа. Нивното препознавање и поддршка ќе значат и создавање на средина за поддршка за раст и развој на младите. Тие исто така говореа за важноста на обуката за работник со млади и професијата младински работник за правилен развој на младите. Претставниците на другите институции поддржувачи на развојот на младинската работа во државава ја изразија нивната поддршка исто така. Филозофски факултет изјавија за поддршката која ја даваат преку студиите од втор степен по младинска работа кои се први постдипломски студии по младинска работа во регионот за кои се предвидени и стипендии. ГИЗ кои ја истакна значајноста на соработката и насоченото дејствување на странските донатори во согласност со понудувачите на  младинска работа на локално и национално ниво. Вклученоста на ИМКА како организација во овие процеси е на високо ниво. Јовче Крстевски, сертифициран младински работник, е дел од персоналот на младинскиот центар во Битола, е член на базата на оценувачи на квалитет на младинските центри формирана при Агенцијата за млади и спорт и беше еден од панелистите на настанов. Дополнително на тоа, на настанов Наташа Дарков по цела година исклучителен ангажман со групи на млади го завршени интензивен курс за серифицирање за младинска работа доби и формално звање „работник со млади“ од Агенција за млади и спорт и Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work. Јовче Крстески оваа година помина низ процес на обуки и пракса за примена на методологија за кариерно советување и насочување на младите ProfillPASS, која е развиена од Германскиoт институт за образование на возрасни – Центарот за доживотно учење Лајбниц Deutsches Institut für Erwachsenenbildung.

Иницијатива за поттик на нашата мисија во Западен Балкан

Од 13-ти до 16-ти октомври, нашите претставници беа присутни на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан, чиј домаќин е ИМКА Косово. Програмските сесии беа дизајнирани околу интеграцијата на мисијата и визијата на ИМКА од Македонија, Албанија, Косово и Србија и воспоставувањето на светла иднина заедно во рамките на нашето движење. Покрај претставниците на Иницијативата за Западен Балкан, на состанокот имаше и неколку гости кои дадоа свој придонес во програмата како што се Клаудија Кун од CVJM (ИМКА Германија) со инпути за развојот на програмите, Пол Смајли од ИМКА Европа со придонес за подобрување на управувањето во организациите, Мариус Поп од ИМКА Европа за стратешки партнерства со придонес за соработката со корпоративниот сектор, Том Валентин од ИМКА од САД со инпути за перспективите и поддршката за регионот во иднина и Енди од тимот за комуникации на ИМКА Европа. Програмата понуди неверојатна можност за размена на добри практики, запознавање со локалните младински лидери и посета на центрите на ИМКА низ целата земја, вклучувајќи го и новиот Камп Пјетершан. Нашиот престој беше во градот Пеќ со работни сесии одржани во локалната ИМКА – импресивен мултифункционален објект кој располага со различни програми за обука за млади. Тоа беше одлична можност да се даде отчет за секоја организација и нивниот развој за време на иницијативата и плановите во светлината на ветувачките партнерства и потенцијалните идни активности. Беше одлично време да се потсетиме на сите вредности, спомени и искуства што го собраа раководството на Иницијативата за Западен Балкан – продолжувајќи да ја фокусира својата работа на регионалните планови, идните чекори, предизвици и можности за претстојната година. Во однос на постигнувањата, вреди да се спомене дека некои ИМКА добија нови општински простори и договори, приходот на секоја ИМКА се зголеми во текот на целата иницијатива, започнаа нови партнерски проекти (во регионот и на меѓународно ниво), дополнителен фокус даден не само на лидери, но и на персоналот и членовите на одборот. Со преку 20 дигитални состаноци (тим и 1 до 1) плус студиски посети на сите ИМКА организации оваа година  регионот полека расте и оди во вистинската насока – со уште многу работа што треба да се направи. И круната на нашето патување – Кампот Пјетершан – импресивен камп на ИМКА во има капацитет за сместување 70 млади луѓе и нуди прекрасни капацитети како спортски и тренинг објект, камп сала и канцеларии, бунгалови, камперски оган – простор што може да се користи за повеќекратни активности на отворено и одличен пример на проект со локална, национална и меѓународна поддршка. Бевме инспирирани од овој состанок, воодушевени од издржливоста и одлучноста на тимот и индивидуалната работа на сите ИМКА организации кои создаваат промени во нивните заедници – и благодарни сме што сме дел од неа.