Еразмус+ младинска размена „Може и наТочак“: Нашите нови перспективи

Последни новости Еразмус+ младинска размена „Може и наТочак“: Нашите нови перспективи Од Станислав Крастев Навистина ми се допадна проектот! Искуството што го имав и работите што ги научив овде во Битола беа најповеќе за програмата Еразмус и за младинските размени. Навистина научив многу. Но, ова се однесува и за темата велосипедизам. Научив како се нарекуваат различни делови од велосипедот на различни јазици, научив како да сликам мурали и исто така да поправам велосипеди. Последен пат кога возев велосипед пред овој проект, беше пред околу 2 години. И сега, размислувам да купам нов велосипед и да го користам за градски превоз. Сигурно ќе им ја препорачам програмата Еразмус на моите пријатели и соученици! Од Малена Велинова Искуството што го имав со овој проект беше исто така неверојатно. Запознав неверојатни и полни со живот луѓе и научив многу од нив за велосипедите и за младинската размена воопшто. Научив многу за ова и од организаторите на оваа размена. Пред да дојдам овде, не знаев многу за велосипедите и нивната важност, но сега е поинаку. Знам многу повеќе, за типовите на велосипеди, за што се користат, како се корисни за околината и многу други работи. Подготвен сум сега да го „изградам“ мојот живот и да преземам поодговорна улога кон мојот град во кој живеам!
Глобална недела на миротворци

Последни новости Глобална недела на миротворци Од Македонската група на учесници И ова лето околу 50-ина млади луѓе се собраа во Осло, Норвешка во рамките на PEACEMAKERS GLOBAL WEEK 2022. Тоа беше една недела дискусии, учење, акција и интересни состаноци на разни прашања околу глобалните светски трендови кои ги засегаат и младите. Со учесници од повеќе земји, „Глобалната Недела“ е настан каде што се добива чувство за тоа колку е мал светот и каде што се гради космополитскиот дух. Овој настан претставува прилика за подобро разбирање и на тоа како функционираат младите од разни делови од светот и како размислуваат за важните светски прашања поврзани со толеранцијата, правдата и мирот. „Глобалната Недела“ се одвиваше во периодот 11-17 Јули во Осло под покровителство на Глобал ИМКА-ИВКА на Норвешка. Имаше учесници од 3 континенти, а ние бевме четворица од Македонија, Марина, Андреј, Теа и Бојан. Ангажманите за време на целиот настан содржеа разни игри низ кои се запознававме меѓу себе и нашите култури. За многу брзо време сфативме дека иако доаѓаме од различни земји, сите сме со различни карактери, сите потекнуваме од различна верска и национална припадност, сите ние потекнуваме од различни култури, сфативме дека не спојува едно нешто: нашата волја да научиме нешто повеќе и нашата желба за подобро утре на сите нас. Темите на кои работевме беа поврзани со дискриминација, насилство, стереотипи и предрасуди кон младите од туѓите средини, расизам и расна дискриминација, етнички стереотипи и сегрегација, предрасуди и дискриминација кон бегалците и имигрантите, како и малку за глобалното затоплување. Покрај сериозниот дел, имаше секако и интеркултурната вечер во која ги претставивме нашите земји и култури преку нашата традиционална храна и по некој збор повеќе за нашата држава. Имавме бескрајно забавни и незаборавни поминати денови. Од Норвешка заминавме полни со емоции, створени пријателства и конекции за цел живот. Сите ние патешествието до Осло го завршивме со нови искуства, научени работи, пријателства, спомени кои секогаш ќе ги носиме во нашиот куфер наречен живот.
Синерџи тренинг во Равногор

Последни новости Синерџи тренинг во Равногор Од Петар Кузмановски и Виктор Зафировски Од 1-8 јуни во Равногор, Бугарија беше одржан синерџи тренинг организиран од тимот на Синерџи Бугарија кој спроведува вакви тренинзи за личен раст и развој. Тренингот беше воден од страна на Маркос и Јулија, лидерите на Синерџи Бугарија и беше со наслов ‘Charge your future” или во превод „Наполни ја својата иднина“ како кога полниш батерија на полнач. На тренингот присуствуваа 23 млади луѓе кои сакаа да научат нешто повеќе за себе си. Содржината беше фокусирана кон постигнување на личен развој преку серија на специфични вежби на отворено и затворено кои ги предизвикуваа нашите лични граници. Со тоа обучувачите се обидуваа да постигнеме нов вид на наша лична интеграција, на нашите квалитети и вештини кои сакаме да ги подобреме за да имаме поздрава и поисполнета иднина. На настанот учествуваавме учесници од повеќе земји како Шпанија, Италија, Литванија, Грција, Бугарија и Романија. Тоа допринесуваше и за интернационалниот момент во групата, бидејки имаше учесници од земји со кои никогаш не сум бил во контакт. Од Македонија учествуваме само двајца учесници, јас и Виктор и целокупното искуство беше многу интересно и предизвикувачки. Посебно делот кој се однесуваше на активностите на отворено, како што беше делот кога буквално бевме пуштени да се снаоѓаме сами во блиската околина околу Равногор и како синерџи тренингот не тера да ги сфаќаме идите за „креативност“ на нов начин и тоа да биде применливо во решавањето на проблемите во кои бевме втурнати. Мислам дека сите учесниците беа навистина вклучени во се, и дека искористија доста од искуствата за да почнат да размислуваат како може во иднина да си направат промени во својот живот кои ќе се чувствуваат секогаш наполнети со енергија. Мало видео од тренингот може да видите тука.
Зајакнување на младинските лидери во летните кампови (ЕСИЛ)

Последни новости Зајакнување на младинските лидери во летните кампови (ЕСИЛ) По кратка пауза, овој Мај продолжиja ЕСИЛ обуките за камп лидери во ИМКА. Повторно во Холандија како и минатите пати лидерите од неколку ИМКА организации од цела Европа, се собраа за да учат за кампувањето, правилата на кампот, игрите во кампот и другите активности релевантни за нив како идни лидери. Овој настан беше едно незаборавно искуство кое засекогаш ќе остане во нашите сеќавања. За нас тоа беше огромна можност да научиме нови работи, да запознаеме нови луѓе и нова земја, да ги прошириме нашите знаења, вештини и креативност. После неопходните одложувања на овој камп заради пандемиската ситуација, целиот овој настан беше едно големо освежување и враќање во реалноста. Овој камп се случи во близина на малото гратче по име Леусден и е дел од големата мрежа на ИМКА кампови во Холандија. Учествувавме повеќе земји како Романија, Македонија, Шведска, Финска, Италија, Шпанија секако и домаќините од Холандија во последната недела помеѓу 25 и 29 Мај. За кратко време од кога стигнавме сите се поврзавме и не помина долго пред да започнеме да разговараме меѓу нас како да се познаваме со години, без незгодни моменти, без срамежливост, без интровертност. Сите покажуваа искрен интерес за земјата од која што доаѓаат другите, културата, секојдневниот живот, навиките, храната, традициите. Дали беше тоа заради ефектите после пандемискиот бран не знаеме, но секако беше добро да се почувствува човечката топлина и заедништво како и претходно. Бидејќи на овој камп се подготвуваме и се потсетувавме како е да се работи со други луѓе, важни теми кои ги поминавме беа лидерството, да бидеш добар комуникатор, тимски играч, што значи да си координатор на волонтери, да креираш работилници и да се чувствуваш спонтано низ цел тој процес. Ние тројцата од Македонија, јас, Дарко и Андреј поминавме низ програма која ни помогна да се вратиме на старите добри проверени камперски рутини и да добиеме нова сила за понатаму. Дел од нашите искуства можете да ги видите овде.
Сведоштва 2019

Последни новости Сведоштва 2019 Лидија, Лука, Андреа, Јовче и волонтерите на “Битола на точак” – Мозаик, проект на ЕВС “Ја помагавме оваа иницијатива за да стане поактивна, помагајќи им во нивната кауза на секој можен начин. Тоа значеше дека им помагавме да ги промовираат своите активности на социјалните мрежи, да создаваат флаери и летоци и да ги дистрибуираат во локалните кафулиња низ главната пешачка улица во градот (наречена “Широк Сокак”). Учествувавме во подготовката и изработката на видеото за оваа иницијатива, која ке послужи и како јубилеј за ова локално движење. На почетокот не беше баш јасно што беа целите на видеото, но успеавме да дојдеме до неколку добри идеи до крајот, и да ги снимиме. И уште нешто што го направивме, со оглед на тоа што учествувавме во критичните маси, беше поправките на велосипедите. – Лука имаше големо искуство со велосипеди што овозможи велосипедите секогаш да бидат спремни и подготвени. Исто така, помагавме и на камповите на ИМКА Битола, обезбедувавме главно логистичка помош. Ние ги осигуравме сите шатори за кампери дека се во ред, помагавме во она што беше потребно во канцеларијата и магацинот каде беа чувани материјали за камповите, а исто така отидовме и на самото место на кампот за да однесеме таму разни работи, а исто така го посетивме и блискиот прекрасен град Крушево. Третиот важен аспект беше фактот што ни беше обезбедено простор да истражуваме и да покажеме некои аспекти од нашата култура, ни беше дадено многу слобода за ова, и посветивме некое време на ова да видиме што ке биде.” Тамара, Виктор, Давор, Миа и Сара – Game on – Олде Вехте, Холандија “Кога аплициравме, очекувавме дека тоа ке биде вообичаен проект, но како што минуваа деновите, сфативме дека всушност ова ке биде дел од наjубавите моменти во нашите животи! Се започна со динамична игра, а потоа продолжи со неколку разговори што ги имавме со луѓе од многу други окрузи, луге со различно потекло, итн. Сите бевме ентузијасти, возбудени и трчавме низ Олде Вехте со големи насмевки на нашите лица. После извесно време поминато со многу нови пријатели и уште повеќе среќни моменти, отидовме во делот кога имавме шанса да бидеме креативни, иновативни и имагинативни. Сите се забавувавме додека игравме игри кои што ние самите ги изработивме, што докажа дека сме способни да оствариме работи што подоцна можат да ни овозможат доста возбуда. Беше доста голем предизвик за сите нас, но на краот се покажа дека е најзабавниот викенд во нашите животи каде што се запознавме со холандската култура и се стекнавме со некои важни вештини! Додека го затворавме проектот, ги разгледувавме сите наши спомени од овие две седмици – и ние би сакале да им препорачаме на сите да се пријавуваат на младинска размена како оваа во Олде Вехте.” Иво Дамјановски – тренинг во Унгарија, организиран од Егешек (Унгарска младинска асоцијација) – 22-31.05.2019 “Овој тренинг мене подетално ме запозна со коучингот и благодарение на него ги сфатив разликите помегу менторство и коучинг, ги практикував алатките и техниките што ги научив на неколкуте коучинг сесии, го пронајдов мојот стил на коучинг и си ја подобрив комуникациата (вербална и невербална). Тренинот беше добар бидејќи по секоја научена техника следуваше и простор за вежбање на истата, што значи дека знаењето не само што беше применливо, туку и имав шанса да го испробам и да експериментирам со разните техники на лице место. Знаењето од делот на комуникацијата можам да го применувам и во секојдневниот живот, но сфакам дека исто така е многу корисно и за работа со млади, како што се и сите останати алатки од делот на коучинг кои ги научивме. Навистина, ова беше доста корисен тренинг!” Бојан Велевски – ЕВС – Олде Вехте, Холандија “Учев историја на уметност на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Планинарење и фотографија се моите хобија. Никогаш порано не сум живеел во странство, па барав опција како да одам некаде, а Wider Horizon беше одлична можност за мене. Исто така, сакав да учествувам и на настанот Event Wise. Се сеќавам дека кога пристигнав во Олде Вехте беа доста гостопримливи. Мојот прв впечаток беше неверојатен. Ќе бидам тука два месеци! Во првиот момент бев возбуден, збунет и среќен во исто време. Но, знам дека го сакав ова и дека сето тоа ќе биде во ред. По два месеци бев искрено тажен што мојот Wider Horizon завршува, бидејќи се поврзувавме многу добро со целата група и беше навистина прекрасно да живееме заедно со тие луѓе. Имавме толку многу забава и толку многу споделувања меѓу нас. Постојат неколку причини зошто решив да отидам на долгорочен ЕВС. Кога дојдов овде за првпат и кога видов како луѓето живеат овде и какви работи се случуваат, само бев импресиониран. Друга причина е тоа што jа запознав мојата девојка овде за време на проектот “Wider Horizon” и двајцата решивме да се вратиме. Научив толку многу нови работи, нови техники и вештини. Ги подобрив моите јазични вештини и вештините за готвење. Мојот план е да работам во кујната колку што е можно повеќе време, а исто така и да поминам некои од обуките, сакам исто така да направам некој проект со фотографија и да jа поддржувам организацијата колку што можам.” Симона Стојчевска – Тренинг – „Тренирај го твојот тим со тренирање на себе“ Равногор, Бугарија 22-29.10.2019 “Бевме учесници од околу 10 земји, а целта на овој тренинг курс беше да се прошири знаењето на учесниците за различни методи за активности за обука/учење/настава. Беа опфатени различни теми: коучинг и менторство, комуникација и стилови на учење, поставување цели за управување со конфликти, тимска работа и лидерство, групна динамика, искреност, изговори и лаги што луѓето ги кажуваат и игри што ги играат луѓето. Програмата ни понуди широк спектар на демонстрации на различни техники за тренирање еден-на-еден. По секоја демонстрација, учесниците имавме можност да ги испробаме техниките и методите сами, работевме во парови или трио, овозможувајќи ни да ја искусиме секоја од техниките во улога на тренер, учесник и објективен набљудувач. Потоа следеа групни дискусии. Освен техниките еден на еден, беа организирани и некои групни активности во затворено и на отворено во
Сведоштва 2018

Последни новости Сведоштва 2018 Ристе Ѓорѓиевски – Олде Вехте, Холандија ”Мислам дека ЕВС проектите на Ерасмус+ се воопшто добра идеа и можност за младите од цела Европа и Македонија да можат полесно да патуваат, културно да се надоградуваат, да учат повеќе за себе, а и за сите култури во Европа. Во Олде Вехте центарот во Холандија има дури и повеќе од тоа, има премногу дружење, уживање и забава, а понекогаш и работа која сепак е и можност да ги надоградите практичните знаења, да го подобрите англискиот јазик и способноста за комуникација да научите по некој збор од јазиците на скоро секоја држава. Запознав луѓе од Кипар, Грција, Португалија преку Франција и Италија, па се до Норвешка. По овие ЕВС проекти може да запознаете и да створите пријателства со млади буквално од цела Европа. Преку различни игри и забава кои се одржуваат секоја среда во организацијата научив многу за Холандија, и за културните разлики и сличности на младите во цела Европа. Имам многу пријатели и познаници кои отишле на ЕВС проекти на различни места во Европа, но сепак мислам дека го направив вистинскиот избор што jа одбрав баш оваа организација и добив премногу животни искуства кои никогаш нема да ги заборавам.” Пеце, Надица, Андреј, Маријана и Славе – Natural Како во холивудската индустрија – кога филмот ќе стане хит, мора да направите продолжение! Па, минатогодишниот хит беше Natural (само еден човек повторува улога во овогодишното продолжение на франшизата, а тоа е Пеце). Летово, ние присуствувавме на семинар за размена на млади што се занимаваше и со вработливост и со активности на отворено. Ги споделивме нашите идеи со 50 други луѓе од 10 различни земји и сите различно ги толкувавме нивните искуства, но бевме желни да ги споделиме нашите впечатоци едни со други. Целиот проект беше поделен на четири дела. Оваа размена навистина го менува животот, бидејќи го доживеавме животот и на највисоко и на најниско ниво, и откривме дека е исто. На крајот на краиштата, животот е живот и ние сме тие кои го држиме клучот за него. Ние ја поседуваме иднината, а иднината нè поседува нас.” Искра, Ангела и Анастасија – Камп на иновации во Швајцарија 2018 година ”Повторно во Лејсин, Швајцарија, од 20-ти до 24-ти септември, оваа година се одржа иновативниот камп. На овој камп беа опфатени истите теми: младите и парламентот, акција и застапување за животната средина, ментално здравје и зајакнување на младите. Ние како поранешни кампери на GLOW бевме испратени од ИМКА Битола, за да продолжиме со нашата вклученост преку создавање клубови во некои од нашите локални градови, каде што има присутни поранешни кампери. Овие клубови се нова иницијатива и споделувањето на искуството со другите беше многу продуктивно за нас.” Гордана Благојевска – ЕВС искуство во Алборг, Данска „Задоволство беше да се биде дел од КФУМ-КФУК во Алборг, во овие 8 месеци што ги поминав овде, поминав неверојатно време, искуство, запознав многу луѓе. Ја видов данската култура, разликите што ги имаме, но и многу сличности. Многу сум среќна што бев дел од неверојатна организација и бев опкружена со неверојатни луѓе од кои научив многу, се надевам дека научија нешто и другите од мене. Само сакам да им кажам многу благодарам на сите” Филип Цветанов – Caring to communicate – Чешка “По враќањето од овој настан, адаптацијата на секојдневните рутини ми беше во ред, иако забележав дека луѓето имаат тенденција да бидат привлечени кон мене повеќе отколку обично. Забележав и во моето семејство дека стануваат посмирени од обично. Она што останува живо од ова искуство е фактот дека ако не сум во вистинската енергија, работите се прават околу мене без мое учество во нив – тие едноставно се случуваат. Искуството ми донесе свесност за тоа како можам да бидам повеќе во склад со она што се случува околу мене. Мислам дека ова е најважното искуство што го добив од целиот тренинг што ќе ми помогне подобро да го обликувам сопствениот пат. За мене, враќањето на моите секојдневни рутини беше малку чудно, бидејќи поминавме 10 дена во сосема поинаква средина, тоа беа 10 дена на љубов, ценење, смиреност, неосудување и да бидеме свесни и да чувствуваме сè околу нас, како различна димензија на слободата. Мојот околен дом обично не е секогаш таков, тоа беше разочарувачки бидејќи сега знаев како можат да бидат работите. Но, решив да работам на мене и да се обидам да го спроведам она што го научив и да се подобрувам се повеќе и повеќе. На почетокот беше тешко да се приспособам, но сега се обидувам да го искористам она што го научив и да функционира. Не можам да напишам се што имплементирав или научив бидејќи ќе потрае многу, но сум благодарен за се.” Андријана Алексовска – тренинг курс во Холандија “Кампот во Холандија беше неверојатно искуство. Неговата цел беше да ги подобриме нашите вештини за организирање кампови и да научиме нови работи за оваа област. Запознавме многу различни игри и информации за организирање кампови, опасности и последици и како да избегаме од нив. Многу внимание беше посветено на лидерство, исто така. Престојувавме во шатори и тоа беше уникатно искуство, секој што сака да стане дел од нашите кампови што ги правиме како GLOW или YMLP мора да го доживее. Научивме многу нови работи, кои нема да ни помогнат само во организационите кампови, туку и во секојдневниот живот. Едноставно ги сакам овие кампови, бидејќи тие ви помагаат не само да ги подобрите вештините за областа што е нашата главна тема, туку ви даваат и бесценета можност за саморазвивање. Од Македонија бевме јас, Марија Лусева, Михаил Насковски, Фатлинда Зекири, Валења Илевска, Андријана Алексовска.” Мартин и Радмила – “Free ways” – Холандија “Откако бевме дел од кратката програма наречена „Слободни патишта“ на фондацијата Олде Вехте, решивме да го продолжиме и понатаму престојот во Холандија. Тоа го направивме преку ЕВС програмата на платформата Еразмус+. Бевме среќни и способни да придонесиме и помогнеме во постоечките активности во Олде Вехте. Мартин помагаше со работилниците, додека јас помагав со обврските во кујната. Стекнавме повеќе искуство и пријатели од претходно. Посетивме и други европски земји.”
Овде и сега во Романија
Последни новости Овде и сега во Романија Тука и сега беше тренинг курс за 26 младински работници од 8 земји (Бугарија, Италија, Македонија, Малта, Португалија, Шпанија, Турција и Романија). Се одржа од 25 јули – 1 август 2018 година, во Марамурес, Романија. Проект организиран од здружението ИМКА Баја Маре, финансиран од Програмата Еразмус Плус, со учесниците на возраст од 18 +, младински работници, млади лидери, активни волонтери во нивните организации, волонтерски координатори, персонал итн. тие беа корисници на овој настан. Развојот на социјалните компетенции (на пр. критичко размислување, продажба, комуникација, доверба, услужливост, вештини за решавање проблеми, лидерство, прифаќање и толеранција, интеркултурно учење), со експериментирање на различни методи на неформално образование со користење на “Одење на отворено“ како алатка за социјална инклузија беа главните цели на оваа обука. Главните цели беа поддржување на учесниците во креирањето и дизајнирањето на различните и иновативните отворени методи за инклузија со цел да се стигне до загрозените млади, како и промовирање на важноста на методите за неформално образование и социјална вклученост. Првите денови од обуката беа активности во затворен простор, игри со бура на идеи и откривање на стилот на комуникација. Другите денови имавме активности како енерџајзери, тимска работа, техники на планинарење со јаже, рефлексии, имавме интеркултурна ноќ, Светското кафе и сл. Имавме можност да разговараме со група учесници за нашите идеи за создавање на сопствена активност, а тоа да го направиме со други учесници. Секое патување може длабоко да го промени начинот на кој го доживуваме нашиот свет, а ова беше уникатно и непроценливо за мојот личен раст. Беше голема можност да се осврнам на новите култури, да комуницирам со луѓето, да споделувам различни впечатоци и размислувања. Остварувањето заеднички цели со заеднички напор имаше во сите активности и тоа имаше важна улога во градењето на моите вештини. Како дополнително прашање, таа ја зголеми мојата желба да се здобијам со нови знаења и да се развивам, бидејќи само со самоподобрување можеме да придонесеме во општеството и да влијаеме и на другите. Тука и сега е се што имаме, и ако го играме како што треба, тоа е се што ни треба! „По некое време отсуствување од ваквите тренинзи, си се обновив и дозволив да станам едно со сето она што го правевме. Бев љубопитен за секоја активност и го принудив мојот ум да размисли „Како да го направиме сега ова?“ и дојдовме сите со различни идеи, стекнавме доверба еден во друг, се предизвикуваме, научив и на крајот запознав луѓе кои ме научија како да се грижам и да се сакам, други кои ме инспирираа никогаш да не престанам да сонувам и да ги постигнам моите цели. Стекнав пријатели и имав прекрасни моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Овие обуки ги отворија завесите и ми понудија шанса да видам разнобоен мултикултурен свет, да зема нешто од уникатноста на секого, да научам нови работи и да ги подобрувам моите професионални вештини. Младоста има толку многу да даде, светот може да биде подобро место на живеење и Еразмус плус е толку за тоа.
2017 сведоштва

Последни новости 2017 сведоштва Васил Коцевски – Change agents ”Како агент за промени што доаѓа од Македонија, моето искуство од Регионалната обука во Швајцарија можам да го опишам како: просветлувачка, инспиративна реклама на врвот – вистинска авантура. Околу 50 млади луѓе се собраа на едно место за да бидат промената, да ја пренесат визијата и да инспирираат акција. Откако поминав 4 дена со моите колеги агенти за промена, можам да кажам дека налетав на луѓе со талент, вештина и мотивација да ја водат промената која ќе има позитивно влијание врз општеството. Поминувајќи неколку денови во природа, исклучен од остатокот од светот навистина ми помогна да го зајакнам мојот карактер и да создадам нови пријателства. Со помош на извидниците создадовме навистина уникатна средина за регионален собир. Поминав многу време учејќи како работи ИМКА во различни земји и дискутирајќи за идеи за напредокот на организацијата и на локално и на глобално ниво. Искусив дел од предизвиците на извидништвото и научив многу корисни практики од извидниците кои беа наши придружници. Како најголем белег од искуството би ги избрал новите пријателства што ги создадов, запознавање извонредни поединци со интересни животни приказни. Тоа е затоа што, лично јас ги ценам односите пред сè друго. Искуството ме натера да сфатам дека и покрај многуте разлики, младите можат да бидат обединети со заедничка цел, целта да се создаде подобра иднина. Споделувајќи ја филозофијата на Библијата, ИМКА не охрабри да покажеме безусловна љубов кон нашите ближни. Според мене, покажувањето безусловна љубов е една од најблагородните карактеристики на еден маж. Затоа, тоа е една од лекциите од обуката што најмногу ја одржувам. Како последен збор, во текот на моето искуство во Швајцарија стекнав целосна доверба дека младите можат, а младите ќе имаат. Ние ќе бидеме промената, ќе ја пренесеме визијата и ќе инспирираме акција.” Васил Коцевски – Студиска посета на ИМКА Америка ”При посетата на Америка ова лето решив да ја искористам можноста за студиска посета на американска ИМКА со цел да се запознаам повеќе со тоа како организацијата работи во Америка. Направив кратка посета на ИМКА Вест Сајд во Њујорк, која имаше многу импресивна основање и пообемна посета на ИМКА Кембриџ во Бостон. ИМКА Кембриџ главно работи како теретана и е фокусирана на спортски активности. Фитнес, кошарка, бокс и пливање се некои од дисциплините што ги нуди ИМКА во Кембриџ. Како што кажав на почетокот, мојата примарна цел беше да се запознаам повеќе со тоа како функционира американската ИМКА. Со цел да добијам подобар увид и вредни информации се фокусирав на управувањето, регрутирањето, финансирањето и вклучувањето во меѓународните активности.” Марко Томовски – “Do it for the Youth” – 07.2017 – Романија ”Овој јуни повторно добив можност да бидам дел од едно прекрасно искуство каде што се стекнав со нови знаења и вештини, открив една сосема нова перспектива за тоа што значи да си младински работник и запознав една прекрасна група амбициозни, искусни и фини луѓе од 7 различни земји. Проектот беше одлична можност да се продре во НВО секторот и да се добие една слика како функцонира менаџментот, стратегиското планирање и остварувањето на целите во една невладина органзација. За мене, обуката беше вистинско откровение во однос на тоа што значи да се биде дел од една асоцијација, да се претстави организацијата на нови странски партнери и да се засили релацијата помеѓу младинскиот работник и самата организација, како место каде што настануваат промени. Додека ја претставував ИМКА Битола за време на обуката или во дискусиите со останатите учесници, бев особено горд и благодарен поради можноста да бидам дел од асоцијацијата која носи позитивни промени во нашата заедница. Се разбира, обуката немаше да биде реализирана без позитивната енергија и ентузијазмот на учесници, но и на обучувачите. Ние стекнавме силни врски и разменивме многу различни идеи, мислења и културни вредности кои ја збогатија нашата личност. Без разлика дали соработував со млади новодојденци во ова поле исто како и мене, или со ветерани со 25 годишна професионална ангажираност во секторот, секогаш беше возбудливо да се слушне различна перспетива и да се работи заедно за да се исполнат целите. За крај, можам да додадам дека проектот „Do it for the youth“ ги надмина моите очекувања, со тоа што беше совршена комбинација на ново знаење, предизвикувачки активности и средба со неверојатни луѓе.” Преставници на ИМКА Скопје – лидерска академија, сесија 1, Литомишл – Чешка ”Двајца претставници на ИМКА Македонија од 21 до 26 Март во Литомишл, Р.Чешка, учествувавме на првата сесија од Лидерската Академија на YMCA Europe, каде што учествуваа 30 млади лидери од 18 различни земји меѓу кои и двајца претставници на УМКА Македонија. Оваа академија беше планирана во 3 сесии во текот на 2017 година и следните две сесии се во јуни во Молдавија и во ноември во Белгија. Првиот дел од тренингот беше посветен на различни видови на раководство и специфичните карактеристики на еден лидер особено во NGO (невладина организација), со нагласена потреба за инклузивност и демократија. Понатаму, во вториот дел од обуката, се зборуваше за човековите права и нивниот основен пристап. Предавањата беа одржани од експертот во таа област, Магдалена Гавронска, која преку различни практични игри и улоги, им ја покажа на учесниците, положбата на голема група ранливи луѓе со загрозени основни човекови права и ги натера на размислување како во тие случаи YMCA би им помогнала. Оваа прва сесија од Лидерската Академија исто така беше посветена и на создавање на нови пријателства во една прекрасна атмосфера и зближување на различни култури и јазици преку храна, музика и смеа.” Група на учесници – 04.2017 – Холандија ”Група на дечки од Македонија се собравме и заминавме на младинска размена во Холандија. Тоа бевме jac, Пеце, Ане, Александра и Кристијан. Пред ова, се случи АПВ настанот на кој се спремавме сите ние што бевме лидери на групи и која активност ке jа презентира пред другите за време на размената. АПВ беше во Април, 2017. Во јули, заминавме за Холандија. Првиот дел од размената се случуваше на камп локацијата Буитендор. Во нашиот случај, тоа беше една голема ливада на коа беа распоредени неколку големи шатори во кои бевме сместени. Во овој дел
“Do it for the Youth” – моите впечатоци од проектот
Последни новости “Do it for the Youth” – моите впечатоци од проектот Од Марко Томовски Овој јуни повторно добив можност да бидам дел од едно прекрасно искуство каде што се стекнав со нови знаења и вештини, открив една сосема нова перспектива за тоа што значи да си младински работник и запознав една прекрасна група амбициозни, искусни и фини луѓе од 7 различни земји. Проектот „Do it for the Youth“, поддржан од Еразмус+, кој се одржа во гратчето Бустени во прекрасниот планински предел на централна Романија беше одлична можност да се продре во НВО секторот и да се добие една слика како функцонира менаџментот, стратегиското планирање и остварувањето на целите во една невладина органзација. За мене, обуката беше вистинско откровение во однос на тоа што значи да се биде дел од една асоцијација, да се претстави организацијата на нови странски партнери и да се засили релацијата помеѓу младинскиот работник и самата организација, како место каде што настануваат промени. Додека ја претставував ИМКА Битола за време на обуката или во дискусиите со останатите учесници, бев особено горд и благодарен поради можноста да бидам дел од асоцијацијата која носи позитивни промени во нашата заедница. Програмата на проектот беше толку добра што ме пренесе во иднината за да ги видам новите трендови, проблеми и предизвици со кои ќе се соочат НВО секторот и општеството во целина. Исто така, сесиите во кои имавме групни дискусии и активности за пронаоѓање методи за иновативност, адаптација и самоодржливост на нашите организации беа навистина корисни. Не само што добив нови перспективи за тоа што може да донесе иднината, туку исто така почнав и да размислувам како да постигнеме успех во непредвидливи ситуации. Така, ова искуство доста ми помогна да си ги подобрам личните вештини, како на пример, да воочувам и да реагирам соодветно секојдневни проблеми, да бидам покреативна во пронаоѓањето решенија и да подготам ефективен план за реализирање на плановите. Се разбира, обуката немаше да биде реализирана без позитивната енергија и ентузијазмот на учесници, но и на обучувачите. Ние стекнавме силни врски и разменивме многу различни идеи, мислења и културни вредности кои ја збогатија нашата личност. Без разлика дали соработував со млади новодојденци во ова поле исто како и мене, или со ветерани со 25 годишна професионална ангажираност во секторот, секогаш беше возбудливо да се слушне различна перспетива и да се работи заедно за да се исполнат целите. За крај, можам да додадам дека проектот „Do it for the youth“ ги надмина моите очекувања, со тоа што беше совршена комбинација на ново знаење, предизвикувачки активности и средба со неверојатни луѓе.
Сведоштва 2016

Последни новости Сведоштва 2016 Група учесници – Интеркултурна размена во Троген, Швајцарија ”Имавме прилика 2 недели да живееме во детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија. Таму имавме заедничко живеење во куќите, многу се сложувавме за се, секој си имаше свои задачи и обврски. Научивме да не се согледуваме во разликите, да ги заборавиме стереотипите и да имаме повеќе почит меѓу нас. Секако дека уживавме и во убавините на Швајцарија и од секој град ќе понесеме со себе убави моменти. Бевме тажни дека го напуштаме ова прекрасно место, но и среќни дека ние осуммина нема да сме повеќе исти, тулку нови личности со поинакви идеи и цели.” Наталија Дамчевска: од Швајцарија јас се вратив со стекнати многу навики, како и стекнато ново знаење во врска со темите што ги обработувавме. Запознав многу пријатели од Македонија и Србија. Со еден збор за мене оваа размена беше нешто што ќе го паметам цел живот. Матеа Наумовска: за мене оваа размена беше едно чудесно доживување. Таму го проширив мојот круг на пријатели, добив поголемо знаење и се вратив дома со променети мислења. Најинтересни ми беа прошетките и писмото за себе, кое треба да го добиеме по неколку месеци. Се надевам дека секој ќе има шанса во животот да го добие ова искуство. Кристијан Лазески: престојот во Швајцарија беше многу интересен и јас се вратив со многу аргументи со кои можам слободно да му се спротивставам на луѓето кои дискриминираат. Работилниците беа многу ефективни и интересни. За дружењето немам зборови и сеуште сум во контакт со сите други учесници. Европски Солидарен Корпус „На мојот ЕВС го подобрив својот англиски јазик и научив да возам помошно возило кое го користеа за работа во фармата. Потоа сфатив дека живеењето и дружењето со луѓе од различни култури е предизвик, но и забавно од друга страна. Возењето со велосипед до работа може да биде понапорно од самата работа. Исто така сфатив каде сакам да живеам.” Васко Ристевски „Најголем впечаток ми остави посветеноста на менторот во врска со работните задачи, големата грижа, како и фактот што имав шанса за запознавање на историјата на градот. Топлината на луѓето беше изненадувачка и на пауза од работа ручавме со семејството, при што се почувствувавме како дел од фамилијата. Патував низ многу градови низ Холандија и овој проект ги исполни моите очекувања.” Мартин Ангелов „Запознав луѓе од различни држави и некои од нив беа заинтересирани за учење на знаковен јазик, при што поминав некое време, подучувајќи ги и тоа ме исполни. Но она што најповеќе ме израдува, дури и наежи беше постапката на нашиот 67 годишен ментор кој се потруди да најде, спушти и научи да работи на апликација која преведува англиски јазик на знаковен, со што овозможи нашата комуникација да оди многу добро и брзо.” Радмила Периќ Обука „Re-connection, Чешка Се уште го слушам ехото од оваа прекрасна песна, која ме потсетува на неповторливата авантура за самоспознание. Ова ново патување беше насловено „Re-connection, волшебен проект кој се одржа во идиличниот дел на планините Rychlebske во Чешка. Овој толку близок, необичен контакт со природата беше најавтентичниот начин да се продре во најчистите делови кои ми ја полнат душата, од наискрената причина било да сакам да го постигнам тоа или ова во животот. Патувањето беше одлична можност за прв пат да се концентрирам подетално на себеси и да размислам за сите работи кои сум ги искусила досега. За целата атмосфера исто така многу придонесоа менторите со поддршката коа ни jа дадоа, а исто така и групата во целина. Ова несекојдневна можност беше едно ново поглавје во градењето на мојата личност и карактер. Беше едно бесценето, пријатно искуство со нови луге, прекрасна природа и најважно, можност за повторно соединување со себеси. Ова патување беше почеток на доживотен процес за еден значаен дел од човечкиот живот – откривање и верување во себе. Павлина Велјановска