Сведоштва од Програмата за дигитално образование на YMCA+HP за 2024

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт MK MK EN X Донирај Последни новости Сведоштва од Програмата за дигитално образование на YMCA+HP за 2024 Андреа Како една од најредовните посетители во младинскиот центар која редовно доаѓа на разни настани и работилници дознав и за HP life курсевите. Тоа се курсеви за дигитална писменост кои ги води Наташа од ИМКА. Научив многу нови работи кои обично би требало да ги научам на училиште, но за жал во нашето образование тоа не постои. После неколку изучени курсеви одлучив да ги препорачам на моите соученици, бидејќи сметам дека секој треба да се едуцира за основни работи, затоа што живееме во време каде што речиси се е дигитално. Исто така морам да напоменам дека секој пат кога присуствувам на било кој курс од HP life се здобивам со познанства со други ученици, знаење и самодоверба. Омилена категорија ми е комуникации. Лука Јас сум задоволен од овие курсеви затоа што сега е модерно време во кое секој треба да има разбирање за технологијата, онлајн бизнис и уште многу други работи. Јас сум многу благодарен на ИМКА за тоа што го објавија повикот за HP курсеви затоа што се многу корисни за помладите. Јас веќе некое време одам на овие курсеви и можам да кажам дека мене многу ми се допаѓаат и ми користат. Сакам и да ја пофалам Наташа Дарков која е наш едукатор и е секогаш спремна за да ни објасни и образложи дел од курсот кој не ни е јасен. Овој курс го споделувам со моите пријатели и соученици дека е многу корисен и се надевам дека ќе им се допадне бидејќи е многу корисен во ова време. Во иднина планирам да ги изучам сите курсеви од сите теми од кои како најкорисна би ја издвоил од темата маркетинг. Марко Имам 17 години и овие курсеви од ХП ми беа претставени во Младинскиот центар каде што редовно волонтирам. Многу ми е мило што започнав да ги посетувам овие курсеви, затоа што добив знаење за различни аспекти од ИТ светот. Мислам дека овој начин на добивање на некои нови вештини преку вакви курсеви треба да се примени во образованието затоа што кога јас можам да добијам толку знаење, секој друг треба и заслужува да добие. Курсевите можат многу да помогнат и би ги споделил со повеќе мои пријатели. Давид Јас сум Давид, ученик во втора година во гимназијата САБА на смерот бизнис. Нашето училиште секогаш покажува интерес во неформалното образование и затоа веќе втора година имаме соработка со ИМКА за курсевите кои ги нуди поддржани од HP Life. Јас ги посетувам овие курсеви со голем дел од моите соученици како би го збогатиле своето знаење за дигитален маркетинг. Знам дека иднината лежи во дигиталното образование и затоа со голема посветеност ги изучувам сите курсеви. Би ги препорачал на сите млади, да ја искористат оваа бесплатна можност и знам дека доколку дојдат барем еднаш, дигиталниот хаб на ИМКА ќе им стане едно од омилените места во нашиот град. Лина Јас сум Лина, втора година на насока бизнис во гимназијата САБА и исто така веќе втора година ги посетувам курсевите на HP овозможени од ИМКА во нашиот град. За овие курсеви дознав преку нашето училиште кое секогаш е расположено да ни предложи и овозможи дополнителни знаења како би се надоградиле повеќе за нашата иднина. Темата дигитален маркетинг ми е омилена, но секако дека уживам и во новите курсеви од темата за дигитални бизнис вештини кои се многу поврзани со моето моментално образование. Во иднина би сакала да студирам на студии поврзани со бизнис и знам дека знаењето добиено за дигиталниот маркетинг ќе ми биде од голема важност. Го препорачувам на сите мои соученици и пријатели, ова е одлична можност за нас и би било штета доколку не го искористите. Прочитајте повеќе за оваа програма тука.   Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Play4Peace Camp во Косово

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Play4Peace Camp во Косово Од 1 до 6 јули, тим од 8 луѓе од нашата ИМКА присуствуваше на младинскиот проект Play4Peace во Пеќ, Косово заедно со 20 други млади луѓе и младински работници од Србија, Косово и Италија, обединети за градење мир преку спорт. Овој проект вклучуваше 5-дневна програма каде преку различни спортски активности и работилници, учесниците стекнаа длабоко разбирање за критичната улога на младите во напорите за градење мир и помирување. Play4Peace беше интерактивен настан со дискусии, домашни групи, лични размислувања, активности и игри кои може да се применат во секоја организација. Покрај едукативните активности, учесниците имаа можност да посетат 3 града, каде беа поделени во тимови вклучени во бројни активности за градење тимови како што се Escape Room, Photo Challenge и интеркултурна вечер. Во продолжение, неколку сведоштва на некои од нашите учесници: Филип Имам само позитивно мислење за проектот. Очекувањата што ги имав беа големи, па мило ми е што после сето тоа беа исполнети. Додека бев таму, научив многу за тоа што е мир како концепт и како да го пренесам во мојата околина. Навистина сум благодарен за можноста да учествувам. Андреа Како за прв пат на проект, многу се забавував. Научив многу работи и игри и запознав многу нови луѓе. А особено сум среќна што се зближив и подобро се запознав со сите од мојата група и што имав непријатни моменти, но во исто време и смешни ситуации кои ми го направија искуството уште поубаво. Теодора Во изминатата недела, ИМКА ни обезбеди проект и дружба што ние како учесници не ги очекувавме. Овој проект за мене беше голем предизвик и проучување на мене и на луѓето кои беа околу мене. Активностите кои ни беа доделени на сесиите оставија траен впечаток кој верувам дека ќе го применуваме во нашето секојдневие и во иднина. Запознавањето со нови култури и пријатели, нивната отвореност и искреност ми остави силен впечаток. „Play4Peace“ е проект кој не натера емотивно да се отвориме за нови работи, да знаеме како да се почитуваме и што значи пријателство. Нема погрешни одговори, постои само проучување на нови предизвици и авантури кои го чекаат секој поединец. Силно им препорачувам на сите оние кои сакаат да учат нови работи да станат дел од младинскиот тим на ИМКА. Димитриј Имам само позитивни впечатоци за проектот во Косово. Моите очекувања беа надминати. Проектот ни овозможи да се запознаеме и да работиме заедно со млади луѓе од Косово, Србија и Италија. Заедно разговаравме на теми за мир и преку спортски активности, да го примениме наученото. Лора Проектот во Косово во кој учествував ми остави голем впечаток бидејќи бев воодушевена од нивното гостопримство, нивниот професионален пристап кон дадената обврска, начинот на реализација на проектот, како и пренесувањето на главната порака до секој од учесниците. Активностите што беа спроведени треба да се применуваат во секојдневниот живот бидејќи имаат позитивно влијание врз секој од нас во стекнување нови знаења за другите култури, нивната историја и формирање на нови пријателства кои верувам дека ќе бидат трајни, учење што е мир и како да се игра за мир. Доколку добиете шанса да учествувате во ваков проект, пријавете се без размислување и подгответе се за незаборавно искуство кое ќе биде трајно врежано во вашите срца и сеќавања. Лука Имам многу добри впечатоци од мојата прва младинска размена и можам да кажам дека ги надмина моите очекувања. Кога првпат слушнав за оваа размена, сакав да одам да искусам нешто ново во нова земја, да одам на ново место и да запознам нови пријатели. Додека учествував бев многу среќен бидејќи проектот беше поврзан со спортот. Многу сум благодарен на ИМКА за идејата да се запознаат младите од Косово, Србија и Италија преку спорт, тимска работа, преку заедничко учество. Запознав многу добри пријатели од други земји со кои сè уште комуницирам, од кои научив многу за нивните земји, нивната култура, нивната религија итн. Активностите ги препорачувам на секого бидејќи се поврзани со здрав живот и можат да придонесат за ментално да се подобруваме. Помладите поединци ќе имаат најголема корист затоа што се развиваат и им треба добар пример како да растат и да се развиваат, само имајте доверба, не плашете се да се изразувате и знајте дека можете да најдете пријатели од друга земја. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Гласови на промената: Сведоштва од учесниците на Врсничката школа за ментално здравје

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Гласови на промената: Сведоштва од учесниците на Врсничката школа за ментално здравје Ната Марија Шешиќ – основец од училиштето Ѓорѓи Сугарев Јас сум Ната Марија и бев дел од Врсничката школа за ментално здравје на деца и млади, каде што преку комуникација и дружење научив како да се справам со анксиозноста и паничните напади, како и да немам трема кога треба да имам говор пред публика. Освен тоа што научив нови работи, запознав и стекнав нови познанства и пријателства. Затоа топло ви препорачувам да бидете дел од активностите на ИМКА Битола. Андреа Гроздановска – средношколец од Гимназијата Таки Даскало Кога слушнав за овие обуки одма и без двоумење се пријавив и едвај чекав да почнеме со средбите. Ова беше нешто ново и чекор понапред од тоа само што се зборува насекаде колку е важно менталното здравје. Први обуки каде се работи со млади, тие да научат колку е важно да работат на својот личен раст и развој и да работат на својата самодоверба, да градат здрави односи и сл. За мене оваа школа беше многу интересна, затоа што на секоја средба имаше различна атмосфера, позитивна, забавна но истовремено и смирена. Често се собиравме во круг и споделувавме разни искуства, каде што се чувствувавме ислушани и прифатени такви какви што сме. Во неколкуте месеци дури траеше школата, полека менував некои размислувања, ставови и сфатив некои работи за мене и како да го одржувам моето ментално здравје во форма. Имавме добра социјализација, стекнав многу познанства и се ослободив од стравот на јавен говор. Фуркан Метлику – основец од училиштето Гоце Делчев Јас на оваа школа си поминав многу добро, на секоја обука учев по нешто и заклучив што треба да си променам кај мене. Од сите одржани обуки наученото го пренесував на моите блиски пријатели. Емилија Илиевска – средношколец од средното економско Јане Сандански Во текот на обуките за ментално здравје си поминав многу убаво, научив многу работи, особено како да ги изразувам моите негативни чувства како изнервираност, избувливост и др. Исто така, со овие обуки добив поголема самодоверба за зборување со другите, ако и презентирање пред други луѓе. Мислам дека овие обуки премногу ми помогнаа во секојдневниот живот и им препорачувам на сите да одат барем на една ваква обука, бидејќи многу ќе им помогне. Сара Петровска – студент на Музичка академија Благодарение на врсничката школа за ментално здравје станав врснички едукатор. Успеав да одржам предавања на тема резилиентност на околу деведесеттина ученици и студенти. Нашето подготвување околу сè ова траеше 12 наставни часа во кои работевме на повеќе теми што содржеа теоретски и практичен дел. Учевме и работевме со помош на психолози за кое што сум многу благодарна затоа што денес знам многу повеќе и успеав да се надоградам себе си, и тоа ќе ми служи многу во секојдневието. Сметам дека треба да имаме сè повеќе работилници од ваков тип и гласно да зборуваме со цел да помогнеме, да се едуцираме и здраво да растеме – како што успеавме сега. Јована Талевска – средношколец од средното медицинско Др. Јован Калаузи Ова беше совршена можност да научам пред се да ги идентификувам сопствените емоции, да научам техники и методи кои ќе ми помогнат да го извлечам најдоброто од нив а потоа да бидам во можност да го применам сето тоа за помош и поддршка на моите врсници. Сара Ѓорѓиевска – основец од училиштето Гоце Делчев Премногу сум среќна што ја имав шансата да бидам дел од овој проект и да станам и јас врснички едукатор по ментално здравје. Пријателствата, искуствата и знаењата кои ги стекнав ќе останат со мене засекогаш и сум многу благодарна поради тоа. Се надевам дека во иднина повторно ќе имам шанса дополнително да се развивам во областа на менталното здравје и врсничката едукација. Викторија Јовановска- Меѓународен Славјански Универзитет, Психолошки факултет Во Младинскиот центар во Битола се одржа Школата за врснички едукатори, организирана од АМОС, ИМКА и Порака Нова. Првично слушнав за училиштето од познаници, но не бев точно сигурна за што се работи. Неколку дена подоцна, мојот драг професор, Сашо Кочанковски, ми испрати повеќе информации за настанот и тогаш знаев дека тоа е нешто што ќе ми биде навистина корисно и дефинитивно вреди да учествувам. Работите што ги учиме во врсничката школа се применливи и добро објаснети, па секој од која било област може да ги разбере, да ги искористи за своја корист, а потоа да ги сподели со своите блиски и врсници на едноставен и разбирлив начин. На сите млади луѓе би им препорачал почесто да учествуваат на вакви настани со цел размена на мислења, запознавање нови луѓе и откривање различни перспективи. Тоа би придонело за нивниот личен раст и развој, а потоа и за развој на заедницата. Прочитајте повеќе за настанот тука.   Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Впечатоци од учесници од групите за поддршка на ментално здравје

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Впечатоци од учесници од групите за поддршка на ментално здравје Билјана СтефановскаКако учесник во групата за поддршка на родители на деца со попреченост на самиот почеток разговаравме за проблемите со кои се соочуваме во нашето секојдневие, нешто што ни беше позната приказна на сите, меѓутоа со тек на време тоа премина во взаемна поддршка при што почнавме да си помагаме едни со други, заедно борејќи се со бариерите на системот во кој живееме. Гледајќи ја групата составена само од мајки на деца со попреченост кои се борат за доброто на децата, мојата желба за во иднина заедно со помош на другите учесници и соработници да ги поттикнеме и татковците на овие деца да учествуваат во вакви групи за поддршка се со цел заедно да ги надминеме бариерите и стереотипите околу прилагодувањето и прифаќањето на нашите деца во местото каде живееме и да осетиме дека оваа борба е заедничка. Билјана СтојановскаНа самиот почеток на групите за поддршка ми се вртеше една мисла во главата, а тоа е дека и овие ќе бидат како и секој друг проект што сме учествувале, ради реда да се помине низ процесот или дека има некоја позадина. Меѓутоа со тек на време многу позитивно бев изненадена од тоа како бевме прифатени, овозможувајќи ни да си ги споделиме нашите проблеми, а за кои добивавме конкретни насоки кон тоа да го најдеме ако можеме никулецот на тој проблем или пак со соодветни техники да научиме да го совладаме или да ја намалиме тешкотијата на нашиот проблем. Групата, членовите соработниците направи да се почувствуваме посебни како личности, а не само како родители на деца со посебни потреби. Во иднина би сакала во овој проект да се вклучи целото семејство, односно татковците, како и браќата и сестрите на децата со посебни потреби и заедно да ги совладаме проблемите кои секојдневно не окупираат. Јасмина ГелевскаОваа година за прв пат се вклучив во група за поддршка на родители кои имаат деца со попреченост. Тоа е едно прекрасно искуство од кое станавме попозитивни личности, добивме многу поддршка, совети, храброст и сфативме дека повеќе вредиме и вреди да се бориме. Сите учесници станавме како едно семејство и нашето дружење ќе продолжи во иднина. Создадовме силна врска со помош на стручните лица и им сме благодарни за тоа. Ги повикувам сите лица кои се соочуваат со ваков проблем да не се двоумат и да се вклучат во вакви групи бидејќи заедно е полесно и можеме сѐ. Мое мото: Ние немаме избор да бираме, ние мора да се бориме за нас и нашите најмили. Бојана АртиновскаНе знаев што да очекувам, прв пат имам искуство со психолози. Знаев само дека треба да се соочам со мојата вистина. За среќа многу брзо стекнав доверба и се осетив безбедно во групата. Успеав да се соочам со повеќе стравови и научив да споделувам, а во исто време да бидам тука и за другите членови од групата, т.е. да слушам. Научив многу за менталното здравје преку теоретските предавања, но искуствените Гешталт вежби ми помогнаа многу брзо да дојдам до одговори и ми отворија можност за понатамошна работа со себе. Најголемата придобивка мислам дека е тоа што научив свесно да приоѓам кон проблемите, знаејќи дека постои решение, само треба да погледнам од друга перспектива. Препознавањето на проблем ми помага мене лично, но исто така чувството за поддршка и сочувство во мене е сега поизразено кога ќе го воочам и кај друг. Го охрабрувам секој кој се пронаоѓа во проблематикава да се приклучи доколку е во можност. Прифаќањето помош мислам дека е една од најтешките работи која треба сите да ја учиме. Ова беше едно прекрасно искуство за мене и бескрајно сум благодарна. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative

Инспиративно патување и градење врски на Конференцијата за кампови во САД

Од Виктор Илиев Ќе започнам со мојата длабока благодарност до ИМКА на САД за поканата за приклучување на меѓународна група на Конференцијата за кампување во САД. Овој собир ги надмина вообичаените очекувања, понудувајќи извонредно искуство заедно со моите колеги од Косово, Романија, Шпанија, Украина, Аруба, Порторико, Колумбија и Бразил. Пристапот на ИМКА на САД е за пофалба поради тоа што не само што ја прикажаа нивната уникатна камп култура, туку и понуди глобална размена на најдобри практики. Покрај тоа, овој настан додаде и меѓународна перспектива, поттикнувајќи врски преку Атлантикот за подобрување на сите вклучени во развојот на младите преку образование на отворено и кампување. Моето патување започна со еднодневно доцнење поради откажување на летовите, но пристигнав во Омаха, Небраска и ја поминав ноќта во Камп Китаки. Иако ја пропуштив официјалната турнеја во кампот, остатокот од времето во следниот ден ми остави впечаток за кампот Китаки како трансформативно засолниште на отворено, посветено на развојот на младите и искуствено учење. Директорот на кампот, Џејсон, на неодамнешен настан елоквентно ја долови моќта на кампот во видеово, опфаќајќи ја суштината на образованието на отворено. Нашето патување продолжи до Камп Des Moines Y во Ајова, каде што на влезната порта беше испишана објава дека е: „Најблиското место до рајот на Земјата“. Бевме пречекани од директорот на кампот Алекс кој не однесе на турата низ кампот. Овој камп имаше толку многу работи да презентира и толку многу аспекти од логистиката на кампот што речиси ме остави без зборови. Сведочејќи ја обемната историја на кампот, извонредните проекти на Алекс и огромната поддршка од Камп Алумните зборуваат многу за влијанието на овој камп. На нашата следна станица, Камп Данкан лоциран во државата Илиноис чиј домаќин беше еден од нашите неверојатни домаќини директорот на кампот Боби, се чувствував како одење на позната локација. Причината за тоа се долгите разговори на патувањето од една држава во друга, така што активностите и логистиката на кампот ми беа некако испреплетени со чувство на блискост. Неверојатно е да се види, но тој и неколку вработени во кампот живееја на самиот камп. Со живописно езеро и разновидни активности кои ги нуди на отворено, Камп Данкан е доказ за неверојатните искуства што ги нуди. Незаборавното интермецо од активностите на камповите не доведе до центарот на Чикаго кулминирајќи со посета на седиштето на ИМКА во САД. Средбата со посветениот тим предводен од гостопримливата Адријана го зајакна мојот поглед за посветеноста на организацијата кон нејзините основни вредности. До крајот на нашето патување бевме сведоци како таа и нејзините членови на тимот на оваа неверојатна пред-конференциска турнеја не зборуваат само за основните вредности на ИМКА (почит, одговорност, чесност и грижа), туку ги инкорпорираат во нивните сопствени животи и дејствуваат според нив. За случајна организација е лесно да се наведе каква било мисија и визија, но ние не бевме во случајна организација. ИМКА на САД е организација како ниедна друга. Давање на децата можности за одличен почеток. Помагање на семејствата да имаат здрав живот. Инспирирање на заедниците да работат заедно. Тоа е ИМКА. Нашето патување го достигна својот врв во Мичиген во ИМКА до езерото Шерман, каде што беше конференцијата за кампови како главен настан. Конференцијата која беше домаќин на околу 250 професионалци за развој на млади преку кампови на отворено од цела САД и од целиот свет, покажа уникатен спој на поединци во различни фази од нивните кариери. Искуството, знаењето и страста за образование на отворено ги имаше во изобилие на оваа конференција. Со три исклучителни клучни говорници, различни работни сесии од интерес избрани според нашите лични потреби, тркалезни маси, рефлексии, рекреација и можности за вмрежување, конференцијата остави неизбришлива трага врз мене. Морам да признам дека ме воодушеви дарежливата понуда на работни сесии и се мачев за да одлучам што да приоритизирам. Едно нешто што овде е направено на уникатен начин од она на што сум бил навикнат и видел досега е можноста да си креирам приспособен личен распоред на работни сесии. Вака се цени и вреднува времето на луѓето! Една од основните области на влијание на ИМКА на САД е општествената одговорност. Ова не се само два фенси зборови, туку зборови на кои ИМКА им дава суштина преку демонстрација. Дополнително на секоја камп конференција во САД, секоја година има настан за прибирање средства за одредена избрана кауза која ги добива сите собрани средства. Овогодинешнава камп конференција ги поддржа тековните напори на ИМКА од Мауи за возобнова на заедницата по неодамнешните разорни пожари. Бев изненаден што ја искусив културата на филантропија и општествена одговорност преку „тивка аукција“ и аукција во живо каде што луѓето донираат предмети од нивната ИМКА или земја како што се брендирани материјали, маици, производи или уметнички дела од детски кампови итн. и луѓето наддаваат со најдобри понуди. Филантропија и забава во исто време. И најдобриот дел на крајот – конференцијата беше поддржана од многу корпоративни донатори. Кога луѓето се залагаат и придонесуваат за некоја кауза, вие создавате заедница. Имаме многу да научиме од ова! И колку преубав начин да го завршиме нашето патување со посета на нашиот љубезен домаќин Томас кој заедно со посветениот тим во ИМКА Флинт срдечно ме пречекаа. Ја разгледавме ИМКА и нивните програми и разговаравме за нивните најдобри практики, можностите што ги нудат за тие да бидат вистинска организација во заедницата каде што луѓето чувствуваат дека припаѓаат. Последната станица беше во кампот на ИМКА Копнеконик каде и покрај снежното и студено време ни понуди посебна камп турнеја и попладневна рефлексија за нашите колективни искуства. Нашата група помина растојание од 1180 km, приближно растојание од Битола до Виена. Ги упатувам моите најдобри желби на сите сопатници во спроведувањето на овие вредни сознанија стекнати за време на ова извонредно патување.

Впечатоци од учесници од програмата за дигитално образование на ИМКА и ХП

Марта Јас сум Марта од Крушево, a моментално учам во средното медицинско училиште во Битола. Курсевите ги дознав преку пријателка од ИМКА, преку постови на Фејсбук и Инстаграм. Посетив пет курсеви и во иднина планирам да посетам сигурно уште неколку. Курсевите се интересни за следење, задржуваат внимание, а атмосферата во Mладинскиот Центар е хармонична и пријатна. Овие курсеви кои досега ги следев и искуството кое го стекнав од нив планирам да ги искористам за лична кариера и развој, и секако би споделила на мои пријатели и познаници за бенефитите од истите. Антим Јас сум Антим Атанасоски, 18 годишен од Битола. Ми беше чест да посетам четири курсеви направени од HP, а имплементирани во соработка со ИМКА. Еден од курсевите кои најмногу ми се допадна е социјално претприемништво кој беше многу практичен и информативен, за разлика од другите курсеви од овој тип кои сум ги посетил на интернет. Наученото од курсот може да се користи практично секој ден од животот. Секако дека планирам да посетам и други курсеви во иднина, затоа што верувам дека од секој курс има многу да се научи. Љупчо Прво сакам да кажам дека дигиталното образование не е само учење нови вештини, тоа е најбитно за развојот на начинот на размислување за раст и прифаќање на континуирано подобрување. Јас сум Љупчо од Битола, за курсевите дознав преку ИМКА во која сум волонтер и имам учествувано на многу настани и работилници организирани од нивна страна. Само што ја видов апликацијата на социјалните мрежи веднаш се пријавив без да размислувам дали тоа ќе биде интересно или дали ќе ми биде од полза и искрено да ви кажам не направив грешка! Посетив пет различни курсеви од категориите комуникации и маркетинг како најсоодветни теми за мене. Сметам дека секој млад човек треба да ги изучи овие курсеви кои многу ќе му користат во животот, во секојдневието и во потрагата по работа. Моментално работам во странство, но по моето враќање во Битола повторно ќе се пријавам за курсевите, особено за темата иновации. ИМКА и HP ви благодарам за оваа можност што ми ја пруживте, се гледаме за скоро време повторно! Елена Да си вработен и да бидеш истовремено родител е многу потешко отколку што изгледа, јас сум Елена Иванов 28 години, од Битола. Во Младинската Асоцијација ИМКА сум неколку години, со кратки паузи. Мојата работна позиција е офис менаџер. Изминатите години работевме на неформално образование и организиравме летни кампови, но после големата пандемија што се случи можам да кажам дека HP курсевите се нaјдоброто нешто што се случи во ИМКА. Покрај секојдневните обврски сепак имав можност да поминам неколку курсеви од темата комуникации, затоа што тоа е она што најмногу ме привлекува и би сакала да споделам со вас дека курсевите за бизнис е-маил и бизнис комуникација се курсевите кои морате да ги посетите. Тие не се долги максималното време што ќе треба да го одвоите е 1 час.  Би била многу среќна ако се одлучите и вие да ги посетувате овие курсеви на HP Life програмата и секако сакам да се заблагодарам на HP и на ИМКА за оваа одлична можност на бесплатни курсеви во нашиот град. Филип Здраво, јас сум Филип Божиновски и имам 17 години. Сакам да кажам дека ги завршив сите курсеви од проектот HP Life и можам да кажам дека сум прилично задоволен. За курсевите на HP Life дознав од моето училиште СОУ Гимназија ,,Јосип Броз – Тито” – Битола. Преку овие курсеви, се стекнав со прилично корисни и добри вештини во кои што се пронаоѓам себеси во иднина. Мојата желба е понатаму да студирам на факултет чија задача e да не запознава со вештините кои ја користат технологијата и му помагаат на човештвото. Курсевите се лесни, кратки, потполно онлајн и пред се, бесплатни. Јас лично би му ги препорачал на сите мои пријатели и познаници овие курсеви како почеток за стекнување на корисни компјутерски вештини кои можат да му помогнат на сите, пред се и на млади личности кои се заинтересирани за да основаат свој бизнис или пак да ги надградат своите компјутерски вештини. Во моментов, го завршив својот последен курс, а пак како свој омилени можи да ги издвојам курсевите за комуникација, како и курсот победнички мајндсет. Му благодарам на ИМКА и HP бидејќи пружаат услови за брз начин на изучување на корисни вештини. Јана Од моето досегашно искуство знам само дека дигиталното образование ми отвора свет на можности. Се викам Јана, доаѓам од Битола, а живеам и студирам во Франција. Имам доста напорен распоред и многу сум среќна што во моментот сум баш на вистинското место каде што имам пристап до висококвалитетни курсеви кои ми помагаат да бидам во тек со најновите трендови во мојата индустрија 3Д принтинг, сето тоа благодарение на ИМКА и HP курсевите. Имав можност да одберам дали курсот сакам да го слушам на англиски јазик или на француски и го избрав францускиот затоа што  тој избор е навистина од големо значење за мене. Курсевите се лесно разбирливи, не се долги и најважно од се е тоа што добив и сертификат за успешно завршен курс и сето тоа бесплатно! Дечки се надевам дека ќе успеете да најдете барем еден час во неделата и да го посветите само за вас и ќе се надградувате пред се како личности. ИМКА и HP ви благодарам за можноста што ми ја пруживте, се гледаме повторно тоа е сигурно! Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Впечатоци од дел учесници на еко камп SDG#13

Миа Научивме нови работи за животната средина и несомнено станавме помотивирани за да ја зачуваме истата, барем на локално ниво. Сигурна сум дека би присуствувала повторно на ваков тип настан. Сметам дека темата е опширна и има прилично многу за дискусија, а фактот дека истото можам да го правам со луѓе со сличен ментален склоп како мојот ме привлекува уште повеќе. Ана Самиот збор Еко(логија) многу ме влечи и сметам дека воопшто не сме одговорни за нашата околина доволно. Посакувам тоа да се промени и сум свесна дека почетната точка за тоа секогаш сум самата јас. Не треба да им кажуваме на другите што да прават, туку да нé гледаат ние што правиме и на тој начин да се мотивираат. Симона Еко кампот директно не вклучи во организација на наш отворен ден на кој се играа разни игри и се научија многу корисни информации за велосипедите и велосипедистите, како и заштитата на нашата животна средина со користење на велосипеди. Неколку денови низ игри учевме, а последниот ден тоа го пренесовме на децата како и на возрасните граѓани кои не посетија во градскиот парк. Играта се преточи во една преубава глетка на “БитолаНаТочак” со што завртиме еден голем круг околу нашиот град со велосипеди придружени од сите љубители на “точакот”. Сара Научив многу нешта, најпрво целите за одржлив развој за кои искрено немав обрнато особено внимание. Заедничките едукативни игри би ги издвоила како најзабавни и истите би ги применила понатаму во некоја дружба професионално или приватно. Ангела Најмногу впечаток ми остави последни од ден каде што успешно организиравме настан за деца пропратен со интересни игри поврзани со екологијата, зачувување на природата, возење велосипед. Сето тоа покрај забава и насмевка на детските лица, им пружи можност и за дознавање интересни факти поврзани со екологијата. За крај, со сигурност можам да кажам дека научив многу и овој камп ме поттикна да размислувам подлабоко за зачувување на нашата планета. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Моето искуство од една година во Холандија со ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус)

Од Јован Лешев Ако сте учествувале на каков било вид на волонтерска работа во кое било својство неизбежно сте прашани како или зошто би работеле платена работа без да бидете платени. Никогаш не е лесно да се објасни зошто или како некој одлучува да помине една година во странска земја за да служи како волонтер. Позитивните искуства, луѓето што ги запознав и предизвиците што морав да ги надминам додека живеев и служев како ЕСК волонтер во Холандија беа повеќе од доволна причина зошто сакам да ја споделам мојата приказна. Кога бев избран како волонтер од Rock Solid Foundation да служам во нивниот социјален ресторан Аан Тафел бев многу возбуден. Тоа беше една од моите долгогодишни желби да живеам во странство и ова беше совршена можност да го направам токму тоа. Aan Tafel е социјален ресторан во малото гратче Лунтерен управуван целосно од волонтери и со персонал од лица со посебни потреби. Работејќи во угостителството неколку години мислев дека ова ќе биде еден од најлесните предизвици со кои се соочив, но реалноста се покажа поинаква. Никогаш не сум делел работен простор со луѓе со посебни потреби. Иако моето време беше исполнето со предизвици сепак искуството таму ме научи на трпение, сочувство и солидарност – квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество ако сакаме да живееме во подобар свет. Моето време во Лунтерен и во Аан Тафел резултираше со можности да учам, да се усовршувам и да развијам вештини кои никогаш не мислев дека ми се потребни. Покрај тоа, имав одлични можности за средби, работа заедно и негување односи со луѓе од целиот свет, со различни возрасни групи и културни позадини, притоа помагајќи ми да разберам колку неверојатно слични сме сите кога станува збор за нашите основни вредности. Моето долгорочно волонтирање не беше ограничено само на работа во ресторанот. Фондацијата Рок Солид ни обезбеди мене и на моите колеги волонтери можности да направиме значајна волонтерска работа на голем број други проекти, како што се собирање храна и облека за луѓето на кои им е потребна и организирање креативни работилници за стари лица и лица со посебни потреби. Попатно учествував во разни други активности што ги правеа во кои се запознавме и споделивме искуства со други волонтери во Холандија што резултираше со поголема мрежа на луѓе и создавање на уште повеќе пријателства на патот. Меѓутоа, тоа не беше само работа и учење. Во текот на една година што ја поминав како волонтер морав да се научам да живеам во култура која е сосема различна од мојата, да патувам, да научам нов јазик и да посетувам места што никогаш претходно не сум ги видел. Дури добив шанса да се приклучам на локален хор и да создадам уште повеќе позитивни искуства за себе. Така што ако некој млад човек бара шанса да направи нешто значајно и да создаде прекрасни нови искуства додека живее во странство и запознава луѓе од целиот свет, ова е совршена можност за вас. Не двоумете се да волонтирате, без разлика дали тоа е вашето време, вашето знаење или понекогаш само вашиот позитивен став. Во социјалниот ресторан Аан Тафел во Лунтерен на ѕидот на трпезаријата виси цитат: „Кога имате повеќе отколку што ви треба – изгради поголема маса, а не повисока ограда.

„Може и наТочак“: Многу едукативен проект!

Од Ангела Желкова Прекрасно поминавме на оваа младинска размена. Стануваше збор за размена на која во период од една недела дена повеќе од 20 учесници од 4 земји се собраа за да научат нешто повеќе за точаците и еколоѓкото влијание кое го имаат. Настанот се одржа во Битола од 3-ти до 9-ти октѕомври 2022. Целта на настанот со сите работилници и дискусии беше јасна – секоја акција има своја реакција. Научивме дека точаците може значиелно да придонесат за намалување на загадувањето, дека треба да се грижиме за животната средина затоа што ние сме дел од неа, а исто така и го подобруваат здравјето на човекот. Научивме и дека не мора да одиме секаде со автомобили. Ова беа некои од главните поенти за кои сите ние станавме свесни многу повеќе д претхдно. Имаше многу дискусија, забава и креативни активности во врска со темата точаци, уметност и екологија. За илустрација, цртавме мурали, поправавме точацисите земји имаа можност да се претстават, прошетавме до некои локални културни знаменитости како Хераклеа и сл. Совршен настан за запознавање нови пријатели, предизвикувајќи се себеси и забавувајќи се недела дена. Сè на сè, дефинитивно го поминавме многу убаво. Оваа размена ми помогна да размислувам за моите постапки и да размислувам за улогата на точакот. Мислам дека ќе продолжам да се грижам за се што е поврзано со точакот во иднина во мојот живот.

Еразмус+ младинска размена „Може и наТочак“: Нашите нови перспективи

Од Станислав Крастев Навистина ми се допадна проектот! Искуството што го имав и работите што ги научив овде во Битола беа најповеќе за програмата Еразмус и за младинските размени. Навистина научив многу. Но, ова се однесува и за темата велосипедизам. Научив како се нарекуваат различни делови од велосипедот на различни јазици, научив како да сликам мурали и исто така да поправам велосипеди. Последен пат кога возев велосипед пред овој проект, беше пред околу 2 години. И сега, размислувам да купам нов велосипед и да го користам за градски превоз. Сигурно ќе им ја препорачам програмата Еразмус на моите пријатели и соученици! Од Малена Велинова Искуството што го имав со овој проект беше исто така неверојатно. Запознав неверојатни и полни со живот луѓе и научив многу од нив за велосипедите и за младинската размена воопшто. Научив многу за ова и од организаторите на оваа размена. Пред да дојдам овде, не знаев многу за велосипедите и нивната важност, но сега е поинаку. Знам многу повеќе, за типовите на велосипеди, за што се користат, како се корисни за околината и многу други работи. Подготвен сум сега да го „изградам“ мојот живот и да преземам поодговорна улога кон мојот град во кој живеам!