Врсничка едукација за ментално здравје низ училиштата во Битола

После завршувањето на шест модули на обуки за врснички едукатори, започна периодот каде веќе обучените врснички едукатори ги споделуваа своите знаења во училиштата и факултетите во Битола. Обуките за врснички едукатори ги започнаа 58 врснички едукатори, а и завршија околу 42 врснички едукатори од кои 41 како нај мотивирани во тимови ги споделуваа своите презентации на терен со своите врсници. Притоа беа опфатени над 2000 ученици од речиси сите основни (од 7мо до 9то одделение) и средни училишта, како и дел од факултетите во нашиот град што ја прави најобемна врсничка едукација спроведена во Битола. Благодарност до педагошко-психолошките служби од училиштата со кои бевме во постојана комуникација. Презентациите беа добро подготвени од самите врснички едукатори и истите беа добро прифатени со голем ентузијазам при спроведувањето и често пати имаа добар повратен одговор од страна на своите соученици. Не секогаш се успеваше да се извлечат мислења од слушателите, но со помош на разните игри и активности вклопени во самата тема на презентација менталното здравје и важноста за него им беше доближена до голем број на млади лица. Временскиот период за спроведување на презентациите беше релативно голем и од тоа произлезе потребата врсничките едукатори да имаат и дополнителни менторски сесии. Тие сесии се случуваа во Младинскиот Центар и беа наменети за оние едукатори кои веќе спроведоа презентации и активности, па своите впечатоци ги споделуваа во една заедничка атмосфера со останатите. Се споделуваа личните приказни за тоа како се чувствуваа за време на презентациите, на какви проблеми наидоа при реализацијата, на каков однос наидоа кај наставниците и стручните служби. Овие средби им помогнаа доста на врсничките едукатори, посебно на оние кои за прв пат спроведуваа активности од овој тип, но и тие се чувствуваа слободни да се изразат и да научат нешто дополнително од поискусните. Покрај овие дополнителни менторски сесии, врсничките едукатори предложија да се одржат и дополнителни средби на кои ќе може да се учествува и со нешто креативно, но и да се научи нешто плус. Од тие предлози произлегоа работилниците со креативно изразување на пораките кои врсничките едукатори ги имаа веќе споделувано меѓу себе за време на врсничката школа во изминатиот период. Тука на врсничките едукатори им се понудија доста можности за себе, како изразување и низ пишан збор, пишување стихови и пеење. Со овие активности Врсничката школа за ментално здравје на деца и млади дојде во својата финална фаза. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Обуки за врснички едукатори за ментално здравје [модул 7а и 7б]

Основните модули на работилници беа шест, но поради големиот опфат на врсничката едукација и должината на периодот на спроведување се наметна потреба од седми модул кој беше дизајниран во насока на поддршка на врсничките едукатори. Притоа сите кои имаат потреба од дополнително зајакнување во делот работа со млади и врсничка едукација имаа можност да учествуваат на т.н. менторски сесии во модул 7а, а сите кои сакаат креативно да се изразуваат на темата ментално здравје имаа можност да работат на тематски песни и музика во рамките на модул 7б. Сите активности со врсничките едукатори се случуваа во Младинскиот Центар. Менторските сесии или т.н. 7а модул беа наменети за оние едукатори кои веќе спроведоа презентации и активности, па своите впечатоци ги споделуваа во една заедничка атмосфера со останатите. Се споделуваа личните приказни за тоа како се чувствуваа за време на презентациите, на какви проблеми наидоа при реализацијата, на каков однос наидоа кај наставниците и стручните служби. Имаше бројни сознанија, но дел од нив беа дека се среќни, задоволни, дека учат, се оспособуваат и ја зајакнуваат својата самодоверба. Задоволни беа од поддршката која ја добија од ИМКА, посакуваа поголема поддршка од училиштата и сметаа дека би било супер да се работи со помали групи на соученици. Овие средби им помогнаа доста на врсничките едукатори, посебно на оние кои за прв пат спроведуваа активности од овој тип, но и тие се чувствуваа слободни да се изразат и да научат нешто дополнително од поискусните. Се одржаа три средби, од кои на првата присуствуваше Градоначалникот и други претставници на Општина Битола, каде што подетално беа запознаени со целиот проект и тековните активности. Третата средба претставуваше вовед во 7б модулот – менталното здравје и музиката која се наметна од врсничките. Од тие предлози произлегоа работилниците со креативно изразување на пораките кои врсничките едукатори ги имаа веќе споделувано меѓу себе внатре за време на врсничката школа во изминатиот период. Тука на врсничките едукатори им се понудија доста можности за себе изразување и низ пишан збор, пишување стихови и пеење. Гостин беше Јасна Димитровска, музичар, која накратко им објасни на учесниците за планираните идни активности во школата за ментално здравје за деца и млади, како и поврзаноста на музиката со менталното здравје. Учесниците во еден од претходните модули имаа подготвено неколку свои песни кои во овој модул се отворија и во неколку работилници работеа во насока на креирање една песна која ќе е подготвена за изведба на завршниот настан на оваа школа. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте за претходните модули на работилници тука.

Обуки за врснички едукатори за ментално здравје [модул 4,5,6]

Во второто полугодие продолжуваме со нова серија на обуки за ментално здравје за врсничките едукатори од основните и средните училишта и факултетите во Битола. За ова полугодие предвидени се модулите 4, 5 и 6. Во четвртиот модул учесниците се запознаа со дигиталната застапеност на темите кои се обработуваа во претходните три модули – анксиозноста, депресијата, ризичнто однесување и личната издржливост или резилиентност. На секоја од овие теми се дискутираше како се перцепираат од младите, како младите им приоѓаат и генерално како животот на социјалните мрежи влијае и ја обликува младата личност во нашето модерно живеење и кои се позитивните и негативните влијанија врз нашето ментално здравје. Во овој модул направивме и вежба за самооценување на зависноста од интернет при што можеше заеднички да ги продискутираме резултатите од сознанијата. На барање на дел од учесниците на кои не беа во можност да ја посетат оваа обука претходно по групи, направивме дополнителна работилница за едукатори од сите групи. Овој модул го комплетираа 42 врснички едукатори поделени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со манифестацијата на овие теми во дигиталната сфера. Со ова го затворивме делот за збогатување на знаењата на младите за темата ментално здравје. Следуваше поинтересниот дел кој почнува со петтиот модул кој е припрема за најубавиот дел од активностите – споделување на знаењата со врсниците на терен во образовните установи во градов. Во рамките на него учесниците од три групи (студенти, претпладневните смени и попладневните смени основци и средношколци) на врсничката школа за ментално здравје за деца и млади имаа можност да направат рекапитулација на целиот материјал кој го поминаа во претходните 4 модули. Притоа тие согледуваа која од научените теми ја сметаат како поважна или покорисна за врсниците млади или пак за која тема имаат особен ентузијазам да ја споделат со нивните врсници. Работевме на координација и формирање на тимовите по училишта и планирање за нивните обврски за следниот период. Од наша страна добија насоки и поддршка како да состават презентации и да одберат соодветни активности за во следната фаза кога ќе споделуваат дел од новите сознанија со нивните врсници од училиштата и факултетите од градов. Знаењето надополнето со практичните активности веруваме дека ќе го зацврсти наученото кај врсничките едукатори, а кај учениците низ градов ќе помогнеме за доближување и демистификација на темата за ментално здравје до сите. Овој модул го комплетираа 47 врснички едукатори 3 групи основци, средношколци и студенти.  Во шестиот е последниот модул на тимовите врснички едукатори им нудиме уникатно менторско искуство во поддржувачка средина да добијат фидбек за нивните презентации. Тука врсничките едукатори доаѓаат со своите презентации, ги споделуват со другите врснички едукатори и каде можат да ги пробаат и да се вежбаат и добијат фидбек за „домашните“. Ова ќе помогни за да продолжат со работа на подобрување на истите со цел следната и најубавата фаза споделување на знаењата во училиштата да биде помалку стресна за врсничките едукатори, а поинтересна за сите ученици. На овој модул учествуваат врснички едукатори од сите групи основци, средношколци и студенти кои се одлучни стекнатото знаење да го споделат со своите врсници во пракса. Овој модул сеуште тековно се спроведува, тимовите се градат, се координираат, работат на своите презентации, доаѓаат на консултации и менторирање и штом сите се спремни ќе го ажурираме текстов со финална бројка на врснички едукатори и тимови по училишта во градов. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте за претходните модули на работилници

Обуки за врснички едукатори за ментално здравје [модул 1,2,3]

Во ноември и декември минатава година реализиравме серија на обуки на теми за ментално здравје за врсничките едукатори од основните и средните училишта и факултетите во Битола. Првиот модул на обуки за ментално здравје беше на темата за анксиозност и депресија. Според експертите од областа на психолошките науки, анксиозноста е состојба која се поврзува со чувството на страв, а депресивноста е состојба која се поврзува со чувството на тага. Нивното препознавање и развивањето лични стратегии за справување со овие состојби е она кое што е неопходно за одржување на хармонично ментално здравје. Овој модул го комплетираа 58 врснички едукатори поделени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темите за анксиозноста и депресивноста. За секоја од овие теми се дискутираше што значат како состојби на младиот човек, кои фактори ги предизвикуваат, кои се симптомите, како да си помагаме себе си и како може да им помагаме на другите. Вториот модул на обуки за ментално здравје беше на темата за ризични форми на однесување. Притоа се дискутираше што значи ризик и ризично однесување, како е тоа однесување поврзано со менталната благосостојба на човекот, кои фактори го предизвикуваат, зошто е особено значајна појава кај младите и како младите да препознаваат кај себе почетоци на ризично однесување со цел да си помагаат себе си и да го препознаваат кај другите. Овој модул го комплетираа 48 врснички едукатори составени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темата за ризични форми на однесување. Во рамките на обуките се дискутираше што значат и како се манифестираат овие типови на однесувања, колку се присутни и во какви форми во нашето секојдневие во училиштата во градов, како овие состојби влијаат на младиот човек, кои фактори ги предизвикуваат и како може да им помагаме на другите и да делуваме превентивно. Третиот модул на обуки за ментално здравје беше на темата градење на отпорност, издржливост и резилиентност. Се дискутираше што значи резилиентност, како се учи и како оваа способност е најважниот фактор за одржување на психо-физичката рамнотежа. Оваа способност е онаа која ги собира нашите лични сили и ги насочува кон она што е со најголема смисла во дадениот момент со цел да се преброди ситуацијата во која се наоѓаме, да се опстане и да се трансформира искуството во кое што сме се затекнале. Тоа е она што младите може да го учат со цел да си помагаат себе си и да им помагаат на другите. Овој модул го комплетираа 42 врснички едукатори составени во 5 групи основци, средношколци и студенти кои се запознаа со темата за градење отпорност, издржливост и резилиентност. Во рамките на обуките се дискутираше за начините како да станеме отпорни на сеприсутните негативни влијанија во надворешната средина и опкружувањето, како да издржиме или да се справиме со ситуациите во кои сме втурнати или вклучени со или без наша волја и согледување на начини за градење трајна резилиентност и мир со себеси и со другите. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Почеток на врсничката школа за ментално здравје на деца и млади

Еден од најважните елементи на проектот е самата врсничката школа преку која е планирано да се направи значајно голем опфат на темата ментално здравје. Во втората половина на септември и октомври работевме на анимирање на образовните установи Битола со фокус на основните и средните училишта, како и факултетите. Исто така во овој период работевме на промовирање на отворените повици за проектов и регрутирање на основци, средношколци и студенти кои се мотивирани повеќе да научат за менталното здравје за себе и за своите врсници во поглед на препознавање на одредени состојби, но и како да се постапува во истите со цел да си помогнат себеси и на врсниците од околината. Завршивме со оваа фаза и време е за акција! Денешниов настан беше токму тоа. Се собравме сите врснички едукатори, психолози, педагози и др. Од стручните служби на училиштата со цел обележување на почетокот на проектот проследено со интересна програма. Настанот ги воведе учесниците во предвидените активности и динамиката за следниот период до крајот на школската година. Се направи распределба на врсничките едукатори врз основа на возраст/генерација и смена на училиште со цел подобро планирање на претстојните обуки во насока да нема пропуштање и пореметување во редовната настава на училиштата и учениците. Формиравме пет групи врснички едукатори од кои две со основци, две со средношколци и една со студенти. Групите имаа серија задачи низ кои требаше да поминат и притоа да се запознаат со темата, да се запознаат со своите врсници со кои ќе работат во следниот период, да си ги изградат идентитетот на групата и да го одговорат воведното истражување во темата со цел согледување на почетната состојба за нив на темата ментално здравје. Исто така, ги продискутиравме воспоставените канали на комуникација за следниот период и сите формалности кои се потребни  за непречено одвивање на претстојните обуки. Обуките ќе се засноваат на принципите на неформално образование и ќе се одвиваат во општинскиот Младински Центар во Битола до крајот на Февруари следната година. Врсничките едукатори ќе учат и ќе разговараат со нивните врсници за менталното здравје покривајќи теми како што се: анксиозност и депресија, ризично однесување, што значи – насилно однесување/врсничко насилство, самоповредување и злоупотреба на супстанции, градење издржливост и самодоверба кај децата и младите и дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Проектот предвидува следна фаза во второто училишно полугодие каде што овие врснички едукатори ќе спроведуваат работилници за едукација на своите врсници во нивните училишта и факултети и ќе го споделат стекнатото знаење со крајните корисници/нивните врсници во неформален амбиент. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Ментално здравје: Темелно проникнување во оваа важна тема за млади и возрасни

Преку врсничка едукација за работа со млади и иницирање групи за поддршка за работа со возрасни, овој проект има за цел да воведи докажани методи на работа кога се соочуваме со предизвикувачки прашања и/или теми. Врсничката едукација игра клучна улога во зајакнувањето на младите и поттикнувањето на развојот на заедницата, мисија што е темелно усогласена со нашата посветеност во ИМКА и младинската работа. Динамичната размена на идеи помеѓу младите не само што негува чувство на сопственост и одговорност кај младите, туку и ги охрабрува активно да се ангажираат со своите врсници. Од формален аспект, овој метод на образование може да биде моќна алатка за градење на лидерски вештини и всадување чувство на граѓанска одговорност. Кога младите учат од своите врсници, тие можат да се поврзат на подлабоко ниво, бидејќи често споделуваат слични животни искуства, предизвици и аспирации. Што следи: Во неделата што претстои започнуваме со отворен повик за врснички едукатори. Работилниците ќе се засноваат на принципите на неформално образование и ќе се одвиваат во општинскиот Младински Центар во Битола во периодот на првото училишно полугодие. Врсничките едукатори ќе учат и ќе разговараат со нивните врсници за менталното здравје покривајќи теми како што се: анксиозност и депресија, ризично однесување, што значи – насилно однесување/врсничко насилство, самоповредување и злоупотреба на супстанции, градење издржливост и самодоверба кај децата и младите и дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Проектот предвидува следна фаза во второто училишно полугодие каде што овие врснички едукатори ќе спроведуваат работилници за едукација на своите врсници во нивните училишта и факултети и ќе го споделат стекнатото знаење со крајните корисници/нивните врсници во неформален амбиент. Вториот аспект е иницирање на моделот на групи за поддршка во нашиот град за создавање инклузивна и поддржувачка заедница во Битола како пристап кој обезбедил бројни придобивки во многу земји во светот. Групите за поддршка играат клучна улога во понудата на решенија за поединци кои се соочуваат со различни предизвици. За лицата кои се соочуваат со попречености и животни потешкотии групите за поддршка поттикнуваат чувство на припадност и го намалуваат чувството на изолација и обезбедуваат витален извор на емоционална и практична помош. Тие нудат безбедно и разбирливо опкружување каде што членовите можат отворено да разговараат за нивните предизвици, да споделуваат искуства и да разменуваат стратегии за справување. Овие средби обезбедуваат безбеден простор за поединците да ги споделат своите борби, аспирации и лични приказни за да ги поттикнат учесниците да се соочат директно со предизвиците и да изградат силна мрежа за поддршка која трае цел живот. Освен тоа, групите за поддршка на лицата со попреченост служат како платформа за застапување и подигање на свеста. Овие собири го засилуваат гласот на оние кои често се соочуваат со општествени бариери и дискриминација. Што следи: Во следниов период ќе се формираат две групи за поддршка, една за проблемите со кои се соочуваат еднородителските семејства и друга за семејствата на лицата со попреченост кои имаат дете или младо лице во образование. Конкретно, овие две ранливи категории на граѓани се изложени на поголем ризик од нарушувања на менталното здравје и трпат поголем притисок од нивните врсници и сограѓани поради недоволната свест за проблемите со кои се соочуваат (намален социјален статус поради сиромаштија, стигматизација и избегнување, недоволна свест). Поради тој зголемен социјален притисок (кој редовно наоѓа поддршка во стереотипите и предрасудите на локалната заедница) и дискриминаторското однесување (не само меѓу врсниците, туку и помеѓу повозрасните, во службите и сл.), веројатноста за проблеми со кои се соочуваат се зголемува. Овие групи ќе поттикнат вклучување на родителите (од засегнатите две категории деца) за да ги споделат своите искуства меѓусебно и со врсничките едукатори и стручните служби од училиштата. Дополнително, ќе бидат поканети родители на врснички едукатори и образовани асистенти, како и други родители кои ќе се запознаат со нашиот проект преку Советите на родители во училиштата и ќе бидат поканети да присуствуваат на овие групи. За да го спроведеме ова, соработувавме со Порака Нова и Амос кои имаат искуство во овие ефективни пристапи во работата. Овие групи ќе се состануваат во просториите на Порака Нова. Дополнителна додадена вредност на влијанието од групите за поддршка како во однос на проектот, така и за Битола ќе биде поврзувањето на работата на овие групи со некои од услугите кои веќе се нудат на ниво на општина Битола за спречување на социјални проблеми – оние на семејствата со еден и еден родител, како и оние кои се поврзани со семејствата на лицата со попреченост. Дополнително, нашиот проект цели и да ги повикаме граѓанските организации да земат поголемо учество и во иднина, преку Младинскиот центар, што ќе им овозможи на едукаторите од овој тип да се вмрежуваат и да соработуваат заедно, бидејќи тоа ќе ја зајакне нивната работа и поддршка во јавноста. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

ПРОЕКТ: Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади

Проектот доаѓа како логичен резултат на тоа што во Битола не е обработена темата на менталното здравје на систематски начин, туку само ад-хок и краткорочно. Дополнително на ова и пред Ковид, но особено сега, гледаме огромна потреба да се обезбеди поддршка пред се на нашите млади, но и други ранливи категории на граѓани (самохрани родители и лицата со попреченост) со долгорочен проект за неформално образование насочен кон зачувување на менталното здравје. Дополнително на ова, врз основа на наоди од последни истражувања (Коалиција СЕГА 2021, МОФ 2021 и Институт за човекови права за врсничко насилство 2022) младите од Пелагонискиот регион се меѓу најнезадоволните од квалитетот на животот. По градови, младите битолчани се најнезадоволни од квалитетот на животот, а по пол момчињата се понезадоволни отколку девојчињата. Целите на проектот: 1. Анимација и обука на младите од основните и средните училишта како и од факултетите во Битола за врснички едукатори за ментално здравје. Дополнително на ова, да се спроведе врсничка едукација во сите образовни установи од каде што доаѓаат во насока на препознавање, превенција и соодветно справување со психосоцијалните проблеми кај младите. 2. Формирање на две групи за давање поддршка на еднородителски семејства и семејства со лица со попреченост, како и да служат како ресурсни групи за споделување лични искуства за зајакнување на капацитетите и емпатијата на образовните асистенти, училишните стручни служби и здруженијата на граѓани. 3. Креирање на прирачник со практични упатства корисен за сите оние кои работат со млади луѓе кои имаат психосоцијални проблеми. Како дел од темите ќе се осврнеме на теми значајни за менталното здравје на младите како што се:– Анксиозност и депресија– Ризично однесување, што значи – насилно однесување/насилство од врсници, самоповредување и злоупотреба на супстанции– Градење на издржливост и самодоверба кај децата и младите– Дигиталното претставување на исти теми поврзани со однесувањето на младите на социјалните мрежи. Во рамките на проектот се предвидени резултати: 1. Обуки за врснички едукатори кои ќе се реализираат во првото полугодие во Општинскиот Младински центар наменети за 8мо и 9то одделенци, средношколци и студенти [58 врснички едукатори во 5 групи] 2. Врсничка едукација која ќе се реализира од врсничките едукатори за сите генерации ученици во сите основни и средни училишта, како и на факултети во Битола [опфатени 4.120 ученици]. 3. Две групи за поддршка на истава тема за еднородителски семејства и семејства кои имаат дете со попреченост вклучено во образование [2 групи по 12 учесници]. 4. Креирање прирачник со практични искуства и насоки за сите оние кои работат со млади кои имаат психосоцијaлни проблеми. Веруваме дека овој проект ќе отвори посистематски процеси и ќе отвори дискусии за менталното здравје на младите во училиштата и факултетите како и во другите институции во Битола. Исто така, веруваме дека проектот ќе придонесе за намалување на стигмата за луѓето кои се соочуваат со психосоцијални проблеми и ќе доведе до поголемо прифаќање и поголема емпатија кај младите во Битола. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Обука во Пловдив за НЛП: отклучување на потенцијалот на умот

Од Јове Крстески Познато е дека невро-лингвистичкото програмирање (НЛП) е методологија која ја истражува динамичната врска помеѓу јазикот, невролошките процеси и моделите на однесување. Тоа е разновиден пристап кој нуди разбирање на човековото однесување, комуникација и личен развој, а исто така и практични техники за подобрување на личниот раст, подобрување на комуникацијата и донесување позитивна промена преку разбирање на врските помеѓу мислите, употребата на јазикот и субјективното искуство на личноста. Од 31 август до 10 септември 2023 година во Пловдив, Бугарија се одржа курс за обука наречен „НЛП – Нова јазична практика“ кој се базираше на вежби од невро-лингвистичкото програмирање. Го организираше Здружението Кибела во соработка со Фондацијата Смокиња и Центарот за развој на човечки ресурси од Бугарија, а беше кофинансиран од Европската Унија. На оваа обука имаше учесници од Бугарија, Шпанија, Србија, Полска, Македонија, Латвија, Италија, Унгарија, Грција, Франција, Естонија и Чешка. Ако го резимираме она што го добивме од оваа обука, можеме да кажеме дека голем дел од основите во практиката на НЛП беа широко елаборирани на овој тренинг и имавме многу време да работиме со практичните вежби што ни беа дадени. Ако зборуваме поконкретно, во теоретскиот дел, го поминавме основниот мета-модел на НЛП (како што е објаснето од Bandler и Grinder, 1975), а потоа го елабориравме и дополнително низ „моделот од третата генерација“ на меѓусебното поврзување помеѓу физиологијата, јазикот и умствените карактеристики. Имавме можност накратко да се запознаеме со 5-те „Р“ присутни во било кој даден „сетинг“ ( Ресурсите што ги имаме и ги користиме како влез во тој „сетинг“, потоа улогите /Roles/ што се играат, односите /Relationships/ што се случуваат, правилата /Rules/ што се потребни да се следaт со цел овој да биде соодветен како „сетинг“ и на крајот како излез Резултатите што се добиваат). На овој начин, одредени улоги што треба да ги знаеме се оние кои ги учиме како поставување на триото AБЦ, каде што личноста „А“ зборува/споделува, „Б“ учи/слуша и „Ц“ набљудува. Штом ќе се воспостави даден „сетинг“ или ситуација, главната филозофија на сè е дека што и да набљудуваме, нашето толкување за таа ситуација е нешто поинакво (ова е елаборирано и како разлика помеѓу „настан“ и „приказна“ во која било дадена ситуација). Ова ни беше донесено заедно со главната идеја на НЛП дека „мапата не е територијата“. Најинтересен додаток овде беше фактот дека „најфлексибилниот дел од секој систем обично е делот кој што го контролира тој систем“. Беше спомната и калибрација на нашиот влез/излез, т.е калибрацијата на она што го доведуваме во ситуацијата, како и на она што го земаме или добиваме од неа. Ова беше рекапитулирано по неколку дена низ точки на набљудување која што ни ги дава теоријата (види флипчарт). Беа обработени и репрезентативните системи на личноста (Визуелниот, Аудитивниот, Кинестетичкиот како што се споменати во „NLP Volume 1“ од Dilts, Binder, Grinder и DeLoiter од 1980 година, но исто така и Дигиталниот беше вклучен во обуката.) Беше спомната и техниката eye accessing cues. Од попсихолошка гледна точка беше претставена шемата за тоа колку свесното/несвесното може да се гледа низ однос на тоа што е компетентност и неспособност, а покрај тоа беа елаборирани и „претпоставките“ во однос на информациите што се имплицитни во комуникацијата што се случува во било кој даден сетинг. Следен дел од обуката беше истражувањето на тоа каков треба да биде правилниот став на тренерот, како и компетенциите што треба да ги поседува (види флипчарти), околу кои се водеше дискусија. После тоа, обуката ни понуди многу простор за вежбање. Формиравме триа и имавме шанса да ги видиме, а подоцна и да експериментираме со неколку практични алатки. Беа понудени неколку техники за разговорни вежби (backtracking, lazy coach, рефлексија на чувствата, ткн „слободно пукање“ на прашања) кои се користат за време на дијалогот и помагаат да се овозможи одредена објективност. Потоа, се запознавме со техниката „хопонопоно“. Исто така, имавме специфичен инструктор кој ни даде можност да го вежбаме гласот, тонот и вербалните изрази. Со ова, целата застапеност на ВАК кај учесниците беше задоволна, бидејќи користевме многу шеми во флипчарти за објаснување – за Визуелците, ова со гласовна обука – за Аудитивците, а целиот сет на посветен простор и време за вежбање беше – за Кинестетските/ Дигитални личности. И секако, беа присутни и потипичните пракци на НЛП; рапортот, закотвувањето /anchoring/ и реформулирањето /reframing/. Беше објаснето и како можеме да користиме временска линија /timeline/ како техника за елаборирање на лични прашања, а исто така еден од учесниците понуди техника за работа со нашите лични ограничувачки верувања. Невро-лингвистичкото програмирање нуди ризница на практики и техники за подобрување на комуникацијата, управување со емоциите и трансформирање на нечија перспектива за животот. Многу од практиките на НЛП ги поттикнуваат поединците да се поврзат подлабоко со другите, да преземат одговорност за нивните емоциионални реакции и да се ослободат од ограничувачките верувања. Со вклучување на овие практики во нивните животи, поединците можат да тргнат кон личен раст, самооткривање и подобрени односи, на крајот ослободувајќи го својот целосен потенцијал. Ова е точно и корисно во психотерапевтски контекст, но и на полето на младинската работа. Многу од техниките може да се модифицираат за да послужат како алатки за зајакнување на младинските работници. Тоа секако ми помогна да научам повеќе и да станам посвесен за корисноста на дијалошките техники и користа што ја имаат во однос на меѓусебниот работен контекст помеѓу младинските работници и младите луѓе, особено ако имаме предвид дека младата возраст е возраст на личен развој. Сите техники кои носат повеќе појаснување ВО РАЗГОВОРОТ се од корист. Но, исто така, оваа обука обедини толку многу учесници од различни возрасти и животни искуства, тоа беше мешавина која беше корисна и додаде повеќе во групно учење што сите го имавме. Се чувствував задоволно на крајот и уживав во овој тренинг, кој ми помогна да видам колку сите овие техники можат да бидат корисни за работа со младите луѓе.

Врсничка едукација за ученици од основни и средни училишта

Активностите во проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” во мај и јуни влегоа во следна фаза со примена на стекнатото знаење и спроведување на врснички едукации во вклучените основни и средни училишта во Битола. Обучените врснички едукатори ги одржаа сите испланирани презентации за нивните врсници во училишта каде учат. Анастасија ја одржа својата презентација во ОУ Климент Охридски, Леона и Кристијан во ОУ Елпида Караманди, а Марта и Михаела во ОУ Коле Канински што се однесува до основните училишта. Додека пак во средните училишта Бранкица и Ангела ги спроведоа своите врснички едукации во средното стручно училиште Таки Даскало, а Иван и Леона во средното медицинско училиште Јован Калаузи. Фокусот на сите презентации беше на дискриминацијата и нетолеранцијата како однесување кое создава непријатност во комуникацијата и разбирањето на другите луѓе. Сите вежби и активности кои учениците ги споделуваа со своите врсници беа со цел да учениците слушатели се стават во кожата на другиот и да почувствуваат како е да имаш некаква ограниченост во секојдневието. Со тоа врсничките едукатори им овозможуваа на соучениците да имаат практично искуство како изгледа кога во нешто си попречен и со тоа да поттикнат свесност за различноста која секој ја има. На овој начин им се овозможи подобро разбирање на секојдневието на учениците и другите лица со попреченост. Потоа се водеа разговори и дискусии за впечатоците од вежбите и активностите. Вкупниот опфат на ученици кои беа присутни на овие презентации беше 150тина ученици во 6 одделенија/класа. Со ова се заврши уште една фаза од овој проект кој понатаму ќе продолжи со споделувања на искуствата кои врсничките едукатори ги имаа за време на обуката, како и споделувањето на една мала анкета поврзана со овие теми. Со проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” ја подигаме свеста за постоењето на дискриминација во сите животни сфери од нашето општество и укажуваме на регулативите кои помагаат таа да се намалува во иднина. Проектот е поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , финансиран од Европската Унија а спроведуван од Порака Нова, во соработка со ИМКА. Врсничката едукација е методологија која како организација ќе продолжиме да ја работиме и во следниот период во неколку теми од интерес за младите како што се менталното здравје, личниот, социјален и кариерен развој на децата и младите за што веќе имаме обезбедено поддршка, но за тоа во некоја од следните објави на нашава веб страна. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за претходните активности од проектов

Работилници за врснички едукатори и образовни асистенти – Проект: стоп за дискриминација

За време на нашите досегашни активности се одржаа четири работилници за ученици, една за образованите асистенти во училиштата кои се вклучени и една за стручните психолошко – педагошки служби. На четирите работилници учествуваа 12 ученици кои беа спремани да ја преземат улогата на врснички едукатори на темата недискриминација на лица со попреченост. Темите кои ги поминаа на првата работилница беа општи и ги адресираа општите човекови права и посебно детските права. Втората работилница беше за поимот дискриминација и навиките кои се причина за оваа појава, како што се предрасудите и стереотипите. На крајот се зборуваше за начинот на кој дискриминацијата се надминува, а тоа е толеранција. На третата работилница се обработија темите за попреченоста и дискриминација на лицата со попреченост, а учениците ги подготвија и своите првични нацрт идеи за тоа како ќе ја изведат врсничката едукација наменета за своите соученици. Во последната работилница се зборуваше за видовите на насилство и за заштитата од дискриминација. Исто така идеите за презентации на учениците кои се продлабочија со помош на инструкторите при што им се даде можност и креативна слобода на учениците да го изразат материјалот кој што го спремиле најдобро што можат согласно сопствените можности. Со тоа се затвори малиот циклус обуки наменети за учениците и следуваше Работилница наменета за образовните асистенти кои работат во училиштата со лица со попреченост. Со оглед на моменталната реформа во нашиот образовен систем каде се воведува поголема инклузивност на овие лица во образовниот процес, оваа обука наиде на голем интерес кај образовните асистенти. Беа покренати многу прашања и асистентите ја искористија приликата да ги изразат своите ставови, мислења и согледувања за разните процеси кои се случуваат во образованието особено во делот на нивниот работен ангажман во училиштата. На работилницата со нив се поминаа истите теми како и со учениците но во позбиена форма и на повисоко ниво. Оваа недела се одржа и последната од предвидените шест работилници. Таа беше наменета за стручните служби на училиштата во Битола и ги покри темите за законските регулативи поврзани со заштита од дискриминација на лицата со попреченост. Стручните служби имаа можност да се запознаат со овие законски регулативи низ презентација која за нив ја одржа претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација (КСЗД). После посочувањето на законските уредби беше прикажана и студија на случај каде КСЗД постапувале по предмет пријавен кај нив со што стручните служби имаа можност да видат како изгледаат постапките при пријава на дискриминација на лице со попречености и кои се институциите и процедурите кои треба да се следат во целокупната постапка. Со тоа училишните служби имаа можност да се запознаат со последните и најнови измени во законските одредби и постапки поврзани со оваа тематика. Со проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” ја подигаме свеста за постоењето на дискриминација во сите животни сфери од нашето општество и укажуваме на регулативите кои помагаат таа да се намалува во иднина. Проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” е поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , финансиран од Европската Унија а спроведуван од Порака Нова, во соработка со ИМКА. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект