Оспособување на учениците во Могила преку неформално образование

Последни новости Оспособување на учениците во Могила преку неформално образование Во рамките на нашите заложби да ја направиме младинската работа достапна и во руралните средини во октомври и ноември 2025 испорачавме активности за неформално образование на млади во Општина Могила. Нашиот тим од младински работници одржа серија од три работилници во основното училиште Гоце Делчев во Општина Могила. Работилниците имаат цел да ги зајакнат капацитетите на ученичката организација во ова училиште за учениците самите да можат да креираат и спроведуваат иницијативи што придонесуваат кон за нив во насока на креирање на побезбедна училишна средина Во работилниците учествуваа претседателите и замениците на сите паралелки, како и детскиот правобранител на училиштето, ученици на возраст од 12 до 15 години. На почетокот тие зборуваа за тоа како ја разбираат комуникацијата, што за нив значи вербална и невербална комуникација и како овие елементи влијаат врз нивните односи. Разговараа и за тоа што претставува конфликт, како го препознаваат и каде е правилно да го пријават. Потоа учениците вежбаа донесување одлуки – индивидуално и во група – и ги анализираа факторите што влијаат една групна комуникација да биде успешна и корисна. Следеше сесија со дискусија за тоа како се одржуваат состаноци, начини на водење записник, како се обработуваат точки од дневен ред и како се носат заклучоци. Учениците ги опишуваа досегашните состаноци што ги имале во училиштето и ги споредуваа со научените добри практики. На секој клас му беше зададена задача – во парови да состават петиција или официјално барање до директорот, врз основа на потреба која нивните соученици ја истакнале како значајна.Наредната работилница беа децата беа воведени во основите на истражувачка работа. Учениците учеа да избираат и употребуваат алатки за собирање информации од поголеми групи деца, како што се анкети, прашалници и интервјуа. Секој тим спроведе истражување во училиштето, ги обработи резултатите и ги претстави на последната работилница. Како дополнителна активност, тие го цртаа своето „идеално школо“, а потоа ја споредиja замислата со реалната состојба, анализирајќи што би можело да се подобри. Оваа вежба ги поттикна да размислуваат за ученичка иницијатива што би имала најголемо значење за нивното училиште. Во дискусиите, најголем дел од учениците изразија желба иницијативата да биде креативна и поддржувачка. Така се роди идејата за „Стрипови што менуваат “ – креирање на стрипови од страна на учениците под менторство на наставниците по македонски јазик и ликовно, а со цел да се создаде ученичка стрип – колекција на теми важни за училиштето и заедницата: ученичко учество, превенција од насилство и екологија. Овие понатаму ќе бидат испечатени во хартија и ќе бидат дел од редовната програма на патрониот празник на училиштето кој се одбележува секоја пролет и е значаен настан во оваа локална заедница. Целокупната иницијативата на овој начин помага во подигање на нивото на безбедност, доверба и отвореност меѓу учениците и стручната служба и придонесува кон подобра училишна средина за идните генерации. Во насока на испорака на неформално образование во руралните средини ИМКА соработува со различни партнери. Овие активности се дел во рамките на поширока иницијатива на Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab, со поддршка од Детската фондација Песталоци која се реализира во периодот септември 2023 – август 2026. Благодарение на поддршката на Y’s Men International ние сме во позиција да реализираме исто така и серија од нови работилници и во други рурални средини.
Communication Matters: обука и пренос на знаење во три училишта во Битола

Последни новости Communication Matters: обука и пренос на знаење во три училишта во Битола Нашата соработка со училиштата е континуирана и конзистентна. Покрај можностите за едукација на деца нудиме и можности за едукација на персонал. Од 10 до 19 ноември 2025 година претставници од стручните служби на три училишта во Битола учествуваа на Еразмус+ обуката Communication Matters во Брно, Чешка која беше наменета за едукатори, младински работници и фасилитатори. Обуката се фокусираше на ненасилна комуникација, метод развиен од Маршал Розенберг чија цел е да помогне да се разликуваат мислењата од потребите на луѓето и да поттикне разбирање и поврзување дури и во ситуации на несогласување. За време на обуката, учесниците работеа преку теоретски сесии, групни активности, интерактивни вежби и симулации. Учеа како да препознаваат деликатни емоции и да ги разберат потребите зад различните зборови и однесување, како да слушаат емпатично, да комуницираат јасно и да се справуваат со предизвици и тешки ситуации. Овој процес им овозможи да согледаат како изборот на зборови и начинот на комуникација влијаат врз односите и атмосферата во групата. Посебен акцент беше ставен на примена на овие вештини во работа со млади, развивање стратегии за конструктивно решавање конфликти и градење доверба во групата. Во декември 2025 година, учесниците го пренесоа стекнатото знаење во три училишта во Битола – ООУ „Д-р Трифун Пановски“, ООУ „Елпида Караманди“ и ООУ „Гоце Делчев“. Учениците се вклучија во интерактивни работилници, игри и групни активности кои им овозможија на практичен начин да се запознаат со основите на емпатичното слушање, препознавање на чувства и потреби и јасно изразување на мислењето. Активностите создадоа безбеден простор каде младите можеа да ја испробаат комуникацијата, да учат едни од други и да истражуваат различни перспективи, додека истовремено ја зајакнуваа соработката во групата. Обуката и активностите во училиштата беа со цел развој на способноста на учесниците да комуницираат внимателно и со разбирање, да препознаваат потреби и да ги поддржуваат младите во создавање поотворена и безбедна средина. Пренесувањето на стекнатите вештини на локално ниво ја потврдува посветеноста на ИМКА кон градење емпатичен, внимателен и поддржувачки простор за млади, со цел нивен развој и активно учество во заедницата. Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија. Фотографиите од обуката во Брно и активностите во Битола можете да ги погледнете во албумот подолу.
Бевме домаќини на иницијативата за Западен Балкан 2025

Последни новости Бевме домаќини на иницијативата за Западен Балкан 2025 Од 22 до 25 септември 2025 година, ја имавме честа да бидеме домаќин на овогодинешниот координативен состанок на Иницијативата за Западен Балкан на ИМКА. Овој настан ги обединува енергијата, знаењето и визијата на лидерите од регионов и пошироко. На собирот учествуваа претставници од ИМКА од Македонија, Србија, Косово, Грција, Бугарија, Италија, Албанија, како и претставници од нашите партнери од ИМКА од Германија и САД. Покрај тоа, беше посебна чест и доказ за важноста на оваа иницијатива за развојот на мрежата на ИМКА во регионот да бидат генералните секретари од Светската ИМКА, Карлос Санви и ИМКА Европа, Хуан Симоес Иглесијас, како специјални гости. Заедничка визија и соработка Регионалниот состанок се фокусираше на зајакнување на локалните и националните организации на ИМКА преку: Размена на добри практики во младинската работа Продлабочување на соработката меѓу земјите во регионот Развивање на стратешки план до 2030 година, во согласност со глобалната #YMCAVision2030 Обука и дискусии за одговорно управување, финансиска транспарентност и одржливо финансирање на младинските програми. Овие теми се во срцето на глобалната мисија на ИМКА – организација со повеќе од 180 години историја посветена на холистичкиот развој на младите луѓе и градењето посилни заедници. Учење, споделување, растење Преку предавања, работилници и дискусии, учесниците имаа можност да дознаат за современите предизвици со кои се соочуваат младите луѓе, да слушнат инспиративни искуства од САД, Германија, Италија, Грција и поширокиот регион и да придонесат за создавање заедничка рамка за идниот развој на ИМКА во Западен Балкан. Посебно внимание беше посветено на теми како што се лидерство, кампување како алатка за неформално образование и културна размена за градење мостови на мир, разбирање и можности за младите. Адријана Становичи и Скот Т. Џексон од ИМКА на САД водеа инспиративна работилница за магијата на камповите. Клаудија Кун од ИМКА Германија, која постојано ја поддржува Иницијативата за Западен Балкан во нејзиното патување за раст, водеше сесија за градење капацитети носејќи ги позитивните практики од Германија. Покрај тоа, имавме сесии за најновите позитивни приказни од Грција и Италија. Благодарност и признание Зад секој успешен настан стои посветен тим и волонтери, без кои ништо од ова не би било можно. Посебна благодарност до тимот на YMCA.mk и волонтерите: Емилија, Јован, Никола, Антонио, Мила, Мануела, Јована, Стефанија и Мики, за нивниот ентузијазам, поддршка и гостопримство. Како дел од глобалното семејство на YMCA, нашата организација гордо придонесува за градење на помирен, поврзан и посилен Западен Балкан со млади луѓе во срцето на секоја промена.
Младинскиот Центар низ бројки 2024

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Младинскиот Центар низ бројки 2024 Во мај 2023 година, во Битола беше отворен Младинскиот центар, се со цел да обезбедиме безбеден и инклузивен простор преку различни програми, активности и менторство, каде што имаме за цел да го поттикнеме личниот развој, да негуваме лидерски вештини и да создадеме чувство на припадност кај младите. Со Младинскиот центар раководат 3 младински организации од Битола, ИМКА Сфера Интернационал и МКЦ. После успешно поминатата 2023 година, со вкупно опфатени 2 651 корисници и повеќе од 200 одржани активности, продолжи работата на младинскиот центар со уште поголем ентузијазам и желба за што поголем број на учесници и активности. Во однос на осумте претходно поставени конкретни цели на овој центар, се понудија програмски активности кои во голема мера се исполнети. Овозможен е безбеден простор каде младите можат да си го поминуваат своето слободно време, да ги развиваат своите компетенции, да им се поттикне претприемачкиот дух, промовирани им се здрави животни навики, како и подигање на еколошката свест, информирање за можностите за неформално образованиe, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството. Во периодот на известување од 01 јануари до 31 декември 2024 година: – беа опфатени 4,469 корисници преку 300 различни активности, од кои голем број од нив се одржуваа повеќекратно. Активностите беа понудени од страна на младинските работници на МЦБ или од различни понудувачи на младинска работа, односно над 15 различни понудувачи за младинска работа ги користеа просторите на Младинскиот Центар Битола за да ги остварат своите активности. Најпосетувани теми беа: дигитално образование, ментално здравје, животна средина, младинско учество и младински политики како и забавните/друштвени активности. Би сакале да издвоиме две програмски активности, водени од ИМКА: Клубот за дигитално образование е втора година по ред еден од најпосетуваните клубови во центарот, се со цел да се постигне поголема дигитална писменост кај младите, како и Врсничката школа за ментално здравје и деца која што со 60тина врснички едукатори, опфати околу 2000 учесници во сите училишта во Општина Битола, како и врсничката школа против врсничко насилство која опфати околу 170 учесници од средните училишта. Активностите на оваа школа продолжуваат и во 2025 година, со фокус на учениците од основните училишта во Општина Битола. Резултатите од работата на МЦБ во периодот од 01 јануари до 31 декември 2024 година се доказ на посветеноста за континуирано работење и организирање активности со цел професионален и личен развој на младите во Битола, како и за поттикнување на нивно учество во донесувањето одлуки значајни за нив во нивната локална заедница. Успехот на програмите е очигледен најмногу преку континуираното зголемување на бројките на посетеност на активностите на младинскиот центар, со што во годишниот период за 2024 година се достигнати поголеми бројки од вкупните посетители во минатата 2023 година. Тоа е резултат на посветеноста на организациите кон унапредување на МЦБ и зголемување на неговата препознатливост кај младите. Целосниот годишен извештај на младинскиот центар на македонски јазик е достапен на веб-страницата на Младинскиот центар. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Промоција на безбедна училишна средина

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Промоција на безбедна училишна средина Во декември како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, ИМКА одржа серија од три работилници во основното училиште во Општина Могила. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е обемен проект на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Smart Up – Лабараторија за социјални иновации како и со поддршка од Детската фондација Песталоци. Се спроведува во периодот од септември 2023 до август 2026 година. Проектни активности Целта на овие работилници беше да се изгради капацитетот на детската организација за да може да спроведе училишни иницијативи кои можат да придонесат за градење побезбедна училишна средина. На работилниците присуствуваа претставници на учениците од повисоките класови, вклучувајќи ги сите претседатели на класовите, нивните заменици и детскиот правобранител на училиштето, на возраст од 12 до 15 години. Почнавме прво да ги подобруваме комуникациските вештини на студентите, да ги запознаеме со концептот на истражување и да им понудиме можност да вежбаат со цел подлабоко разбирање на сè што опфаќа истражувањето. Како дополнителна активност тие мораа да спроведат истражување во нивното училиште, вклучувајќи анкети, прашалници или интервјуа. На последната работилница тие ги разгледаа резултатите и ги оценија во насока да ги разберат и да излезат со релевантни училишни иницијативи. За таа цел за прв пат се запознаа со елементите на проектна иницијатива (што значи проект, кои се фазите на проектниот циклус итн.). Учениците се стекнаа со основни познавања од овие теми кои ќе им бидат корисни во следната фаза од овој проект во пролет 2025 година. Ученичка иницијатива Иницијативата за отворање безбедно катче за учениците ќе се реализира во второто училишно полугодие. Планирано е ова катче да биде во самиот училиштен ходник кое ќе се состои од 5-6 вреќи за седење и неколку маси каде учениците ќе имаат можност да разговараат со психолог за проблемите во нивното секојдневие. На самиот ѕид ќе имаат можност да исцртаат мотивациони пораки, кутија оставена за пофалби и поплаки каде ќе можат анонимно да ги пријават своите забелешки за училиштето, вработените во училиштето, нивните проблеми и слично. Целта на иницијативата е дека ќе го подигне нивото на безбедност кај учениците, стручната служба и училишниот персонал и оваа иницијатива ќе придонесе за подобра училишна средина за оваа генерација ученици. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Светски акцелераторски самит на ИМКА: Визија 2030 во Момбаса, Кенија

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Светски акцелераторски самит на ИМКА: Визија 2030 во Момбаса, Кенија Од Наташа Дарков Од 21 до 26 октомври 2024 година, имав неверојатна привилегија да присуствувам на Светскиот акцелераторски самит на ИМКА во Момбаса, Кенија. Овој собир беше клучен момент за Визијата 2030 на ИМКА, собирајќи над 400 делегати од целиот свет, вклучувајќи млади кои делуваат како агенти за промени, претседатели, персонал и волонтери. Претставувањето на ИМКА Македонија како една од трите организации со врвен успех во спроведувањето на обемното истражување за значајни работни места за млади поддржани од Делоит Австралија беше вистинска чест и врв на моето патување. Од 90 кандидати на глобално ниво, бев почестена да бидам една од трите избрани за оваа важна улога. Самитот започна со топол и свечен прием организиран од генералниот секретар на ИМКА Кенија. Секој делегат беше лично пречекан, со најава за една недела исполнета со другарство и поврзаност. Забавата на вечерта го покажа богатото културно наследство на Кенија преку музика, танц и традиции, создавајќи живописен и незаборавен вовед во земјата домаќин. Почнувајќи од вториот ден, фокусот се префрли на столбовите на Визија 2030: Одржлива планета, значајни работни места, благосостојба на заедницата и праведен свет. Ангажираните пленарни сесии вклучуваа инспиративни говорници, вклучително и генералниот секретар на ИМКА Свет и претставници од УНИЦЕФ, Обединетите нации и Habitat for Humanity, кои беше огромна чест да се слушаат во живо. Според мене една од највредните за мене активности беше иницијативата „Тату Тату“, која не охрабри нас учесниците од различни нации да се поврземе и да разменуваме перспективи за конкретни теми во текот на целата недела. Тоа беше моќен потсетник за силата и различноста на глобалната мрежа на ИМКА. Третиот ден понуди можност да посетиме локални граѓански организации во Момбаса. Јас го избрав SOTE HUB, динамичен бизнис инкубатор кој поддржува стартапи во области како дигитализација, земјоделство и климатски промени. Сведочењето на нивната влијателна работа од прва рака беше инспиративно и усогласено со пошироките цели на Визија 2030. Подоцна истиот ден, сите делегати се собравме во ИМКА Момбаса на средба и поздравување со нивниот персонал. Посетата опфати привлечен сегмент од културна размена и заврши со незаборавна групна фотографија која го долови духот на нашата заедничка мисија. Четвртиот ден се фокусираше на свеста за менталното здравје – тема блиска до моето срце. Програмата вклучуваше презентации кои предизвикуваат размислување и видео пораки од претставници во Хонг Конг и Хондурас, проследени со групни дискусии кои длабоко навлегуваа во пристојни работни места за млади. Беше одлично искуство за размена на идеи и согледувања со врсници од целиот свет. Таа вечер, европските делегати се собраа на неформален собир за да споделат предизвици, искуства и можности за соработка. Овие дискусии го зајакнаа моето чувство за припадност на заедница која поддржува и иновира. На петтиот ден истражувавме теми преку панел дискусии водени од меѓународни претставници по што следуваше завршната работилница за пристојни работни места за млади. За време на церемонијата на затворање беа доделени награди за секој столб на Визија 2030. Иако наградата за дигитални хабови ја доби Центарот за рехабилитација во Ерусалим, почувствував огромна гордост што ИМКА Македонија, заедно со Западен Балкан и Молдавија, беше номинирана за ова значајно признание. Денот заврши со висока нота со гала вечера организирана од Y’s Men International, славејќи ги нашите заеднички достигнувања и вмрежување. Последниот ден од самитот ни беше време за размислување, вмрежување и градење трајни односи. Секое утро во неделата започнуваше со резимирани видеа кои ги доловуваат најважните моменти од претходниот ден, а овие моменти ќе ми останат како најдобри спомени. Самитот „Визија 2024“ беше огромен успех и јас ја оставив Момбаса инспирирана и подготвена да придонесам за целите на ИМКА „Визија 2030“. Ова искуство не само што ја продлабочи мојата посветеност на пристојни работни места за млади, туку и ја потврди трансформативната моќ на глобалната соработка и заедничката цел. Засекогаш ќе ја ценам можноста што ја претставував ИМКА Македонија и да бидам дел од овој трансформативен настан и ја изразувам мојата срдечна благодарност до сите што го овозможија ова патување. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам сведок на магијата на единството, иновативноста и надежта на глобалната сцена. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Европска недела на мобилност

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Европска недела на мобилност Европската недела на мобилност која се оддржува од 16 до 22 септември секоја година, оваа година опфати 2 767 градови од 45 земји. Како и секоја година, така и оваа ИМКА ја обележува европската недела на мобилност #EuropeanMobilityWeek со цел подигање на јавната свест на младите, сите граѓани и носителите на одлуки за важноста на алтернативните начини на движење со цел активен животен стил, поздрави граѓани и средини и намален метеж и загадување. Темата на овогодинешната кампања беше споделени јавни простори. Свесни сме дека нашите јавни простори се неправедно распределени помеѓу типовите на транспорт со доминација од над 90% на возилата. Тоа мора да се промени. Првата средба ја реализиравме со претставници на основните училишта со цел разбирање на визијата на европската недела на мобилност. На настанот присуствуваа претставници на 7 основни училишта од нашиот град кои ја препознаа и прифатија идејата за поголем опфат на учениците, како и за подигнување на свеста кај учениците од помала возраст. Вториот настан беше за 18 ученици од 6 основни училишта во Битола. Зборувавме за европската недела на мобилност, за точакот како превозно средство, имавме четири вежби и имавме работилница за основни безбедносни проверки и поправки од типот „направи сам“. Важно е да научат зошто сите треба да се залагаме за оваа визија и да имаме убав и одржлив град. Во остатокот од неделата врсничките едукатори од основните училишта реализираа активности со цел споделување на овие знаења за што поголем број на млади да се вклучат и дадат свој допринес во визијата за здрави, активни, мобилни и независни млади. Образованието за сообраќајна култура и вело агенда ги опфати основните училишта Св.Климент Охридски, Др.Трифун Пановски, Стив Наумов, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски и Коле Канински. Благодарност до училиштата, кои се заинтересирани за реализација на вакви активности, до училишниот персонал без кој ваквите активности не би биле можни, до врсничките едукатори кои ни се придружија, учествуваа, научија нешто корисно и кои реализираа активности во своите училишта на оваа тема. Активностите за врсничка едукација се од голема важност, како за самиот град за популаризација на темата, така и за запознавање на преземање на одговорности од учениците. Благодариме до здружението Go Green – Биди Зелен и продавницата и сервис за точаци Fikamago Bike за поддршката! Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Стратешки состанок на ИМКА во Западен Балкан

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Стратешки состанок на ИМКА во Западен Балкан Од 23 до 26 септември имавме можност да присуствуваме на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан. Оваа иницијатива е поддржана од ИМКА Европа, ИМКА САД и ИМКА Германија за ИМКА во Косово, Македонија, Албанија и Србија. Овој состанок организиран од ИМКА Србија во Нови Сад се фокусираше на одржливоста со релевантна агенда која ги опфати следните главни теми: Приказ на тековни програми и развој на ИМКА Србија Извештај за напредокот за 2023 година: Србија, Македонија и Косово Тековен работен план за регионот на ИМКА (мерење на влијанието) Преглед на успешни приказни и предизвици на Бугарија, Италија, Романија и Косово во управувањето со имот Најдобри практики од ИМКА Германија водење хостели Сеопфатно прибирање средства за капитални инвестиции Можности за финансирање од ЕУ и Еразмус+ Состанокот е продолжение на претходните состаноци на Западен Балкан во проширен тим со гости од ИМКА Бугарија, Романија и Италија. На хибридните сесии присуствуваа и претставници на ИМКА САД и ИМКА Германија. Ова партнерство ја нагласува важноста на заедничките цели и соработката помеѓу ИМКА, без оглед на локацијата, за поттикнување влијателна работа низ Европа. Беше претставен напредокот на Акциониот план на регионот 2023-2025 година создаден за да овозможи соодветен раст на ИМКА од Западен Балкан. Акцискиот план има за цел да ја подобри состојбата во 3 клучни области: програми за млади (подобрување на квалитетот на програмата, допирање до повеќе млади луѓе), добро владеење (подобрување на управувањето, структури, транспарентност, финансиска дисциплина и воспоставување политики за добро однесување) и самоодржливост (изградба значајни партнерства, програми за генерирање приходи, стратегии за прибирање средства и сигурни капитални инвестиции како стратешка цел за одржливост). Овој настан беше одлична можност да се соберат колеги од различни ИМКА организации да споделуваат, да учат едни од други, да сонуваат, да се инспирираат, да поставуваат тешки прашања, да споделуваат предизвици и заедно да изградиме мостови на надеж, соработка и дружење. Голема благодарност до ИМКА Србија за неверојатното гостопримство во прекрасниот Нови Сад! Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Завршен настан на Врсничката школа за ментално здравје

Почетна Кои сме Мисија, Визија, Вредности Запознајте го тимот Управување Историја за ИМКА Што работиме Програми Новости Вклучи се Партнерства Контакт Languages X Донирај More than 2 results are available in the PRO version (This notice is only visible to admin users) Последни новости Завршен настан на Врсничката школа за ментално здравје На 26 јуни, по завршената едукација на врснички едукатори и најголемата врсничка едукација одржана за значењето на менталното здравје во Битола со опфат на над 2000 ученици од основните и средните училишта во Битола, како и на повеќе факултети, се одржа финалниот промотивен настан на проектот. Тоа беше неколкучасовен настан, кој се состоеше од презентирање на резултатите од проектот, но и презентација на дополнителните интелектуални и креативни резултати кои произлегоа од проектните активности. Промотивниот настан започна со презентација на чекорите и фазите низ кои се движеше проектот и како беа сите модули низ кои се организираа децата и младите од основните и средните училишта и учениците. Дискусијата ја отвори Виктор Илиев, претседател на ИМКА Битола, а потоа проф.д-р. Сашо Кочанковски за тоа како се изгради атмосферата меѓу учесниците на модулите за врсничка едукација и општественото влијание што беше остварено врз вклучените едукатори. Во овој дел беше прикажана работата на двете групи за поддршка (групи за лица со попреченост во семејството и групи за еднородителски семејства). За нив презентации одржаа координаторите кои ги водеа групите, Рената Димановска за групата со еднородителски семејства и Мартина Дурљанова за групата семејства со лица со попреченост. Потоа беше прикажан прирачникот според кој беа спроведени работните модули за деца и млади, како и за ранливи групи. Објаснувањето за прирачникот даде Јовче Крстески, кој во соработка со проф. д-р Сашо Кочанковски го подготвуваше изгледот на прирачникот. Пред доделување сертификати за завршени модули за врсничка едукација, со својот музички перформанс пред присутните настапија група врснички едукатори кои изминатиов период активно се подготвуваа. Од темите за ментално здравје што ги работеа изминатата година, тие го создадоа својот текст и под водство на Јасна Димитровска успеаја да ја создадат својата мелодија за тој текст и да ја испеат целата своја идеја пред публиката на овој завршен настан. На крајот следуваше доделување сертификати за учество и споделување благодарност на сите кои учествуваа и го помагаа овој проект во текот на целата година. Се обрати и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на дел од младите кои учествуваа во активностите, како и на учесниците од групите за поддршка кои ја истакнаа потребата од продолжување на овој вид активности во градот, бидејќи нема доволно ваков тип на работа со маргинализирани групи понудени на ниво на Општина Битола. Настанот се одржа во просториите на Europe house во Битола, каде присуствуваа поголем дел од врсничките едукатори, секако и нивните врсници, родители, дел од стручните служби од училиштата, претставници од граѓански организации, како и претставници од општината. Претставниците од Општината дадоа пофални зборови за вложениот труд, труд и енергија за овој проект да се заврши како што треба и да придонесе за збогатување и поттикнување на интересот за оваа проблематика на повисоко и попрофесионално ниво. Со објавувањето на прирачникот, во трендот се приклучува и Битола како град со својот придонес кон темата како да се работи со врсниците на теми важни за нивното ментално здравје и благосостојба. Прирачникот е бесплатен и може да се преземе на следниот линк. Проектот „Училиште за врсници за деца и младинско ментално здравје“ на Младинската асоцијација ИМКА Битола е имплементиран во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 Reload2, финансирана од Европската Унија (ЕУ), имплементирана од Обединетите нации за развој Програма (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Битола. Проектот го спроведува ИМКА во соработка со Порака Нова и Амос. Повеќе фотографии може да видите во Албумот. Ги оспособуваме младите Facebook-f Instagram Twitter Youtube Flickr Linkedin-in Телефон+389 70 59 43 41+389 72 556 386 ЛокацијаМладински Центар Битола, ул.Крушево, бр.5, 7000 Битола, С. Македонија Поштенска адреса Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, 7000 Битола, С. Македонија Почетна Кои сме Што работиме Новости Донирај Контакт © Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени. Design & Build by IanMcKenzieCreative
Форум за филантропија 2024: филантропијата како двигател на одржливиот развој

Имавме можност да земеме учество на овој убав и инспиративен настан во кој разни чинители се обединуваат со цел заедничко соочување со предизвиците на денешнината. На форумот на кој учествуваа учесници од Албанија, Косово, Македонија, Сингапур, Србија и Хрватска и над 80 учесници од институции, бизниси, граѓански организации и медиуми беше истакнато дека филантропските напори играат клучна улога во унапредувањето и градењето на поправеден и одржлив свет за сите. На форумот се споделија најдобрите практики од Балканот и пошироко. Филантропијата е делување што создава повеќе можности, партнерства и нови модели на засилена соработка што поттикнуваат раст на патот кон одржливиот развој. Една од насоките за делување која се истакна е дека треба да се работи на унапредување на стратешката филантропија, а не само на ад-хок иницијативи и давање поддршка во итни ситуации. На овој настан „Конект“ ги претстави и можностите на новата платформа за групно донирање „Оп-оп“ што на донаторите им овозможува обмислено донирање во вредни непрофитни организации што проверено прават големи промени. На 6 граѓански организации кои поминале низ процесот на проверка на високи меѓународни стандарди им беше доделен и сертификатот „Ознака за доверба“ и истите се препорачуваат на донаторите за поддршка. Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за демократија и добро владеење на УСАИД, истакна дека УСАИД верува дека филантропијата може да биде двигател на одржлив раст. Носители на врвни извршни позиции на домашните компании, членки на Клубот на одговорни бизниси на „Конект“ истакнаа дека здружувањето на компаниите во оваа иницијатива за одржливост ќе го засили нивното позитивно влијание врз општеството во соработка со граѓанскиот сектор. Панел дискусијата на медиумите ја истакна потребата добрите филантропски пракси да котираат повисоко во темите кои се во фокус на уредничките политики негувајќи национална култура на доброчинство. Овој настан е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од „Конект“ во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.