Продолжуваме со групи за поддршка на лица кои доаѓаат од еднородителски семејства како дел од проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“.

Предвидени се сесии за поддршка на лица од еднородителски семејства. Целта на формирањето на оваа група е да се овозможи давање поддршка во група на оваа категорија на граѓани во нашиот град и подигање на свеста за значењето на менталното здравје и да се унапреди истото.

Еднородителските семејства се соочуваат со различни предизвици. Во групите за поддршка, ќе се разговара за предизвиците се кои се соочуваат во секојдневното живеење и како тие се справуваат со тие предизвици. Учесниците ќе споделуваат искуства и информации со останатите, со цел подобрување на менталното здравје. Сите активности во групите за поддршка ќе бидат водени од лиценцирани психолози и советувачи. Учеството во групата е бесплатно.

Групите кои се во фаза на формирање ќе се случуваат еднаш до два пати месечно. Секој кој доаѓа, бил или е дел од еднородителско семејство може да се вклучи со пријавување на следниов емаил: project@ymca.mk или на телефон 072-556-386.

Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект