Целта на соработката меѓу HP и ИМКА е да се користи технологијата на добар начин, да се постигне дигитална инклузија преку овозможување пристап до технологија и дигитално образование до секој на лесен и интересен начин. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие.
Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Истите се лесни, интерактивни, исполнети со кратки видеа, дијалози, слики и квизови. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации.
Секој курс содржи 5 чекори: краток опис на курсот, бизнис концепт, вештини за технологија, анкета и дополнителни ресурси од темата. Темпото на изучување на еден курс е по желба на учесникот. Откако ги завршите сите 5 чекори (100%) курсот е успешно завршен. За секој завршен курс на вашиот е-маил добивате електронски сертификат со наведени информации за конкретниот курс, што се научило во истиот, дата на изучување и потпис од заменик директорот на HP фондацијата.
Секој курс се изучува индивидуално во ИМКА во Младинскиот Центар со целосна техничка опрема од наша страна. Алтернативно постои можност за спроведување на курсевите во просториите на образовните институции во Битола. Учесникот нема обврска за носење опрема, посебни предзнаења за одредена тема или услови за изучување на одреден број на курсеви.
Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени до 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ.
Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект
One Response