Миа

Научивме нови работи за животната средина и несомнено станавме помотивирани за да ја зачуваме истата, барем на локално ниво. Сигурна сум дека би присуствувала повторно на ваков тип настан. Сметам дека темата е опширна и има прилично многу за дискусија, а фактот дека истото можам да го правам со луѓе со сличен ментален склоп како мојот ме привлекува уште повеќе.

Ана

Самиот збор Еко(логија) многу ме влечи и сметам дека воопшто не сме одговорни за нашата околина доволно. Посакувам тоа да се промени и сум свесна дека почетната точка за тоа секогаш сум самата јас. Не треба да им кажуваме на другите што да прават, туку да нé гледаат ние што правиме и на тој начин да се мотивираат.

Симона

Еко кампот директно не вклучи во организација на наш отворен ден на кој се играа разни игри и се научија многу корисни информации за велосипедите и велосипедистите, како и заштитата на нашата животна средина со користење на велосипеди. Неколку денови низ игри учевме, а последниот ден тоа го пренесовме на децата како и на возрасните граѓани кои не посетија во градскиот парк. Играта се преточи во една преубава глетка на “БитолаНаТочак” со што завртиме еден голем круг околу нашиот град со велосипеди придружени од сите љубители на “точакот”.

Сара

Научив многу нешта, најпрво целите за одржлив развој за кои искрено немав обрнато особено внимание. Заедничките едукативни игри би ги издвоила како најзабавни и истите би ги применила понатаму во некоја дружба професионално или приватно.

Ангела

Најмногу впечаток ми остави последни од ден каде што успешно организиравме настан за деца пропратен со интересни игри поврзани со екологијата, зачувување на природата, возење велосипед. Сето тоа покрај забава и насмевка на детските лица, им пружи можност и за дознавање интересни факти поврзани со екологијата. За крај, со сигурност можам да кажам дека научив многу и овој камп ме поттикна да размислувам подлабоко за зачувување на нашата планета.

Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект