Учество на саемот за волонтерство
На 7-ми декември од 11:00 часот до 14:00 часот во Фоајето на Центар за Култура – Битола се одржа овогодинешниот Саем за Волонтеризам. На него беа претставени 11 невладини организации од Битола и регионот, како и работата на локалните волонтери клубови, кои ги презентираа своите волонтерски можности и споделуваа нивни успешни приказни и проекти.
Меѓу 11-те организации кои зедоа учествона Саемот беше и ИМКА Битола. Ова беше одлична прилика да се поврзат понудувачите на можности за волонтирање и средношколците во градот. Саемот е шести по ред ваков саем, кој е организиран од страна на Американското Катче во Битола и наменет пред се за средношколците, студентите и младите професионалци. Останатите организации кои зедоја учество беа Сефра Интернешнал, МКЦ Битола, Тугедр Македонија, Интеракт, Лео Интернешнал, Сумнал Битола ЦЕДИ, Златно Перо и Центарот за Култура од Битола.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative