Истражување за пристојни работни места за млади

Во рамките на World YMCA сонуваме за свет каде сите млади луѓе ќе имаат пристап до пристојни работни места значајни за нив. За да го оствариме овој сон ние треба да ги сфатиме погледите и искуствата на младите луѓе. Со задоволство го лансираме истражувањето “Пристојни работни места за млади“, дизајнирано од млади за млади. Што вклучува: Зошто да го пополните: Потребна ни е вашата поддршка: Потребни ви се повеќе информации? Ви благодариме за вашата поддршка за овој значаен проект за нас.

Глобална недела на миротворци

 Од Македонската група на учесници И ова лето околу 50-ина млади луѓе се собраа во Осло, Норвешка во рамките на PEACEMAKERS GLOBAL WEEK 2022. Тоа беше една недела дискусии, учење, акција и интересни состаноци на разни прашања околу глобалните светски трендови кои ги засегаат и младите. Со учесници од повеќе земји, „Глобалната Недела“ е настан каде што се добива чувство за тоа колку е мал светот и каде што се гради космополитскиот дух. Овој настан претставува прилика за подобро разбирање и на тоа како функционираат младите од разни делови од светот и како размислуваат за важните светски прашања поврзани со толеранцијата, правдата и мирот.  „Глобалната Недела“ се одвиваше во периодот 11-17 Јули во Осло под покровителство на Глобал ИМКА-ИВКА на Норвешка. Имаше учесници од 3 континенти, а ние бевме четворица од Македонија, Марина, Андреј, Теа и Бојан. Ангажманите за време на целиот настан содржеа разни игри низ кои се запознававме меѓу себе и нашите култури. За многу брзо време сфативме дека иако доаѓаме од различни земји, сите сме со различни карактери, сите потекнуваме од различна верска и национална припадност, сите ние потекнуваме од различни култури, сфативме дека не спојува едно нешто: нашата волја да научиме нешто повеќе и нашата желба за подобро утре на сите нас. Темите на кои работевме беа поврзани со дискриминација, насилство, стереотипи и предрасуди кон младите од туѓите средини, расизам и расна дискриминација, етнички стереотипи и сегрегација, предрасуди и дискриминација кон бегалците и имигрантите, како и малку за глобалното затоплување. Покрај сериозниот дел, имаше секако и интеркултурната вечер во која ги претставивме нашите земји и култури преку нашата традиционална храна и по некој збор повеќе за нашата држава. Имавме бескрајно забавни и незаборавни поминати денови. Од Норвешка заминавме полни со емоции, створени пријателства и конекции за цел живот. Сите ние патешествието до Осло го завршивме со нови искуства, научени работи, пријателства, спомени кои секогаш ќе ги носиме во нашиот куфер наречен живот.