Повик за врснички едукатори за личен и кариерен развој

Вклучи се Повик за врснички едукатори за личен и кариерен развој Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ на ИМКА! Следува информирање на средните училишта во градот за оваа активност, а заинтересираните ученици ќе треба да се пријавуваат на споделената форма за пријавување. Деталите се искомуницирани со средните средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек!  „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ е програма на Младинска асоцијација ИМКА која има за цел личен и кариерен развој преку подигнување на свеста за значењето на кариерниот пат во животот на човекот низ соодветна едукација на учениците. Тие ќе се обучат да станат врснички едукатори на теми поврзани со кариерата како знаењето, умеењето, сликата за себе, процесот на усовршување, улогите кои ги играме во општеството, комуникациските стилови кои ги имаме, начините на кои се справуваме со конфликтите и креативно изразување. Програмата вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата.  Активностите се предводени од младински работници на ИМКА, а самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, по што ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола.  Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација.   Кој може да се пријави?  Ученици од I-ва до IV-та Година во Битола  Мотивирани за да научат повеќе за темата и да дадат придонес за   Подигање на свесноста за значењето на одбирање соодветен кариерен пат за себе си  Отворени се да ги споделат стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта  Сакаат да работат со млади и во иднина.   Како да се пријавите?  Со пополнување на формуларот на овој линк.  Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме!  Проектот „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ на Младинска асоцијација ИМКА претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и  ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ 7 средни училишта во градот. 

Синерџи тренинг во Равногор

Последни новости Синерџи тренинг во Равногор Од Петар Кузмановски и Виктор Зафировски Од 1-8 јуни во Равногор, Бугарија беше одржан синерџи тренинг организиран од тимот на Синерџи Бугарија кој спроведува вакви тренинзи за личен раст и развој. Тренингот беше воден од страна на Маркос и Јулија, лидерите на Синерџи Бугарија и беше со наслов ‘Charge your future” или во превод „Наполни ја својата иднина“ како кога полниш батерија на полнач. На тренингот присуствуваа 23 млади луѓе кои сакаа да научат нешто повеќе за себе си. Содржината беше фокусирана кон постигнување на личен развој преку серија на специфични вежби на отворено и затворено кои ги предизвикуваа нашите лични граници. Со тоа обучувачите се обидуваа да постигнеме нов вид на наша лична интеграција, на нашите квалитети и вештини кои сакаме да ги подобреме за да имаме поздрава и поисполнета иднина. На настанот учествуваавме учесници од повеќе земји како Шпанија, Италија, Литванија, Грција, Бугарија и Романија. Тоа допринесуваше и за интернационалниот момент во групата, бидејки имаше учесници од земји со кои никогаш не сум бил во контакт. Од Македонија учествуваме само двајца учесници, јас и Виктор и целокупното искуство беше многу интересно и предизвикувачки. Посебно делот кој се однесуваше на активностите на отворено, како што беше делот кога буквално бевме пуштени да се снаоѓаме сами во блиската околина околу Равногор и како синерџи тренингот не тера да ги сфаќаме идите за „креативност“ на нов начин и тоа да биде применливо во решавањето на проблемите во кои бевме втурнати. Мислам дека сите учесниците беа навистина вклучени во се, и дека искористија доста од искуствата за да почнат да размислуваат како може во иднина да си направат промени во својот живот кои ќе се чувствуваат секогаш наполнети со енергија. Мало видео од тренингот може да видите тука.